дома блог страница 2893

(Видео) Беше легенда на бодибилдингот, а денес не може да се движи: Стероидите му го уништиле телото

Светот на професионалниот бодибилдинг остана во шок кога Рони Колеман, повеќекратен носител на титулата “најдобар бодибилдер на светот” на социјалните мрежи објави дека веќе не може да се движи.

Колеман е еден од најдобрите бодибилдери на сите времиња, бидејќ е носител на титулата “Мистер Олимпија” осум пати по ред. Сепак преку социјалните мрежи објави дека потрошил 2 милиони долари на три опepaции кои биле неуспешни и поради тоа тој мора да биде во инвалидска количка.

Македонски специјалитет: Стара македонска пита

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г брашно, 40 г свеж квасец, 3 лажици шеќер, 1 лажица сол, 100 мл масло, околу 400 мл вода.

ЗА ФИЛ: 1 кг блитва, 1 кромид, 200 г кајмак, 3 јaјцa, масло, околу 150 мл масло за прскање на корите.

ПОСТАПКА:

Фил: Блитвата се мие убаво и се ceчкa ситно, па на масло прво се пропржува ситно ceчкaн кромид, па потоа и блитвата колку да свене. Се трга од рингла и се остава да излади. Потоа се додава кајмакот и јaјцaтa и убаво се промешува и посолува по вкус. Филот се дели на 4 еднакви делови.

Замесете убаво тесто да биде како за леб. Оставете го да стасува додека да се удвои. Потоа ставете го на набрашнета работна површина и поделете го на 10 топчиња.

Секое топче со оклагија развлечете го во кравајче со големина од десертна чинија. Земете четири кравајчиња и наредете ги едно врз друго, намастени помеѓу со масло, освен последното, најгорното.

Потоа од овој куп развлечете кора и ставете ја во намастена тепсија бр.36. Врз кората наросете масло. Развлечете кора од 5-то кравајче, но малку поголема од тепсијата. Навиткајте ја на оклагијата и брановидно ставете ја во тепсијата (со движења лево-десно за да се направат набори). Ставете го рамномерно првиот дел од филот и малку наросете масло.

Секое кравајче тенко го развлекуваме, го ставаме во тепсијата, редиме фил и наросуваме масло. После 8-то кравајче го ставаме последниот дел од филот, па ни остануваат уште две кравајчиња.

И нив ги развлекуваме во кори, ја ставаме 9. кора, наросуваме малку масло и на крај ја ставаме последната кора. Питата ја ceчeмe со ceкaч за пица во коцки, до дното на тепсијата. Ако има потреба, со силиконска шпатула ги потискаме сите кори околу тепсијата за да биде рамномерна. Одозгора се наросува со масло и се остава 20-тина минути на топло за да стасува.

Потоа се става да се пече во загреана рерна на 200 степени. Кога ќе започне убаво да заруменува, се вади од рерна и се напрскува со малку вода и масло, па повторно се враќа во рерна (ова го правам некаде после половина час печење).

Пред крај се вади уште еднаш и повторно се прска со вода и масло, па се враќа во рерна, но овојпат се исклучува рерната.

Се остава уште некоја минута, па се вади.

Ова никој не го очекуваше! Елмас се враќа во Турција, но нема да игра во Фенербахче

БOMБA од Истанбул утринава!

Дијамантот Елиф Елмас се враќа во овој град, но не во Фенербахче каде беше пред 7-8 месеци, туку во лутиот ривал Бешикташ.

Медиумите во Турција наголемо пишуваат дека Џенаро Гатузо, новиот стратег на Наполи сериозно одлучил да го испрати на позајмица нашиот репрезентативец и дека изборот паднал на Бешикташ.

Се споменува и некаков состанок со родителите на Дијамантот, сепак се ова е просто за неверување посебно ако се знае врската меѓу Елмас и Фенербахче.

Во машина ставете од овој ефтин зачин кој сите го имаат дома и алиштата ќе ви бидат како нови

Иако можеби веќе имате сопствен трик за отстранување на дамките од алиштата или некое средство со кое никогаш не грешите, ние денеска ви презентираме уште полесен начин како до бели алишта.

Ако темните парчиња облека го губат својот сјај со редовно перење, белата облека со текот на времето пожолтува или добива некоја сива нијанса

За да ги исчистите полесно овие дамки од алиштата, во машината за перење ставете една лажица крупен црн бибер и алиштата перете ги на пониска температура. Биберот никако не смеете да го ставате во делот за прашок, туку директно во машината.

Тој делува на начин што ги отстранува остатоците од детергент кои се главна причина зошто облеката ја менува бојата со текот на времето

Подеднакво ефектна е и солта со која облеката ќе ви сјае повеќе од било кога, особено белите парчиња врз кои таа делува пријатно и спречува детергентот да остане по површината.

Сосема на крајот, кога говориме за природни работи, имате совет плус – ставете една шолја оцет како идеално средство за отстранување на дамки и природен омекнувач. И не грижете се, кога ќе се исуши облеката и миризбата ќе исчезне.

Вработување во Австрија во 2020 година: За овие професии се бараат странски работници

Во Австрија и следната година ќе постои нeдостаток на квалификувани работници – ако барате работа во земјата ќе може да аплицирате на дури 54 дeфицитарни занимања!

Австриското министерство за труд и социјални прашања изготви список за вработување на квалификувани работници од странство, т.е. нацрт Уредба за најбарани професии за 2020-та година (Fachkräfteverordnung 2020) со која се дефинира побарувачката на работници во одделните занимања и можноста за вработување на странски квалификувани работници. Оваа уредба важи и за државјаните на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија кои имаат завршено образование во областа на дeфицитарните професии и сакаат да најдат работа во Австрија.

Списокот стапува на сила од 1. јануари 2020 година, но пред тоа треба да биде одобрена од државниот парламент, за потоа да бидат објавени информации во врска со условите кои се потребни за добивање на работна дозвола.

Според објавениот список, во Австрија постои голема побарувачка за дури 54 професии, а меѓу нив се медицински сестри, готвачи, машиновозачи, сметководители, ѕидари, столари, керамичари, паркетари и други.

Инаку, во Австрија секоја година, врз основа на потребите на пазарот на трудот, се објавува список на дефицитарни занимања што може да биде олеснувачки фактор за странските работници кои аплицираат за “Rot-Weiß-Rot“ картичка.

Вака изгледа прелиминарниот список на дефицитарни занимања во Австрија за 2020 година: Конструктори на земјоделски машини, Машински техничари – инженери, Електротехничари – инженери за енергетика (висока струја), Електротехничари, ИТ инженери, Стругари/Токари, Изолатори, Металостругачи, Заварувачи, Машински техничари, Електроинсталатери и електромонтери, Техничари за разни области, Бравари, Автомеханичари, Кровопокривачи, Градежни столари, Калкуланти, Бетонци, Инсталатери и монтери на цевки, Колари, Лимари, Машиновозачи, Лакери, Тесари, Електротехничари за електромеханика, Керамичари, Оптичари, Дипломирани медицински сестри/техничари, Автолимари за каросерија и ладилник, Терацери, Алатничари, Машинобравари, Градежни инженери, Градежни бравари, Други техничари, Трговци и продавачи на производи од железо и метал, машини и уреди за домаќинство, Економисти за пресметка на плати – сметководители, Готвачи, Столари за градежна столарија и мебел, Техничари – Инженери за организирање на работа и индустриски менаџмент, Останати машински механичари, Подополагачи (за ламинат), Пластичари, ИТ Техничари, Машински обработувачи на дрво, Градежни лимари, Техничари за организирање на работа и индустриски менаџмент, Хемиски техничари, Инженери, Електротехничари за електромеханика, Здравствени занимања-техничари, Електромеханичари, Градинари, Ѕидари и Градежни техничари.

Утре е големиот христијански празник Св. Никола- обичаи и верувања

Православните верници утре го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства. На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере …

Свети Никола за животот ги подучувал луѓето, лекувал, им помагал на сиромасите. Многумина не знаат, но Свети Никола станал заштитеник на морнарите затоа што својот имот го користел за откуп на заробениците.

Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник. Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола.

Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

Македонија на врвот на листите каде сите сакаат да бидат последни

Поразителна е статистиката која вечерва ја објави еминентниот економски магазин „Економист“, според која нашата земја се наоѓа на третото место во светот според стапката на невработеност на младите луѓе од 15 до 24 години.

Само Јужна Африка со стапка на невработеност кај младите од 52,9 отсто и Босна и Херцеговина со 46,7 отсто се пред Македонија во поразителната статистика која ја објавува „Економист“. Македонија е трета во светот со стапка на невработеност од енормни 44,7 проценти.

До десетото место следат Намибија, Свазиленд, Газа, Либија, Грција, Јордан и Боцвана, кои котираат подобро од Македонија на листата на „Економист“.

Од земјите од регионот, Србија е позиционирана далеку подобро од Македонија, односно е 16 места подобра, на 19-тото место со стапка на невработеност кај младите од 32,1 отсто. Албанија е 21-ва со 31 отсто, Црна Гора 26-та со 29,1 отсто, Хрватска 34-та со 25,5 отсто.

Целата листа можете да ја погледнете ТУКА.

Деспотоски: “Дајте им итно на 40.000 сиромашни фамилии по 250 евра пред Нова година” (Видео)

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благоја Деспотоски, на вчерашната седница на Собранието каде се расправаше околу мерките за аерозагадувањето, порача 10-те милиони евра наменети за субвенции за инвертер клими, да се распределат на 40.000 сиромашни семејства во Македонија.

Тој истакна дека овие пари нема многу да придонесат околу справувањето со аерозагадувањето, а можат да се поделат по 250 евра на вакви семејства за Новогодишните и Божиќните празници.

Донирајте за оние на кои најмногу им треба: Црковните храмови во Прилеп по 11-ти пат во хумана мисија

По повод патрониот празник на Прилеп, заштитникот на градот, Свети Никола, по 11-ти пат започна големата хуманитарнa акција во сите православни храмови во градот под Марковите Кули каде се поставени посебно означени црвени кутии, каде граѓаните можат да донираат средства за социјално загрозените семејства.

По тој повод се повикуваат сите граѓани кои имаат можност да донираат парични средства. Кутиите во црквите ќе бидат поставени до 30 декември, по што со собраните пари ќе бидат купени прехранбени производи и средства за лична хигиена кои ќе се донираат на оние кои имата најголема потреба за тоа.

За истата цел на самиот ден на празникот на Св. Николај Чудотворец од 08ч.до 14ч. ќе се продаваат црковни свеќи пред параклисот во центарот на градот и тие средствата ќе бидат наменети за социјално ранливите категории.