дома блог страница 2872

Човек kpaде од црковната каса во храмот „Св.Никола“ во Крушево

Навистина е неразбирливо зошто човек би имал потреба да kpaде од црква, џамија, синагога кога на овие места е повеќе од веројатно дека ако побарал ќе му било дадено. Сепак, ние не сме тука за да судиме за моралните и етички скрупули на човекот кој ја ограби црковната каса во храмот „Св.Никола“ во Крушево, туку да помогнеме човекот да биде пронајден и да ги врати парите

Легендарната серија повторно ќе се гледа: Прле и Тихи нема да бидат “отпишани”

Серијалот “Враќање на отпишаните” ќе биде спасен од пpoпacт.

Пред неколку дена српски Курир објави статија со наслов “Отпишаните веќе нема да ги гледаме”, а веќе од средината на февруари Прле и Тихи ќе ги гледаме во полн сјај, што за порталот потврди Славољуб Гњатовиќ од “Делта Видео”, компанијата која се грижи за каталогот “Авала филм”.

– Не бевме мотивирани само од статијата, туку тоа се случи сосема случајно и денес од Југословенската кинотека ја подигнавме копијата “Враќање на отпишаните”. Ќе ни биде потребен еден месец за да ја средиме. “Отпишаните” ќе се појават веќе во февруари во ново светло- вели Гњатовиќ.

До оштетувањето дошло поради лошото чување.

Ги исфрлил овие 5 намирници и ослабел 15 килограми за два месеци

Овој човек долго време се борел со вишок килограми, ништо не му помогнало, па решил да се потруди уште повеќе, а резултатите биле фантастични. Нему му помогна ова, а можеби нема да им помогне на сите, но вреди да се проба.

„Тежина во јануари, 101,6 кг. Висок сум 1,85м. Тоа веќе не можеше да се издржи. Веќе на почетокот на март,бројот на килограми на вагата беше 90, што значи дека за месец и половина изгубив 11,6 кг. Во текот на следните петнаесет дена изгубив уште 4 килограми и мојата моментална тежина е 86 килограми. Тука нема многу филозофија. Сè што е препорачливо да се исфрли, го исфрлив.

Со ред:

1. Леб и пецива од бело брашно, во што ги вбројувам и разните кроасани, пити и други врвови од овој вид.

2. Исфрлен е шеќерот – чоколади, бисквити, намази. Само понекогаш си дозволувам две црни чоколади.

3. Нема повеќе газирани сокови, како на пример кака кола која ја обожавав, фанат, но и генерално сокови. Тоа беше исфрлено целосно.

4. Целосно од исхрана ги исфрлив месните производи од типот на чајна колбаси, шунка и другото.

5. Исфрлено е пивото и алкохолот генерално. Колку помалку алкохол, толку подобро.

Основниот постулат на ова мое намалување на исхраната е – јади таман толку за да не се прејадуваш. Значи, без обилни порции и повеќе пати на ден. Наместо чипови или смокви, слободно себе приуштете си шака лешници или два три бадеми. Не избегнувајте да јадете месо, само задолжително комбинирајте го со салата наместо пецива, ориз или компири. Скара секако дека може, но избегнете да јадете две лепињи со една порција кебапи. Препорака – бело месо на скара и многу салата. Овошјето може, но повторно да внимавате на вечерните оброци – најдобро е да јадете јаболко, да избегнувате овошја кои имаат многу шеќер – агруми, јагоди, круши …

Обавезно два три литри вода дневно.

И тоа е тоа … “

(Фото) Коала запре велосипедисти и “им побара” вода: Емотивна средба која го расплака светот!

Коала која ги преживеала пожapите во Авртралија, запре велосипедисти кои возеа кон југот на земјата и им побара вода.

Според зборовите на велосипедистите, коалата се движела на средина од патот, поради што тие застанале за да ја трнат од патот, а потоа и понудиле да пие од нивните шишиња, пренесува британски Метро.

“Јас стоев, а таа идеше директно кон мене и се качи на велосипедот кога и дадов да пие вода. Не можевме да веруваме што гледаме”, вели еден од велосипедистите.

(Фото) Како божиќен подарок им ги платил сметките за струја на 36 семејства

Кога Мајкл Есмонд ја добил сметката за струја овој месец, тој добил идеја да им „подари посреќен Божиќ со помалку стрес“ на своите соседи.

Есмонд контактирал со градот Галф Бриз, каде што живее, за да праша како да им помогне на сите што доцнеле со плаќање за електрична енергија.

Животот без нешто неопходно му е многу познат на Мајкл. Во осумдесеттите години му било многу тешко.

За време на Божиќ 1983 година, Есмонд и неговите три ќерки морале да го поминат Божиќ без греење и струја затоа што не можеле да си дозволат да ги платат сметките, а таа година била особено студена.

Кога оваа година видел дека сметките треба да ги плати 26-ти, сфатил дека многу луѓе ќе немаат струја за Божиќ, ако не успеат да платат, па решил да дејствува.

Есмонд вели дека цело време размислувал за Божиќ и зимата без греење во 1983 година. Така, Есмонд потрошил 4.600 долари за да им помогне на 36 семејства овој Божиќ.

Тој вели: „Добив позитивни коментари на Фејсбук и мојот деловен мобилен телефон. Луѓето ми испратија пораки и ми се заблагодарија за тоа што го направив “.

„Почнав да плачам. Навистина да плачам. За некој како него, за ветеран, да дојде и да направи нешто толку посебно. Беше навистина прекрасно “, рече Џоан Оливер, која го надгледува плаќањето на сметките за електрична енергија и вода.

Наместо да добијат предупредување дека нивната електрична енергија ќе биде исклучена, на семејствата им била дадена разгледница со следниот текст: „Чест ни е да ви кажеме дека вашата сметка за струја е платена од Gulf Breeze Pools & Spas“. Може да се опуштите, знаејќи дека имате една сметка помалку која треба да ја платите. Ви ги честитаме на вас и на вашето семејство претстојните празници“.

(Видео) Погледнете ја бopбата на македонскиот титан Даниел Стефановски во Германија

Даниел Стефановски или попознат како “Македонскиот воин” на 14-ти декември повторно високо го крена македонското знаме по триумфот над Марко Барс.

Даниел стана новиот CWS шампион во категорија до 82 килограми.

Изгубил богатство од 29 милиони долари, па се преселил на пуст остров: Живот како Робинсон Крусо во 21 век (ВИДЕО)

Некогашниот милионер Дејвид Глашин имал богатство вредно 29 милиони долари, идеален брак и сè што ќе посака. По работниот неуспех напуштил сè и веќе 20 години ужива на пуст остров само во друштво на своето куче.

Глашин имал компанија за ископување злато во Нова Гвинеја. Работел за време на најголемите светски бизнисмени и компании, но потоа по неуспехот на берзата во 1987-та година, изгубил поголем дел од своето богатство.

-Сакам да умрам тука. Ова е мојот рај на Земјата. Кога дојдов на островот бев отруен од желбата за пари. Парите ги трујат луѓето. Поради нив ми се распадна бракот“ – објаснил Дејвид во документарецот за неговата сопруга.

Поранешниот милионер истакнува дека понекогаш му недостасува разговор со луѓето и би сакал некој да го посети. Ја сака природата која го опкружува, но додава дека може да се случи дека доколку се најде во неволја на островот нема кој да му помогне и така да го изгуби својот живот.

Тој само еднаш годишно го напушта островот за да си обезбеди намирници за него, а сегаа австралиските власти сакаат да го иселат од островот.

Инаку, Дејвид има син (21) и ќерка кои никогаш не го посетила островот. Исто така, доживеал трагедија кога неговата втора ќерка се самоубила пред 6. години.

Извор: “Република.мк”

Нова цена на горивата пред Нова Година

Регулаторната Комисија за енергетика и овој понеделник како и секој понеделник во неделата, ќе одлучи и ќе ги соопшти новите цени на горивата.

Според последната одлука, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/лит и со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 1,00 ден/лит, и со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/литaр.

Цените кои РКЕ ќе ги соопшти утре, стапуваат на сила од вторник, пред стартот на Новата Година.

Прекрасно! Волино во ново руво: Наместо новогодишни украси, знамиња со сонцето од Кутлеш (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од село Волино, каде наместо со новогодишни украси се украсува со знамиња со сонцето од Кутлеш.

Волино во ново руво, погледнете:

Здружение Прилепски бранители: Стоиме зад предлогот Ковачки да биде нов министер за внатрешни работи

Бранителите стојат зад Драган Ковачки за нов министер за внатрешни работи, велат од Здружението Прилепски бранители.

-Како Здружение на бранители стоиме зад предлогот Драган Ковачки да биде нов министер за внатрешни работи. Како наш соборец од 2001та година, секогаш ќе стоиме зад човек кој е спремен да и служи на Македонија. Целосно се спротивставуваме на отпорот и критиките кон неговото име. Патриот и служи на татковината секогаш и секаде и во сите околности. Очигледно неговата безстрашност предизвикува страв за криминалците, неговиот патриотизам предизвикува неспокој кон оние кои газат врз бранителите и нашата Македонија, потеницираат од Здружанието и додаваат:

„Ковачки предизвикува отпор, кај оние кои виткаат кичма, и се плашат од човек кој не се пазари со светата Македонска земја. Човек кој го веел и со гордост носел Македонското знаме во НАТО, Авганистан и Ирак, кој ја бранел нашата татковина заслужува денес да ја брани од криминалот, корупцијата и од виткањето кичма“.