дома блог страница 2874

“Му испратив порака на професорот дека денес не можам да одам во школо- Кога ми одговори, не можев да поверувам што гледам”

Ученичка од Србија одлучила да го извести професорот дека нема да присуствува на настава поради болки во стомакот.

Тие двајца разговарале на социјалната мрежа Вибер, а она што ученичката ја изненадило е одговорот на нејзиниот професор.

Во разгворот, како што можете да видите на сликата, професорот најпрво и ја испратил нејзината слика на Јелена, што дополнително ја шокирало.

Новинарка мислеше дека ја освои главната премија на лото: “Дечки, утре не доаѓам на работа”, а потоа се разочара (ВИДЕО)

Шпанска ТВ-новинарка која во пренос во живо на колегите во студио им рече „Дечки, утре не доаѓам на работа“ држејќи во рака добитно лото ливче, доби само дел од вкупната добивка.

Наталија Ескудеро, која работи за државната телевизија RTVE почна да вреска од радост во живо пред камера кога беше соопштен добитниот бонус број.

„Дечки, утре не доаѓам на работа! Наталија утре нема да работи!“, викаше од радост Ескудеро, но подоцна дозна дека добила само 5.000 евра.

Главната награда на Божиќното лото изнесуваше 4 милиони евра, но сумата ја поделија повеќе добитници.

Ескудеро подоцна се извини за начинот на кој изреагирала во преносот во живо. Таа рече дека жали што реагирала толку „емотивно“ и сакаше да им ја објасни својата постапка на гледачите кои се почувствувале „измамено“.

Нејзиното извинување следеше откако јавноста ја осуди дека не се однесувала професионално, а нејзиниот испад вирално се рашири на социјалните мрежи, со што телевизијата стана мета на исмевање.

Ескудеро скокаше од радост додека околу неа се прскаше со шампањ, откако беше соопштено дека добитниот бонус број во Божикното лото, познато како Ел Гордо (Дебелиот), е 26590.

Гледачите ја критикуваа бидејќи оставила впечаток дека таа ја добила максималната премија и дека дава отказ во живо.

Набрзо по преносот во живо, Ескудеро повторно се појави во етерот и направи гестикулација како „става патент“ на устата.

По критиките упатени на Twitter, таа рече дека изминативе неколку месеци ѝ биле „тешки од лични причини“, но додаде дека во 25-те години кариера како професионален новинар секогаш имала „чиста совест“ и се гордее со нејзиното „ригорозно и докажано работење“.

Таа сепак се извини за забуната која ја предизвика и додаде дека била искрена дека ќе ја нема некое време бидејќи заминува на одмор.

Извор: “Netpress.com.mk”

Еве кој од холивудските ѕвезди го прославуваат православен Божиќ

Некои од најпознатите холивудски ѕвезди го слават православен Божиќ. Некои од нив се родени во православни фамилии, но други го прифатиле православието поради партнерот.

Ким Кардашиан е родена во Лос Анџелес, но по потекло е Ерменка. Имено, таа е четврта генерација од иселениците од Ерменија. На својот Твитер профил минатата година таа објави дека Божиќ го прославува на 7 јануари.

Оваа убавица е родена во Лондон, нејзината мајка е од Јамајка, а таткото никогаш не го запознала. За време на врската со рускиот тајкун Владислав Дороњин, Наоми станала верник во Руската православна црква.

Слвниот актер, чиј татко е далечен потомок на Абрахам Линколн, љубовта го натерала да прејде во православната вера. Имено, кога за втор пат се ожени со колешката Рита Вилсон, актерот одлучи да стане православен христијанин. Таткото на Рита е Бугарин, додека нејзината мајка е од Грција. “Мислам дека православието е мое духовно наследство. Се оженив во истата црква во која мојата сопруга е крстена и во која се крстени нашите деца”, изјавил Том.

50-годишниот актер Џим Белуши е роден во Чикаго, а неговите родители се мигранти од албанско село кое се наоѓа недалеку од границата со Грција. Џим е припадник на Албанската православна црква и тој е горд на своите корени.

Џенифер Анистон православието го наследила од таткото Џон Анисотн, кој исто така се занимава со глума. Тој е роден како Јанис Анастасакис на грчкиот остров Крит. Џенифер донирала многу пати во црквата која е под закрила на Васеленската патријаршија.

Сеуште постојат луѓе со големи срца: Во пресрет на Божик им ги платил сметките за струја на 36 семејства

Кога Мајкл Есмонд ја добил сметката за струја овој месец, тој добил идеја да им „подари посреќен Божиќ со помалку стрес“ на своите соседи.

Есмонд контактирал со градот Галф Бриз, каде што живее, за да праша како да им помогне на сите што доцнеле со плаќање за електрична енергија.

Животот без нешто неопходно му е многу познат на Мајкл. Во осумдесеттите години му било многу тешко.

За време на Божиќ 1983 година, Есмонд и неговите три ќерки морале да го поминат Божиќ без греење и струја затоа што не можеле да си дозволат да ги платат сметките, а таа година била особено студена.

Кога оваа година видел дека сметките треба да ги плати 26-ти, сфатил дека многу луѓе ќе немаат струја за Божиќ, ако не успеат да платат, па решил да дејствува.

Есмонд вели дека цело време размислувал за Божиќ и зимата без греење во 1983 година. Така, Есмонд потрошил 4.600 долари за да им помогне на 36 семејства овој Божиќ.

Тој вели: „Добив позитивни коментари на Фејсбук и мојот деловен мобилен телефон. Луѓето ми испратија пораки и ми се заблагодарија за тоа што го направив “.

„Почнав да плачам. Навистина да плачам. За некој како него, за ветеран, да дојде и да направи нешто толку посебно. Беше навистина прекрасно “, рече Џоан Оливер, која го надгледува плаќањето на сметките за електрична енергија и вода.

Наместо да добијат предупредување дека нивната електрична енергија ќе биде исклучена, на семејствата им била дадена разгледница со следниот текст: „Чест ни е да ви кажеме дека вашата сметка за струја е платена од Gulf Breeze Pools & Spas“. Може да се опуштите, знаејќи дека имате една сметка помалку која треба да ја платите. Ви ги честитаме на вас и на вашето семејство претстојните празници“.

Наумоски во интервју за “Фактор”: “Витаминка” е во постојан раст, цврста во политичките предизвици

Самиот е еден од најпознатите македонски бизнисмени, уште попозната е фирмата со која раководи. Витаминка и во 2019 година го зголеми пазарното учество и ја зголеми продажбата. Компанијата има 60 години традиција, а генералниот извршен директор Сашо Наумоски во интервју за Фактор вели дека компанијата не отстапува од агресивниот план за раст и во следниот период. Витаминка извезува на трисетина странски пазари, а на фирмите извозници, вели Наумоски секако им е потребна поддршка и од државата, затоа што тие се своевидни херои на домашната економија. Во компанијата со која раководи годинава воведе за три месеци подлго породилно отстуство, можност да го користи и таткото, но и за пет отсто повисока плата за родители со трето дете. Наумоски е бизнисмен кој стои цврсто на земја и во предизвици кои секако ја следат македонската економија.

„Честите избори, менувањето стратегии, воведување па повлекување закони, неконзистентноста по многу прашања и политики, нерасчистувањето на аферите, нивното проширување и поврзаноста со правниот систем, прави домашните компании да егзистираат во несигурност и со краткорочни планови. Неопходно е да се направи попис, да се видиме колку сме и кои сме, вели Наумоски во интервју за порталот “Фактор”.

Оваа требаше да биде економска година, каков е вашиот впечаток, какви се перформансите на домашната економија?

-Наумоски: Многу беше ветувано, но само мал дел од тоа се реализира. Беа најавувани проекти коишто директно ќе се одразеа врз нашите перформанси. Дел од ветените работи е подобрување на патната инфраструктура, од што во голема мера зависи нашата работа. Ова е започнато но не е довршено и не секаде. Вистина е дека се дадени можности за компаниите да инвестираат во својот развој, но тоа се стимулативни мерки и главно се насочени кон оперативноста на компаниите, додека нас ни се потребни и системски промени во административното работење како и унапредување на работата на институциите со кои работиме. Македонските компании не работат само во земјава, туку и надвор, на регионалните пазари и на тоа треба да се гледа како на дел од македонската економија. А тука сме најслаби и најранливи, тука е потребно државата да застане зад нас. Сепак, и покрај сето тоа, перформансите на домашната економија во изминатава година покажуваа позитивни трендови, но уште долг пат ни престои пред да каже дека имаме стабилна и одржлива економија.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

Eрдоган го претстави првиот турски автомобил: Погледнете за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

Турција го претстави својот прв автомобил од домашно производство и се очекува првите возила да излезат од производна лента во 2022 година, јави Анадолија.

Турската автомобилска групација Joint Venture Group Inc или ТОГГ се состои од пет компании и планира да основа фабрика во производниот центар Бурса. Инвестицијата од 22 милијарди лири (3,7 милијарди американски долари) ќе овозможи производство на пет модели и вкупно производство на 175.000 возила годишно.

Првиот C-SUV ќе биде претставен во 2022 година, според веб-страницата на ТОГГ.

– Проектот се очекува да придонесе 50 милијарди американски долари во турската економија за 15 години по воведувањето на возилото во 2022 година, рече Мехмет Гурчан Каракас, главен извршен директор на конзорциумот.
Инвеститорите треба да обезбедат најмалку 3,5 милијарди лири во готовина како капитал до крајот на 2023 година, јави Блумберг.

Ќерката на мегапопуларната балканска ѕвезда порасна: Со своите фотографии плени на социјалните мрежи (ФОТО)

Ќерката на најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ, Уна откако стана полнолетна не престанува да објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи. Уна која ужива во она што го стекнал нејзиониот татко одеше во првиватно средно училиште а сега посетува престижен факултет.

Страст и се патувањата, почна да се интересира и за свирање пиано, а фановите ги почести и со слики покрај базен.

ЈуТјуб воведува новини, корисниците ќе бидат воодушевени

ЈуТјуб одлучи на корисниците дополнително да им ја олесни контролата над апликацијата, без оглед каков уред користат.

Новините се воведени во апликацијата за мобилен телефон, а сега корисниците ќе можат со глас да го пребаруваат она шти интересира на ЈуТјуб, дури и кога мобилниот телефон е поврзан со телевизор.

Од компанијата соопштија дека овозможено е гледање на видеа во HD резолуција која се пренесува од Playstation 4 или Playstation 4 Pro уред.

Германските медиуми пренесуваат дека некои Андроид корисници забележале дека по ажурирањето нивната ЈуТјуб апликација функционира како далечински управувач кога сликата од мобилниот телефон ја пуштаат на ТВ.

(Видео) Драматично во Истанбул, затворен Босфорот – товарен брод удри во крајбрежјето

Товарен брод удри денеска во крајбрежјето на Босфорот во Истанбул, поради што сообраќајот во тој дел бил запрен.

Станува збор за бродот „Сонг Иридум“ кој плови под знамето на Либерија, а инцидентот се случил додека се приближувал до крајбрежјето во Истанбул, пренесува Ројтерс.

Бродот, пренесуваат медиумите, испловил од реката Одеса во Украина и се насукал 25 минути после влегувањето во Босфроскиот мореуз.

Заврши деветтото издание на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2019”: Победникот се решаваше со пенал рулет

ФОТО/Радио Пела

Екипата на Фенербахче е победник на овогодинешното деветто издание на традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2019”.

Во големото финале Фенербахче се сретна со екипата на Бучин, каде по регуларните минути резултатот на натпреварот беше 2:2, па пенал рулетот беше решавачки за победничкиот трофеј.

Третото место на турнирот го освои екипата Теа Андреа кои триумфираа исто така на пенали против Ресторан Путник, откако во регуларниот тек натпреварот заврши нерешено 1:1.

По завршувањето на натпреварите беа доделени и индивидувалните награди.

Најдобар играч : Ѓорѓи Стрезовски од екипата на ФК„БУЧИН“

Најдобар стрелец : Дарко Ранготов од екипата на ФЕНЕРБАХЧЕ

Најдобар голман : Антонио Петровски од екипата на ФЕНЕРБАХЧЕ

Наградниот фонд годинава изнесуваше 330 000 денари а дел од средствата одат во хумани цели за лекување на малиот Дејан Најдоски, кој со неговите родители присуствуваше на големото финале, каде ги стопли срцата на прилепчани со неговата истрајност и битка за среќно детство.