дома блог страница 2900

Прилепчанец ФИ3ИЧKИ HAПAДHAT пред угостителски објект во Скопје

На 14.12.2019 во 02.25 часот во СВР Скопје, В.М.(23) од Прилеп, приjaвил дека околу 02.20 часот пред угостителски обjeкт на ул.Анастас Митрев бил физичkи нападнат од Ч.М.(32) од Скопје.

По документирање на случаjoт ќе биде поднeceн соодветен поднecoк.

Фонд за иновации се слушаме ли? Македонец вели дека има пронајдок со кој со помош на вода може да се вози, грее и ceче (ВИДЕО)

На фејсбук страната “Земјоделие.мк” oбјавено е видео на кое Ненад Стоилковски го покажува неговиот пронајдок со кој се произведува енергија од вода.

“Фонд за иновации се слушаме ли? Можеби во иднина на вода ќе се грееме”, пишува во описот на видеото.

Во видеото Ненад го објаснува целиот процес за создавање енергија од вода за која тој вели дека може да се користи за возење автомобили, за греење дома како и за сечење.

Погледнете во продолжение:

Заев: Со Борисов по Нова година пријателски ќе разговарам околу негирањето на македонскиот јазик

Денеска премиерот Зоран Заев за време на еко акцијата „Аминистрацијата чисти со Не биди Ѓубре“, каде беше прашан за негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија, одговори дека е недозволиво во 21 век да зборуваме за јазикот, за идентитетските прашања, тие се апсолвирани прашања.

Тој најави средба со премиерот Бојко Борисов која би требало да се одржи на почетокот на 2020 година на која, како што рече, ќе разговараат отворено и пријателски, а не да се префла, кој прв кажал.

-Ние сме пријателски земји и ваквите дисонантни тонови се недозволиви каде што во 21 век зборуваме за идентитет којшто е впишан целосно во сите анали, во сите документи и во сите меѓународни организации. Јас го добив аплаузот и од бугарските пратеници кога зборував на македонскиот јазик во Европскиот парламент – истакна Заев.

Премиерот посети на на договорот што е потпишан за соработка и пријателство со Бугарија кој е на три јазици, и дека тој е потпишан согласно Уставот, односно на македонскиот јазик.

Овие 7 женски имиња се универзални за цел свет – имаат апслутно прекрасна симболика

Ако наскоро треба да станете родители размислете за иднината на детето кое еден ден ќе се роди, а главната преокупација е секогаш името кое треба да се избере.

Ние ви претставуваме 7 женски имиња кои се интернационални, односно прифатени секаде во светот, а имаат посебнао и моќно значење.

Хана: Има неколку значења во зависност од потеклото. Кога станува збор за арапско потекло, означува паметна, искусна и разумна жена. Кога станува збор за името Хана од хебрејско потекло значи „милост“. Постојат уште неколку толкувања – дека настанало од зборот за билката кана, односно дека значи босилек, пријатен мирис.

Хелена: Грчко име кое означува светлост, блескавост.Според хеленската легенда станува збор за името на најубавата жена на светот, ќерката на Зевс.

Клара: Ова име влече потекло од Италија, а изворното потекло му е од латинскиот „кларус“ што значи „јасна, чиста, светла“.

Миа: Миа е скратено од Мариа. Во романските јазици „миа“ значи „моја“, На грчки „меа“ значи „само една“. Често им се дава на девојчиња кои мајките долго ги чекале и ги посакувале.

Мила: Името Мила настанало од истоимениот збор „мила“ а се толкува како некој мил, близок до срцето, грациозен.

Маја: Најпопуларното толкување на ова име води потекло од името на древната грчка божица. Била најстара, најсрамежлива и најубава од седумте ќерки на Атлас и Плејона. Во римската митологија пак Маја била божица на плодноста и пролетта. Од друга страна, на хебрејски ова име доаѓа од зборот „ма јан“ кој означува извор, поток.

Зое: Едно од најпопуларните модерни имиња, а кратко и јасно ова име на старогрчки значи „живот“.

Мицкоски го матира Заев: “Да донесеме резолуција за заштита на македонскиот јазик, виткањето кичма ништо добро не и донесе на Македонија”

Ја следам онаа дебата каде Зоран Заев со полуплашлив тон ќе каже дека допрва ќе одлучуваат, како да одлучат за да ја демантираат одлуката на БАНУ. На ова ќе потсетам претходеше и Резолуција во Бугарскиот Парламент со која се спореше македонскиот јазик, ова денеска во свој статус на Фејсбук го пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Сето ова остана незабележано и без реакција на македонската држава. Впрочем, вината не треба да се бара во соседите, тие лошо би се бореле за своите интереси ако не искористат ваква катастрофална пластелин политика на нашата Влада, каде основата на се е виткањето на кичмата. Арно, но таквото виткање цели три години наместо гигантски чекори напред, какви што ветуваа, ни испорачува гигантски тресок на дното. За само три години, речиси и да нема сегмент од темелите на Македонија кој Заев и оваа Влада не започна да го разјадува и доведува во прашање. Не е до соседите, до Заев е, пишува Мицкоски.

Тој понатаму во својот пост пишува и дека полусрамежливото кажување дека БАНУ не е во право, нема да спречи вакви или други тендеции. Јас пред два месеци дадов иницијатива, и сега ќе ја реактуелизирам во македонското Собрание да донесеме заедничка Резолуција по пат на консензус за заштита и потврдување на посебноста и автенткчноста на македонскиот јазик. Впрочем, таквата Резолуција нема да значи никаква претензија, туку потврда за нашето и испраќање на политичка порака дека како држава сепак имаме кичма и свој јазик различен од сите други, по кои се препознаваме и разликуваме од останатите.

-За ваквата Резолуција е добро да се изјасни и Зоран Заев, и се надевам дека овој пат нема да се двоуми и молчи како што тоа го прави за предлогот за ограничување на амнестијата, испитување на имот на политичарите, кандидат мандатар и измени на Законот за јазици во склад со Венецијанската Комисија и Уставот. Се надевам дека барем малку ќе се издигне над дневната политика и ќе се стави на страната на националните интереси, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Изложбата „Музички орнаменти„ на уметникот Емил Солески, синоќа отворена во Прилеп (ФОТО)

„Музички орнаменти„ е тематската изложба од десетина скулптури од уметникот Емил Солески, што синоќа (13.12.2019) беше отворена во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“.

Се работи за изложба преку која академскиот скулптор Емил Солески создава апстрактно асоцијативни форми и облици во мермер.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност која посочи дека скулптурите на Емил Солески се сведени на елементарни структури со заоблена органска форма, чии асоцијативни содржини произлегуваат од вредноста на вајарскиот материјал, односно од карактеристиките на волуменот и масата.

-Стилизираните облци на компаkтната маса со природна структура асоцираат на форми кои се движат според одреден апстрактен ритам. Како резултат на редуцирањето и стилизирањето на природните форми, скулптурите оддаваат впечаток на надворешна раздвиженост. Овие прочитстени, јасни и едноставни облици асоцираат, односно симболизираат архаични и дамнешни примитивни звуци кои некогаш вдахнувале живот при секое нивно реализирање и отелотворување преку гласот, звукот и танцот – рече Димеска на отворањето на изложбата.

Академскиот скулптор Емил Солески посочува пак дека изложбата е резултат на неговата преокупација со музиката уште од мали нозе.

(Видео) Изгубил се во обложувалница, па маскиран се обидел да си ги врати парите

Обложувалница во Даниловграб била мета на гpa беж. Наводно момче кое што претходно изгубило се обложувајќи се, сакал тоа да го поврати со гpaб еж.

Момчетно, наводно заминало дома, се пресоблекло и се вратило во обложувалницата. Како што може да се види од видео снимките од безбедносните камери, тој ја замотал главата, а не е сигурно со што им се зakaнувал на вработените. Целиот настан го следел друг посетител, кој што најпрвин му се приближил и гледал што се случува.

После тоа доаѓа до обид за одземанје на opyжјето со кое paзбojниkoт им се заканувал, настанува тypkаница, а после кратко време paзбojникот заминува со празни раце.

Момчето доби само пофални коментари во неговиот град, од причина што со голи раце идел на „нож“.

На некои места и до дваесет сантиметри снег- УХМР информира каде е најстудено денес

Врнежи од дожд со слаб интензитет утринава има во западните и јужните делови од државата. Дува и слаб до умерен југоисточен ветер во долниот тек на Повардарието. На планините има врнежи од снег.

За денеска синоптичарите најавуваат пообилни врнежи од дожд во западните и јужните делови кои во текот на денот ќе се преместуваат кон југосток. Попладне врнежите ќе прекинат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 7 до 12 степени.

Најмногу снег, според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи, има на Попова Шапка – 20 сантиметри, а во Маврово висината на снежната покривка е шест сантиметри.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Крушево, а најстудено утринава е во Маврово каде се измерени -1 степен. Во останатите градови минималните температури се над нулата.

(Фото) Писмото со кое Македонија се откажува од македонска националност

Министерот Димитров со испратеното писмо до грчката страна потврдува дека ознаките Македонско, македонски, macedonian не се за етничка или национална припадност туку само за државјанство, пишуваше во јануари оваа година експерс.мк.

Македонија со писмото до грчката страна се согласила означувањето за nationality во кое ќе стои macedonian/citizen of North Macedonia согласно Преспанскиот договор да се однесува исклучиво на државјанство, а не на националност или етничка припадност.

Во документот до кој дојде expres.mk македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на своите партнери во Атина им пишува дека и формално прифаќа дека „македонско“ или macedonian нема да означува националност, туку државјанство.

Во документот кој го лиферуваат грчките извори јасно се гледа дека македонската влада се откажува од „македонски“ како припадност на нација.

Во документот се зборува и за македонскиот јазик, кој според владата во Скопје е од групата јужнословенски јазици.

Македонската влада тврди дека со договорот се бетонира македонскиот национален идентитет.

Видео за Прилеп, кое ќе ви ја освежи меморијата и спомените – како се променуваше градот низ годините (ВИДЕО)

Интересно видео за Прилеп за тоа како се променуваше градот од 2005 до 2013 година. Ќе се потсетите како изгледаше центарот на градот, општинската зграда, участакот, просторот кај денешната катна гаража….

Погледнете во продолжение: