дома блог страница 2871

Oва е најиделниот ден за свадба во Новата 2020 година: Еве како типуваат астролозите

Само еден одреден датум во годината што доаѓа ќе биде идеален за стапување во брак, а оние што ќе влезат во брачните води токму тогаш, ќе ги следи среќа во текот на целиот живот.

Идеалниот ден за свадба ќе биде 20.02.2020.

Според астролозите, најдобриот ден за венчавка во следната година е 20 февруари затоа што тогаш Сатурн, Јупитер, Плутон, Марс и Месечината, клучните планети и небесни тела за „посветеност, емоционална стабилност и реализација на светите завети“, ќе бидат поставени во ист астролошки знак.

Оваа се нема случено од 1960-тите години.

Целата 2020 е особено поволна за стапување во врска или брак, сметаат астролозите, но оваа ќе биде и година на напредок во сите аспекти.

Инаку, 2020 година е престапна година, што значи дека на жените им е „дозволено“ да ги запросат мажите. Според вековната традиција во многу европски земји, има еден ден во годината кога е особено препорачливо жената да го запроси мажот, а тоа е 29 февруари, односно, секоја престапна година.

Дури 6 продолжени викенди идната година: Еве на кои датуми ќе имаме подолг одмор

Во 2020 година македонските граѓани ќе имаат шест продолжени викенди. Од вкупно 10 неработни денови за сите граѓани, шест се поврзуваат со викендот, за разлика од минатата година, кога имаше седум продолжени празнични викенди за сите граѓани.

Првиот продолжен викенд за сите граѓани ќе биде за време на христијанскиот празник Велигден, кој в година како неработен е на 20 април, понеделник.

Сепак, граѓаните од православна вероисповед, првиот продолжен викенд ќе го имаат за време на Божик бидејќи за нив, освен 7 jануари (вторник), неработен е и 6 jануари (понеделник).

Продолжен викенд ќе има за 1 Мај, Денот на трудот, кој е в недела, поради што се префрла в понеделник, така што граѓаните ќе одмораат уште еден продолжен викенд.

Неработниот ден за 24 Мај – Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, е в петок, a истиот ден е неработен и поради празникот Рамазан бајрам.

Продолжен викенд има и за Денот на Републиката – 2 Август, кој е в недела, поради што неработниот ден се префрла в понеделник.

Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се врзува со викенд, бидејќи исто така е в недела и се префрла в понеделник. Продолжен викенд ќе има и за 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е в петок.

За сите граѓани неработни денови се и 1 јануари (среда), Денот на независноста – 8 Септември (вторник) и 8 Декември – Свети Климент Охридски (вторник).

За граѓаните од православна вероисповед неработни се и Бадник, 6 јануари, ден пред Божик, 19 јануари – Богојавление (недела), 17 април Велипеток, пред празникот Велигден, и 5 јуни (петок) за Духовден. Неработен ден за нив е и 28 август (петок), Успение на пресвета Богородица.

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември – недела, Празникот на сите светци, како и 25 декември (петок) – првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен е и 31 јули (петок) – Курбан бајрам.

Гopивата повторно пocкапуваат: Ова се новите цени

Гopивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,28 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден денар по литар и ќе изнесува 68,5 денари. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за половина денар по литар и сега ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 70,5 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 63, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,904 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 38,243 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат
зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 1,68 отсто и за околу 1,01 отсто кај дизелот, како и за 0,44 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Алфа ексклузивно објави: Ова се предлозите за технички министри од ВМРО-ДПМНЕ

Ги дознаваме предлозите кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави во техничката Влада.

За нов технички министер за труд и социјална политика ќе биде предложена д-р Рашела Мизрахи.

Рашела поседува импозантна биографија и докторска титула стекната во Универзитетот Бар Илан во Израел, каде станува доктор на науки по биохемија.

Таа била и првенец на генерација при Универзитетот СВ Кирил и Методиј Скопје.

Има остварено научно истражувачки дејности од повеќе области на Универзитети во Израел, Канада и Македонија, како што се: биохемија и молекуларна биологија на репродуктивни клетки, на катедра на проф. Хаим Браитбарт, Универзитет Бар Илан, Израел. Менаџмент на генетскиот потенцијал во Онтарио, Канада. Работела на институтот за истражување во кардиологија – Нјуфелд, Медицински Центар – Шива, Израел, како и на Физиологија на репродукција, лабораторија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и повеќе други обуки.

Рашела Мизрахи работела како консултант на Глобален Фонд во рамки на програмата за Туберкулоза во Р.Македонија, на мониторинг на лабораторија во Израел, била и Асистент на катедрата за Физиологија при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје. Рашела живее во Скопје и е мајка на едно дете.

За нов заменик министер за финансии ќе биде предложена Гордана Димитриеска Кочоска, која е Магистер по економски науки на Универзитетот Св Кирил и Методиј.

Поседува импресивна работна биографија од сферата на економското работење како и искуство од банкарскиот сектор. Моментално работи во приватна компанија како финансиски консултант во областа на контролинг и финансии. Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога со оваа компанија управуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Гордана Димитриеска Кочоска поседува обуки, наобразби и меѓународни сертификати од повеќе области како што е анализа на финансиски извештаи, сметководствена аналитика, менаџирање , контрола и управување, завршила и Академија за контрола, во Менаџмент центар Белград, а лиценцирана од CA Akademie AG. Таа е сопруга и мајка на две деца.

За нов заменик министер за земјоделие ќе биде предложен Цветан Трипуновски кој е со огромно искуство од овој сектор.

Тој работеше во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како државен советник, а претходно од 2015та до 2017та година беше директор на Државниот земјоделски инспекторат. Во периодот од 2006та до 2008та година е прв човек на државната фитосанитарна лабораторија.

Од 2008та година до 2012та година беше и пратеник во Собранието на РМ, а моментално е и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

По струка е дипломиран земјоделски инжињер, а моментално е и пост дипломец на Земјоделскиот Институт во Скопје. Оженет е и татко на две деца.

За нов заменик министер за информатичко општество и администрација ќе биде актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска Стојковски. Таа е магистер по Европско право и право на Европска Унија.

Претходно работела во секретаријатот за европски прашања и во Агенцијата за странски инвестиции каде што била координатор на економските промотори, и работела на привлекување странски инвестиции.

Има знаење и пракса од повеќе меѓународни обуки како што е работа на прашања поврзани со ООН, организирана од секторот за мултилатерала на МНР. Била ангажирана на националната програма за усвојување на правото на ЕУ, координација на ЕУ фондови и други обуки.

Сопруга и мајка на едно дете.

Хороскоп за 2020 година: Прочитајте што ве очекува во Новата година

Секоја нова година претставува нов животен циклус. Според кинеската астрологија, во 2020-та година ќе владее Стаорецот, знакот којшто е симбол на трудољубивоста, амбициозноста и брзината. Астролозите истакнуваат дека новата година ќе донесе долгоочекувани и убави промени во животот на сите хороскопски знаци. Пронајдете го сопствениот хороскопски знак и на само неколку месеци пред завршетокот на оваа година дознајте што ве очекува во новата.

Овен – Време е за нови победи!

Во 2019-та година бевте многу вредни. Сега ви се чини дека не постигнавте ништо значајно, но 2020-та година дефинитивно ќе биде ваша година на среќа и просперитет. Пред вас е сè најубаво! Стаорецот кој ќе владее во 2020-та ги бодри оние кои се потпираат само на себе и не се сомневаат во својот успех. Успехот нема да ви падне од небо туку вие имате апсолутна заслуга за сè што ќе добиете. Ве очекуваат нови победи и ќе имате голем поттик за остварување на амбициите.

Бик – Остварување на најубавиот сон!

Вие тежнеете кон реалноста и затоа никогаш не правите нереални планови. Меѓутоа во 2020-та година ќе ви се промени погледот на животот и ќе поверувате дека соништата навистина се исполнуваат. Елементот Земја ќе управува со 2020-тата година, а тоа значи дека Бикот како земјен знак ќе има шанса за развој на кариерата и остварување финансиска благосостојба. Ова е совршен период да ризикувате и да ја прифатите примамливата работна понуда. Во 2020-та година дефинитивно ве очекува големо самоостварување.

Близнаци – Чувствувајте животна радост!

Секоја промена ја дочекувате со отворено срце и доза оптимизам, и затоа за вас секоја година носи нешто позитивно. 2020-та година нема да биде посебно необична за Близнаците. Иако ќе биде тежок период, вие ќе пронајдете начин да го исполните вашиот живот со авантура и радост. Ве очекуваат нови откритија, патувања и убави познанства.

Рак – Враќање на убавото минато!

Успехот во 2020-та година ги очекува оние Ракови што се подготвени да работат на себе и храбро да тргнат кон зацртаната цел. За вас наредната година ќе биде идеална за обновување стари врски или враќање на оние што сте ги изгубиле во минатото. Ова ќе биде совршен период за помирување со членовите од семејството, враќање во стариот дом или спроведување на незавршени планови од минатото. Свртете се и мислете на работите што ви недостигаат најмногу. Потрудете се да ги вратите!

Лав – Никогаш немојте да се откажете!

Ве очекува тешка, но исклучително важна година. Тоа ќе биде период кога треба да ја покажете вашата упорност и креативните потенцијали. Во 2020-та година научете нешто ново, пробајте се во нова професија или променете го кругот на пријатели. Ве очекува непредвидлив период на големи промени, а многу ќе го променат и местото на живеење, дури и земјата на живеење. Нема потреба за страв бидејќи секоја промена ќе биде почеток на позитивни случувања во вашиот живот.

Девица – Време е за семејни радости!

Долго чекавте вашиот живот да ве награди за вашиот труд. Се радувате бидејќи новата година ќе биде извор на среќа за секоја Девица, особено кога е во прашање приватниот живот. Во претходните години постојано се обидувавте да воспоставите добар однос со саканата личност, да бидете добар родител или да го решите станбеното прашање. 2020-та година ви носи вистинска семејна хармонија. Ве очекува среќа, особено ако планирате венчавка, создавање семејство или стекнување семеен дом.

Вага – Време е да ја почувствувате хармонијата!

Во последните години вашиот живот беше една рутина составена од работа, секојдневни грижи и целосен недостаток на романтика и уживање. Конечно, 2020-та година ќе ви донесе преубави промени! Подгответе се за целосна промена на вашиот живот во кој ќе уживате. Конечно ќе можете да се опуштите, да почувствувате мир, да уживате во секој ден и да почувствувате вистинска хармонија која ќе ви ја обезбеди саканата личност.

Скорпија – Сè се менува на подобро!

Дали животот не ви е повеќе интересен како што некогаш ви бил? Другите ве нервираат, а работата ви е постојано напорна? Со доаѓањето на 2020-та, сè ќе се промени! Следната година е најдобро време за драстично да го промените животот. Не обрнувајте внимание на попатните проблеми – тие ќе бидат ситница во однос на добивките што ќе следуваат. Секогаш сте оделе против правилата, затоа слободно продолжете да ги рушите стереотипите. Годината пред вас ќе биде период на „чист воздух“ и предизвици во кои апсолутно ќе уживате.

Стрелец – Судбинска средба е пред вас!

Додека другите ќе чекаат да им дојде среќата и ќе одмараат од работа, вие ќе уживате! Но, свесни сте дека за вистинска хармонија се потребни уште неколку ситници. Во 2020-та година ќе го пронајдете она што ви недостига! Пред вас е судбинска средба која ќе донесе нешто што го чекавте долго, можеби дури и целиот живот. Сè ќе се промени драстично, но во ваша корист и среќа. Поради таа средба најверојатно ќе донесете и одлука за преселување на некое подинамично место.

Јарец – Пронајдете време за себе!

Толку години се грижите за другите, трошите време и енергија за вашите сакани да не мора ништо да работат, што целосно заборавивте на себе. Годината пред вас ќе ви донесе прилика конечно да обрнете внимание на своите потреби. За што сонувате? Што ве прави среќни? Во 2020-та година ќе имате многу шанси за да го остварите секој ваш сон. Размислете која е вашата голема желба и веќе од 1-ви јануари направете го првиот чекор кон нејзино остварување!

Водолија – Концентрирајте се на она што е најважно!

Наредната година за вас ќе биде тешка и нервозна. Нема да има многу пари, ниту возбудливи случувања. Сепак, ќе имате прилика да постигнете цел кон која сте биле насочени повеќе од една година. Овој период ќе биде добар на секој начин за таа цел, но мора да се сконцентрирате на она што е најважно. Бидете храбри, победете го стравот и бидете слободни. Останете свои и на крајот сè ќе дојде на свое место!

Риби – Останете позитивни!

За вас наредната година ќе биде сè, само не досадна! Ќе ги ослободите вашите внатрешни потенцијали, а до израз ќе дојдат и вашите желби и долгогодишни тежнеења. Во идната година сигурно ќе најдете ново и интересно хоби или ќе му се вратите на старото за кое порано немавте време. Во вашиот живот ќе се појави и една личност со изразена спортска градба и на некој начин ќе ви го промени животот, на подобро, секако. Ќе ви помогне да сфатите како да уживате во животот. За вас е најважно да бидете позитивни и без страв да ѝ погледнете на иднината во очи.

Извор: Курир

Светскиот шампион во кик бокс во посета на Прилеп: Сите мои успеси ги препишувам на Република Македонија (ФОТО)

13-годишниот Виктор Димовски, родум од Велес, а сега живее во Keлн, Германија. Пред само две години започнал да тренира кик бокс, а неодамна стана четирикратен светски првак на Светското првенство кое се одржа во Дизелдорф.

Витктор ги освои сите четири први места во категориите во кои настапуваше и не направи сите горди. Своите победи ги слави со државното знаме на Македонија, како и со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш. Иако државата нема ништо направено за него, тој настапува исклучиво под црвено-жолтите македонски бои.

Иако се бори во Германија, сите негови спортски успеси ги припишува на Република Македонија. Младото момче со своите успеси го привлече вниманието на речиси сите медиуми во државава, а во пресрет на новогодишните празници, Виктор е во посета на Македонија.

Вчера, на наше огромно задоволство, Виктор беше и во Прилеп, каде ги презентираше спортските одликувања кои ги доби годинава.

Во Гермнија стигнал преку неговиот татко кој патот да обезбеди подобра иднина за своето семејство го пронашол во оваа земја, а со него го зел и семејството. Првиот спорт на Виктор е каратето (шото кан техника), која ја тренирал 6 години, а со доаѓањето во Германија се вљубил во кик боксот.

На Светското првенство во Дизелдорф стигна до шампионските трофеи во категориите лаиш контакт и семи контакт до 47 и на сопствен ризик до 53 килограми. Виктор учествува во федерациите WKU WFMC MAA и плус тренира МАУ-ТАИ ММА и UFC.

Вкупно во рок од неполна една година имам освоено: еден појас, осум пехари, осум медали и 17 сертификати, и секако четирите успеси во четири различни категории на Светското првенство во Дизелдорф.

Најпрекрасното нешто во 2019 година: Традиционалната венчавка на Никола и Рената во мијачки носии во Бигорскиот манастир (Фото галерија)

Во последните часови од годината која изминува се потсетуваме на најоригиналните потези, успеси и достигнувања кои ја одбележаа 2019 година. Еден таков потег кој кога пишувавме буквално не остави без зборови, е традиционалната венчавка на Никола и Рената во мијачки носии во Бигорскиот манастир.

Никола од Битола и Рената од Скопје, во месец мај годинава запловија во заеднички брачни води, а заветот за вечна љубов, почит и разбирање, овие млади луѓе го дадоа во Бигорскиот манастир облечени во мијачка носија. Една несекојдневна венчавка која зрачи со посебна убавина, со македонски печат, нешто кое се ужива да се гледа и што е вистински вечен спомен.

“Приказната започнува пред две години во ресторанот „Куќата на Мијаците“. Таму каде што се запознавме со Рената, таму и се одржа свадбата.На првата годишнина од врската ја запросив на врвот Голем Крчин на 2341мнв, тоа е врвот кој што се гледа од дворот на Бигорскиот манастир. Со благослов на Отец Партениј, нашиот духовен татко, ние решивме да направиме венчавка која што ќе биде најблиску до традиционалната. Така и се случи, облечени во мијачки традиционални носии типични за тој крај направивме традиционална Македонска венчавка во Бигорскиот Манастир „Свети Јован Крстител“ и светска/модерна свадба во ресторанот „Куќата на Мијаците“– ни раскажа битолчанецот Никола Грнчаров.

“Се одлучивме за мијачката носија затоа што таа е типична за регионот во кој се наоѓа Бигорскиот Манастир, а кумот беше облечен во Брсјачка носија, типична за Прилеско-Битолско поле. Убаво би било сите ние барем мал дел да сочуваме од традицијата, за да не се заборави”, додава Никола.

На нашето прашање како реагирале нивните најблиски, роднини и пријатели, Никола вели: “Не сите знаеа каков ќе биде концептот и среќата што бликаше од нивните лица им беше неизмерна”.

За блескавите фотографии кои гушкаат срце и душа, се погрижија од “ЗАГА ПРОДУКЦИЈА”. Сите нивни ремек дела можете да ги погледнете на следниот линк: http://zagaproduction.com/

Целата фото галерија погледнете ја ТУКА

Новогодишен коктел на РК Филип Вардар: Младите ракометари порачаа “Биди со најдобрите” (ФОТО)

Ракометниот клуб Филип-Вардар го одржа својот новогодишен коктел и со желби за уште поголеми успеси, младите ракометари и ракометарки влегуваат во новата 2020 година.

РК Филип – Вардар е најголема ракометна школа во Прилеп, каде постојано се вложува во талентот на младите и постојано се работи на унапредување на нивните знаења и вештини.

Во 2017 година клубот стана шампион во машка и во женска категорија во генерацијата 2000/01.

Пораката до сите млади и на крајот од оваа година е следна: “Биди со најдобрите, тренирај кај најдобрите”.

Баерн Минхен со порака за македонските навивачи

На официјалната Фејсбук страница на клубот Баерн Минхен осамна порака до македонските навивачи.

На фотографија со македонското знаме некој им помогнал да напишат „благодарам“ на македонски јазик.

Потоа во коментари прашаа: Дали го спелувавме добро, мислејќи за зборот со кој ни се заблагодаруваат.

Клубот има голем број на фанови во Македонија кои сигурно се изненадени од оваа честитка.

Најстудено утринава во Маврово, еве каде има најмногу снег

Утрово во земјава најстудено било во Маврово каде се измерени -10 Маврово и Крушево – 8 степени, а најтопло во Гевгелија и Дојран, каде е измерен 1 степен целзиусов.

Највисока снежна покривка е измерена во Маврови Анови – 23 сантиметри, во Попова Шапка 9 сантиметри, 3 во Лазарополе и 1 сантиметар во Ѓуриште.

Утово во земјава времето е облачно и студено. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа повремено силен северен ветер со брзина и над 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне обланоста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 2 степенa.