дома блог страница 2901

Најдобриот лек за настинка: Направете сами дома, а потребни ви се само три состојки

Еве како да ја победите вашата настинка, за овој домашен лек потребни ви се овие состојки:

-Ѓумбир
-Сок од лимон
-Мед

Препорачуваме користење на термос или шише од еден литар. Изрендајте парче ѓумбир во должина од 3 сантиметри и ставете го во термосот.

Додадете околу 50 мл. свежо исцеден сок од лимон и две лажици мед.

Потоа, термосот наполнете го со штотуку зовриена вода. После 20 минути, вашиот чај за зајакнување на имунитетот и победување на настинката е готов за консумација.

Од наредната недела не очекуваат вистински пролетни температури

Иако се ближиме кон крајот на годината, декемврискиот снег се уште го нема, а наредните недели не очекуваат вистински пролетни температури.

Температурите во текот на наредните денови во Македонија ќе се искачат дури до 14 степени.

Во сабота до 13, во недела до 11, а во понеделник ќе имаме сончево време со температурата до 12 степени.

Во недела и во понеделник времето треба да биде сончево и без врнежи.

“Општина Струмица најслатко јаде и пие, потрошиле 230.000 евра, Прилеп на трето место”

“Општина Струмица ни докажа дека најслатко се јаде и пие кога плаќаат граѓаните. Според милионите евра потрошени за репрезентации, односно по кафани, ресторани и хотели, општина Струмица е рекордер, а не заостануваат многу ниту Струга, Прилеп, Битола и Ѓорче Петров.

Жалната вистина дека додека лицата на власта се развозуваат со скапоцените автомобили – народот оди со искинати чвли, додека тие јадат со златни лажици – народот е со празен стомак, нималку не влијаела на апетитот на општина Струмица, па така таа за три години изела и испила повеќе од 230.000 евра.

2.2 милиони евра е сметката која народот ќе мора да ја плати за гозбите по угостителските објекти и фирми кои ги направиле општините.

Со оглед на тоа пак, дека се наоѓаме во предизборен период, логички е да очекуваме да се интензивираат јавните заложби за домаќинско раководење со општинските буџети.

Со тактиката дај му леб на народот еден месец, па пушти го да гладува до некоја наредна изборна година и некоја нова предизборна кампања, каишите си ги олабавиле за најмалку три копчиња.

Само тие нека ни бидат здрави, сити и весели! Сепак, ја работат најодговорната работа – ни ја кројат судбината…а ние? Ние сме на тригодишна диета до 12ти април”, напишаа на Фејсбук од републичката Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Фуркан Салиу одново pacпали по власта: “Некако оваа власт многу повеќе се труди да најде изговор отколку решениja”

-#Правда нема поради #ВмроДпмне #ИзборенМодел не може да се смени поради #ДУИ #Датум нема поради #Албанија #СЈО нема веќе поради #Катица Шо знам… Некако оваа власт многу повеќе се труди да најде изговор отколку решениja, пишува новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу на Твитер.

Kaква моќна најава за нашиот Кире! ЕХФ напарви видео за Лазаров од кое боли глава (ВИДЕО)

Eвропската куќа на ракометот направи одлично видео за нашиот капитен Кире Лазаров и неговите досегашни успеси на европските и светските првенства, како и Лигата на шампионите.

Роден е на 10.05.1980 година, а деби настапот за Македонија го имал на 23.09.1998 година против Белгија. Во кариерата има одиграно 204 натпревари за Македонија и има постигнато 1431 погодок.

Повеќе од 20 години е репрезентативец на Македонија, а во својата кариерата ги држи рекордите за најмногу постигнати голови на едно европско и светско првенство.

На Европското првенство во 2012 година, Кире постигна 61 погодок, а на Светското во 2009 година дури 92.

Кире е прв играч во Лигата на шампиони кој стигнал до бројката 1000 погодоци и го држи рекордот на најмногу постигнати голови во фазата “Фајнл фор”.

(ФОТО) Позитив на денот! Супер-херои ги посетија и забавуваа дечињата во Клиниката за детски бoлecти

Позитив на денот кој буди низа емоции! Денеска тимот на Црвениот крст на град Скопје, маскирани како Бетмен, Спајдермен и Супермен, ги посетија дечињата на Клиниката за детски болecти и изнудија насмевки и расположение.

Суперхероите изведоја и вежба со спуштање по јаже, а потоа и се фотографираа со децата сместени во сите оддели во болницата.

Секоја чест!

Брена и Боба неодамна го продадоа делот во “Гранд”, a сега ќе се селат: Еве каде ќе ја дочекаат староста

Откако неодамна го продадоа Гранд продукција, Лепа Брена и Боба Живоиновиќ решија да свртат нов лист во животот и да ги поминат своите идни денови многу потивко. Како што ексклузивно открива Курир Старс, поранешните лидери на најпознатата музичка империја донеле одлука да се преселат во Мајами.

Последниве денови се шпекулира и дека големата балканска музичка ѕвезда и поранешениот тенисер ја ставија на продажба својот вила на Бежаниска коса. Очигледно, причината е што нивните синови полека стануваат независни и на нив веќе не им треба толку голем дом. Филип и Стефан веќе го напуштија некогашниот дом. Имено, Филип пред година и пол започна нов живот со сопругата Александра Пријовиќ, а пред да го добијат нивниот син Александар, се преселија во нивната куќа. Од друга страна, Стефан се пресели во својот стан пред неколку месеци во центарот на главниот град, така што на познатите сопружници куќата стана преголема за нивните потреби и потребите на најмладиот Виктор.

-Брена и Боба сакаат да го поминат остатокот од животот уживајќи се, бидејќи до сега работеа напорно и напорно со години без сериозен одмор. Брена ќе продолжи да пее и одржува контакт со публиката на нејзините концерти, поради што ќе живее на реалација Мајами – Србија, а Боба исто така ќе ги заврши американските работни места преку е-пошта и, доколку е потребно, ќе дојде во Белград. На оваа одлука им претходеа долги дискусии и бидејќи станува збор за голем чекор, тие ќе чекаат следната година, кога сите коцки ќе треба да се склопат и да се преместуваат преку океанот. Нивните деца исто така се согласија, затоа што и тие сакаат да одат на Флорида, каде имаат завршено училиште – вели добро информиран извор близок до семејството Живоиновиќ.

Нови огласи за работа во државно во Прилеп: Aплицирајте!

Нови огласи за вработување во државно се објавени денеска во Прилеп.

На веб страната на Агенцијата за вработување активни се четири огласи за вработување во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп.

Се бараат: еден социјален работник, еден систем оператор, xигиеничар на станбен и деловен простор и самостоен стручен соработник.

Огласите се активни до 18.12.2019 година.

Основната плата за социјален работник изнесува 28,847 денари, за систем оператор 19,586, за хигиеничар 14,500, а за стручен соработник 28,847 денари.

Македонската градоначалничка во Мелбурн мета на 3AKAHИ од грчка страна, причина сонцето од Кутлеш (ВИДЕО)

Македонката Емилија Лиса Стерјова, градоначалничка на општината Витлси во Мелбурн, деновиве се соочува со притисоци и заkaни од грчката заедница во Мелбурн – објави порталот “ФАЛАНГА”

Причината за заканите е нејзиното учество на прославата на 28-та генерација матуранти на училиштето по Македонски јазик во Мелбурн, како и фотографиите со македонското шеснаесеткрако сонце од Кутлеш, со кое Стерјова играла на оро, пишува порталот.

Според податоците на “Фаланга” oд денеска Емилија Лиса Стерјова ќе биде под полициско обезбедување на сите јавни настапи.

Се очекува лицата кои и се заканувале да бидат изведени пред cyд.

“Фаланга” додава дека се почесто од страна на грчката заедница се бара јавно извинување од Стерјова и неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Витлси, како и нејзино отстранување од Лабористичката партија.

Целата вест и видео прилогот погледнете ги ТУКА

Борко Ристовски во друштво на еден од најпознатите играчи на сите времиња (ФОТО)

Нашиот репрезентативен голман кој моментално настапува за Бенфика, објави фотографија на која е заедно со легендарниот играч од средниот ред Руи Кошта.

“Маестро Руи Кошта”, напиша Ристовски, а под фотографијата се редат низа коментари.

Инаку, Руи Кошта во својата кариера ги носеше боите на Бенфика, Фиорентина, Милан, а на крајот од кариерата повторно се врати во матичниот клуб.