дома блог страница 2899

Ѓорѓиевски: Кога Заев ја кажува приказната за бардињата изгледа мисли на својот татко кој kpaдел струја од бандера на тие милиони

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ во својот статус на Фејсбук пишува дека кога Барон Михаузен би бил жив ќе се гордеел со Заев кој е поголем лажго и од него самиот.

-Кога Барон Михаузен би бил жив ќе се гордееше со Заев, ќе раскажуваше дека поголем лажго е роден и дека таму некаде во Македонија е роден достоен наследник.

А она за бардињата вода и ВМРО, веројатно Заев бил инсипиран од својот дом, и се помешал, па таму таткото на Заев Панче kpaдел струја од бандера, на тие пари и милиони. Така да нека си ја провери приказната за друг пат, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Вака Александар Волканоски ја прослави светската шампионска титула во УФЦ (ФОТО/ВИДЕО)

Александер „Велики“ Волкановски, го победи Макс Холовеј, и му ја одзеде титулата шампион во перо-лесна категорија во Ултимејт фајт, на УФЦ 245 настанот во Лас Вегас.

Волкановски е австралиски борец, а татко му е роден во село Беранци кое се наоѓа во близина на Битола, па често ги истакнува и своите македонски корени.

Волкановски и Холовеј ги одработија сите пет рунди, не се штедеа, а на крај, судиите пресудија во полза на нашинецот, кој првпат се искачи на тронот. Александер кој има 31 година, во кариерата има осум победи во осум борби, а Холовеј го претрпе петтиот пораз.

За новопечените прилепски домаќинки: Рецепт за вкусни светиниколски посни сармички

Се ближи големиот христијански празник Св. Никола, заштитникот на Прилеп и празник кој секоја трета куќа во градот под “Марковите Кули” го има за куќна слава.

Прилепските домаќинки одново ќе се зафатат со приготвување на вкусни посни специјалитети, меѓу кои главни се малите посни прилепски сармички.

За новопелените прилепски снаи кои оваа година влегоа во светиниколски куќи да се покажат во најдобро светло, ви го пренесуваме оригиналниот рецепт за вкусни посни сармички.

1. Оризот, црниот пипер, солта, црвениот пипер и маслото се мешаат заедно.

2. Листовите од киселата зелка се сечат на мали парчиња ( отприлика 3 x 5 сантиметри ) .

3. Со мало лажиче се зема од филот отприлика 5-6 зрна. Се виткаат мали сармички и се стегнуваат со рака за да бидат цврсти и во варењето да не се растурат.

4. На дното од тенџерето се ставаат листови од зелка. Врз нив се редат сармичките во круг. Кога ќе се исполни првиот ред, врз сармичките се тура 100 мл масло, 2 лажици црвен пипер и малку црн пипер.

5. Потоа се реди вториот ред и пак врз нив се става масло, црн и црвен пипер. На крај се ставаат листови од зелката.

6. Сармите се полеваат со вода и 2 чаши расолница за да се покријат сармичките.

7. Се става капак за да се потиснат сармичките.

8. Се вари на 180 степени 3-4 часа и од време на време се долева со вода.

Прилеп имал пилоти во Втората светска вojна кои летале за британски мисии

Британската политика во Втората светска војна во Македонија, па и во Прилеп е специфична и се дели на периоди и фази. Малку е расветлена, заедно со учесниците. Оскудни се податоците за британската политика во прилепско, иако Велика Британија í посветила внимание на Македонија заради важната географска положба и комуникациите од северозапад и север кон Солун и Средоземјето, Суецкиот канал и Блискиот исток.

Македонија била важно подрачје за префрлање на силите на север и за спречување на силите на Оската Рим- Берлин-Токио.

Британската политика спрема Македонија се изместила од лежиштето, поради брзата капитулација на Југославија и Грција. Затоа британските сили се повлекле од Крит. Во првите месеци од окупацијата во 1941 година, заради планираната инвазија на Хитлер врз земјата, Велика Британија имала слабо влијание на овие простори. Биле присутни само агентури и пропаганда преку радиостаниците Лондон и Каиро. Преку Македонија, Велика Британија создала врски со Василие Трбиќ и подоцна со неговиот син Војче Трбиќ. Историската документација сведочи дека Велика Британија во 1940 година создала посебна тајна организација со седиште во Лондон – Управа за специјални операции, чија главна задача била собирање на податоци, вршење пропаганда против фашистичките окупатори и организирање оружени акции и диверзии против важните стопански и воени објекти значајни за фашистите. За спроведувањето на акциите бил инсталиран огранок во Каиро. Тој планирал во 1942 – 43 година испраќање на мисии со авиони во разни краеви во Македонија. Раководител бил лордот Гленкокер.

Архивските податоци говорат дека во каирскиот огранок биле собрани најинтелегентните авијатичари на Македонија, меѓу кои биле и двајца признати прилепски пилоти Димитар Наумоски – Гагачот и Александар Тасески, познат во Прилеп како Цане Амбарот.

Наумоски е роден во Прилеп 1909 година во позната фамилија со антифашистичко расположение. Образованието го почнал во Прилеп. Сакал да стане авијатичар. Желбата му се остварила по завршувањето на школата за воени пилоти. После работел во тогашна Југославија. При нападот на фашистите на Југославија, Наумоски бил во групата која требало да го префрли Кралот во Каиро. Тој е еден од пилотите на кралскиот авион. Подоцна престојувал во Каиро. За тоа потврдуваат картички испраќани на својот брат. Подоцна е вклучен во Каирскиот огранок, бидејќи бил близок со генералот Боривое Мирковиќ.

Прилепскиот пилот од огранокот во Каиро добил посебна задача. Бил определен за координатор на врските со Дража Михајловиќ и Наполеон Зервас и бил спуштен ноќта на 22 – 23 јули 1942 година на планината Невесиње. Не е познато како завршила мисијата на прилепскиот пилот и дали ги постигнала планиралите цели. Наумоски требало да воспостави врски со Трбиќ во Македонија. Потоа да се сретне со Зервас. Димитрија ја предводел мисијата на британската делегација, но на пат кај Качаник, била ликвидирана. Тука загинал и овој прилепски воздухопловен капетан. Според малкуте расположливи податоци групата била ликвидирана од Дража Михајловиќ, зашто се претпоставувало дека со себе носи поголемо количество злато кое требало да му биде предадено на Трбиќ во прилепско. За Димитрија Наумоски, освен овие податоци нема други, но споменот за него го чуваат неговите блиски во Прилеп.

Според Александар Тасески, Цане Амбарот, Управата од Каиро, по пропаѓањето на мисијата на Наумоски, испратил нова група да воспостави врски со Трбиќ, кој бил во Поречието.

Придружник на мисијата бил воздухопловниот поручник Александар Тасески. Бил добар познавач на состојбите во Македонија. Го знаел добро и Трбиќ. На чело на мисијата бил главниот инжинер и директор на рудникот во Радуша пред војната Џорџ Клифорд Морган, како и радиотелеграфистот Џоџ Бакан. Мисијата била снабдена со многу пари, злато, облека. И таа не успеала и пропаднала. Не биле воспоставени врски со Трбиќ, кој од ден во ден ја губел довербата кај народот.

По двата неуспешни обиди, Британците воспотавиле контакти со Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Врските зачестиле по капитулацијата на Италија.

Британците го меркале аеродромот во Мало Коњари со ресурси на авионски бомби и бензин. Важна била местоположбата, погодна за полетување на нивните авиони кон Блискиот исток и на север. Британците биле заинтересирани и за аеродромот во Зрзе и на Кадица, каде постоела можност за спуштање на авиони, а по пат на десант и на различен материјал. По ослободувањето на Прилеп овие цели биле постигнати.

Најголемо влијание во Прилеп од британците имал капетанот Макдоналд, кој се спуштил со авион на Пајак Планина на 3 јануари 1944 година. Тој учествувал во преговорите за размена на заробеници од Прилеп меѓу партизаните и Германците. Размената се случила во селото Сенокос.

Извор: “Неделник Зенит”

Временска прогноза за следната недела

Времето во земјава ќе биде ведро, во повисоките места со слаб до умерен ветер од променлив правец, а во скопската и полошката котлина има појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус три до седум степени, а дневната од седум до 16 степени.

Следува период на стабилно и потопло време. Од понеделник по одделни котлини ќе биде облачно, магливо и постудено. Локален дожд ќе има во четврток во попладневните и ноќните часови кон петок.

Александер „Велики“ Волкановски стана УФЦ првак во перо-лесна категорија

Александер „Велики“ Волкановски, го победи Макс Холовеј, и му ја одзеде титулата шампион во перо-лесна категорија во Ултимејт фајт, на УФЦ 245 настанот во Лас Вегас.

Волкановски е австралиски борец, а татко му е роден во село Беранци кое се наоѓа во близина на Битола, па често ги истакнува и своите македонски корени.

Волкановски и Холовеј ги одработија сите пет рунди, не се штедеа, а на крај, судиите пресудија во полза на нашинецот, кој првпат се искачи на тронот. Александер кој има 31 година, во кариерата има осум победи во осум борби, а Холовеј го претрпе петтиот пораз.

ГОЛЧИШTE на Барди за победа на Леванте на самиот крај од мечот (ВИДЕО)

Со гол постигнат во самиот финиш, македонскиот репрезентативец Енис Барди му донесе победа на својот тим Леванте попладнево на гостински терен кај Гранада.

Леванте победи со 2:1, а покрај Леванте за гостите погоди и Рубен Рочина во 55. минута, додека стрелец на погодокот за домашниот тим беше Дарвин Мачис.

Со новите три бода Леванте има 23 бода по 17 кола и во моментов е на 11. место.

Гранада со 24 бода е на 9. место во очекување на другите средби од 17-та рунда во шпанската Примера.

Инспиративно видео кое ќе ви предизвика воздишки: Убавина исполнета со мистичност и древност која привлекува како магнет (ВИДЕО)

Koга ќе се спомне Прилеп, првото нешто што на секого му доаѓа на памет се Марковите Кули над градот. Освен со својата мистичност, древност и огромна историска вредност, карпестите масиви над градот кои се стари милиони години, се вистински магнет за сите авантуристи, но и за секој кој сака да го подобри своето здравје и кондиција.

На јутјуб наидовме на едно инспиративно видео кое ќе ве натера декемвриското топло време да го искорисите и да се искачите до крстот на популарното кај прилепчани Маркукуле.

Уживајте во продолжение:

Единствено е жално што светиот крст сместен на врвот од Марковите Кули веќе долг временски период не свети во вечерните часови, а надлежните не се одлучуваат да го решат тоа.

Tвитер: Град Скопје склучил договор за набавка на 1 литар лозова ракиja и мраз?!

Град Скопје на ден 01.07.2019 склучил договор за набавка лозова ракија и коцки мраз – стои во една објава на Твитер која ја споделуваат корисниците на оваа социјална мрежа.

Според договорот склучен на 4 јули, набавен е 1 (еден) литар ракија по цена од 510 денари и мраз во вредност од 450 денар.

Граѓани на социјалните мрежи се изненадени и прашуваат зошто, кога се знае дека едно пакување мраз е 50 денари, од буџетот на Градот биле купени 9 пакувања мраз во истиот ден.

(РЕЦЕПТ) Спирали од компири кои децата ќе ги обожаваат

Состојки:

4-5 компири
1 јајце
2-3 лажици брашно
сол, црн бибер
по потреба додадете млеко

Подготовка:

Koмирите излупете ги и гответе ги во солена вода. Оставете ги малку да се изладат, а потоа испасирајте ги. Додадете ги останатите состојки и добро промешајте. Смесата не смее да биде премногу ретка. Во таков слулај додадете уште малку брашно, или ако е премногу густа додадете малку млеко.

Потоа, со смесата наполнете една кеса за замрзнување и направете шприц. Загрејте масло во тава и потоа формирајте ги спиралите.

Не грижете се доколку на почетокот не ви изгледаат убаво, после неколку пати ќе ги правите совршено.

Послужете со мешана салата или некој сос по вкус.