дома блог страница 2870

Новогодишно обpaќање на Мицкоски: Веpyвам во идeaлот на oбнoвaтa (Видео)

-Пред Новата година се потсетуваме на минатото. Моја голема желба отсекогаш беше да можам да направам нешто за мојата земја, за мојот народ да е весел и радосен. Затоа што среќата на луѓето е најважна. Она што денес го гледаме е далеку од моите, и од вашите желби. Се повеќе тага на лицата, се помалку насмевки. Среќата ја совладуваат неправди, сеприсутната корупција ја разградува радоста, има црнила на секој чекор, измамите владеат. Животот стана руина, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во новогодишното обраќање.

Новата година е и инспирација. Момент на топлина, визија, позитивен амбиент и голем елан. За желбите да станат стварност треба да се бориме, но и да веруваме. Јас ќе се борам до крај, бидејќи верувам во идеалот на обновата.

Верувам дека вие и вашите деца треба да се среќни, да имате добар стандард, стабилност, напредок, правдата да царува, а државата да се грижи за вас. Тоа е обновата. Тоа го посакувам. И тоа ќе го остварам, заедно со вас и пред се за вас, за мојот народ.

Годината што следи ќе донесе промени на подобро, следува економски бум, неправдите ќе бидат поразени, а Европа ќе влезе во Македонија во вистинска смисла на зборот. Принципите ќе важат за сите.

Следува победа на идеалот за обновата!

Со добри мисли и уште подобри намери, како еден од вас, ништо повеќе и ништо помалку од тоа, како човек, како ваш пријател, сосед, колега, познаник, сонародник, сограѓанин, ве повикувам да уживате во новата година и успесите кои сите заедно ќе ги оствариме и донесеме.

А пред се ви посакувам топол дом, многу убави мисли и прегратки, уште повеќе здравје, бериќет и љубов за секој еден од вас.

Нека е среќна, весела и радосна новата 2020 година.

CУEBEPИJA ПОВP3AHИ СО НОВАТА ГОДИНА: На 31 и 1 јануари не позajмyвajте пapи

Новата година претставува почеток на еден убав, продуктивен и многу среќен период во кој треба да дојде до остварување на многу желби.

Долгата традиција за прослава на Новата година доведе до многу суеверија кои и денес владејат во нашето општество. Повеќе верувања се поврзани за работи кои никако не смееме да ги направиме ако сакаме нашите планови и желби навистина да се остварат во идната година.

Едно од важните верувања се однесува на емотивните односи со блиските луѓе. Имено, никако не смеете да заборавите да им честитата на вашите блиски Нова година, бидејќи така ќе се оддалечите од нив во идната година.

Финансиската сигурност е една од работите за кои се стреми секој од нас, па постои цврсто верување дека на 31 декември и на 1 јануари не треба да се позајмуваат пари, бидејќи таков почеток на новата година претскажуваат нови 12 месеци со материјални проблеми.

Не изнесувајте ништо од дома на 1 јануари! Ова верување важи апсолутно за сè, се верува дека на овој ден дури не смеете да го изнесете ни сметот од дома. Меѓутоа, колку и да звучи ригидно, ова правило е флексибилно. Некои луѓе сметаат дека е во ред да се изнесуваат предмети на 1 јануари, ако претходно нешто се внесе во домот.

Има и такви кои пак сметаат дека не е добро дури и да се чистат теписите тој ден.

Покрај сексистичкиот призвук, едно од старите верувања вели дека првото лице кое ќе влезе во домот по полноќ не треба да биде жена, бидејќи порано се сметало дека жените донесуваат несреќа. Исто така, порано се сметало дека првото лице кое ќе влезе во домот не треба да биде некој кој има руса или црвена коса.

Секако, ова не значи дека не треба да примате русокоси или црвенокоси роднини, добра пријателка или партнер, кои ќе ви дојдат на забава по полноќ.

За многу лош знак се смета и на првиот ден во новата година никако не треба да се јаде пилешко или мисиркино месо. Причина за тоа е што птиците порано се сметале за нечисти. Со оглед на тоа, се верува дека нечистотијата која така ќе ја внесете во домот, никако нема да ја исчистите во тек на цела година.

Иако владее верување дека треба да се направи по некоја ситница во врска со работата, треба да се биде умерен.

Суеверието вели дека не е добро претерано да се работи на 1 јануари. Големото ангажирање, посебно почнувањето на нови активности на овој ден значи дека тоа нема да биде просперитетно, туку напротив, ќе биде осудено на неуспех.

Во нашето општество владее верување дека на некој црковен празник никогаш не треба да се занимавате со домашни работи. Истото верување важи и за Новата Година, но луѓето веруваат дека на овој ден дури не треба ни да се мијат чинии.

Потрудете се да бидете во добро расположение, бидејќи постои верување дека тие емоции што ќе ги имате на 1 јануари, ќе ве следат во текот на цела година.

Старите Срби верувале дека дури и ветерот може да биде добар показател каква ќе биде претстојната година. Па така, ако нема ветер или дува од југ, тоа значи дека следната година ќе биде добра и плодна. Од друга страна, ако ветерот дува од исток, годината ќе донесе немаштија и неволји.

Прекy ден coнчево, а еве какво вpeме не oчекyва вечep за новогодишната ноќ

Во земјава утрото беше ведро и студено, преку денот ќе биде претежно сончево. Кон крајот на денот ќе има појава на мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

За време на новогодишната ноќ ќе преовладува малку до умерено облачно време со слаб до умерен, а во втората половина од ноќта на места засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до 10 степени, а дневната температура од три до осум степени.

Во Скопје ведро и студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до минус шест степени, а дневната температура до три степени.

Во наредните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од северен правец.

ВИСТИНСКИ ГУРМАНИ, НО И ВЕРНИ НА ТРАДИЦИЈАТА: Ова е омилената храна на Македонците

Леб, јајца, ориз, пилешко месо, макарони, компири, пиперки, домати, сирење, биле најчестите продукти на трпезата на македонските граѓани во изминатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, граѓаните се големи консументи и на цигари, едно домаќинство годишно просечно троши 136 кутии.

Статистиката вели дека едно домаќинство просечно троши 257,4 килограми леб, 675 парчиња јајца, 46,5 килограми пилешко месо, 19,8 килограми макарони, 25,7 килограми ориз, 23,7 килограми сирење, 97,4 килограми компир, пиперки 60,7 килограми.

Се пиеле 23,9 литри млеко и 47,3 литри јогурт.

Од пијалаци граѓаните најмногу консумирале минерална вода 93 литри, безалkoхолни пијалаци 90,6 литри, природни овошни сокови 2,1 литри. Од алkохол најмногу се пиело пиво 36 литри, вино 5,6 литри и природна ракија 1,5 литар.

Кафе едно домаќинство годишно трошело 8,1 килограм, додека какао 0,7 килограми.

Млечно чоколадо во едно семејство просечно се јаде 4,1 килограми, бонбони 1,6 килограм, сладолед 3,2 килограми, мед 2,4 килограми, мармалад 1,9 килограм.

Грав трошат 20,5 килограми, морков 12,8 килограми, спанаќ 7,1 килограми, зелка 34,6 килограми, краставици 27,5 килограми, тиква 3,9 килограми…

Ајвар како традиционално јадење просечно домаќинствата трошат 1,1 килограм.

Од овошје најмногу се јадело лубеница 44,9 килограми, јаболка 41,8 килограм, потоа портокал 30,9 килограми, банани 28,5 килограми, грозје 20,5 килограми, праски 10,8 килограми, сливи шест килограми, круши 2,8, киви 2,1, кајсии еден килограм…

Јогурт просечно во домаќинствата се пиело 47,3 литри, кисело млеко 17,7 литри, млеко тетрапак 101,1 литар и 23,9 литри млеко. Урда се јадело 10,5 килограми, додека кашкавал 12,1 килограми.

Виршли се консумирале 4,7 килограми, салама посебна 6,7 килограми, говедска печеница 0,5 килограми, паштета 3,3 килограми.

Од риба граѓаните најмногу користеле ослиќ 16,7 килограми, свежа пастрмка 1,8 килограм, свеж крап 0,5 и црвеноперка 0,4 килограми.

Пилешко месо се јадело 33,7 килограми, пилешки стек 12,8 килограми, јунешко месо без коски 15,7 килограми, телешко месо со коски 1,8 килограм, телешко месо без коckи 5,4 килограми, свинско со коски се трошело 12,7 килограми, свинско без коски 10,9 килограми, јагнешко 1,7 килограм, јунешки џигер се консумирал 0,7 килограми, пилешки 2,3 килограми.

Браво дечки, прекрасни сте! Студенти од студентскиот дом “Стив Наумов” направија куќарки за кyчиња cкитници (ФОТО)

Студенти од студентскиот дом “Стив Наумов” направија десетина куќарки за кучињата скитници кои живеат во дворот на домот.

Нека ова биде поттик за сите дека големи дела се прават со многу љубов, а не само со многу пари.

“За да бидеш голем, треба да го почитуваш и најмалиот!” е мојата новогодишна порака упатена кон сите вас, дечки кои помогнаа за овие наши другарчиња конечно да си имаат место за одмор, јадење, пиење и спиење. Ова е мотив за уште повеќе луѓе да иницираат општествена одговорност. Годината ја завршуваме со добро дело. Дел од работната атмосфера од изминатите денови. Благодарност до вработените од Стив и до сите студенти кои помогнаа”, напиша Јоана Манојловска на Фејсбук групата од домот “Стив Наумов”.

Рекордерката за 2019 година: Пет пати за една минута успеа да каже “Северна” (ВИДЕО)

Директорката на Aгенцијата за вработување, Билјана Јовановска, е неформалниот победник во неформалниот натпревар кој најмногу пати ќе спомене Република “Северна” Македонија за една минута.

Во остра конкуренција со премиерот Заев и со министерот Димитров, Јовановска, додека Спасовски и Царовска се откажуваат од Северна, го постави рекордот за 2019 година – пишува порталот “Експрес.мк”.

Видеото од рекордот погледнете го ТУКА

Прилепскиот мајстор изработи ново видео, овојпат за македонските фудбалери: Сите очи кон Еуро 2020!

Мартин Пресилски од Прилеп кој е познат по изработката на видеа за нашите спортисти и спортски репрезентации, направи ново видео, а овојпат тоа е наменето за македонската фудбалска репрезентација.

“Тимот на македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на неколку чекори од историскиот успех да учествува на првото Европско првенство во 2020 година. Kaпитенот Горан Пандев и неговите соиграчи се подготвени за последните предизвици од квалификациите”, пишува во описот на видеото, а истото изобилува со многу емоција и енергија.

Погледнете во продолжение:

Повеќе видеа од Пресилски погледнете ТУКА

Игор Џамбазов си ја отвори душата и кажа која била една од најголемите љубови во неговиот живот (ВИДЕО)

Игор Џамбазов наскоро ќе ја промовира својата нова песна ,,Шал” која што е посветена на Тања Кочишки, жената која била неговата најголема љубов и која што пoчиHaлa пред три години.

Шоуменот кој ја крие приватноста, во ,Еден на еден” кај Жаре раскажа за жената која му била голема љубов.

-Има една песна, се вика ,,Шал”. Тоа е песна за една од најголемите љубови во мојот живот, која пред три години го напушти овој свет. Никогаш не сум кажал, се викаше Тања Кочишка, една од најубавите жени што Скопје воопшто ги имало. Таа живееше во зграда на 200 метри од Драмски Театар, а песната се случи во една студена зимска ноќ кога се испраќавме. Во знак на наша иднина си ги разменивме шаловите, јас и дадов жолто шалче што го носев околу вратот, а таа ми даде еден шарен шал, женски. Иако беше женски, јас го носев најмашки на свет! На таа наша прва средба, стиснати на влезот, настана таа песна. Песната има четири строфи кои се повторуваат и нема рефрен, сега ќе биде издадена, рече тој.

Најмоќниот момент во 2019 година: Не постои Македонец кој остана рамнодушен (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар се со сигурност херои на 2019 година. Црвено-црните воини оваа година стигнаа до втората титула во Лигата на шампиони и донесоа радост кај целата нација.

Крајот од годината е вистински момент да се потсетиме на спектаклот кој се случуваше на плоштадот “Македонија” кога над 100.000 луѓе ги пречекаа вардарци.

Погледнете го моментот од прославата кога 100.000 грла во еден глас ја пееја државната химна:

(Видео) Оваа жена ги чувала најмpaчните тајни на Кремљ: Го предвидела pacпадот на СССР, а погледнете што прогнозирала за 2020 година

Јевгенија Давиташвили, позната како Џуна, била најпопуларната пророчица на сите времиња, а во поранешниот Советски Сојуз била сметана за феномен. Позната е како руска исцелителка, спасителка, сликарка, пророк и астролог.

Тврдела дека може да излечи pak, ckpшени кocки и дека може да му го продолжи животот на луѓето над 100 години. Сепак, починала во 2015 година на 65 годишна возраст. Нејзините претскажувања останаа запаметени како детални и целосно точни.

За време на 90-тите, била ректор во Универзитетот за алтернативна медицина во Коломбо, а нејзиниот живот е мистерија за јавноста. Многу веруваат дека работела за тајните служби.

За периодот од 2020 до 2025 година рекла дека светот го очекува глобална kaталклизма, но дека не треба да се плашиме од Трета светска вojна.