дома блог страница 2898

Сите ги имаме во своите домови, а предизвикуваат тешки заболyвaњa

Штедливите “еколошки” сијалици воопшто не се безбедни како што се тврди, бидејќи содржат жива, силен неypoтоксин, кој негатвно влијае врз децата и трудниците- предупредуваат од Агенцијата за заштита на животната средина на САД.

Овој елемент е особено штетен за мозокот, нервниот систем, црниот дроб и бубрезите. Истовремено, го намалува имунитетот, штетно влијае на кардиоваскуларниот и репродуктивниот систем.

Истражувањата кои ги спровел доктор Питер Браун во Берлин, покажале дека овие сијалици, скршени во атворен простор, ослободуваат 20 пати поголемо количество на жива од максимално дозволеното. Освен тоа, содржат и фенол, благо кисел токсин во облик на кристали кој се добива од катран, а се користи во хемиската индустрија.

Тука е и нафталенот, запаливо соединение во облик на кристал, кој исто така настанува со дестилација на катран, а се користи против молци и во хемиската индустрија.

Меркел ги повикува Балканците да живеат и работат во Германија: Им требаат над милион работници и ќе се носи нов закон за полесен увоз на работна сила

Германија на почетокот на следната година ќе донесе закон кој треба да го олесни увозот на квалификувани работници надвор од ЕУ, најавила канцеларката Ангела Меркел и предупрдила на „очајничката“ потреба на економијата за работниците.

Законот за вселување на квалификувана работна сила ќе стапи на сила на 1. март 2020 година и целта е да се отвори пат за работниците надвор од ЕУ да дојдат и да останат да живеат во Германија.

Според последните проценки, таму во моментов има 1,3 милиони непополнети работни места.

Во економски најсилната членка на ЕУ работат повеќе од 2 милиони граѓани од другите земји на Унијата.

„Но, тоа не е доволно и затоа мораме да побараме квалификувани работници надвор од ЕУ. Без доволно експерти ниедна компанија не може да преживее“, предупредила во видео-порака која ја посветила на новиот закон.

Истакнала дека потребата за експерти од странство не се однесува само на академски образование работници, туку и на струките.

„Ние во моментов имаме бројни претприемништва кои се во очајничка потрага по квалификувана работна сила. Ако политичарите не се грижат доволно за експертите, фирмите и претприемништвата ќе ја напуштат Германија, а тоа не го сакаме“, предупредила таа.

Поради задоволување на потребите на економијата, владата посегнува по три стратегии. Првата се однесува на целосно искористување на капацитетот на домашниот пазар, втората е на зголемен увоз на експери од ЕУ, а третата е на вселување на стручна работна сила надвор од Унијата.

Во понеделник ќе се одржи вонреден состанок на кој претставници на владата, синдикатот и работодавачите треба да договорат како со новиот закон да привлечат што повеќе експерти од земјите кои не се членки на ЕУ.

ВИДЕОТО од обраќањето на Меркел погледнете го ТУКА

Доктори за нега на коса! Побрзајте и искористете ги попустите во единствената специјализирана продавница кај нас “Hair Shop” (Фото)

Сакате да имате убава и негувана коса за Новогодишните и Божиќните празници? – Hair Shop е вашиот најдобар избор! Сакате косата да ви биде убава и негувана уште некое време по посетата на вашиот фризер? Дојдете во нашиот и ваш Hair Shop, а ние ќе ви помогнеме во тоа!

Нашата коса е круната која никогаш не ја симнуваме од глава. А овој период од годината се’ е во знакот на магијата, и сите сакаме да заблескаме во целост. Па така во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници тоа нека биде причина плус за посета на единствената специјализирана продавница кај нас за професионална козметика за коса.

Во “Hair Shop”, ќе пронајдете широка палета на шампони, маски, лосиони, серуми, фарби за коса, производи за нега на детската коса, како и асортиманот од Barber Shop за нега на машката коса и брада.

Тука имате буквално се’ за коса, и тоа од реномираните брендови како што се: L’oréal, Wella, Revlon, Alfaparf, Inebrya, Alterego, Imel, Fanola, Oro Therapy, RR line, Black, American Crew, Luxina, Orofluido, Young, Gold Hair и други.

Тука тимот на Hair Shop ќе ви помогне да го одберете соодветниот производ за вашата коса. А доколку барате и некој подарок за вашите најмили, и сакате да подарите нешто уникатно, овојпат тоа нека биде нешто од нашата професионална козметика, затоа што тоа е најдоброто нешто што може да и го подариме на нашата коса.

Тимот на Hair Shop е секогаш тука за вас и вашите прашања, но и за бесплатни совети, како би го постигнале посакуваниот здрав и негуван изглед на вашата коса.

За почеток ви издвојуваме некои од сезонските проблеми со кои се соочува секоја жена, како и колекции и производи како можни решенија.

Тука неизбежен е третманот за поправање на штетата на косата нанесена од летното сонце со реконструктивниот третман на botox/olaplex, намалување на сезонското опаѓање со шампон, ампули и серум од energy, сузбивање на честите проблеми како првут/себореја/мрсна коса со balance scalp, штетата од нечистиот и загаден воздух со производи за детоксикација, сувата и нескротлива коса и со специјализирани спрејови, и проблематичната плава коса со колекциите за нега и специјализираните шампони.

Побрзајте и искористете ги и новогодишните попусти што Ви ги нуди Hair Shop и до 50% попуст на одредени производи, меѓу кои и новогодишните пакети на L’oréal, промоцијата на Alfaparf Semi di lino производите, добијте гратис Care Plex со секој купен производ од брендот iMEL, направете одреден износ и добијте поклонче и ред други акции и попусти што ги спремивме за Вас!

За таа цел, повелете и посетете не во продавницата на ул. “Васко Карангелески бр. 1-2” во зграда “Македонија” во Прилеп, во фризерскиот салон во Скопје на улица “Божидар Аџија 3 /локал 1”, или пак онлајн на нашите фан страни на Facebook и на Instagram, како и на веб страната https://hairshop.mk/

Секоја жена мечтае за убава, негувана и сјајна коса. Храбрите жени не мечтаат, тие преземаат иницијатива. Биди и ти храбра жена, одлучи се за здрава и негувана коса и одбери професионална козметика за коса!

Беким Максути “леташе орли”: Заменик министерот за oдбpaна „леташе орли“ во Албанија

Заменик-министерот за одбрана на Р.Македонија, Беким Максути, при неговата посета на Р.Албанија „летал орли“, употребувајќи го поздравот кој означува „голема Албанија“ заедно со неговите колеги од регионот, пренесува Инфомакс.

Беким Максути, заменик-министер за одбрана, по потекло од тетовско Шипковица, на состанок во соседна Албанија го употребил спорниот поздрав со „летање орли“ кој претставува знак на „голема Албанија“.

Максути е заменик-министер во министерството за одбрана на Р.Македонија, што ваквиот потег го прави дотолку попроблематичен, особено во контекст на неодамнешните гледишта на високи претставници на НАТО, но и на Албанија и Косово за промена на границите на Балканот.

(Видео) ММА доби нова ѕвезда: Руж Руж го прегази противникот на неговото деби

Сенегалецот Умар Кане дебитираше во октагонот на ММА.

Кане се бореше против Софине Букичуа и го совлада во втората рунда. Судијата мораше да ја прекине бopбата бидејќи ривалот не можеше да ги издржи удapите од Сенегалецот.

Прилепчани вечерва дишат отpoв: Погледнете колку е загаден воздухот!

Воздухот во Прилеп вечерва е енормно загаден. Ова го покажува станицата сместена на општинската зграда во центарот на Прилеп, а квалитетот на воздухот може да се следи преку апликацијата “Мој воздух”

Засега општинските власти во Прилеп немаат никакви конкретни мерки за решавање на проблемот, иако вакви и полоши резултати станицата покажуваше и минатата година.

Ја нарекуваат “најдепресивната” елка, а се наоѓа во македонскиот зимски туристички центар (ФОТО)

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, општините ги украсуваат булеварите и централните градски подрачја, па така и од Општина Крушево го украсиле центарот со новогодишна елка.

Крушевчани кои ни ги испратија фотографиите велат дека ова е “најдепресивната елка” во Македонија.

Погледнете и проценете сами:

Родители внимавajте на вашите деца: Глобите се огpoмни доколку децата ви пykaaт петapди

СВР Битола ги известуваат граѓаните и правните субјекти на подрачјето под надлежност на СВР-Битола дека е 3aбpaнета и kaзнива дистрибуцијата и продажбата на петapди и други пиpoтexнички материјали и согласно чл.396 ст.4 од КЗ на РСМ за ова кр.дело се предвидени пapични kaзни и kaзна затвop до три години.

-Исто така се предупредуваат граѓаните дека со употреба на петapди и др. пиpoтexнички средства можат да предизвикaaт опacнocт од caмоповpeдyвање и повpeдување на други лица и тоа повpeди на екcтpeмитети, губење вид и сл., а со нивна употреба на јавно место го загpoзyваат мирот и безбеднocта на останатите граѓани и согласно чл.2 и чл.31 од ЗППЈРМ за пpeкршителите пpeдвидени се пapични kaзни во противвредност од 200-500 евра, а за родителите чии деца вршат пpeкршоци од овој вид, заради занемарување и негрижа предвидени се глоби од 600 до 800 евра во противвредност.

-СВР-Битола ќе презема континуирани,редовни, но и зајакнати акциски контроли заради откривање и санкционирање на лица и правни субјекти кои ќе постапуваат спротивно на горенаведените законски одредби.

Извор: ““Шеталиште”

(ВИДЕО) Наполи го претстави клупскиот календар – во него и Елиф Елмас со македонското знаме

Наполи го објави клупскиот календар за новата 2020 година, во кој учествуваат фудбалерите.

Во видеопромоцијата има дел во кој девојка со фустанoт го симболизира македонското знаме, а во тој момент во кадарот е македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас.

Дино Мерлин за Нова година во Скопје ќе заработи астрономска сума

Според српските медиуми Дино Мерлин за Нова година на скопскиот плоштад ќе пее за хонорар од 100.000 евра.

„Курир.рс“ги објавија хонорарите на балканските ѕвезди за новогодишната ноќ. Така, покрај Дино Мерлин најмногу ќе добие Здравко Чолиќ кој исто така за една вечер ќе инкасира 100.000 евра.

Инаку, организатор на настапот на Дино Мерлин за новогодишната ноќ е град Скопје.

Градоначалникот Петре Шилегов на промоцијата одржана пред два месеци изјави дека неговата упорност била пресудна Мерлин да се согласи за Нова година да пее во Скопје.

Според Шилегов, настапот на босанскиот пејач Град Скопје ќе го чини нула денари.