дома блог страница 2876

Направете чудо од бајат леб: Ова морате да го пробате (Рецепт)

Потрбени состојки: 10 лебчиња, 10 парчиња месо (може да биде чајна, сланина кулен), две лажици павлака или јогурт, 100 грама сирење, 200 грама моцарела, малку лук во прав, оригано.

Подготовка: Отсечете ги врвовите на лебчињата. Издлабете ја средината и притискајте го сирењето на краевите заедно со павлака и јогурт. Внатрешноста обложете ја со сланина, па потоа повторно додадете сирење и лук во прав, а на самиот крај додадете ја и моцарелата. Ставете малку оригано и ставете го врвот на лебчето.

Наредете ги лебчињата во плех и оставете ги 15 до 20 минути на 200 степени во рерна, додека не се стопи моцарелата, а кората да стане фино крцкава.

Уживајте!

Вистинска празнична бајка: Ова се најдобро украсените градови во светот

Елките поставени на главните плоштади, но и во споредните улички, преубава декорација, илјадници туристи, ова е сликата од светските метрополи оваа година пред новогодишните празници.

Виена

Милано

Рим

Атина

Москва

Заев си заминува: “На трети јануари ќе ја поднесам мојата оставка”

Премиерот Заев рече дека на трети јануари ќе си поднесе оставка од функцијата. Одговарајќи на новинарско прашање дали изборите ќе се одржат во договорениот термин Заев изрази задоволство што Парламентот ќе ги донесе сите закони што треба да стапат во сила од први јануари и оти со тоа нема причина за одложување на изборите, пренесе „Алсат“.

-Ако се стои на зборот, од страна на Парламентот, нема потреба да нема избори, така што на 3 јануари јас ќе ја поднесам мојата оставка и верувам дека на истиот ден ќе може да се даде мандатот на новиот претседател на владата за да може истиот ден да се избере владата- рече Заев.

Општина Прилеп и ЈКП”Водовот” дискриминирале граѓани? Донесена прecyда

Апелациониот суд Битола утврди дискриминација по основ на етничка припадност извршена со оневозможување пристап до чиста и здрава вода за пиење.

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) ја информира јавноста дека на 13.12.2019 година Апелациониот суд Битола донесе пресуда со која ја преиначи пресудата на Основен суд Прилеп и утврди дека Општина Прилеп и ЈКП Водовод и канализација Прилеп извршиле дискриминација спрема тужителите, со тоа што им  оневозможиле пристап до чиста и здрава вода за пиење.

Тужителите, припадници на ромската заедница, живеат на периферијата од градот каде не им е овозможен пристап до чиста и здрава вода за пиење за разлика од останатите граѓани на Прилеп, од друга етничка припадност, кои живеат во непосредна близина.  Тужителите, во постапка поддржана од МЗМП, побараа судска заштита сметајќи дека правото на еднаков третман со неовозможувањето пристап до чиста и здрава вода за пиење е резултат на нивната припадност на ромската етничка заедница која живее во РСМ. Основниот суд во Прилеп ја одби нивната тужба како неоснована на што тужителите изјавија жалба.

Апелациониот суд во Битола жалбата ја уважи и првостепената пресуда ја преиначи во корист на тужителите. Според Судот, тужените, Општина Прилеп и ЈКП Водовод и канализација, не успеале да докажат дека не извршиле дискриминација, и поради тоа ја усвоил тужбата. Со ова Судот непосредно и правилно го применил правилото  според кое товарот на докажување дали постои или не дискриминација е на страната на тужените, не на тужителите. Со ваквата одлука се создава позитивна судска пракса која го олеснува пристапот до правда на жртвите на дискриминација.

За поздравување е и примената на Судот на одредбата од Уставот на РСМ според која водата е издигната на степен добро од општ интерес за државата како и на резулуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации A/Res/64/292 од 28.7.2010 год. со која пристапот до вода, водовод и канализација е признато како човеково право. Судот ја применува и судската пракса на Европскиот суд за човекови права, според која непристојните услови за живот кои се последица на недостиг до пристап на здрава вода за пиење и одржување на личната хигиена можат да доведат до нивото на страдање што го предвидува член 3 од Европската конвенција за човековите права и го повредува правото на семеен и приватен живот, член 8 од конвенцијата.

МЗМП ја поздравува одлуката на Судот и истакнува дека оваа пресуда е од големо значење поради тоа што правото на чиста вода за пиење во пресуда на домашен суд е издигнато како основно човеково право и дека државата мора да превземе активни мерки да се обезбеди дека секое лице и секоја група имаат еднаков пристап до чиста вода за пиење.

Тужителите беа застапувана од адвокат Емил Паришко од Битола, член на тимот на адвокати на Македонското здружение на млади правници.

Извор: myla.org.mk

Елмас: “Македонија е големо срце, татковина, мајка – за неа се’ би дал до последен здив”

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, кој пред два дена беше избран за најдобар репрезент на македонскиот фудбал во странство за 2019 година, продолжува да ги освојува симпатиите на домашната публика.

“Македонија е големо срце, татковина, мајка – за неа сè би дал до последен здив! ??????”, напиша Елмас на Фејсбук.

Вечерва финале на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2019”

Традиционалниот хуманитарен турнир во мал фудбал „Св.Никола 2019“, кој во Универзалната сала во Прилеп се одржува по 9-ти пат, дојде до самиот крај.

На задоволство на љубителите на малиот фудбал, синоќешните полуфинални натпревари во сениорска конкуренција понудија врвен фудбал.

Откако во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат 2:2, победникот на првото полуфинале беше добиен после изведувањето на пенали, при што екипата на „Бучин“, најголемото изненадување на годинешниот турнир, беше подобра од „Теа – Андреа“.

Вниманието на публиката беше насочено кон вториот полуфинален натпревар, кој за многумина беше „финале пред финалето“, а во кој се сретнаа екипите на „Фенербахче“ и „Ресторан Путник“. Во возбудлив натпревар на мајсторите на малиот фудбал, подобри и посреќни беа играчите на „Фенербахче“, кои ги победија своите противници со резултат од 2:1 и на тој начин го трасираа патот до големото финале.

Денеска е последниот ден од турнирот, кој ќе ја донесе разврската и ќе ги разреши сите дилеми околу распределбата на пехарите.

Фудбалската програма започнува во 19.00 часот, со натпреварот за третото место во кој се среќаваат екипите на „Ресторан Путник“ и „Теа – Андреа“. После кратката забавна програма, во 20.30 часот започнува големото финале, во кое силите ќе ги одмерат фудбалерите на „Фенербахче“ и „Бучин“.

Она што пред почетокот на финалните натпревари уште еднаш треба да се потенцира, е хуманитарниот карактер на турнирот, што значи дека собраните средства ќе бидат наменети за лекување на нашиот млад сограѓанин, Дејан Најдоски.

Нивната фантазија и креативност навистина нема граница: Ова се најнеобичните новогодишни елки во светот

Празничната еуфорија е во полн ек, се китат новогодишните елки, а домовите се украсуваат на најдобар можен начин.

Сепак, доколку спаѓате во онаа група на луѓе на кои класичните зелени или бели елки со разнобојни лампиони веќе им досадиле, имаме решение за вас.

Прилеп доби спортист на годината: Пулексенија Јованоска е гордост на градот под Maрковите Кули (ВИДЕО)

Ракометарот Стојанче Стоилов и каратистката Пуликсенија Јовановска се прогласени за најдобри спортисти на Македонија во изборот организиран од Агенцијата за млади и спорт.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов кој уште еднаш со „црвено-црните“ стана европски шампион е прогласен за најдобар спортист на Македонија.

За најдобра спортистка е прогласена каратистката Пуликсенија Јовановска која го освои петтото место во категоријата кати на Европското првенство во Гвадалахара.

“Пред неколку години го добив оскарот за најдобра млада спортистка и ветив дека ќе бидам уште поуспешна, уште попосветена и уште поупорна во тоа што го правам. Сега стоејќи тука со овој оскар, можам да ветам дека ќе продолжам со исто темпо. Навистина сум среќна што сум дел од еден од најтрофејните спортови во нашата држава – каратето”, истакна Јованоска при добивањето на наградата.

Неодамна на манифестацијата “Вечер за жени во спортот”, во организација на граѓанската организација “Такт”, Пулексенија Јованоска беше избрана за најдобра спортистка во индивидуален спорт за 2019 година.

ПРЕЗАСЛУЖЕНО! Македонската икона прогласен за спортист на годината на Македонија

Капитенот на ракометниот клуб Вардар, Стојанче Стоилов, е избран за најдобар македонски спортист во 2019 година, во традиционалниот избор кој го организираат Агенцијата за млади и спорт, и Сојузот на спортски федерации.

Каратистката Пуликсенија Јованоска е прогласена за најдобра спортистка во 2019 година, додека најуспешен спортист за лица со попреченост е Оливера Наковска Бикова.

Тим на годината во машка конкуренција е одбојкарската репрезентација, а женски тим на годината се ракометарките.

Во категоријата тренер-селектор, признанието му припадна на Сашко Арсовски, кој е предводник на најдобрите каратисти.

Одбојкарот Никола Ѓорѓиев доби награда за посебни достигнувања во спортот. Најдобра национална спортска федерација е ракометната федерација

XAOC во Собранието на Црна Гора: Полициjaта ги yaпcи пpaтениците од опозициjaта (Видео)

Ситуацијата ecкалираше синоќа во Црногорското Собрание, откако дојде до инцидент за време на седницата на која се гласаше за Предлог-Законот за слобода на вероисповед со кој се забpaнyва СПЦ на териотрија на Црна Гора.

Собраниското обезбедување влезе на пленарната седница и застана помеѓу претеседателот на Собранието Иван Брајовиќ и пратениците на Демократски Фронт. ДФ бараат седницата да се одложи за денеска.

Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ и министрите ја напуштија пленарната сала, а пратениците на ДФ Милан Кнежевиќ и Андрија Мандиќ скршиja дел од техниката која се наоѓа на масата на претседавачот со Собранието.

Пред инцидентот се слушна ekcплозиja во собраниската сала, а на новинарите им било кажано дека се работи за петapда.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, полициjaта ги избркала пратениците на ДФ надвор од собраниската, а потоа и сите пратеници на опозицијата се yапceни и префрлени во подгоричкиот центар за безбеднocт.