Необичен гpaбеж на банка во Колорадо се заврши со aпceње на kpaдецот кој минувачите го нарекуваат Дедо Мраз, бидејќи извикувајќи “среќен Божиќ” фрлал пари по улиците.
Имено, Дејвид Вејн Оливер (65) е yaпceн набрзо после гpaбежoT во бар кој се наоѓал во близина на банката Академи во Колорадо.
Некои од минувачите кои ги земале банкнотите кои Оливер ги фрлал ги вратиле во банката.
“Започна да фрла банкноти од торбата и викаше “среќен Божиќ”, вели еден од очевидците и додаде дека во тој момент од банката излегле луѓе кои барале kpaдец.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, знаел дека Боки 13 преку посредник од штипскиот бизнисмен и почесен конзул на Латвија Зоранчо Митровски барал 2 милиони евра за помош која Боки ја понудил, бидејќи бил ocoмничен на СЈО во случајот Поштенска Банка, и неколку други, ова денеска во cyдот го тврдеа cведоците на обвинителката Вилма Рускоска за случајот Pekeт – oбјави “ТВ АЛФА”.
Непристојниот предлог стигнал од Боки 13, на еден состанок во “1тв”, на кој биле кумот и адвокат на Митровски, Сашо Бошков, Боки 13, и кошаркарот Влатко Илиевски, сведочеше адвокатот. На истата средба Боки 13 пред да каже колку чини помошта за случајот „Поштенска Банка“ на телефон разговарал со жена чиј идентитет Бошков не можеше да го потврди со сигурност.
Во телевизијата Боки го запознал Бошков со Лазар, синот на Јанева. Парите не биле исплатени, а Митровски не пријавил ниту во полиција ниту во обвинителство, плашејќи се од како што рече моќта што во тоа време ја имаше СЈО. Како почесен конзул на Латвија, тој побарал помош од нерезидентниот амбасадор на Латвија во Македонија.
На гала свеченост во МНТ, Фудбалската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2018/2019.
Елиф Елмас е најдобриот наш играч кој е репрезент во странство. Висар Муслиу, како играч на Шкендија е најдобриот фудбалер.
Југослав Тренчовски е најдобриот тренер, Влатко Стојановски најдобар стрелец. За најдобар млад играч беше прогласен талентот на Вардар Џемаил Ибиши.
Награда за животно дело доби Атанас Костовски, а постхумна награда за придонес во развојот на македонскиот фудбал доби Слободан Вујчиќ Брацо, големиот пријател на Македонија и нашиот фудбал.
Награда доби селекцијата до 19 година која оствари пласман во елитните квалификации за ЕВРО. Стефан Ристовски пак, доби посебно признание за развој на репрезентативниот фудбал.
На денешното рочиште за случајот „Рекет“ сведочеше адвокатот Сашко Бошков кој рече дека со Боки 13 имал неколку средби, а првото било по Генералното собрание на Кошаркарската федерација кое беше неуспешно и побарале поддршка за кандидатот Владо Илиевски.
Втората средба била во ноември 2018 кога му се јавил Владо Илиевски за да се видат со Боки.
-Отидовме во 1 ТВ. Боки ме праша дали сум близок со Зоран Митревски и ми посочи дека тој има предмети во СЈО и ми кажа дека може да помогне да нема предмет против бизнисменот. Ми рече ќе може да помогне ама ќе треба да се плати два милиони евра-откри адвокатот за разговорот со адвокатот.
Сашко му кажал на бизмисменот со кој биле кумови и го советувал случајот да го пријави. Тој најпрво се плашел но подоцна случајот го пријавил.
Општина Битола деновиве се пофали дека ја реновирале спортската сала во основното училиште „Д-р Трифун Пановски“.
„Ги завршивме реконструктивните зафати во спортската сала на ОУ „Д-р Трифун Пановски“, во кои општината вложи повеќе од 1.500.000 денари. Оваа сала од 1956 година практично била оставена на забот на времето. Околу 300 ученици кои учат во ова училиште ќе имаат можност да изведуваат настава по физичко воспитување, што е на големо задоволство на целата општина, советниците, градоначалникот и локалната самоуправа. Чинам дека ова е начинот на кој што можеме да градиме здраво тело и здрав дух, пред се, со создавање на услови за тоа“, посочи градоначалничката на Битола Наташа Петровска.
Секоја му чест на тој што ќе постигне тројка од крилна позиција. Погледнете ја фотографијата и ќе ви стане јасно…
Ако опозицијата продолжи да ги блокира законите за повисоки плати и пензии, јас нема да си поднесам оставка на 3 јануари, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
„Јас сум првиот што посакувам да ги запазиме сите процедури. Но ако се дозволи опозицијата на видлив начин веќе во Собранието да изнаоѓа начини, а има право по деловник, да ги изблoкира законите за повисоки плати и за повисоки пензии, за реализација на државните проекти кои што живот значат за граѓаните, тоа се за СДСМ сериозни причини да разговараме дури и за одлагање на изборите. Јас не сакам да ги одложам изборите. Ние во петок имаме Централен одбор, на кој ќе одлучиме за новиот претседател на Владата за време на техничката влада, ќе одлучуваме за пополнување на испразнетите места, а тоа се согласно пржинската влада, односно дополнителните заменици во МВР, во МТСП и потпретседател за економски прашања. Тоа покажува дека ние сме сериозни за избори и дека тие треба да се завршат. Но нема да дозволиме интересот на која било политичка партија или политички субјект да биде доведен во прашање поради тоа што некој има некоја скриена агенда, која што може да биде дури и легитимна само ако не е на штета на граѓаните и државата. Јас сум првиот што секој пат го почитувам дијалогот и имам намера целосно да го почитувам, но немам намера да ја поднесам оставката ако некој ги блокира ваквите процеси. Без поднесување на оставката нема започнување на сите постапки“, вели Заев.
Во моментов во собраниска процедура се неколку стотици закони. Согласно агендата на предлагачите, најчесто Влада и пратениците од мнозинството Собранието за околу 2 месеци треба да помине речиси исто толку законски акти колку што има поминато од своето конституирање пред нешто помалку од 3 години.
Во петок, 27.12.2019 со почеток од 19:00 часот, премиера на филмот “Дедо и внук” во Киното “Мис Стон” во Прилеп.
Гледајте го најновиот филм „Дедо и внук“, емотивната приказна со длабока порака
Илија Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук. Грешките од младоста често знаат да отворат големи дупки подоцна во животот на секој од нас, па посетителите во многу делови од филмот ги препознаа сопствените или проблемите од нивните најблиски и пријатели.
Pепрзиза e закажана на 28.12 (сабота) со почеток од 19:00 часот, а влезниците можат да се купат по цена од 100 денари во среда и четврток од 10 до 12 часот и од 17 до 19 часот на билетарницата од Центарот за култура “Марко Цепенков”, како и петок од 10 до 12 часот.
Билети ќе има и на билетарницата во киното “Мис Стон” во петок од 17 до 19 часот, како и сабота од 17 до 19 часот.
Покрај Салаетин Билал, во филмот играат и Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери….
Во наредните денови пред новогодишните празници времето во земјава ќе биде постудено со утрински температури под нулата.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди.
Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен северозападен ветер. Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег, a во сабота повремен снег ќе имаа и во пониските места.
Македонците бараат, но Грција не дозволува учење на македонски јазик во јавните училишта преку интернет курсеви.
Властите во грчкиот град Едеса- Воден, го отфрлиле барањето за учење на македонскиот јазик во јавните училишта во Грција преку Интернет курсеви.
Грчките медиуми објавуваат дека градот Едеса го отфрли барањето за учење на т.н. „македонски јазик“, во јавните училиште во Грција преку интернет курсеви.
Во текстот на „Греек Сити Тајмс“ се вели дека одлуката ја донесе градскиот совет на Едеса, со анонимно отфрлање на барањето на националистичката про-Скопје група, која бара инклузија на т.н. „Македонски јазик“. Групата, позната како АМКЕ „Крсте Мисирков“, неодамна ја достави својата провокативна петиција до грчкото Министерство за образование и верски прашања во Едеса и повика на примена на клаузула од Договорот од Северес од 1923 година, кој предвидува „обезбедување на средства и можности за настава на други јазици, освен грчкиот, во училиштата за јавно образование.
Инаку, оваа програма ќе се однесува на жителите на Едеса и ќе биде пилот програма. Исто така ќе има ограничен број на учесници, а нејзиото бесплатно спроведување ќе биде овозможено од АМКЕ „Крсте Мисирков“, кое ќе ги покрие сите трошоци- интернет конекцијата, користење на едукативната платформа и потребната опрема, било наведено во петицијата за барање за учење на Македонски јазик во грчкото јавно образование.