“Врвот е освоен! Мојата Македонија! Вечна! Свој на своето! Достоинство! Сакајте го својот народ! Македонија вечна!”, напиша на својот Фејсбук профил, Борко Ристовски кој објави фотографија со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пратеникот Јохан Тарчуловски и членот на Извршниот комитет, Владимир Нелоски.
Без конкуренција! Витаминка е компанија на годината! Општествена одговорност, донации и награди (ФОТО)
Прилепскиот гигант “Витаминка” со право треба да го понесе приматот за најдобра компанија во 2019 година. Зошто е тоа така, па има еден мал милион причини, од општествена одговорност, до постојано подобрување на условите за работа и бенифитите за вработените.
Ќе почнеме од почетокот!
Компанијата во март годинава објави дека за своите вработени воведе дополнителни 3 месеци скратено работно време за родителите што се враќаат од породилно отсуство.
Според оваа новина вработените во Витаминка кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, во следните три месеци по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш) ќе може да работат со скратено работно време (половина од полното работно време), а притоа ќе им се исплаќа целосен личен доход и ќе ги уживаат сите други привилегии како да работеле со полно работно време.
Кон средината на истиот месец Витаминка објави дека за сите вработени жени во компанијата организира бесплатни ехо-прегледи на дојка во своите простории.
“Иницијативата за ваквото организирање на прегледите потекна од управата на компанијата: „Во секојдневното брзање и преокупираност со дневните обврски кон домот, децата и кон професионалниот ангажман, жените многу често себеси и грижата за сопственото здравје ги ставаат во втор план и ги запоставуваат редовните прегледи, кои се и тоа како важни во превенирањето од несакани заболувања. Токму таквиот однос кон сопственото здравје и грижата за секој вработен поединечно, нè поттикна на овој чекор и веруваме дека со истото ќе се охрабрат за поголема грижа и свесност за сопственото здравје“, истакнаа тогаш од компанијата.
Во август месец од Витаминка информираа дека компанијата ќе стипендира студенти на Машински и на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Во ноември во два наврати од Витаминка од прилепскиот гигант уште еднаш ја покажаа општествената одговорност, кога најпрво донираа товарно моторно возило марка Mitsubishi L200, а потоа и противпожарно возило, марка DENNIS, за потребите на Територијалната противпожарна единица Прилеп.
Со посветената работа доаѓаат и награди, па така Петар Стојковски, директорот за продажба за српскиот пазар од Витаминка, беше еден од 40-те најуспешни млади лидери прогласени на годинешната Global Top Brand Awards програма.
Стојковски е издвоен врз основа на неговите успеси во досегашната кариера и постигнатите резултати во зацврстувањето на позицијата на Витаминка и нејзините брендови на српскиот пазар, вклучително и подобрено поставување и позиционирање во ова високо конкурентно и побарувачко опкружување како и за веќе докажаните резултати на меѓународно ниво.
Наградата „40 under 40“ претставува една од најпрестижните и најпопуларните признанија во бизнис светот и секој кој се здобил со вакво признание се очекува да создаде извонредна кариера и да постигне огромни успеси во иднина.
Витаминка доби и Специјална награда за добри примери во областа на безбедност и здравје при работа од Министерството за труд и социјална политика и Националниот совет за безбедност и здравје при работа. Со ова високо признание се истакнуваат и потврдуваат континуираните активности во компанијата насочени кон значењето, улогата и неопходното унапредување на безбедноста и здравјето при работа на своите вработени.
Исто така Витаминка оваа година од Владата доби и признание за општествена одговорност и промоција на семејните вредности, за воведување на скратеното работно време за родителите кои се враќаат од породилно отсуство.
По 14-ти пат 500 деца ќе го пpaзнyваат Xpиcтовото paѓање во Прилеп: Интервју со opганизатopите на овој прекpaceн нacтан (ФОТО)
По четиринаесетти пат во Прилеп се организира манифестацијата “Божиќен ручек”, a организатор е “Детската Амбасада за сите деца во светот”. Овој настан повторно на едно место ќе собере 500 дечиња од целата држава, од различна вероисповед, деца со посебни потреби, деца без родители, деца на загинати бранители, како и истакнати деца- членови на Детската Амбасада. Христовото раѓање и оваа година ќе биде одбележано со богата програма и со искрени, топли, детски насмевки. Со песната “Вечниот Бог” и со одлична кореографија, децата одново ќе предизвикаат воздишки кај сите присутни и на најубав начин ќе го доловат раѓањето на спасителот и неговото пристигнување на земјата.
Разговараме со луѓето од Детската амбасада за тоа што може да се очекува оваа година од манифестацијата, за нивните планови и програма во Новата 2020 година, како и за самите почетоци на манифестацијата “Божиќен ручек”.
1. На кратко за почетоците и идејата на манифестацијата “Божиќен ручек” која зближува деца од целата држава.
– 2005 година беше година кога нашето општество сеуште закрепнуваше од Конфликтот 2000/2001 година. Не постоеше ниеден настан кој го покажува заедништвото на нашето мултиетничко општество. Во тој период на општествени делби се роди идејата со една единствена цел – да го прмовира реално пристапот кон општеството и потребата од заедничкиот живот на сите етнички заедници. Божиќ е ден кога се раѓа младенецот спасител Исус Христос, симбол на обединетост, почит едни кон други, симбол на верата, надежта и љубовта. Токму со трпезата за ден Божиќ за 500 деца од целата територија на државата и од сите ранливи целни групи, од различна вероисповед, од различни економски групи, Детската Амбасада за Сите Деца во Светот ги собра децата на една трпеза испраќајќи ја пораката за заедништво, љубов и мир под мотото „Едно небо за сите деца“, почнуваќи од Божиќ 2006 година до денес.
2. Која година по ред и колку деца оваа година ќе опфати манифестацијата Божиќен ручек?
– Започнуваќи од 2006 година, Божиќниот Ручек се одржува веќе 14 години како централна манифестација што го одбележува почетокот на секоја наредна година. И оваа година гости ќе бидат традиционално 500 деца.
3. Kaко одредувате кои деца ќе бидат дел од манифестацијата?
– Најбитно за оваа наша манифестација е да се одберат децата од целните групи со кои ние работиме во текот на целата година според годишната програма на Детската Амбасада. Тоа значи се дефинира вклученоста на децата од ранливите категории, како деца без родители, деца на загинатите припадници на безбедносните сили, деца со пречки во развојот, деца болни од церебрална парализа и други деца со посебни потреби, па кон нив ги вклучуваме најдобрите ученици, истакнати и наградувани, па деца наши членови од дисхармонични семејства наши членови кои даваат придонес во активностите на Детската Амбасада и кои посетуваат активности во Детскиот Едукативен Центар „4-ти Јули“, и секако нашите членови од различна верска припадност (католичка, исламска, протестатска, еврејска и др.) кои секогаш се присутни на овие заеднички дружења како што е Божиќниот Ручек, се со намера за остварување на целта. Но и ниту едно дете – наш член, кое изразило желба за учество и присуство на Божиќниот Ручек, секогаш се прифатени.
4. Која е пораката што ќе ја испратите оваа година?
– Како и секоја година нашата порака е во рамките на нашето мото „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помуѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата, заеднички да принесуваме кон градење на вистинско здраво ’зелено’ општество. Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помежу децта. Тоа пак води до нашиот постулат на програмските задачи на Детската Амбасада дека сите деца се исти и еднакви во остварувањето на нивните права, односно дека ништо не е поѕначајно од среќата на детското лице.
5. Колку сте задоволни од бизнис секторот и дали и оваа година добивте поддршка во организацијата на “Божиќниот ручек”?
– Без поддшрка од бизнис заедницата оваа традиционална манифестација би била занемарена. Нашата благодарност во име на Детската Амбасада и од име на децата секогаш се изразува со доделување на благодарница или едно од престижните признанија (Плакета Пријател на Децата или Орден за носител на мирот) за нивната несебична поддршка и придонесот кон градењето на хуманистичкото општество. Сепак, нагласуваме дека очекуваме поголема вклученост во овој традиционален настан на бизнис заедницата од Прилеп, како нивни придонес за посреќно и побезгрижно детство за нашите најмили-децата!
6. Што можеме да очекуваме оваа година од настанот. Што ќе содржи програмата?
– Пред е е момент за негувањето на традиционалните вредности со благословот на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Петар. Потоа, како и досега, во забавниот дел ќе учествува нашиот Христијан Тодороски – Кико, кој својот именден го слави со 500 деца. Оваа година за прв пат ќе настапат и двете сестрички од Скопје Илина и Јована кои ќе испеат дел од нивните песнички преку кои ќе ја пренесат љубовта, а од минатата година, се вклучени и членовите на Танц студио „Зодијак“ од Прилеп, кој што оваа година ќе се претстават со перформанс “Јунаците од бајките“.
7. Какви се плановите на Детската амбасада за Новата 2020 година. Имате ли одредено агенда на настани што ќе ги организирате наредната година?
– Секако Детската Амбасада работи по план и програма кој што ја донесува Извршниот колегиум на амбасадата, а како позначајни настани и проекти покрај Божиќниот ручек се Зимскиот камп за 80 деца, во прекрасниот хотел „Славија“ на Попова Шапка, тековните активности од проектот „Заедно посилни“ кој што го работиме со децата и наставниците координатори од Основните Општински Училишта во Прилеп. Секако оваа година во Планот е предвиден и Конгресот на Детската Амбасада на кој што се носат битни одлуки за следните 4 години, па традиционалниот проект „Градиме мостови на пријателство“ каде што покрај наградените деца од училиштата во општина Прилеп, учество земаат и учениците од Општина Долнени и Општина Кривогаштани со активност за посета на една странска пријателска земја. Во летната програма се вклучуваат деца во прекрасните хотели на Охридското крајбрежје, х. Олгица, х. Пела и х. Гранит. Тековно низ цела година имаме предвидено работилници за дискриминација, стереотипи, инклузија, предрасуди, штетност и зависност, злоупотреба на детскиот труд, запознавање со детските права, и други, потоа дукументарни филмови од програмата на Македокс, хуманитарни акции и активности за детската недела и денот на детето. Морам да ги споменам и активностите од нашите основани центри, односно центарот за дипломатија и детскиот едукативен центар „4ти Јули“. За оваа година од центарот за дипломатија имаме предвидено отварање на конзулат во нашата пријателска држава Холандија, а активностите за детскиот едукативен центар предвидуваат и проширување на капацитетите и реализација на проектот „Хари Потер“, кој предвидува и едукација на деца од предшколска возраст.
Нормално после престојните парламентарни избори ќе продолжат активностите за Фондот за деца на загинати припадници на безбедносните сили.
Детската Амбасада во текот на целата година работи и на предмети, каде што се прекршуваат правата на детето и соодветно делува до институциите. Имаме пријави од сите краеви на нашата држава.
Овие сите проекти, работилници, центри, фондот, активности и делувања ја дава јасната слика за нашето долгогодишно залагање, за правилен психо-физички развој на децата, но и сериозноста на Детската Амбасада, како во нашата држава, така и во светот.
Прилепчанец го изработи најемотивното видео посветено на Тоше во 2019 година
Во последните часови од годината која изминува се потсетуваме на најоригиналните потези, успеси и достигнувања кои ја одбележаа 2019 година.
Како еден од највпечатливите потези го издвојуваме и оној на прилепчанецот Зоран Пиловски од “Фан продукција”, кој го изработи најемотивното видео посветено на Тоше Проевски.
Се работи за видео сторија од одбележувањето на 12-годишнината од заминувањето во вечноста на нашиот ангел Тоше Проески.
Погледнете во продолжение:
Прилепчанец со 72 години сеуште активно игра фудбал: Неговата кариера започнала во 1961 година и никогаш не завршила
Во последните часови од годината која изминува се потсетуваме на најоригиналните потези, успеси и достигнувања кои ја одбележаа 2019 година. Една таква сторија е онаа за прилепчанецот Петре Талевски, пензионер кој има 72 години и од почетокот на својата фудбалска кариера во 1961 година, нема престанато да игра. Тој е човекот со најдолга фудбалска кариера во Прилеп, а можеби и во цела Македонија.
Каде ќе најдеме највозрасен фудбалер – рекреативец, ако не во најфудбалскиот град, Прилеп. Тоа е Петре Талевски, пензионер, порано вработен во Витаминка. Иако има 72 години, уште е голман, рекреативец на натпреварите во мал фудбал. Негов врсник ако го прашаме кога последен пат играл, ќе рече дека не се сеќава, оти било пред три-четири децении, а нашиов соговорник вели ,,синоќа,,.
-Синоќа бранев во балон-салата во Точила. Ме свикаа некои млади. Годинава немам своја екипа, а до лани одев со Македонче, Марјан Мантата, некои помлади што не ги познавам. Моја генерација нема. Другите 20-30 години се помали, а има дури и 50 години помали. Играме против судии, екипа на Шоше, полицајци, мешани… Синоќа бевме подобри и победивме – вели Талевски.
Брани и во други сали. И во Универзалната, и во,,Македонија,,… Порано одел секој ден, до пред седум-осум години. Еднаш го викнале да брани од 16 часот со Македонче, од 18 часот дошол Паризо и за нив бранел, а и потоа останал на трет меч. Му се здрвиле нозете од стоење на гол. Има и други голмани во градов, но не се сите расположени секогаш да бранат. Редок пример е Петре. Нема душа за да одбие. Го бараат на сите страни и секаде е сигурен чувар на мрежата.
-Бранам и немам мака. Шутираат силно млади од 20-на години. Не се давам. Пред две години освоивме прво место за ветерани на турнирот ,,Свети Никола,,. Тоа е спорт за здравје. Засега продолжувам, без запирање. Врсниците се мачат со болести, стресови… За жал, има одамна умрени. Не се откажувам од спорт и фудбал. Викам дека не играм повеќе, дури пак не ми се јават. Ме земаат од пред порта со автомобил. Бранам, се фрлам, тешко да ми ја затресат мрежата. Немам страв од повреди, оти сум минал сé и сешто. Двапати ми ја напукнаа ногата. Ја носев во гипс и после веднаш продолжив со бранење – раскажува за најтешките моменти.
Повозрасните се сеѓаваат на долгата кариера во големиот фудбал. Бидејќи татко му бил железничар, се родил во Скопје, а кога се преселиле во Велес, тренирал за Борец на 14 години, а со лажна 17-годишна возраст на книшката за да има право на настап, заиграл лева полутка во сениорска екипа на Чашка. По неколку недели голманот на Борец ја скршил раката. Немало кој да брани. Така во сезоната 1961-62 Петре станува голман и до ден-денес уште е голман. Потоа е преселбата во Прилеп и Клапа, кој бил исто голман, му препорачува да појди во 11 Октомври, на тренинг кај базенот.
-Наместо 11 Октомври, тие биле Хајдук, со тренерот Благоја Башески. Првиот меч во Бучин победивме 1-2. Џипот со кој патувавме се расипа и од Бучин до Кривогаштани се враќавме пеш. Издржавме оти бевме заразени со фудбал. Сега нема негде да видиш да се игра маалски фудбал. Ништо нема. Тогаш во секое маало имаше ширинка за фудбал – прави разлика на времињата.
Низ разговорот разгледуваме стотици, куп фотографии, сведоштва за фудбалските настани. Толку многу слики којзнае дека имаат и прволигашки фудбалери. Најстарата слика е од Чашка, каде цел тим е по ,,купачи,, како за на плажа. Бидејќи игралиштето било до реката Тополка, фудбалерите ем играле, ем се капеле. На друга слика е со некој Аце од Кореница, кој сега е во Австралија, на трета со Пандо… На една, малку бледа, се фрла, прави парада. Има со Иле Најдоски, голман, колега. Многу слики се со Витаминка, каде тренер е Тоци Георгиев, па Душан, Цобе, Кире агрономот, Граше, Зоран Пашата, Златко Мајското, Љупчо Кафето… Слики, слики… Безброј. Бараме некоја понова, а тој нуди една од пред 30 години. За возрасен човек, пред 30 години е како сегашност.
-Девет години сум во пензија. Оттогаш не сум се сликал. По сликите, ми велат дека сум речиси истиот како сега. Останатите се остарени, здебелени… Некои ги нема. Каде се Ико, Стојан… Паметам состав, јас, Зајко, Андон, Боге од Лагово, Ико, Паскало, Орде Штарго, Пеце Тарзано, Јосе Ќосо. Прво беше Хајдук, па се прекрсти во Градител, потоа Земјоделец, на крајот во ЗИК Прилеп. Најдобрите партии беа во ЗИК Прилеп. Едно време бевме толку добри што каде одевме, победувавме. Кога влеговме во Македонска лига, бев војска во Куманово. Се вратив на полусезоната. Првиот меч со Љуботен во Тетово. Бранев и настојував да бидам како идолот Јантољак од Риека. И ме завикаа Јантољак. Се фрлав и на трева и на земја какопротив против Извор од Велешко. Од еден метар удар со глава одбранив в ќош горе. Одбраната ми остана во сеќавање. Публика имавме од сите страни. Имаше повеќе гледачи отколку сега Победа, иако игравме во 10 часот претпладне. По ЗИК заминав во Металец, па во Варош, Врбјани, пак во Варош, Корзо. Бранев во Регион, а навршив 45 години и конечно дојде крајот во големиот фудбал -памети Талевски.
Епилог на големиот фудбал, а не на малиот. Му нема крај ниту на задоволствоот на гледање фудбал. Петре ужива на фубал на телевизија. Особено сега кога има изобилство, национални лиги, англиска, шпанска, германска, италијанска, европски купови, репрезентации. Ако не мора да гледа шпански или турски серии со сопругата, сигурно му е вклучен некој спортски канал.
-Редовно гледам фудбал, ракомет, билијард, тенис, одбојка… Не ме интересира само шах и рагби. Ми лежи фудбалот. Навивам за Манчестер и за Реал. Нема шанса да ги пропуштам – определен е Талевски.
Некогаш, поранешните фудбалери со душа чекаа фудбалски меч во градов да појдат на стадион. Сега е сменето. И нив ги нема на сé попразните трибини. Зарем може прилепчанец да издржи без да ја гледа Победа?
-Победа не сум ја гледал, 20 години, откако играше со Перуџа. Се нервирам. Не можам да гледам. Му велев на едно момче: Што фудбалер ќе бидеш. Лесна топка, идеална, а ти не можеш да ја удриш 30 метри. Како би ја удрил некоја од пред 50 години кога играв јас, кожена. Накисната со вода, десет кила. Од тренинг си одев со шинати раце. Оваа е лесна. Нема да ја осетиш да те удри в глава. Десет кила топка да ти ја мавнеше Штарго, како ќе ја фатиш. Тарзано, Даскало… Сите беа шибачи. Победа би ја гледал само ако се бори за титула. Да биде силна, да му даде три гола на Вардар – искрен е Петре.
За голманите сега вели дека од нив се бара да играат и со раце и со нозе, да бидат и голмани и играчи. Секое време со свои карактеристики. Може ли да им се најде некоја маана на сегашниве чувари на мрежата?
-Сегашниве голмани не ја фаќаат топката. Ги одбиваат. Не знам дали топките им бегаат. Не знаев да одбивам топки. Ако можам да ја фатам, ја фаќам, нема одбивање – кажува Талески.
Додека е фудбаски активен во пензионерските денови, во Австралија син му играл мал фудбал, а 18-годишниот внук голем фудбал, на позиција халф.
Одбранил пенал со Победа
Најинтересни биле дуелите со Победа, во шеесеттите и седумдесеттите години. Силниот југословенски второлигаш и ЗИК Прилеп ги одмерувале силите како градскиот ривал.
-Со Победа игравме за куп. Водевме 2-0 и судијава свири пенал за нив. Биеше Мицко Николоски, мој роднина. Го знаев како силно шутира, лево од голманот. Се наместив таму и топката удри силно во мене. Одвај ја задржав. Се зачуди. Му реков да ја смени еднаш страната! До крајот направија пресврт и загубивме, но долго се памети одбранетиот пенал – вели Талески.
Има време и за пешачење
Малку му е фудбалот, па стигнува да оди пеш по околните планини и излетнички места. Често е облечен во тренерки.
-Пешачам во среда и сабота. Постојано сум во движење. Не мислам да запрам. Се чувствувам одлично и нема причина да застанам – вели тој.
Извор: “Неделник ЗЕНИТ”
Следете во живо: Спектакуларниот дочек на Новата година во Австралија само што не започнал (Видео)
На јужнопацифичкиот остров Самоа почна Новата 2020 година.
Жителите на малата островска земја први ја пречекаа Новата година на планетата.
По Самоа, Нова година ќе пристигне на Карибите, а потоа во Јапонија и во Кина.
На следниот линк во продолжение, ќе можете да го следите во живо дочекот на Новата година во Австралија:
Ова се ТОП 5 најчитани вести за 2019 година
Oва се петте најчитани вести на порталот Markukule.mk за 2019 година:
1. НAЈПОПУЛАРНИОТ ДОКТОР НА БАЛКАНОТ TВPДИ: Жената секое утро мора да го изеде ова за да биде здpaва и вита! (153,887 прегледи или 0.41% од вкупниот број прегледи)
2. Слушнете ја забранетата песна на Спасен Сиљаноски, сакаа да ја цензурираат, а таа стана нова македонска химна? (62.209 прегледи или 0.17% од вкупниот број прегледи)
3. Алал диплома и хипократова заклетва: Докторите од “8-ми Септември” кои не биле на работа доброволно дошле да помагаат и да спасат животи (54.310 прегледи или 0.15% од вкупниот број прегледи)
4. ДАЧИЌ PACПАЛИ ПРЕД ПАЛМЕР: Доста не лaжeтe, Македонија и Грција се договорија и не добија ништо за возврат (50.803 прегледи или 0.14% од вкупниот број прегледи)
5. Членови на ,,Волците” ги фрлиле беретките извикувајќи- “Извинете, ние овде не сме за пари, ние овде сме за Македонија” (47.078 прегледи или 0.13% од вкупниот број прегледи)
Лебарска нација: Македонците во 2019 најмногу јаделе леб, јајца, пилешко и компир – ова се бројките!
Леб, јајца, ориз, пилешко месо, макарони, компири, пиперки, домати, сирење, биле најчестите продукти на трпезата на македонските граѓани во изминатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, граѓаните се големи консументи и на цигари, едно домаќинство годишно просечно троши 136 кутии.
Статистиката вели дека едно домаќинство просечно троши 257,4 килограми леб, 675 парчиња јајца, 46,5 килограми пилешко месо, 19,8 килограми макарони, 25,7 килограми ориз, 23,7 килограми сирење, 97,4 килограми компир, пиперки 60,7 килограми.
Се пиеле 23,9 литри млеко и 47,3 литри јогурт.
Од пијалаци граѓаните најмногу консумирале минерална вода 93 литри, безалкохолни пијалаци 90,6 литри, природни овошни сокови 2,1 литри. Од алкохол најмногу се пиело пиво 36 литри, вино 5,6 литри и природна ракија 1,5 литар.
Кафе едно домаќинство годишно трошело 8,1 килограм, додека какао 0,7 килограми.
Млечно чоколадо во едно семејство просечно се јаде 4,1 килограми, бонбони 1,6 килограм, сладолед 3,2 килограми, мед 2,4 килограми, мармалад 1,9 килограм.
Грав трошат 20,5 килограми, морков 12,8 килограми, спанаќ 7,1 килограми, зелка 34,6 килограми, краставици 27,5 килограми, тиква 3,9 килограми…
Ајвар како традиционално јадење просечно домаќинствата трошат 1,1 килограм.
Од овошје најмногу се јадело лубеница 44,9 килограми, јаболка 41,8 килограм, потоа портокал 30,9 килограми, банани 28,5 килограми, грозје 20,5 килограми, праски 10,8 килограми, сливи шест килограми, круши 2,8, киви 2,1, кајсии еден килограм…
Јогурт просечно во домаќинствата се пиело 47,3 литри, кисело млеко 17,7 литри, млеко тетрапак 101,1 литар и 23,9 литри млеко. Урда се јадело 10,5 килограми, додека кашкавал 12,1 килограми.
Виршли се консумирале 4,7 килограми, салама посебна 6,7 килограми, говедска печеница 0,5 килограми, паштета 3,3 килограми.
Од риба граѓаните најмногу користеле ослиќ 16,7 килограми, свежа пастрмка 1,8 килограм, свеж крап 0,5 и црвеноперка 0,4 килограми.
Пилешко месо се јадело 33,7 килограми, пилешки стек 12,8 килограми, јунешко месо без коски 15,7 килограми, телешко месо со коски 1,8 килограм, телешко месо без коски 5,4 килограми, свинско со коски се трошело 12,7 килограми, свинско без коски 10,9 килограми, јагнешко 1,7 килограм, јунешки џигер се консумирал 0,7 килограми, пилешки 2,3 килограми.
После 10 години легендата го облече истиот дрес: Вардар го пречека староновиот член на семејството (Видео)
Легендата на македонскиот ракомет, Стевче Алушовски, после 10 години се врати во Вардар, но овојпат ќе биде предводник на кормилото на црвено-црните.
После 10 години, поранешниот капитен на Вардар се врати во клубот со кој има освоено 6 шампионски титули во домашното првенство, 5 титули во Купот, а зад своето име има и над 200 натпревари за македонската ракометна репрезентација.




























































