дома блог страница 2873

Мицкоски со повик до власта: Не ги одложувајте работите, кочењето на професионалец за МВР нема да го избегне неминовниот пораз, туку ќе го зголеми

Поставувањето на врвен професионалец на чело на МВР без ниту една дамка во кариерата не е природна средина за челниците на Власта. Наместо ова да биде правило во нормална држава, ваквиот предлог се доживува за исклучок, и затоа е голем отпорот во власта. А она што насушно и треба на Македонија е професионалците кои оваа влада сега ги става на маргините, да им се даде шанса да ги превземат работите во свои раце, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Фактите говорат дека оние кои се огpeшиле спрема законот се плашат од професионалец кој ќе ги открие, разобличи и ќе се бopи против нив. Заев и СДСМ очекува решение за човек кој мислат дека ќе го држат во рака за да продолжат со нивните комбинации. А ние со ваков предлог сакаме да направиме диckoнитнуитет во xaoсот кој Заев и Спасовски со лошото менаџирање во МВР го создаде во државата, диckoнитнуитет на рекетите под државна капа, клановите блиски до власта кои спроведуваат kpиминал, дисконтинуитет на бaHдитизмот кој се шири низ улиците, заплените автомобили, дpoгата која е на секој чекор. И ВМРО не отстапува од бopбата против сето ова, пишува Мицкоски на Фејсбук и додава:

„Она што ми е поважно од тоа да се избере решение кое ќе му се допадне на Заев, е да се бори пpoтив kpиминалците и да и служи на Македонија. Благодарност до сите кои се јавија и изразија поддршка за нашиот пристап. За решение кое е без ниту една црна дамка, што и највеќе ги плаши kpиминалните од власта. Тоа пак ме охрабрува да продолжиме со нашата заложба за бopба против kopупцијата, kpиминалот и мафиjaта која е спpeга на политика, kpиминализиpaн дел од полициското подземje и бандитите на улиците кои одработуваат за власта. ВМРО-ДПМНЕ и јас како нејзин претседател верува во професионалците кои се дел од нашите институции, во чесните луѓе кои се разочapaни од оние кои гледаат на политиката низ призма на само личен интерес и воедно имаат надеж дека доаѓаат луѓе кои ќе се бopaт за да сето ова го променат и да вратат ред и поредок во државата. Тоа се храбри луѓе кои ќе бидат мобилизирани и затоа стравот кај многумина од овие kpиминални структури е очигледен. Токму затоа е и нашиот предлог за технички министер, бидејќи тој човек ќе работи со тие професионалци и храбри луѓе кои не се плашат, и ја сакаат Македонија затоа што немаат резервна држава и се надвор од клановските врски меѓу подземjeто и политиката. И знам дека вакво едно решение ја избезумува власта и нејзините перјаници кои треба да знаат дека допрва ги чека главоболка пропорционална со степенот со кој се огрешиле спрема законите и народот на Македонија“.

Тој ја повикува Власта да не ги одложува работите, кочењето на професионалец за МВР, бидејќи како што вели, нема да го избегне неминовниот пораз, туку ќе го зголеми.

-Вистината зошто го оспоруваат нашиот предлог за технички министер за Внатрешни работи треба да се бара во истата причина зошто претходно пуштија над сто закони во Собрание, повеќето за заштита на личните и лykpaтивни интереси на врхушката на власт, или пак во тоа што го одбија предлогот за превремена ратификација на протоколот за членство во НАТО. Сето ова е само алиби, а вистината лежи во сознанието дека ќе загубат на изборите и тоа ги прави нервозни и тогаш најмногу грешат, се плашат, галамат, даваат отпор кон она што е неминовно. А народот ги чека да им го даде црвениот картон и не е прашање дали ќе паднат, затоа што ним им се бројани деновите во политиката.

Дурловски: Во согласност со Уставот ни го зедовте најсветото!

Во согласност со Устав беше изборот на претседател на собрание со 59 гласа, во согласност со Устав беше законот за јазици со европско знаменце, во согласност со Устав беше уцената на пратеници со долгогодишни затворски казни, во согласност со Устав беше промената на името по неуспешен референдум.

Во согласност со Устав ни го зедовте најсветото, ова на својот фејсбук профил го напиша Игор Дурловски.

„Волците“ со поддршка за Ковачки: Тој е човек каков што Македонија заслужува

По предлогот на ВМРО-ДПМНЕ технички Министер за внатрешни работи да биде Драган Ковачки, своја поддршка дадоа и од Баталјонот за специјални намени „Волци“.

Во продолжение интегрално Ви го пренесуваме писмото кое беше oбјавено и испратено до редакцијата на порталот КУРИР.

Како припадници, поранешни и актуелни во Баталјонот за специјални намени Волци, несакајќи политички да се инволвираме, но чуствувајќи должност да го изразиме нашето лично и поединечно мислење како граѓани на нашата земја Македонија, сакаме да го потенцираме следново:

Полковник Драги Ковачки е чесен, искрен патриот, со врвни професионални вештини и наобразби. Човек од службата, дисциплиниран и со челична нескршлива волја. Патриот, , одличен бранител и колега, еден од нас. Човек кој се вгради во нашата единица, и во Армијата. Како сегашни и поранешни членови на”Волци”застануваме зад честа, угледот и името Драган Ковачки. Да се биде дел од Армијата, и од Волците, никогаш и никаде не може да биде хендикеп, туку огромна чест и предност. На Македонија и се потребни професионалци, и луѓе со огромен потенцијал и наобразба. Тој ја има нашата поддршка и верба и тоа е она што му треба на МВР, на нашето општество, и на Република Македонија. Неговото назначување ќе значи заштита на професионализмот, на кадровскиот потенцијал, и на синовите кои се спремни да и служат на татковината, секогаш и секаде.

Нашата водилка е „луѓето пред сè“, Ковачки е човек каков што Македонија заслужува.

Со почит,
Граѓани на Македонија, поранешни и сегашни членови на Баталјонот за специјални намени Волци

Жална вест за љубителите на пивото: Цената ќе се зголеми за 15%, а причината е следна

Благодарение на климатските промени ќе се појави проблем со достапноста и цената на пивото. Тоа е грубо кажано кратко сознание до кое дошле научниците во една неодамнешна студија.

Имено, се почестите топлотни бранови и појавата на суша кои се предизвикани од климатските промени, едноставно ќе го намалат родот на јачмен. Со самото тоа ќе се намали и нужното производство на пиво, а со тоа ќе порасне и цената.

Јачменот е растение кое е доста чувствително на суша и жештина, па родот може да се намали доколку климатските промени го продолжат моменталниот тек. Последиците од тоа ќе донесат недостиг на пиво, се наведува во студијата, објавена во списанието Nature Plants.

“Целта на нашата студија не е да се поттикнат луѓето денес повеќе да испијат” – објаснува професор Дабо Гуан од Универзитетот UEA.

“Сакавме да покажеме дека климатските промени можат да влијаат врз квалитетот на нашиот живот. Доколку не сакаме тоа навистина да ни се случи, ако и натаму сакаме да се напиеме по едно или две пива, единствен начин е заедничка работа во борбата против климатските промени”.

Во исклучително оптимистичко сценарио, со моменталните намалувања на емисиите на стакленички гасови, глобалното производство на пиво ќе падне за 4%, а цените ќе се зголемат за 15%.

Вучиќ: Просечната плата во Србија до 2025 ќе изнесува 900 евра

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денес дека со имплементација на програмата за инвестиции „Србија 2025“, просечната плата на крајот на 2025 година би изнесувала 900 евра, а пензиите помеѓу 430 и 440 евра.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ заедно со премиерката Ана Брнабиќ, на презентација на тој инвестициски проект, кажа дека до 2025 година Србија ќе одржува стабилен курс на еврото, кој ќе остане меѓу 117 и 120 динари за евро, колку што изнесува од 2012 година.

Тој план, како што оцени, е изводлив со раст на бруто домашниот производ (БДП) на Србија од четири проценти, што претставува, конзервативно толкување на проекцијата за раст и додаде дека Светската банка посочила дека е можно Србија да постигне раст на БДП и до седум проценти.

–Наша цел пред сè е луѓето во Србија да живеат подобро. Ќе работиме драматично да го намалиме процентот на млади што ја напуштаат земјата. Сето ова го правиме за да имаме иднина, рече Вучиќ.
Тој рече дека пензионерите со најавената просечна пензија од 440 евра во 2025 година ќе живеат од 70 до 80 проценти подобро од досегашната просечна пензија од 225 евра, додавајќи дека, поради тоа, јавниот долг на Србија не смее да се зголемува и дека уделот на пензиите во БДП нема да надминува 13 проценти.

Вучиќ најави дека буџетот на Србија во 2024 година ќе изнесува 14 милијарди, а буџетот за 2025 година ќе вреди 17 милијарди евра.

Говорејќи за инвестиции во спортската инфраструктура и развој на туризмот, српскиот претседател изјави дека „големи пари“ се предвидени за изградба на националниот стадион во Белград и во други градови во Србија.

Според Вучиќ, нивото на инвестиции во Србија во 2019 година изнесува 3,8 милијарди евра, што, како што рече, е „повисоко од сите шест земји на Западен Балкан заедно, плус уште некои 15 проценти“.

Претставувајќи ја Националната инвестициска програма до 2025 година, тој оцени дека нивото на директните странски инвестиции годинава е зголемено за девет проценти отколку во 2018 година.

-Србија во ноември имаше најголем раст во Европа од шест проценти, а годинава ќе завршиме со раст од четири проценти, иако беа предвидени 3,5 проценти, изјави Вучиќ во Белград.

Трговијата во Прилеп пред 50 години: Цените се менувале и по два пати во денот, кафе и паста за заби имало само за некои…

Живот: Владо Јованоски, пензиониран продавач

-Турканици и тепачки за млеко, масло и шеќер

За возрасните времето лета и тоа пред 40-50 години како да беше вчера. Ја бараме разликата од некогашната и денешната трговија, продавниците, а подобар соговорник нема од сограѓанинот, 72-годишниот Владо Јованоски. Цел работен век го посветил во трговијата.

-Почнав 1970 година. Поработив во магацин за прехрана од претпријатието Трети ноември, претходник на Центропромет голема фирма составена од неколку помали. Од магацинот товаравме стока за сите продавници низ градов. Се разнесуваше со камиони. Се префрлив продавач кај училиштето ,,Кире Гаврилоски,,. Појдов на заменам за пензиониран работник – се потсетува Јованоски во разговор за неделниот весник “Зенит”.

Продавачката професија била поинтересна отколку магационер. Имало многу муштерии. Најбројни биле учениците. Кога ќе навалеле при одморите, продавницата се преполнувала. Вриеж од деца кои купувале чоколадца, бомбони, мастики за џвакање…

-Омилени им беа благите работи. Лепче и паштети не земаа, оти се хранеа со печива во училиштето. Излегувавме на крај со метежот со делба по групи. Надворешната група не смее да влезе, додека внатрешната не излезат. Стававме ред меѓу најмалите муштерии – објаснува продавачот Јованоски.

Го преместиле кај зградата на Нова Македонија и ТВ. И тука се задржал кусо. Начекал турканици за млеко и други производи што ги немало доволно. Потоа во близина кај касарната, каде се продавало зеленчук и овошје. Тоа е времето кога фаќа кризата. Социјализмот понуди мирен живот, без многу стресови, но до болеста на Тито во 1979 година. Народот исплашен од евентуална воена агресијаа, го фаќа страв и потрошувачка треска. Затоа многу производи снемува.

-Немаше сапунчиња, паста за заби, прашак за перење… За леб се создаваа мешаници. За да дојди лебот чекавме сабајле од пет часот. Секој ден. Во сабота особено се бараше леб, оти во недела е неработен ден. Во недела продавниците работеа само од 7 до 11 часот. Прашак дававме на список. В тетратката имаше список на сите семејства од реонот. Се знаеше секое семејство колку има потреба од масло и прашак, според бројот на членовите. Нереди и мешаници имаше за млеко. Се туркаа, се тепаа… – кажува Јованоски за неверојатни ситуации, гледани од денешен агол.

Маслото било едно од највредните. Се барало секој ден, се чекало со нетрпение да дојде камионот да растовари. Штом дојде, се крева кој колку стигне. Или кој колку има пари. Некој шише-две, друг пет, трет и цел картон ,,дијамант,, и ,,кристал,,.

-Една зеде цел картон за себе и за од ќерка и семејството. Метеж честопати со по двајца вработени во смена. Муштериите сами го знаеја редот, живее во блиските згради и куќите – ги враќа ворасниот продавач спомените.

Целиот текст прочитајте го на ЗЕНИТ

Мицкоски го даде предлогот за министер за внатрешни работи: Се работи за личност со маркантна биографија, школуван во САД

Драган Ковачки дознаваме дека е решението кое го предлага Мицкоски за прв човек во Министерството за внатрешни работи. Ново лице во политиката што преставува своевидно изненадување.

Се работи за човек професионалец од сферата на безбедносните политики.

Тој доаѓа од АРМ и е со чин полковник, а претходно има поминато низ сите скалила. Учесник во повеќе мировни мисии на НАТО силите и е одликуван со ордени и заслуги за државата.

Има завршено повеќе високи школи и обуки во Сад и Европа. Има завршено на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија во Р. Хрватска и Воена Академија во Р. Македонија.

Има успешно завршено обуки во Велика Британија за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање и анализа, како и обуки за борба против тероризмот. Бил дел и од обуките на НАТО алијансата па има успешно завршено обуки за команданти на НАТО, НАТО обука во Германија, НАТО обука за офицери во Шведска, и повеќе други во Турција, Бугарија и други земји.

Има поминато низ повеќе скалила во АРМ, како што се специјалните сили и другите сектори. Бил командант на 1. механизирана пешадиска бригада , началник на секција за операции и борбена готовност во 1. механизирна пешадиска бригада, раководител на Сектор-Служба за воена безбедност и разузнавање во МО, началник на одделение за контраразузнавање во воената служба за безбедност и разузнавање, офицер за разузнавање и вршител на должност началник на секција за безбедност и разузнавање во полкот за специјални операции, офицер за специјални операции и за разузнавање во мисија Слобода за Ирак-1, Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.

Одликуван е со признанија за својата работа како што се: Плакета на АРМ за учество во мисија „Слобода за Ирак-1“ , Пофалница за остварени резултати во процесот на борбена обука и воспитување, медал на командно-штабната школа во Р. Хрватска. Родител е на две деца, и е од Скопје.

(Ексклузивно) Како Македонците во Егејот прославија Божиќ: Да ви се наполни душата!

Македонците од Егејска Македонија се препознатливи по своите прослави за време на празниците. На нивните веселби изобилува македонска песна, се вијат ора и се пее во еден глас.

Еве како изгледаше македонската прослава во Пазар за Божиќ:

Повисоки даноци за увоз на поволни автомобили: Eве колку ќе се плаќа


Според податоците од Царинската Управа за првите 11 месеци од 2019 година биле увезени вкупно 38.839 патнично возило, од што дури 33.267 половни и само 5.572 нови возила. Проценката е дека годинава ќе имаме продажба која ќе се движи околу 42.000 патнички возила.

Овие вознемирувачки податоци беа причина повеќе владата „во последен момент“ да преземе мерки против слењето на европскиот „крш“ на патиштата во Македонија.

Ќе се воведе нови начин на оданочување на возилата што се увезуваат. Од први јануари, за возила до 10.000 евра вредност, износот на данок ќе се пресметува само според емисијата на ЦО2. Разликата во еколошката категорија на возилата ќе се отслика во висината на данокот и кога станува збор за возила со дизел и бензински мотори.
Возило со иста вредност и иста емисија на ЦО2, ако е со бензински мотор ќе плати помал данок. На пример, за сите возила со вредност до 10.000 евра и емисија на ЦО2 од 130 грама на километар, ако се со бензински мотор данокот ќе изнесува 6.500 денари а ако моторот е дизел – двојно повеќе.

За обнова на речиси 20 години стариот возен парк во државата ќе требаат децении.

Извор: “Експрес.мк”

ПРЕКРАСНО! После ЕБР прославија и Волците: “Ако некој рече Македонија е мала, има уште два три дела за да биде цела” (Видео)

После новогодишната прослава на припадниците на ЕБР, на Фејсбук страната “Поддршка за Македонската полиција” се појави и видео од новогодишната прослава на Волците.

“Ако некој рече Македонија е мала, има уште два три дела за да биде цела”, пееја Волците во еден глас.

Погледнете: