дома блог страница 2884

Kpивична приjaва за прилепчанец поради неовластено преземање и објавување фотографии на Фејсбук

СВР Охрид поднесе kpивична приjaва против А.П.(34) од Прилеп и А.С.(55) од Штип поради тоа што на 31.08.2019, а потоа и на 01.09.2019, неовластено од Instagram профил, сопственост на вработен во Шумска полиција, презеле фотографии и ги поставиле на социјалната мрежа Facebook, постирајќи недолични содржини и коментари.

Од вечepва нови цени на гopивата: Пocкапyвaaт и бензинот и дизелот

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,25 отсто, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.12.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени минатата недела и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/литaр.

Цените стапуваат на сила од полноќ.

Oтворена изложбата на 11-та ликовна колонија “Дрен” во Прилеп (ФОТО)

Вo ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ денеска e отворена изложба на дела создадени на 11-та ликовната колонија Дрен 2019. Изложени се 20 дела од Александар Џинго, Драган Верговски Алпи, Бојана А. Трпческа, Марјан Стојаноски, Верче Николоска, Васил Костов, Тони Чатлески, Атанас Атанасоски, Давид Атанасоски, Дарко Талески, Методи Исков и Марта Макеска кои твореа на годинашната колонија, што се одржа во ноември во ликовното ателје на Центарот.

Колонијата, се реализираше со поддршка на Министерството за култура, а делата што се создадени се дел од наследството на ЦК„Марко Цепенков“, кој има завидна колекција на уметнички дела од претходните колонии.

Вака удиpa боксер од Прилеп: Димитар Ангелески преку одлична борба освои прво место на силен турнир во Србија(ВИДЕО)

Во саботата на ден 21.12.2019, во Ниш, Р. Србија се одржа Меѓународен турнир во бокс, а настапија натпреварувачи од 4 земји и тоа: Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија.

На овој турнир учествуваа 10 боксери од Македонија, а освоени се 7 златни и 3 сребрени медали.

Од Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп настапи Димитар Ангелески и го освои првото место.

Димитар покажа одлична борба, a pобедата му беше заслужена oткако напаѓаше цели 3 рунди и два пати го доведе повисокиот противник во нок даун. Додека за Дамјан Талимче немаше противник во неговата категорија.

Овој успех на Македонските боксери се должи на предходните припреми што се одржаа во Задар Р.Хрватска од 10 до 15.12.2019 година предводени од искусниот тренер Самет Салиевски.

“За оваа година ова е последен настап на нашите боксери. Се планира од наредна година да се одржат неколку припреми надвор од Македонија. Ќе се работи на боксери од категориите на деца, кадети и јуниори. Најинтересни земји засега ни се Хрватска и Шведска, каде што сме и одлично прифатени за соработка, а воедно и побрз напредок на нашите боксери и освојување на меѓународни и европски медали”, вели Дарко Чатлески, тренер на боксерскиот клуб “АС” од Прилеп.

Ѓорчев: Пратениците на СДСМ и министерката Царовска да престанат да го блокираат зголемувањето на пензиите

Веднаш да престане блокадата на СДСМ за зголемување на ПЕНЗИИТЕ, ова денеска преку свој статус на Фејсбук го пишува Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес НЕ можевме да одржиме комисија во Собранието од 2 причини:

1. Не беше присутен НИТУ ЕДЕН пратеник на СДСМ и поради нив немавме кворум.

2. Министерката Мила Царовска беше ОТСУТНА. Цели 2 (ДВЕ) години речиси НИКОГАШ нема дојдено во комисиите на Собранието.

Пратениците на СДСМ треба да дојдат на комисијата, а НЕ да бидат отсутни.

Како претседател на комисијата за труд и социјална политика на Собранието, подготвен сум да ја закажам комисијата ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ, само нека дојдат пратениците на СДСМ и министерката Царовска.

Пензионерите НЕ треба да бидат жртви на НЕОДГОВОРНОСТА на пратениците на СДСМ и министерката.

Пензионерите ЗАСЛУЖУВААТ поголеми пензии! ✅
Веднаш!
Доста со блокадите! ?, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Стевананџија: “Прилеп за 2020 добива само пари за двојазични табли, а Буџетот е 4 милијарди евра?” (Видео)

Коментирајќи го Буџетот за 2020 година, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, истакна дека власта со новиот буџет не инвестира во човечки капитал, туку во граѓански поткуп.

Тој потсети на изјавата од премиерот Заев дека во Македонија ќе имало 5 милијарди евра капитални инвестиции, а во буџетот за идната година се предвидени 380 милиони евра, што според пратеникот е многу помалку од минатата година.

Пратеникот зборуваше и за платите на докторите, наставниците, како и покачувањето на пензиите за пензионерите.

„Со жалење морам да констатирам дека до април месец мора некако да издржиме со овој лажен буџет. Мора пензионерите да издржат со покачувањето од 36 денари. Мора професорите да издржат со ветеното, а излажаното покачување неусогласено со колективниот договор. Мора докторите да издржат со таа плата до која стасаа, а е многу помала од ветените 100.000 денари“, вели пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Димитар Стевананџија.

Стевананџија потоа зборуваше и за она што е предвидено со буџетот за Прилеп.

“Нека ми каже некој, кој проект со овој буџет е предвиден за Прилеп? Јас ќе ви кажам нешто почитувани прилепчани, средства во буџетот за 2020 година има предвидено само за двојазични табли, тие двојазични табли за кои ви велеа дека се само во главите на вмровците. Еве тоа стана реалност”, рече пратеникот и покажа фотографија од двојазичната табла на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп.

Дискусијата на пратеникот за Прилеп започнува од 11:00 минута во видеото:

Нов закон: Пластичните кеси во продавниците ќе чинат 10 денари

Со усвојувањето на новиот закон за управување со отпад, минималната цена на кесите кои ќе и продаваат во супермаркетите ќе биде 10 денари.

Законот треба да се усвои идната година. Граѓаните и фирмите ќе имаат рок од една година во која ќе треба да се прилагодат и да почнат да ги исфрлаат од употреба, велат од Асоцијацијата. за управување со отпад.

Целта, како што велат е да се селектира отпадот и да се намали употребата на пластични кеси што пак влијае врз животната средна.

Албанците го сметаат Илинден за свое востание и нема да запреме со инклузивност додека Албанците не добијат 100 отсто еднаквост (Видео)

Додека не се спроведе 100 отсто еднаквост, нема да запреме со инклузивност на Албанците, вели премиерот во заминување Зоран Заев во интервју за српската телевизија Пинк и тврди дека Тиранската платформа и двојазичноста во „Северна“ се лага.

-Албанците го сметаат Илинденското востание за свое, затоа што имало Алнаци кои се бореле во самото востание против oсманлиското ропство кое владеело на цалиот Балкан па и во тогаша Република Македонија. Во такви околности, денеска нема никакви барања, нити тогаш ги имало, вели Заев, кој исто така првоат слуша од новинарката на ТВ Пинк за резолуцијата за геноцид врз албанското население од 1912 до 1956 година.

Тој одговара на повеќе прашања на новинарката во ТВ интервјуто, за скратената верзија на химната што Тамара Тодевска ја испеа во Американската амбасада.

Покрај промената на името, нема барања за промена на химната, знамето, грбот од било кого. Химната која нашата евровизиска преставничка ја испеа, ја исепа целата без една стофа. Нашата химна се интонира со скратени две строфи, една строфа или цела ако се интонира инструментално. Интепретаторката Тамара ја отпеа скратена без една строфа. Тоа беше пропуст на кој се реагираше.

За режимот на Слободан Милошевиќ вели дека дозволил да се создадат услови за отцепување на Албанците, од што штета имаат и Косово и Србија.

-Мислам дека времето на Милошевиќ го направи своето, Косово да се оддели од Србија. Косово и Србија денес имаат проблем со тоа. Ние мислиме дека не треба да дозволиме да создадеме услови Албанците да помислуваат за цепење од средини каде што живеат во РС Македонија. Правиме инклузивен процес поучени од минатото. Овој инклузивен процес во РС Македонија успева. Ние денес сме на исто рамниште граѓани, со еднакви права и еднакви обврски, со тенденција да се унапредува додека не се постигне 100 отсто еднаквост, вели премиерот во заминување.

Во интервјуто премиерот во заминување зборува и за Шарената револуција во Македонија, за коалицирањето со партиите на Албанците, за Боки 13…

Делот за Албанците почнува во 23.35 минути.

Извор: “Курир”

ПрилепНаТочак: Дедо Мраз оваа година не доаѓа во Прилеп, а еве и зошто

Иницијативата “ПрилепНаТочак” ja најави новогодишната “Критична маса”, која ќе се вози во среда (25.12.) со почеток од 05:30 до 07:00 часот.

“Дедо мраз оваа година не доаѓа во Прилеп затоа што да вози велосипед низ прилепските улици не доаѓа во предвид.

Ни испрати писмо во кое што вели дека тој лично заедно со сите златни рипки на светов се обиделе да исполнат барем една желба на велосипедистите во Прилеп, но залудно.

Дедо мраз се прашува како е можно во еден од најголемите седум градови во државата да не постои ниту еден сообраќаен знак за велосипедска патека во 2020 година?

Не може да се помири со фактот дека на велосипедска инфраструктура воопшто не се работи дури и во 2020 година?

Дедо мраз се обидува да сфати како во Европа се градат автопати наменети за велосипеди, а во Прилеп научна фантастика е да се изградат слеани тротоари дури и во 2020 година?

Дедо мраз не верува дека се оставаат автомобили, комбиња, камиони, трактори авиони н,а тротоар, додека пешаците и малите деца се движат ризикувајќи живот на улица, дури и во 2020 година?

За дедо мраз несфатливо е дека не се потрошени 5 денари за боја за да се обележат постоечките 5 метри велосипедски патеки во Прилеп дури и во 2020 година?

Дедо мраз не може да се помири со фактот дека се поставени метални ступчиња на дел од тротоарите со цел подобро да се заштитат паркираните автомобили на самите тротоари, а не е поставен барем еден велосипедски паркинг во Прилеп дури ни во 2020 година?

Жалосно е што дури ни во 2020 година, дедо мраз не може достоинствено да извози ниту 1 километар со точак во Прилеп, како секој еден обичен човек во некоја обична нормална градска средина…”, напишаа од “ПрилепНаТочак” на Фејсбук.

Повеќе за настанот погледнете ТУКА

Го загуби првиот круг, но сепак и’ предвидуваат победа и втор мандат

По првиот круг на претседателските избори во Хрватска, на кои најмногу гласови освоија социјалдемократот Зоран Милановиќ и кандидатката на ХДЗ и актуелна претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, политичките аналитичари укажуваат дека резултатот во вториот круг ќе зависи од гласачите на независниот кандидат Мирослав Шкоро.

Аналитичарот Жарко Пуховски вели дека изборите, на кои Милановиќ освои 29,57 отсто од гласови, Грабар-Китаровиќ 26,64, а Шкоро 24,4, ја покажуваат моќта на двете традиционално најсилни политички партии во Хрватска – ХДЗ и СДП.

– Изборите покажаа дека станува збор за соочување на партиите. СДП, над сите очекувања успеа да постигне добри резултати, подобри од што покажуваа предизборните анкети, вели Пуховски за порталот Индекс, предвидувајќи дека во вториот круг ќе победи актуелната претседателка.

– Милановиќ е формално победник во првиот круг од изборите, но неговиот резултат ниту одблиску не е таков што би му давал какви било шанси во вториот круг, изјави за Хина хрватскиот политички аналитичар Давор Џенеро.

Гласовите од десницата на овие избори беа поделени меѓу Шкоро, кој повеќе гласови доби во Славонија, и Грабар-Китаровиќ, која беше повлијателна во Далмација, се согласуваат политичките аналитичари.

За она што ќе се случува во вториот круг, Џенеро и Пуховски се согласни дека мнозинството гласови кои ги доби Шкоро ќе се прелеат кај кандидатката на ХДЗ, што ќе и донесе победа.

– Гласовите од Шкоро, во однос два спрема еден, ќе отидат кај Грабар-Китаровиќ, додека една третина нема да излезат на избори, што ќе биде доволно таа да победи, оцени Пуховски.

Грабар-Китаровиќ освои најмногу гласови во странство од сите кандидати во првиот круг. За неа надвор од Хрватска гласале 54,3 отсто од гласачите, за Шкоро 34,26, а за Милановиќ 5,84 отсто. Во резултатите од странство се уште не се пристигнати гласовите од прекуокеанските земји – Аргентина, Бразил, Чиле, Канада и САД. Хрватските иселеници имаа можност да гласаат во 47 земји, а актуелната претседателка победи во 15 од нив, додека во Русија и Холандија има ист број гласови со Милановиќ, кој победи во 14 држави. За Шкоро најголем број избирачи гласале во 11 земји, меѓу кои и Германија, каде за неаго гласале 55,43 отсто од избирачите.