дома блог страница 2889

Прилепските гимназијалци ставија маски и излегоа на пpoтecт: “И нас ни смета” (ФОТО)

Средношколците од СОУ Гимназија “Мирче Ацев” од Прилеп, се приклучија на протестот против аерозагадувањето наречен “Зелена револуција”.

Учениците останаа на настава, но го искажаа својот револт носејќи заштитни маски со порака “И нас ни смета”.

-Аерозагадувањето е сериозен проблем за кој мора да се преземе нешто во најскоро време – велат учениците од прилепската гимназија.

Учениците биле поддржани и од дел од наставниците и директорот.

Стевананџија: “Колега, не се плашете, нема казна ако речете Македонија од говорница” (Видео)

На денешната седница на Собранието, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија му реплицираше на колегата пратеник од СДСМ, Далибор Богдановски.

“Посреќни сте кога од оваа говорница ќе изговорите Северна Република Македонија со акцент на првиот слог? Што толку ве исполнува Северна Република Македонија? Зошто? Која е казната ако речете Република Македонија? Граѓаните не сакаат да го слушаат тоа име”, рече меѓудругото во својата реплика пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

“Нема воздух, нема мир” – Голем пpoтecт пред Владата (ВИДЕО)

Во Скопје во моментов се маршира за чист воздух.

-Сакаме воздух! Нема воздух, нема мир”, извикуваат граѓаните.

Едно време кога Прилеп беше најспортски град во државата (СПЕКТАКУЛАРНО ВИДЕО)

Сеќавање на едно време кога прилеп беше најфудбалски и најспортски град во државата. Спектаклот на навивачката група “Мајмуни” кој никогаш нема да се заборави.

Видеото денеска одново се појави на социјалните мрежи и предизвика носталгија и пријатно сеќавање и кај навивачите и кај сите љубители на спортот.

Погледнете:

СВР Велес поднесе kpивична пpиjaва за двајца прилепчани

СВР Велес поднесе кpивична пpиjaва пpoтив К.Р.(48) и Б.Н.(29), двајцата од Прилеп, поради пocтоење ocнови на coмнение за cтopeни кpивични дела „paзбojничка kpaжба“ и „помагање на сторител во извршено kpивично дело“.

На 18.12.2019 на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, К.Р., заедно со уште две лица, влегле во стан и одзеле накит – информираат во дневниот билтен на МВР.

Како се живее со 250 денари месечно: Малата Ена и нејзината баба повеќе се гладни од сити (ВИДЕО)

Kaко е тоа да се биде постојано гладен знае 9-годишното девојче Ена од Грачаница во Босна и Херцеговина. Иако е само дете, животот веќе и ги “покажал забите” – со овие зборови ја започнуваат сторијата од босанската “Нова ТВ” за малата Ена која живее само со нејзината баба.

Нејзината баба Хавка и е единствената поддршка во животот, откако мајка и’ ја оставила кога била бебе.

Двете живеат со само 100 марки (3127 денари) социјална помош годишно или околу 8 марки месечно (250 денари).

“Најтешко ми паѓа кога Ена ќе ми каже, мајко треба да одам на екскурзија, а јас немам да и дадам. Потоа позајмувам, па кршам раце како ќе ги вратам”, вели баба Хавка.

Целата сторија погледнете ја во продолжение:

Ако некој е во можност и сака да донира, трансакциската сметка и адресата на ова семејство од Босна и Херцеговина, погледнете ги ТУКА

Лек кој ќе го препороди вашето тело, се користи во зима – ќе изгубите килограми и ќе ги зајакнете коските

Плодовите од дрвото смоква ќе ве зајакнат особено во зима, периодот на настинки, па затоа сега е идеално време да го конзумирате овој лек.

Смоквите се исклучително корисни, како свежи, така и суви, а конзумирањето на штотуку набран плод е луксуз кој не му е достапен секому.

Но, постои одличен рецепт со суви смокви којшто буквално ќе го препороди вашето тело!

Благотворното дејство на смоквите:

– помагаат во регулација на работата на гастроинтестиналниот тракт

– високата концентрација на влакна во смоквите помага при слабеење и чистење на организмот од токсини

– смоквата е богата со калциум кој лесно се апсорбира и токму затоа се незаменливи за луѓето со нетолеранција на лактоза

– калиумот, кој е обилно присутен во смоквите, го зајакнува срцето

– смоквите содржат големо количество на антиоксиданти кои го подобруваат имунолошкиот систем и општото здравје

– ја подобруваат општата здравствена состојба на кожата и го изедначуваат тенот на лицето

– се сметаат за одлично средство за лекување на несоница и утрински мачини.

Природен лек од смокви

Потребни состојки: 40 суви смокви и маслиново масло

Подготовка: Ставете ги смоквите во стаклена тегла и прелијте ги со маслиново масло. Затворете го садот со капак и оставете го во фрижидер. После 40 дена веќе може да го консумирате овој лек.

Примена: 1 смоква во маслиново масло на празен желудник ќе ви помогне да во зајакнувањето и на телото и здравјето и ќе ве ослободи од здравствените проблеми.

Извор: “Press24.mk”

Paзpeшена директорката која им се зakaнyваше на учениците (Видео)

Градоначалникот Петре Шилегов ја разреши директорката на гимназијата Никола Карев во Скопје, откако беше објавена снимка на која таа им се заканува на учениците да не излегуваат на протест – објави “Фокус”

-Градоначалникот Шилегов донесе решение за разрешување на директорката на гимназијата Никола Карев во Скопје, а по објавената снимка каде г-ѓа Горица Илиовска на насобраните ученици во холот на гимназијата се заканува со последици врз учениците, доколку истите излезат на протест против загадувањето и глобалното затоплување.

Целосниот текст прочитајте го ТУКА

Колку ќе „славиме“ и одмораме? Колку продолжени викенди ќе имаме? – Неработни денови во 2020

Министерството за труд и социјална политика ја објави Програмата на неработни денови за 2020 година, во согласност со Законот за празниците.

Неработни денови во 2020 година се:

За сите граѓани на РМ

  • 1 јануари (среда), Нова година;
  • 7 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар;
  • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;
  • 1 мај (петок), Ден на трудот;
  • 24 мај (недела) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден;
  • 24 мај (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден;
  • 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден;
  • 8 септември (вторник), Ден на независноста;
  • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;
  • 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;
  • 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божиќ;
  • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици);
  • 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден;
  • 5 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден;
  • 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица);

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден;
  • 1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
  • 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 31 јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 јануари (понеделник), Свети Сава;

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите;

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  • 23 мај (сабота), Национален ден на Власите;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

“Мајмуни” до Пендаровски: “Нема да седнеме на иста маса со политичарите кои го променија уставното на нашата татковина”

После навивачките групи “Војводи” и “Комити”, со соопштение до иницијативата на Претседателот Пендаровски за помирување на навивачките групи, се јавија и од навивачката група “Мајмуни” од Прилеп.

“По повод последната изјава на претседателот на Република Македонија, за помирување и средби помеѓу навивачките групи од различна етничка припадност во нашата држава, сметаме дека не постои можност и начин истите да се остварат, а причините ги наведуваме во продолжение. Нема да седнеме на иста маса со оние кои најпрво не ја почитуваат нашата држава, нејзините државни симболи, нејзиниот јазик и идентитетот на нашиот народ. Нема да седнеме на иста маса со оние кои истакнуваат навредливи пораки, имаат невозможни соништа за некаква си голема држава и плукаат по се што е македонско. Нема да седнеме на иста маса со оние што ниту еднаш не го истакнале знамето на државата во која живеат, а ги величат симболите на соседни држави. Нема да седнеме на иста маса и со политичарите, беџ разлика за кого станува збор, тоа се луѓето кои го променија уставното и државотворно име на нашата татковина, чин кој го сметаме за срамен и понижувачки. Долг е патот до моментот кога навивачите од различна етничка припадност ќе имаат исти идеали, исти вредности и ќе се стремат кон истите цели. За почеток, нека почнат оние другите, да ја почитуваат државата во која живеат, и да не плукаат по македонскиот народ и се што е македонско”.