дома блог страница 2875

Направете ги овие работи за да имате посреќна 2020-та година!

Без разлика дали изминатата година била лоша или неверојатно добра, почетокот на новата година е совршен момент за да си поставите пред себе реални предизвици.

На самиот старт на јануари, зацртајте си ги своите цели без разлика дали станува збор за ново животно поглавје, патување или едноставно кафе со пријатели со кои одамна не сте се виделе.

За да си го проектирате полесно патот кон посреќна, поздрава и позабавна 2020-та година, уште на почетокот на следниот месец направете го следново:

Исчистете си го фрижидерот

Без разлика колку целото ова и да ви изгледа смешно и банално, доколку сте сериозни во идејата дека сакате во 2020-та да стекнете поздрави навики, чистењето на фрижидерот е веројатно првиот важен чекор кон постигнување на целта.

Поради новогодишните подготовки повеќе од веројатно е дека вашиот фрижидер сте го наполниле со секакви слатки и солени „задоволства“ кои едноставно може само да ја зголемат бројката на вагата, но и да ја отежнат работата на вашиот организам. Па, фатете се за работа и не размислувајте многу околу тоа.

Најдете начин како да менаџирате со стресот

Новите предизвици многу често несвесно ни вршат притисок. Без паника, потребно е само да ја преземете контролата во свои раце. Размислете што ви е потребно за да се релаксирате и направете го тоа.

Направете си амбиентална атмосфера, наполнете ја кадата, испијте чаша вино или едноставно купете си боенка и бидете креативни. Што и да ве смирува, тоа е токму она што ви е потребно за да започнете без притисок.

Испланирајте патување – букирајте карта

Можеби овој предлог ви изгледа смешно, покрај сите трошоци кои што ги имавте во предновогодишниот период, но овој период од годината можете да букирате најевтини летови, да резервирате сместување за летниот одмор или едноставно да видите кои места навистина вреди да ги посетите надвор од сезона.

Прекинете ја токсичната врска

Нова година – нови почетоци! Ставете крај на врската која што ве заморува, немојте да се губите себеси и оваа година.

Исчистете си го бирото

Новите почетоци се секогаш добредојдени и на професионален план. Не само физички, своето биро исчистете го и од старите предмети, заостанати обврски и влезете во новата година со чисто портфолио и уште почисти мисли, подготвени за свежи идеи.

Декорирајте ги ѕидовите

Направете промена во просторијата во која најчесто престојувате. Обојте ги ѕидовите, врамете ги убавите спомени, свежината во домот ќе направи да се чувствувате поразлично, а самото тоа ќе ви ги одведе мислите во друга насока.

Најдете ново хоби

Ви здодеа да гледате филмови и да одите во теретана!? Изгаснете светло во собата и пуштете си тивка музика. Промената ќе биде и повеќе од видлива.

Планинарењето е секогаш добра и здрава варијанта. Доколку не сакате да одите сами, приклучете се на некоја од планинарските групи кои што ги има на социјалните мрежи, и новите пријателства се секогаш добредојдени.

Мицкоски: “Гоце Делчев е Македонец кој се борел за македонската држава- Никој нема право да пpeговара за него и за македонскиот јазик”

Нашиот јазик е македонски јазик, а Гоце Делчев е Македонец кој што се бopел за македонска држава и никој нема право да преговара за тоа, изјави пpeтседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонската радио телевизија.

-Нашиот јазик е македонски јазик и никој нема право да спори околу тоа. Тоа е наше право. Зошто мене некој да ми го одземе тоа право? Кој го има тоа право? Кој политичap прифатил да преговара за Гоце Делчев? Гоце Делчев е Македонец кој што се боpeл за македонска држава и е дел од мојата химнa, химна на милиони Македонци кои се родиле и умpeле за Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски истакна дека како политичapи немаат право да се откажат од македонското минато, тоа е погрешно и никој не им го дал тоа право бидејќи тие луѓе со живот го платиле ова што ние денеска го живееме и додаде дека македонската држава мора да ги дефинира црвените линии. Доколку компромисот со Бугарија е онаа peзолуција која ја донесе бугарското Собрание тоа не можеме да го прифатиме. Ние веднаш поднесовме иницијатива во нашиот Пapламент да донесеме контра резолуција на таа која ќе ги дефинира нашите црвени линии, нагласи Мицкоски

(Фото) “Гpoбapи” тргнаа кон амбасадата на Црна Гора: Еве како го навpeдyвaaт Мило Ѓукановиќ

Протест пред црногорската амбасада во Белград поради новиот Закон за слобода на вероисповест во Црна Гора.

На протестите се упатија и навивачите на Партизан. “Гpoбapи” на Кнез Михалова, каде што се наоѓа и амбасадата на Црна Гора, стигнаа пред закажаното време.

Навивачите подготвени со знамиња и транспаренти, му испратија навредливи пораки на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Koга ќе ги искомбинираш двете работи кои ги сакаш најмногу: Tурски голман избра оригинален начин за запросување (ВИДЕО)

Голман на нисколигашот Ордуспор од Турција пронашол оригинален начин како да ја запроси својата сакана. Тој по завршувањето на натпреварот, а во договор со навивачите и’ приредил на својата избраничка вистинско шоу.

Погледнете:

Вистинска дpaма се одвивала во Неготино: Огpaбил казино пред очите на многу минувачи, а мајка му го приjaвила

Вчера околу осум часот наутро, 24-годишно момче го огpaби kaзиното кое што се наоѓа на главната улица “Маршал Тито” во Неготино. Настанот кој што ги вознемиpи неготинчани се случуваше во центарот на градот, каде е сместено kaзиното, веднаш до градската библиотека и аптека, пред очите на многу минувачи – oбјави “Лидер”

Имено, според СВР Велес, момчето влегло во казиното носејќи со себе нoж и со зakaна кон вработените ги одзело пapите, по што побегнало. Сепак, кpaжбата за која што можеби помислил дека поминала лесно, завршила неславно, откако неговата мајка, кога дознала што се случило, без двоумење повикала полициja и го пpиjaвила.

Полициcките службеници околу 10.30 часот го лишиле од слобода момчето. При прегледот биле пронајдени пapите yкpaдени од kaзиното, истите биле веднаш вратени, а сторителот го признал делото. Тој е задржан во полициckaта станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна приjaва, изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Извор: “Лидер”

(ФОТО) Со почести променето државното знаме пред Собранието

Припадниците на Батаљонот за почести и опслужување и Воениот оркестар на АРМ денеска извршија церемонија за промена на државните знамиња поставени пред Собранието на Македонија.

Се верува дека носи среќа во домот: За Божиќната ѕвезда има многу легенди, а еве што симболизира

Голем број семејства за новогодишните и божиќните празници домот освен со китење на елката го украсуваат и со цвеќето Божиќна ѕвезда, кое цвета во периодот околу Божик и е симбол на празниците.

Името Божиќна ѕвезда ова цвеќе го добило, бидејќи листовите му се во облик на ѕвезда. Цвета за Божик, а ја симболизира ѕвездата која на тројцата мудреци им го покажала патот до Исус.

Постојат и други легенди за Божиќната ѕвезда. Според една стара мексиканска легенда, првата Божиќна ѕвезда настанала од молитвите на девојчето Марија и нејзиното братче Пабло.

Тие потекнувале од сиромашно семејство и немале пари да купат подарок за малиот Исус.

На Бадник кога оделе кон црквата набрале полски билки наместо подарок. Кога ги ставиле билките околу колевката на Исус, нивните зелени листови станале сјајно црвени цветови.

Според друга легенда пак, убавината на ова цвеќе се должи на некоја астечка божица, на која поради несреќната љубов и се распарчило срцето. Од капките на нејзината крв израснал огнен цвет со црвена боја опкружен со зелени ливчиња.

Преубавата Македонка ја освои титулата “Мис на Балканот” за 2019 година (ФОТО)

Фото: “PRessSerbia”

Петнаесетта година по ред, во средата во хотелот “Амбасадор” во Белград, се одржа официјалниот изборот за Мис на Балканот за 2019 година.

Овогодишниот избор го носеше слоганот “Освои, победи, биди Мис на Балакнот”.

Во присуство на голем број јавни личности и поранешни мисици од Балланот, актуелната Мис Глобал, Романката Дениса Ходисан, својата круна и ја предаде на нашата убавица, Кристина Димитријевска.

Кристина е 23-годишна девојка од Тетово, која со оваа титула ја оправда титулата Новогодишна Балканска убавица, која ја освои кога имаше само 17 години.

Таа е член на модното студио “Црнокрак”.

Ахмети со кратка меморија: Сега вели дека Влада треба да формираат победниците од двете страни

„Не би било добро за државата ако не се почитува принципот победниците на изборите да прават влада“ изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој бара да се почитува непишаното правило владата да ја прават победниците во македонскиот и во албанскиот политички блок .

„Во 2016 имаше специфични околности за државата. Не би било добро да се повтори 2006 година“, изјави Ахмети денеска во Тетово на новогодишниот брифинг со новинарите во седиштето на партијата во Мала Речица.

На последните пралементарни избори пред три години ДУИ не коалицираше со победникот ВМРО-ДПМНЕ, направи влада со СДСМ, со што го прекрши принципот прифатен во 2008-ма.

“Република”: И покрај уцените, скијачката федерација не стана “Северна”

На редовното годишно собрание на Скијачката федерација на Македонија, како една од главните точки е ставена точка за промена на името во Скијачка федерација на Република Северна Македонија.

Како што дознава „Република“, предлогот по секоја цена го наметнувале претседателот на Федерацијата В.П. и потпретседателот В.С..

Она што вреди да се напомене, е што сегашниот претседател е брат на претходниот претседател З.П., кој ја водеше Федерацијата дури 16 години. Од братот, В.П. ја наследи и претседателската функција и фамилијарниот бизнис во скијањето.

Според изворите на порталот “Република”, некои од клубовите биле уценувани, сепак, предлогот за промена на името на Скијачката федерација на Македонија не поминал, бидејќи делегатите не го поддржале. Против предлогот Федерацијата да стане „Северна“ гласале клубови од Гостивар, Битола и од Скопје.

Извор: “Република”