дома блог страница 2897

(Видео) Кога Шешељ е гостин, не може да е досадно: Жecток дyел со еден од нajkoнтроверзните политичари во Србија

Лидерот на Paдикалната партија Војислав Шешељ, во емисијата „Хит твит“ имаше жecток дуел со еден од нajkoнтроверзните политичари во Србија, Чеда Јовановиќ. Нивната полемика беше околу нобеловецот Хандке. Според Шешељ, Хандке ја доби наградата за публицистичко дело и оти е бopeц за човекови права.

Јовановиќ на тоа не согласи, велејќи дека во вojните жpтви имало на двете страни. Дуелот ескалира во 31вата минута кога Шешељ му одговори: Што ти е тебе, да не се пpeдозиpa?

Шефот го третирал како ѓубpe, па овој на оригинален начин му даде отказ (ВИДЕО)

Шефот го третирал како ѓубре, па целосно го заслужил ова видео на кое еден од вработените во “Старбакс” дал отказ.

Погледнете во продолжение и ќе ви стане јасно:

Регулаторна ги одреди цените на горивата за оваа недела

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на нафтените деривати останува непроменета во однос на минатата недела.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Согласно тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Гpaдоначалничката на Битола пpaвеше стoj на глaвa (ВИДЕО)

На промоцијата на новата спортска сала во Битола, градоначалничката пред присутните направи стој на глава.

Со тоа таа испратила порака до младите:

Порака до сите млади, за сите оние кои што сакаат да ви го превртат светот има еден лек, гледајте ги работите од друга перспектива, останете свои и не дозволувајте да ви го сторат тоа – пренесува порталот “Апла.мк”.

Извлечени осминафиналните двојки во Лигата на шампиони: Силни дуели во најава

Пред малку беа извлечени осминафиналните двојки за Лигата на шампионите. Жребот донесе многу интересни дуели во кои ќе уживаме идната година.

Ова се двојките:

ПСЖ – Дортмунд

Реал Мадрид – Манчестер Сити

Аталанта – Валенсијa

Лион – Јувентус

Наполи – Барселона

Атлетико Мадрид – Ливерпул

Тотенхем – Лајпциг

Баерн Минхен – Челзи

Петар Грашо: “Некои работи се менуваат на хартија, но за мене Македонија останува во моето срце” (Видео)

Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо синоќа на концертот во салата на Македонската филхармонија ја забавуваше публиката цели два часа.

Експлозијата од аплауз настапи пред изведбата на големиот хит „Ако ме питају“ и неговите зборови.

– Ви благодарам Скопје, ви благодарам Македонија. Можеби требаше да го кажам новото име, но некои работи се менуваат на хартија, а за мене Македонија останува во моето срце, истакна Грашо.

Во интимна атмосфера, три концерти исполнети до последното место, средбата на Грашо со скопската публика, во текот на цели два часа протече во заедничко пеење и играње, фотографирање… Одекнуваа најпознатите хитови на талентираниот Далматинец: „Ако те питају“, „Увик исти“, „Моје злато“, „Љубав једне жене“, „Ко нам брани“, „Уторак“, „Не знам за се“…

Тројца прилепчани направија оригинална преработка на “Bohemian Rhapsody” oд групата “Queen” (Урнебесно видео)

Тројца прилепчани направија весела верзија на легендарната “Боемска рапсодија” на групата “Квин”.

Дуле Темелкоски испеа свој препев во музичкото студио на Борче Шабаноски. Илустрации на стиховите направи младиот ликовен уметник Владимир Здравески.

Погледнете во продолжение:

Германија ќе ги отвори вратите: Нов закон за странска работна сила ќе го олесни увозот на квалификувани работници

Германија на почетокот на следната година ќе донесе закон кој треба да го олесни увозот на квалификувани работници надвор од ЕУ, најавила канцеларката Ангела Меркел и предупредила на „очaјничката“ потреба на економијата за работниците.

Законот за вселување на квалификувана работна сила ќе стапи на сила на 1. март 2020 година и целта е да се отвори пат за работниците надвор од ЕУ да дојдат и да останат да живеат во Германија. Според последните проценки, таму во моментов има 1,3 милиони нeпополнети работни места. Во економски најсилната членка на ЕУ работат повеќе од 2 милиони граѓани од другите земји на Унијата.

„Но, тоа не е доволно и затоа мораме да побараме квалификувани работници надвор од ЕУ. Без доволно експерти ниедна компанија не може да преживее“, прeдупредила во видео-порака која ја посветила на новиот закон.

Истакнала дека потребата за експерти од странство не се однесува само на академски образование работници, туку и на струките.

„Ние во моментов имаме бројни претприемништва кои се во очајничка потрага по квалификувана работна сила. Ако политичарите не се грижат доволно за експертите, фирмите и претприемништвата ќе ја нaпуштат Германија, а тоа не го сакаме“, прeдупредила таа.

Поради задоволување на потребите на економијата, владата посегнува по три стратегии. Првата се однесува на целосно искористување на капацитетот на домашниот пазар, втората е на зголемен увоз на експери од ЕУ, а третата е на вселување на стручна работна сила надвор од Унијата.

Денес ќе се одржи вонреден состанок на кој претставници на владата, синдикатот и работодавачите треба да договорат како со новиот закон да привлечат што повеќе експерти од земјите кои не се членки на ЕУ.

Во вторник се сади Божикна пченица: Направете го ова за поубава и побогата 2020 година!

Раѓањето на Исус Христос е празник кој се прославува во домот со семејството, како и одењето на црквените богослужби. Покрај сите обичаи, собирањето на семејството околу богатата трпеза е главен настан. Задолжително се пали кандило и се крши лепчето. Но, на масата има уште еден голем симбол на најрадосниот христијански празник – Божикната пченица.

Иако пред Божик можат да се купат скоро секаде, доколку сте од оние кои сакаат да ги почитуваат обичаите, посадете го сами!

За да порасне до Божик треба да се засади на време. Треба да е зелено и бујно, бидејќи такви ќе бидат и посевите во текот на годината, вели старото верување.

Пченицата се сади на празникот на Света велокомаченичка Варвара, на 17. декември, кај православците или на Свети Никола на 19. декември, а кај католиците на 13. декември, на денот на Света Луција.

За садењето ви е потребно шака пченица и чинија или сад во кој ќе посадите.
Во плиток сад ставете земја, па на неа наредете ја пченицата, која преку ноќ стоела во вода. Зрната покријте ги со малку земја, која секој ден ќе ја прскате со вода на собна температура.

Пченичните зрна можат да се стават и без земја. Само се распоредуваат на дното на садот, во потполност да го покријат.
До ивицата се остава барем 1 сантиметар бидејќи пченицата со никнувањето ќе се прошири. Заливајте умерено. Најдобро е само да се прска со вода, еднаш до два пати дневно.

Во средина на садот може да се остави празен простор во кој подоцна ќе се стави свеќа. Земете плитка чинија, по желба, во средина ставете малечка чаша (за ракија). Зрната нанесете ги околу чашата.

Пченицата која сте ја засадиле можете да ја покриете со памучна ткаенина натопена со вода, за да зрната набабрат и да има доволно количество влага за тоа. Кога ќе се појават првите никулци ткаенината треба да се тргне за да пченицата расте без проблем.

Пред да се стави на маса, житото се шиша со ножици да биде рамно, бидејќи често израснува нерамномерно.

На Бадник ставете свеќа во средина, а житото на средина врзете го со црвена машна.

Извор: “Република.мк”

Најпознатиот астролог открива: Овие три знаци ги очекуваат големи пари во јануари 2020!

Се ближи новата година и сите се љубопитни да дознаат какви промени ќе им донесе, па познатите астролози јавно ги споделиле своите предвидувања што се однесуваат на финансиската состојба.

Тие издвоиле три знака на кои им претстојат големи парични добивки во јануари.

Според ѕвездите, почетокот на новата година ќе донесе драстични промени кај повеќето на финансиски план. Поголем прилив на пари им следува на земјените знаци, односно на сите што се родени во знакот Бик, Девица и Јарец.

Биковите досега сите успеси ги постигнуваа со напорна работа и трпение. Јануари 2020 е вистинското време да се опуштите, бидејќи целиот труд конечно ќе ви биде награден и тоа ви износ што не сте го ни замислувале. Станува збор за пари што ќе ви бидат доволни за да го обезбедите цело семејство.

Родените во знакот Бик ќе сакаат да ги соберат овие пари на куп и да ги чуваат, но ова е последното нешто што треба да го направите. Трошете ги паметно и исполнете си себеси по некоја желба. Важно е да одвоите одредена сума за секој случај, а останатото искористете го за да си го олесните животот.

Што се однесува до Девицата, тие во јануари полека ќе чекорат низ животот. Време е да пеете, уживате и да се радувате, бидејќи финансиските проблеми ќе станат минато за вас. Ќе имате толку многу пари што нема да морате ништо да си скратите. Вие секогаш сакате повеќе, а токму тоа „повеќе“ сега ќе слета право на вашите дланки.

Сепак, обидете се да не го промените својот став кон животот, работата, роднините и пријателите поради парите. Главниот поим за вашиот знак во текот на јануари е стабилноста. Работете како и досега и финансиите ќе ви бидат одлични и наредните месеци!

Тврдоглавоста и одлучноста кои се карактеристични за Јарците во јануари ќе бидат поизразени од претходно. Парите буквално ќе се лепат за вас, но ако ги оставате работите завршени до пола, се’ ќе тргне наопаку. Ако се нафатите нешто, тогаш завршете го тоа до крај.

Сепак, добро би било внимателно да управувате со пари и да не ги расфрлате на глупости. Подобро е да се ослободите од некој поголем трошок доколку сте планирале, како што е купување автомобил, реновирање на станот или скапо патување.

Совет за Јарците е да го споделат своето богатство со саканите, особено со оние на кои им треба помош.

Запомнете: што повеќе давате, толку повеќе ќе добиете!