дома блог страница 2885

Преку “едноставен” предизвик освои 1 милион долари, па потоа требаше да ги потроши во рок од 24 часа – погледнете што се изнакупи (ВИДЕО)

Деновиве вистински хит на интернет е еден Јутjуб предзивик кој зарази милиони корисници. Се состои во тоа што четворица натпреварувачи ги чуваат рацете врз куп пари и тоа не било колку, туку еден милион долари.

Се работи за вистински пари кои малкумина имале можност да ги почувстуваат на своја кожа.

Предизвикот е ниту еден да не ја помрдне раката од купчето. Сепак се работи за часови и денови, па концетрацијата попушта.

Најиздржливиот ја добива токму таа сума – еден милион долари.

Погледнете:

Oткако видеото го погледнаа над 21 милион корисници, се појави ново видео на кое добитникот треба да ги потроши парите за 24 часа.

Па, погледнете што е успеа за купи за 1 милион долари:

Ова се најдобрите љубовни парови меѓу хороскопските знаци

Некои хороскопски парови функционираат подобро од другите, а врските помеѓу овие знаци обично се најдобри:

Овен и Водолија

Врската меѓу овие два авантуристички знаци никогаш не е досадна зашто тие се спремни на сѐ во и надвор од спалната соба. Уживаат во испробување нови работи и секогаш кога се заедно убаво си поминуваат. Додека на другите парови по некое време им треба одмор еден од друг, овие најмногу уживаат кога се заедно, притоа не занемарувајќи ги другите луѓе што им се важни.

Бик и Рак

Овие два хороскопски знаци добро функционираат заедно зашто се поврзани физички и емоционално. Тие одлично се разбираат, што го помага развојот на нивната врска, и знаат да го ценат она што другиот го прави за нив. Бик и рак се моќен пар затоа што одлично се надополнуваат еден со друг.

Близнаци и Водолија

Близнаците и водолиите имаат силна емотивна врска поради што се чувствуваат како да се познаваат со години, дури и кога се знаат само еден месец или една недела. Нив меѓусебно ги поврзува креативноста и едниот претставува инспирација за другиот.Иако уживаат кога се заедно, тие многу ја ценат нивната независност и сфаќаат колку е важно времето за себе.

Рак и Риби

Рак и риби се два знаци кои одлично функционираат заедно зашто имаат огромна космичка врска. Тие се особено независни, што ги прави способни да изградат цврста врска што може да трае. Имаат компатибилни индивидуални особини – рибите се трудат да ги одржат врските со другите, додека ракот повеќе им е посветен на најблиските.

Лав и Стрелец

Страста меѓу лавот и стрелецот е огромна зашто и двата знаци уживаат во животот и сакаат кога и другите се чувствуваат убаво. Знаат што сакаат од животот и ги охрабруваат другите да ги остварат нивните соништа. Двата се огнени знаци и поради тоа одлично се разбираат, што е многу важно за одржување на врската. Ова е многу забавен хороскопски пар, како во врската, така и за околината. Страста што тие ја чувствуваат за животот, љубовта и еден за друг се пренесува на сѐ што ги опкружува.

Девица и Бик

И двата се земјени знаци, едноставни и практични во секојдневниот живот, а нивниот однос е смирен и сталожен. Тие се многу искрени и нивната врска се заснова на меѓусебна доверба. Во целиот зодијак нема други знаци кои се повеќе посветени еден на друг како што се девицата и бикот. Тие не само што имаат интегритет, туку имаат и исти карактеристики и вредности и тоа им овозможува целосно да се разберат еден со друг.

Јарец и Бик

Постои причина зошто хемијата меѓу овие два знаци е посилна отколку кај кој било друг зодијачки пар. Јарецот и бикот имаат нешто за што секој сонува, знаат да се ценат еден со друг и бескрајно се обожаваат. Љубовта меѓу нив најчесто трае цел живот и секогаш е со постојан интензитет.

Михајловиќ во жестока кapaница со еден од неговите играчи

Болоња успеа да го совлада Лече со резултат 2:3 на тешкото гостување во Пуља, а освен одличната игра на гостите мечот го одбележа и кавгата во која главен актер беше Синиша Михајливиќ.

На крајот од првото полувреме се случи инцидент покрај аут линијата, меѓу Гркот Тахцидис и Гери Медел. Чилеанецот веќе имаше жолт картон, па Синиша излезе 10 метри од ограничениот простор за да го смири.

Во тој момент Медел го турна Михајловиќ и започна да се расправа со него.

На сите им е јасно што преживеа српскиот тренер во минатите неколку месеци, но најверојатно Медел не размисли на тоа. Кавгата продолжи и откако играта беше во тек, па Михајловиќ повика играч од клупата да направи измена. Секако, со аплауз да го замени Чилеанецот.

Тоа не беше крај! Кавгата продолжи и на полувремето и Медел остана во игра.

Мицкоски: Никој не може да ми забрани да кажам дека сум Македонец од Македонија

Никој не може да ми забрани да кажам дека сум Македонец од Македонија, посочи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето интервју дадено за „Радио слободна Европа“.

-Никој мене не може да ми оспори, а тоа го видовте и при моето обраќање во меѓународната заедница да ми го забрани правото да кажам дека јас сум Христијан Мицкоски, од Македонија, Македонецот кој што говори на македонски јазик, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тоа право никој не може да му го оспори.

Прв прилепчанец со светски сертификат

Одбојка: Давид Сотироски, нова тренерска надеж

-Работи во Суботица, помага во 11 Октомври

Прилепската одбојка прави обиди за враќање на некогашното ниво, кога и машката и женската екипа на 11 Октомври имаа значајни улоги во Македонија и пошироко. Во тој контекст, убава вест стигна од ЖОК 11 Октомври: младиот тренер Давид Сотироски се здобил со светски сертификат од ниво 1. Тоа значи дека е еден од 15-те Македонци, а првиот прилепчанец со таква диплома.

-Ова се случи на четиридневниот семинар во Скопје, организиран од ОФМ, под покровителство на Светската одбојкарска федерација. Услов на учество беа онлајн-тестовите во времетрање од 30 дена. За добивање на сертификатот го положив практичниот дел низ организација на тренинг и покажување на дел од играта, теоретскиот дел – одговарање на прашања од областа на одбојката – информира Сотироски.

Семинарот привлекол внимание. Присуствувале тренери од странство од Тајпеј, Естонија, Кипар и Грција. Можеби и затоа што централна фигура на настанот бил предавачот – селекторот на Јапонија, Филип Блан, поранешен на Полска и Франција, воедно тренер на неколку најсилни клубови низ Европа.

– Одржа предавање како да се биде тренер, презентација на вежби и корекција, техника и подготовка на вежби, блок, одбрана и систем, ментална мотивација. Имаше и две практични сесии за демонстрации на техники за загревање, сервис, додавање, одбрана, блок и транзиција – пренесува Сотироски.

Младиот Сотироски е пример за огромна желба и енергија. Моментно работи во женскиот клуб во Суботица. Кога е во родниот Прилеп помага во ЖОК 11 Октомври кај тренерот Гиче Локвенец. Едукативното ниво го подигнува на Вишата школа за образование на воспитувачи и тренери, насока – тренер по одбојка, каде е апсолвент. Паралелно е студент на магистерски студии на Економскиот факултет во Суботица.

Играл за 6 клуба

Пред да почне тренерска, Сотироски имал богата играчка кариера. Почнал во 11 Октомври, а потоа настапувал за Синалко (Крушево), Спартак Суботица, Дунав волеј Нови Сад (Србија), Банска Бистрица (Словачка). Минатата сезона со Шутова (Кичево) стана вицешампион на Македонија.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Браво за “Комити”: Новогодишни колетчиња од навивачката група за децата со посебни потреби (ФОТО)

Навивачката група “Комити Запад”, предводена од “Комити Драчево” организираше хуманитарна акција преку која обезбедија новогодишни колетчиња за лицата со посебни потреби во “Ластовица” – Aeродром и “Златен Сремец”.

Голем број колетчиња со грбот на Вардар донесоа насмевки и среќа.

Верувале или не: Од ветените 500 км автопатишта, владата реализирала 782 км патишта

Годината ја завршуваме со максимален ефект во реализација на капиталните проекти во ресорот транспорт. Ги направивме историски најголемите вложувања во патната инфраструктура, во изградба на гасоводната мрежа, во реализација на крупните проекти во Железницата, во изградба на водоводи и канализации, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес – конференција на која даде осврт за сработеното во ресорот „транспорт“ во 2019 година.

-Министерството за транспорт и врски не случајно е мотор на ваквите економски промени. Годинава ќе ја завршиме со преку 80 проценти реализација на капиталните инвестиции во нашиот ресор, што ја покажува ангажираноста на сите ресурси во остварување на крајната цел, а тоа е поквалитетен живот и економски раст на земјата. За следната година планираме да ја завршиме пругата до Бељаковце и да отпочнеме со изградба на делот од Бељаковце до Крива Паланка. Исто така, следната година ќе започне изградба на магистралните гасоводи од Велес до Свети Николе и од Гостивар до Кичево, рече Сугарески.

Тој најави изградба на осум социјални згради со вкупно 320 станови. Во делот на комуналната инфраструктура во подготовка се триесетина проекти за канализации и водоводи, а ќе започне и изградба на канализации во зоната Визбегово и во Арачиново.

-Посебно сакам да го истакнам проектот за изградба и санација на улици во општините вреден 70 милиони евра. Тендерските постапки веќе ги подготвуваме и очекуваме со почетокот на градежната сезона да отпочнеме и физичка реализација на терен, изјави министерот за транспорт и врски.

Директорот за ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека годинава е најуспешна година од работењето на Јавното претпријатие во кое инвестирани се преку 230 милиони евра. Тој потенцираше дека за овие две години завршени се 782 километри патишта и ги спореди со околу 600 километри патишта што биле завршени во претходните десетина години.

-Рехабилитиравме рекорден број патишта од различни извори, од нашиот буџет, со поддршка на Светска банка, ЕБДР и од Македонијапат или само во 2019 година завршивме проекти во вредност од 237 милиони евра и 505 километри патна мрежа. Сакам да најавам дека за автопатот Скопје- Блаце утре завршува тендерската постапка, имаме тројца понудувачи во рамки на буџетот и многу набрзо ќе започнеме со работа. Имаме и одлична реализација во делот на експресните патишта, завршивме санација на неколку мостови и активно градиме уште три нови мостови. Во делот на патарините, оваа година имаме најефикасна наплата на патната такса и по прв пат поставивме 523 лед светилки на 176 канделабри, изјави Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта

Нова афepa го тресе фудбалскиот свет: Фиго и Гвардиола имале љубовна романса?!

Старата афepa повторно го тресе фудбалскиот свет! Славните фудбалски имиња Луис Фиго и Пеп Гвардиола се наоѓаат во центарот на ckaндалот во кој се тврди дека биле во љубовна романса.

Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго на крајот на минатиот век настапуваше за Барселона, а во тоа време дресот на Каталонците го носеше и еден од најдобрите тренери на денешницата, Пеп Гвардиола.

Тие двајца во тоа време биле многу блиски, дури во еден период биле и цимери, па тогаш се појави сомнеж дека се во емотивна врска.

“Гвардиола е мој голем пријател. Многу ми помогна. Беше и мој цимер, но ништо повеќе. Јас сакам жени”, изјави Фиго.

Португалецот е оженет и во идеален брак со шведската манекенка Хелен Сведин со која имаат три деца.

Јутјуб предизвик кој стана хит во светот: Последниот кој ќе ја тргне раката добива еден милион долари (ВИДЕО)

Деновиве вистински хит на интернет е еден Јутjуб предзивик кој зарази милиони корисници. Се состои во тоа што четворица натпреварувачи ги чуваат рацете врз куп пари и тоа не било колку, туку еден милион долари.

Се работи за вистински пари кои малкумина имале можност да ги почувстуваат на своја кожа.

Предизвикот е ниту еден да не ја помрдне раката од купчето. Сепак се работи за часови и денови, па концетрацијата попушта.

Најиздржливиот ја добива токму таа сума – еден милион долари.

Погледнете:

(Видео) Cтpaшнo невpeме во Црна Гора: Погледнете како изгледа да се вози низ кањонот Морача

Поради неповолните временски услови, голем број на летови на националната авио-компанија “Монтенегро Ерлајнс” ќе бидат одложени, особено оние кои треба да летаат кон југоисточна Европа, соопштија од црногорската авиокомпанија.

Дождот предизвика многу проблеми на територијата на целата држава како одрони и cooбpaќajни незгоди поради лизгавите патишта.