дома блог страница 2892

И денес облаци и магла, а од утре следува промена на времето

Времето во земјава ќе биде претежно облачно, по котлините во поголем дел од денот магливо и постудено. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура од шест до 14 степени.

Од петок следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со умерен, а на места со обилен карактер. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој ќе услови расчистување на маглата.

Се празнува Св. Никола- Среќна слава и честит именден

Денеска е Св. Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски.

Свети Никола се роди во Патара, во малоазиската област Ликија, во третиот век. Уште од малечок се одликуваше со посебна чистота на душата и предаденост на Бога. Подоцна, во зрелата возраст, посака да стане монах, но Бог самиот, во едно видение, го упати да се врати во светот и така да им случи на луѓето.

На чудесен начин беше избран за архиепископ на главниот град на Ликија, Мира.

За време на гонењето на христијаните при Диоклецијан, беше ставен во затвор. Подоцна учествуваше на Првиот вселенски собор, во 325 година. Блажено се упокои во 342 година, во длабока старост. Беше најблаг пастир, голем чудотворец и помошник во секакви невољи.

Неговите нетлени мошти беа пренесени од Мира во Бари во единаесеттиот век. Таму се наоѓаат до денес.

Сакајте, дарувајте и помагајте! Порталот Маркукуле ви посакува честит и вековит празник Св. Никола

Фото: Црква Св.Никола во населбата Варош, параклис посветен на Светецот во центарот на градот и манастир Св. Никола во село Манастир – Мариово

Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, е еден од најголемите христијански празници, кој се празнува секоја година на 19ти декември, според новиот календар. Од неговиот живот и дело учиме да бидеме дарежливи, да помагаме, да почитуваме и сакаме.

Љубовта кон Бог, исцелителната моќ која ја поседувал, како и чудата кои ги правел во името на Бога, го издигнуваат неговото дело како најпочитуван светец од Православната христијанска црква, но е почитуван и од Католичката црква, како и од муслиманите.

Свети Никола е најчестата слава во Република Македонија, илјадници домови синоќа и денеска со вкусна посна трпеза, дочекуваат многу гости, ќе се помолат, ќе побараат негова наклонетост и заштита, за нив и најблиските.

Неговото име посебно се почитува од прилепчани. Прилеп го има Св. Никола како заштитник на градот. Секоја година градот прима илјадници гости за овој ден, а традиционално во центарот на градот на 19-ти декември се послужуваат вкусни посни сармички, грав, риба, вино и ракија.

Порталот Mаркукуле.мк, на сите православни Христијани, пред се на оние кои го имаат Св. Никола како свој куќен заштитник им посакува прекрасно поминат празничен ден, многу љубов, добро расположение, бериќет и благодет. На сите оние пак кои го носат името Никола, Коле, Нина…., им посакуваме честито и вековито име.

Нека Светецот Никола биде со сите нас, да се наслониме и помолиме за неговата љубов, да побараме благослов, вечно да го славиме неговото име, неговото дело и да научиме да се сакаме, почитуваме и помагаме.

НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ И НАПОМОШ !

(Видео) Започна последната битка на Tpaмп: За неколку часа ќе се знае дали сеуште ќе биде претседател

Дебата за импичмент на претседателот на САД, Доналд Трамп, започна денес со обраќањето на Ненси Пелоси во американскиот Конгрес, а шесте часа за расправа ќе бидат поделени подеднакво меѓу демократите и републиканците.

Ако Претставничкиот дом до крајот на денот изгласа импичмент на Доналд Трамп, тој со тоа ќе стане третиот американски претседател во 245 години долгата историја на земјата, кој ќе се соочи со судење во Сенатот, пренесува Гласот на Америка.

Претставниците во Конгресот се состанаа во 9 часот на утро по локално време и требаше да гласат за правилата на дебатата кои вчера вечерта ги усвои Административниот одбор.

(Видео) Погледнете што се случува во Австралија: Стави месо во автомобилот, а кога се врати за неколку часа имаше што да види

Во Австралија во вторникот на 17 декември измерената просечна температура беше 40.9 степени целзиусови и тоа беше најтоплиот ден во годината.

Веќе 6 дена по ред температурите не паѓаат под 40 степени. На тие екстремни жештини се топи и асфалтот на патиштата, па поради тоа работниците ги полеваат со вода патиштата.

Колку е жешко во Австралија покажува и приказната на Сту Пенгели од Перт. Тој купил 1.5 килограми свинско месо и одлучил да го остави во автомобилот 10 часа за да види што ќе се случи.

Погледнете:

Во петок концерт на пијано на младите пијанисти Анастасија Петреска и Арсениј Ангелески

На 20 декември 2019 /петок/ во 19.00 часот во фоајето од ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи пијано рецитал на двајцата млади пијанисти Анастасија Петреска и Арсениј Ангелески.

Двајцата пијанисти се ученици во класата на Проф. Христина Никоска Тасеска од ОМУ “Одран Михајлоски-Оцка”- Прилеп.

Гостин на вечерта ќе биде Исидора Ангелеска/пијано.

Биографија за пијанистите

Анастасија Петреска е родена на 30.07.2006 година во Прилеп, Р. Македонија. Ученик е во основното општинско музичко училиште “Ордан Михајлоски – Оцкa” во Прилеп , осма година во класата на професор Христина Никоска Тасеска. Има земено учество на голем број државни и меѓународни натпревари по пијано и камерна музика и ги има освоено следните награди:

2015 година

-Прва награда за пијано на ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ МУЗИЧАРИ, Скопје.

2016 година

-Специјалана Прва награда за камерна музика дуо, пеење и пијано, на ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ МУЗИЧАРИ, Скопје; Прва награда за камерна музика на СЕДМИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА КАМЕРНА МУЗИКА ВО КАВАДАРЦИ; Прва награда за пијано на XX ТАКМИЧЕЊЕ МАЛИХ ПИЈАНИСТА , Врање, Р. Србијa; Втора награда за пијано на ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ МУЗИЧАРИ, Скопје.

2017 година

-Прва награда за пијано на XXI ТАКМИЧЕЊЕ МАЛИХ ПИЈАНИСТА, Врање, Р. Србија; Прва награда за пијано на ДЕСЕТИ МЕЏУНАРОДНИ МИЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ – Аранџеловац 2017, Р. Србија; Прва награда за пијано на СЕДМИ МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ПИЈАНИСТИ , Гевгелија, 2017; Втора награда за клавир на ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ДАВОРИН ЈЕНКО, Белград, Р. Србија.

2018 година

-Прва награда за пијано на ULJUS -ПЕТТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА ПИЈАНО СМЕДЕРЕВО, Р. Србија; Прва нагрда за пијано на Интернационален натпревар МУЗИЧКО ПРОЛЕЧЕ , Смедеревска Паланка, Р. Србија; Прва награда за пијано на ОСМИ МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ПИЈАНИСТИ, Гевгелија, 2018.

2019 година

-Специјална Прва награда на Државен натпревар 2019, Скопје; Прва награда на меѓународен натпревар за пијано АКОРДЕОН АРТ ПЛУС 2019, Сараево, Р. Босна и Херцеговина; Прва награда за пијано на ДЕВЕТТИ МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ПИЈАНИСТИ, Гевгелија, 2019.

Анастасија Петреска поседува и Сертификати за активно учество на семинарите по пијано кај предавачите: д-р Ана Гацева, проф. м-р Јана Четелева-Белевска, Karl Andreas Kolly (Швајцарија) и учество на ДЕСЕТТИОТ ФЕСТИВАЛ на ученици по пијано од основните училишта во Македонија EPTA.MK – Europeanpianoteachersassociation.
Анастасија Петреска редовно учествува на новогодишните и годишните концерти, во организација на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“, оставајќи одличен впечаток пред публиката.

Арсениј Ангелески е роден на 9 јули 2005 година во Прилеп. Оваа година завршува осмо одделение во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп, а музичкото образование по пијано го стекнува во ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ во Прилеп, во класата на професорката Христина Никоска – Тасеска.

Првиот успех го стекнува на 51-от државен натпревар на ученици и студенти во Скопје во 2013 година, освојувајќи Прва награда. Освен тоа, Арсениј има освоено:

* Лауреат на:

– Меѓународниот натпревар „Accordeon Art Plus“ во Сараево (БиХ) (2019).

* Специјални први награди на:

– Државниот натпревар на млади музичари за основно музичко образование во Скопје (2014, 2015) година; Меѓународниот музички фестивал „Охрид, те сакам!“ (2015); VII меѓународен натпревар на млади пијанисти во Гевгелија (2017); VIII меѓународен фестивал „Музичка пролет“ во Смедеревска Паланка, Србија (2018).

* Први награди на:

– Меѓународниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери“ во Охрид (2014); V и VIIмеѓународен натпревар за млади пијанисти „Мај – месец на музиката“во Врање (Србија), (2015, 2017); Фестивалот за млади музички и балетски таленти во Скопје (2015); IX меѓународен музички фестивал во Аранѓеловац, Србија (2016); VIIIмеѓународен натпревар за камерна музика во Кавадарци (2017); Меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ во Белград, Србија (2017); XXI меѓународно натпреварување на млади пијанисти во Шабац, Србија (2017); Iмеѓународен натпревар за класична музика „ArtIn-Veles“ во Велес (2018); III меѓународен фестивал „Полихимниа“ во Скопје (2018); Меѓународниот натпревар „Интерфест“ во Битола (2018); Државниот натпревар на млади музичари за основно музичко образование во Скопје(2019);

Арсениј Ангелески поседува и Сертификати за активно учество на семинарите по пијано кај предавачите:д-р Ана Гацева, KarlAndreasKolly(Швајцарија) и RustamRahmedov (Турција). Во 2015 година учествуваше на Летниот музички семинар во Врање, Србија. Арсениј Ангелески редовно учествува на новогодишните и годишните концерти, во организација на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“, забележувајќи одлични настапи.

(Видео) Пронајден прастар прстен со ликот на Свети Никола: Градинарот кој го пронашол не можел да му верува на очите

Млад градинар од Израел пронашол добро зачуван бронзен прстен со ликот на Свети Никола.

Работејќи во градината во селото Јогев, на северот од Израел, Декел Бен-Шитрит (26) здогледал прстен за кој се верува дека е стар 700 години.

Археолозите проценуваат дека прстенот потекнува меѓу 12 и 15 век.

Фотографијата од прстенот ја објавил на Фејсбук, а неговиот сосед Дрор Бен Јосеф, еден од директорите на Израелската управа за природа и паркови, го советувал да разговара со надлежните од Управата за антиквитети.

Комити му одговорија на Пендаровски: “Ќе дојдеме на помирување само ако секаде стои Република Македонија”

(Соопштение од навивачката група “Комити”)

“Вчера бевме контактирани од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, каде бевме покананети за присуство на средба со други навивачки групи, со цел “смирување на тензиите”.

Иницијативата начелно ја поздравуваме, како што поздравуваме секакви искрени иницијативи чија цел е подобрување на состојбите.

Побаравме од Кабинетот на Претседателот да ни испратат официјално писмо со намери на нашата официјална електронска пошта која им ја испративме, па откако ќе го примиме барањето, да изградиме наш официјален став, за присуство или неприсуство.

Такво барање не добивме, и на наше изненадување сега читаме по портали информации од типот “Претседателот ќе не собере и ќе не смирува”.

Во текот на телефонскиот разговор ние ги соопштивме нашите предуслови кои доколку бидат пресретнати и испочитувани, не би имале проблем да дојдеме.

Бидејќи комуникацијата се префрла на едно сосема друго ниво, кое веруваме дека не е по протокол и дава една сосема друга димензија, би сакале да ги повториме нашите барања тука:

Во текот на средбата, во објектот каде би се одржала (првично во вилата на Претседателот на Водно) било каде и да е тоа, и во сите официјални документи и записи да стои името Република Македонија и никаква друга земја. Нашиот став по ова прашање е јасен, недвосмислен и многупати јавно искажан !

Бидејќи како наши соговорници беа споменати покрај Војводи Тетово и Чкембари Битола и т.н навивачки групи “балисти” и “шверцери”. Познавајќи ги нивните ставови за негирање на Македонскиот народ, јазик, култура, историја како и нивното Анти-Македонско делување, побаравме тие пред да се случи средбата или за време на истата да потпишат Декларација во која како точки би биле:

– Оградување од убијците на Никола Саздовски – Саздо и јасна осуда на неговото убиство како кукавички чин.
– Заложба за заедничка борба против “северна”, јасно искажана лојалност кон Република Македонија на сите нивоа и сфери во нивното делување.
– Признавање на целовитоста, Унитарниот карактер, Територијалниот интегритет и Суверенитет на Република Македонија.
– Признавање на Македонски народ, култура, традиција, историја, обичаи.
– Признавање на Македонскиот јазик како единствен службен јазик на територијата на Република Македонија.
– Извинување и покајание за сите Анти-Македонски делувања во минатото, сегашноста и по инерција во иднината.

Доколку сте навистина спремни да разговараме на здрава основа, искрени, како Македонци, како рамноправни и лојални граѓани на Македонија ви стоиме на располагање. Никогаш Северна само Македонија!”, напишаа Комити на Фејсбук.

Талески: “Прилеп е најспортски град, а го уништија спортот во Прилеп?”

Претседателот на ОО СДСМ Прилеп и претседател на Советот на Општина Прилеп, Миле Талески, на својот Инстаграм профил објави фотографија од турнирот во мал фудбал “Св. Никола” и напиша:

“Прилеп нај спортски град”.

И да, точно е тоа дека Прилеп е најспортски град, дека прилепчани се жедни за спорт и уживаат во секаков вид спортски настани. Но, Талески заборави дека откако СДСМ ја презеде локалната власт во Прилеп, ФК Победа отпадна во втора лига, а истата судбина ја имаше и ракометниот клуб Прилеп.

За жал фудбалскиот миленик на прилепчани е пред испаѓање и во уште понизок ранг на натпреварување, а акционерите (спонзорите) своите удели и ги отстапија на општината.

На 8-месечно бебе му cyдат за долг од 13.000 евра: Ќе треба ги плати и сметките за телефон и телевизија на нејзиниот дедо

Во германскиот град Цвикау се одвива неверојатно судење! Имено, на 8-месечно бебе му се cyди поради наследен долг од 13.000 евра.

8-месечната Мила го наследила долгот од нејзиниот дедо, а би можела да биде осудена и на плаќање на договорт за мобилен телефон и претплата за спортскиот канал Скај.

Целиот случај започнал кога во 2018 година починал дедото Рони, а мајката на девојчето одбила да го плати долгот поради ниски примања, па поради тоа тој паднал на товар на Мила.

Таа законски го наследила имотот од нејзиниот дедо, но и неговиот долг.