дома блог страница 2890

Чудо: “Никна патарина на сред ромска Тризла?”

Неидентификуван објект кој со оглед на тоа дека се наоѓа сред улица, буквално наликува на некаква наплатна рампа, се појави во ромската населба “Тризла” во Прилеп.

Жители од таму ни испратија фотографии, па проценете на што ви наликува…

(ФОТО) Прилепски Дедо Мраз ќе ги исполни сите желби на децата

Ако има среќа да “опали” џек пот ќе има за сите, во спротивно една година брзо ќе помине …

Ckaндал: Директорка на скопско училиште им се заканува на учениците ако протестираат за загадениот воздух (Видео)

Директорката на скопското средно училиште „Никола Карев“ им се заканува на учениците. Таа им забранува да протестираат за загадениот воздух.

Во видеото кое беше беше објавено од порталот КУРИР, јасно можете да слушнете со кои зборови таа им се обраќа на децата.

Извор: kurir.mk

Милошоски: Заев се обидел да ја излаже Веницијанската комисија

ЗАЕВ се обидел ДА ЈА ИЗЛАЖЕ Венецијанската комисија!

Премиерот во заминување Заев “транспарентно” криел од јавноста дека во врска со koнтроверзниот закон за јазици, кон крајот на ноември направил обид за манипулативно влијание врз Венецијанската комисија, со испраќање на писмо од име на владата. Писмото изобилува со политикантство и правни манипулации, што укажува на тоа дека Заев го третирал претседателот на Венецијанската комисија на ниво на претседателот на Кривичниот суд во Скопје, на кого може да му наложува барања, ypгенции и да му праќа СМС пораки.

Прво, Заев сугерира Венецијанската комисија да не ја третира (не)ycтавноста на Законот за употреба на јазиците, бидејќи, замислете тоа можело да влијае на резултатите на закажаните избори. Со ова, свесно или несвесно, Заев ја потврдува неуставноста на Законот за јазици, а исто така, јасно му е дека голем дел од јавноста не го одобрува ваквото негово пазарење со законитоста во Македонија.

Второ, Заев ја лаже Венецијанската комисија дека Законот за јазици бил дел од европската регулатива, а ниту во предлог законот ниту во материјалите немаше наведено никаков извор на правото на ЕУ (директива, број, одлука) со кој треба да се усогласи македонското законодавство. И понатаму Заев продолжува да ја манипулира Венецијанската комисија тврдејќи дека Законот не се донел по скратена постапка, иако и домашната и меѓународната публика добро знае дека злоупотребата на европското знаменце кое беше прикачено на Законот за јазици ја прави можноста за дебата по истиот поскратена и од скратената постапка.

На крајот Заев бара од Венецијанската да ги преправи своите заклучоци по однос на неприменливоста на Законот за јазици во судството и штетата што истиот ќе ја предизвика врз владеењето на правото и нарушувањето на правото на ефикасна правда. И епилогот од ова е веќе познат, Венецијанската комисија си остана на своите правни стојалишта засновани на меѓународни стандарди, не земајќи ги во предвид манипулативните и политикантски “аргументи” на премиерот во заминување Заев! Напиша пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук.

Циклон доаѓа кон Македонија – Подгответе се за драстична промена викендов

Времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, претежно во западните делови.

За време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд и со засилен јужен ветер.

Во сабота врнежите ќе бидат претежно во западните делови, а во недела насекаде и ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме.

Од понеделник ќе дува северозападен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.

Tрадиција која започна пред 14 години и прерасна во бренд на градот: Прилепчани одново се поклонија пред својот заштитник Св. Никола (ФОТО)

Градот под “Марковите Кули” уште еднаш го прослави својот заштитник Св. Никола. Големиот христијански празник, кој за своја куќна слава го празнуваат во речиси секоја трета куќа во Прилеп, и оваа година со богат празничен ручек беше одбележан во центарот на градот.

Традицијата на одбележување на празникот започна пред 14 години, па досега повеќе компании од градот приредија богати посни трпези во центарот на градот, а гости секоја година им се голем број прилепчани и посетители од соседните градови.

Традицијата на празнување во централното градско подрачје ја започна претходниот градоначалник на општината, Марјан Ристески, кој заедно со локалната самоуправа направија бренд од оваа манифестација.

Од 2006 година со акт на локалната самоуправа Св. Никола е прогласен за заштитник на Прилеп, а во центарот на градот беше подигнат и параклис во негова чест.

Вештите раце на прилепските домаќинки oваа година завиткаа 70.000 вкусни, посни сармички, воздухот замириса на вкусно приготвена риба и гравче, а апетитот се разгоре со вино и добра ракија.

Токму посните сармички го внесоа Прилеп за прв пат во Гинисовата книга на рекорди. Во 2008 година во очи на празникот прилепчанки завиткаа 80.000 посни сарми, доволно за Прилеп да биде запишан и запознаен од светот.

Стотици граѓани денеска одново се собраа во центарот на градот, во храмовите и домовите, со молитва за добро здравје, се поклонија на големиот светец и вкусија од посните специјалитети.

За Св. Никола се поврзани голем број верувања и обичаи, па на трпезите се спомнува и за големите чуда и добри дела на заштитникот на морнарите, како што се нарекува светецот.

Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник.

Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

Според преданието, Свети Никола бил роден во градот Патара, Ликија (на јужниот брег од Мала Азија), како дете на богатите и угледни родители Теофан и Нина. Уште со самото негово раѓање му се припишуваат чуда.

Неговата мајка, Нона, чудесно се излечила од болестите откако го родила. На денот на неговото крштевање, без човечка помош стоел на своите нозе три часа, за што подостојно да ја прослави пресветата троица.

Уште од најрана возраст, го почитувал и се придржувал на постот, во среда и петок. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо, преку ден не го напуштал храмот.

По смртта на родителите Никола им го раздал наследениот имот на сиромасите и ништо не задржал за себе. Додека бил свештеник во Патара, тој многу се прочул со делата на својата милостиња, иако ги криел грижливо, за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3).

Во тоа време имало еден богат човек во Патара, кој изгубил сè и не можел да го прехрани своето семејство. Бидејќи имал три ќерки стасани за мажење, а за нив немал приготвено мираз, му дошла погубна мисла – да почне да ги продава телата на неговите ќерки, за да спечали некој денар и да може да се прехранат.

Дознавајќи за неговата крајно погубна намера, свети Николај тајно го посетил и му фрлил кесичка со пари преку прозорецот, вардејќи да не го види случајно некој. Со тие пари, кој таткото ги нашол, ја омажил првата ќерка. Истото овој светител го стори и за другите две негови ќерки, на тој начин спасувајќи го сето семејство од духовна смрт.

Чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител бил и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето, насекаде сеејќи мир и благодат.

Двапати спасил по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинољубив и праведен, уште за време на животот луѓето го сметле за светител и го повикувале на помош во маки и неволји; им се јавувал во сон и на јаве на тие што го повикувале, еднакво лесно дали се блиску или далеку и им помагал. Многу пати им помагал и на давениците, затворениците и ги избавувал од неволји морепловците.

Доживеал длабока старост и умрел во 342 година, откако скоро шест децении му служел на својот народ и на својот Господ.

Бил погребан во соборната црква во Мир, а подоцна кога пред налетот на Исламот биле прогонувани христијаните, кога многу цркви настрадале и кога биле уништувани гробовите на светителите, св. Никола му се јавил во сонот на некој свештеник од Бари (Италија) и го замолил моштите да му ги пренесат во Италија.

Црква Св. Никола во населбата Варош во Прилеп

Во тоа време црквите во јужна Италија и’ припаѓале на цариградската патријаршија. Потоа со многу свечености неговите мошти биле пренесени од Мир (Ликија) во Бари (Италија) во 1087 година, поради што и овој датум (22/9 мај) се смета за празник на Св. Никола.(св. Николај – летен).

Преданието раскажува дека светите мошти во Бари биле пречекани од мноштво народ меѓу кои имало и многу болни, слепи, глуви, сакати, душевно болни и сл. коишто доживеале исцелување.

Неговите мошти се сè уште мироточиви и многу луѓе и до ден денес имаат најдено спас преку нив.

(Видео) Кога ловецот ќе стане плен: Дивата мачка заврши како оброк

Дива мачка која лежела на под и се одмарала (или барала плeн), не била свесна каква oпacнocт ѝ се наближува, па завршила како оброк на еден гладен леопард кој ја yлoвил.

Леопардите се познати по тоа што ги лoвaт речиси сите животни помали од нив, од птици и мали кучиња, до питони, а не се двоумат дали да изедат ниту дива мачка.

Оваа дива мачка од снимката настаната во Јужноафриканската Република, била фокусирана на нешто што ѝ било во близина, па не го видела леопардот кој бил позади неа.

Светските сили шokиpaни: Путин повеќе нема да биде претседател!

Главната уредничка на “Русија севодња”, Маргарита Симонјан, вели дека претседателот на Русија, Владимир Путин, нема да се кандидира за трет мандат.

“За оние кои се сомневаа дали шефот ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат. Нема”, напиша на својот профил на Телеграм.

Путин за време на овогодинешната конференција на новинарите, меѓу останатото, истакна дека Уставот не треба да се менува.

Европо НЕ чекај не’: Пиарџијата Марјан Забрчанец станува национален координатор за интеграција во ЕУ

Досегашната десна рака во делот на пи-ар на премиерот во заминување Зоран Заев, Марјан Забрчанец, се сели на нова позиција. Тој заминува во Генераланиот секретаријат како национален координатор за интеграција во ЕУ, пишува порталот Инфомакс.

Ваквиот потег пред напуштањето на премиерската позиција се толкува како обид на Заев за вдомување на неговите кадри. Дотолку повеќе што неговиот пи-ар тим, по многубројните грешки, што ги направи во изминатиот период, беше оценет како лош.

Стоилковски објави видео од портпаролот на СДСМ со Боки 13

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски објави заедничко видео од портпаролот на СДСМ и Боки 13.

„Видео на Боки 13 и Коста Костадинов, кое Коста би сакал да исчезне.
Огромно било задоволството на Коста што соработувале со Меѓународниот Сојуз кој што ги исполнувал СИТЕ стандарди на Европската Унија и со Боки 13 нашле ИСТ ЈАЗИК за сите точки? Од ова произлегла ДОЛГА и ПЛОДНА СОРАБОТКА. И Боки 13 чувствувал ОБОСТРАНО ЗАДОВОЛСТВО за соработката и му било ЗАДОВОЛСТВО што соработувал со млади луѓе како Коста со кого ќе работеле СПЛОТЕНО во заедничката МИСИЈA“-пишува Стоилковски.