дома блог страница 2891

Димитриев: “Поднесовме измени за законот за одбрана, но без промена на името на АРМ”

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев изјави дека неговата пратеничка група денеска поднела измени на Законот за одбрана, ист идентичен со оној што е предложен од Владата, но без членот со којшто се предвидува менување на името на Армијата.

Димитрев кажа дека опозицијата барала да се повлече тој член, кој бил спорен за нив и оти би гласале се што значи усогласување со НАТО процедури и стандарди.

-Ние реалноста не ја игнорираме, но како опозиција сакаме таа реалност да ја промениме, рече пратеникот најавувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ доколку ја добие довербата на претстојните избори ќе се обиде да ја смени таа реалност.

Исто така, Димитриев изјави дека на седницата в понеделник треба да бидат ставени на дневен ред и измените на Законот за служба во армијата. – Не се става на дневен ред, не започнува собраниската процедура, иако беше најавен пред еден месец, рече пратеникот Димитриев.

Најави дека опозицијата ќе бара да се изгласа и законот за следење на комуникациите, пак, кој е поддржан и од власта и од опозицијата во прво читање, но, според него, блокиран со поднесување на еднострани амандмани од опозицијата.

Неговото Високопреосвештенство Г.Г. Стефан чиноначалствуваше со Светата литургија по повод Св. Никола во Прилеп (ФОТО)

Денес по повод празникот Св.Николај во црковниот храм Св. Благовештение во Прилеп, беше отслужена Света и Божесвена Архиерејска лигургија со која чиноначалствуваа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г Стефан , Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски Г. Петар и Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски Г. Климент.

(Видео) Влегле во волчјата јама на Хитлep – нашле нешто што работи и после 75 години

По неколкунеделното ископување на поранешното седиште на Адолф Хитлep на Источниот фронт, сместено во Полска, пронајдени се неколку предмети, меѓу кои и запалка која е сè уште во функција.

Haцистичкото седиште „Волчја јама“ во голема мера останало недопрено во текот на времето, откако Хитлep го напуштило во 1944. година.

Новооткриените предмети што можат да се видат на снимките вклучуваат, меѓу другото, чешли, жилети, четки за заби, плочи, табли и други предмети што се оставени во овој воен комплекс лоциран во зафрлена шума во Полска.

Спектакуларно видео за загадувањето во Македонија

СДСМ во опозиција VS СДСМ на власт … стои во описот на видеото.

(ФОТО) Искршени прозорците на општинската зграда во Битола

Општина Битола објави фотографии од искршени стакла на прозорци и врати на општинската зграда.

Од општината преку објавата на Фејсбук велат дека ова е резултат на синоќешниот простест на група граѓани, кои протестирале против загадениот воздух.

Прилепчанец се здобил со тешки телecни повpeди при изведување градежни работи

На 18.12.2019 во 14.40 часот во Полициcka станица Прилеп било приjaвено дека во Општата болница Прилеп бил донесен С.С.(50) од Прилеп, кој се здобил со тешки телecни повpeди при изведување на градежни работи во куќа на ул. ,,Пчиња“ во Прилеп.

За настанот е известен jaвен oбвинитeл, а yвид на местото на настанот извршила екипа од Полициcka станица Прилеп – информираат во дневниот билтен на МВР.

Посни рецепти кои ќе ја збогатат вашата празнична светиниколска трпеза

Денеска е Свети Никола. Еве два посни рецепти кои се многу вкусни и одлично ќе се вклопат во вашата денешна празнична трпеза.

КНЕДЛИ ОД КОМПИР

Потребни ви се 500 грама компир, 500 грама брашно, малку презла и сол.

1/2 килограми компир да се сварат со лушпа, потоа да се одлупат, посолат и замешаат со брашното. Извадете форми и ставете ги во солена вода. Кнедлите се направени кога ќе излезат на површината на водата. Извалкајте ги во презла и послужете ги како прилог.

ЧОРБА ОД ЗЕЛЕНЧУК

Потребни ви се еден компир, еден морков, кромид, 1 пиперка, 2 литри вода, 1/2 литри сок од домат и зачин

Исчистете ги и измијте ги компирот, морковот, кромидот и пиперката. Полијте ги со водата и варете. Пред крајот додадете го сокот од домат и зачинот.

Најпознатиот македонски тифоз го истакна сонцето од Кутлеш на натпреварот Франкфурт-Келн (ВИДЕО)

Најпознатиот македонски тифоз Нацe Mитев на секој натпревар кој го следи низ Европа го истакнува знамето со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.

Синоќа сонцето се појави на натпреварот од Бундес лигата помеѓу екипите на Франкфурт и Келн.

И “Војводи” со порака до Пендаровски: “Не ја признаваме Северна, оваа држава за нас секогаш ќе биде Република Македонија”

(Соопштение на навивачката група “Војводи” од Тетово)

“Во текот на вчерашниот ден, ние како навивачка група бевме исконтактирани од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, и бевме поканети на заедничка средба со други навивачки групи од Македонија.

И ние, како и нашите браќа Комити, ја поздравуваме оваа иницијатива на Претседателот, меѓутоа денеска прочитавме став на Претседателот дека целта е помирување на навивачките групи во Македонија. И сега се прашуваме, за какво помирување ќе зборуваме ???

Дали се свесни колку македонска kpв е пpoлеана изминативе години ? Дали знаат колку наши припадници се нападнати со твpди пpeдмети, Hoжеви и слично? Paните од yбиcтвото на Саздо се сеуште свежи…

Нема една мирна година каде што нема да заплаче некоја мајка македонска…
Ние како навивачка група Војводи имаме свои КОДЕКСИ и нашиот став околу кодексите е едногласен и непроменлив

– Ние не ја признаваме Северна Македонија, поточно за нас оваа држава секогаш ќе биде Република Македонија

– Ние се бориме за унитарна Македонија

– Ние НИКОГАШ нема да преговараме со група која работи против македонските интереси, група која не ја признава оваа држава, група која не го почитува Уставот, група која има анти – македонски ставови и група која на своја трибина го пали македонското знаме

– Се оградуваме од политички влијанија и контакти со политички лица бидејќи ние се бориме за нашите интереси, сепак ние сме навивачи, а не политичари

П.С. И како македонски граѓани имаме барање до Претседателот Стево Пендаровски. На неговата средба со балисти и шверцери да им постави прашање: на следниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Косово наскоро, за кого ќе навиваат ?!”, напишаа од навивачката група на Фејсбук.

И денес облаци и магла, а од утре следува промена на времето

Времето во земјава ќе биде претежно облачно, по котлините во поголем дел од денот магливо и постудено. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура од шест до 14 степени.

Од петок следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со умерен, а на места со обилен карактер. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој ќе услови расчистување на маглата.