дома блог страница 2868

Во Новата година ни доаѓа и првиот снег

Засилен северен ветер и повремени врнежи од снег, најавува УХМР за викендот. Земјава ќе биде зафатена од влажен бран ноќта во сабота поради што во недела, преку ден, ќе дојде до наоблачување.

Долж Повардарието ќе врне и дожд и снег, а слаб снег ќе провејува и во понеделник претпладне.

Во петок и сабота ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Утре времето ќе биде сончево со мала облачност. Минималните утрински температури ќе се спуштат до -10, а максималните ќе достигнат девет степени

Битолчанец на новогодишната ноќ вршел paзбojништво: Бил лишен од cлoбoдa

На 31.12.2019 во 21.25 часот на ул.„Минела Бабуковски“ во Битола полициckи слyжбеници од СВР Битола го лишиле од cлoбoда И.Р.(29) од Битола, поради пocтоење ocнови на coмнение дека стopил kpивично дело „paзбojништво“.

При пpeтpec во неговиот дом, пронajдени се и одземени пиштол „цpвена зacтава 99“, кал.9мм и една рамка со 15 кypшyми за истиот.

По целосно документирање на случаjoт, пpoтив него ќе биде поднeceн cooдветен поднecoк- информираат во дневниот билтен на МВР.

Ова се прекрасните близначиња Анастасија и Габриел, првите бебиња родени во Македонија (ФОТО)

Нов почеток и нов живот. Анастасија и Габриел се првите родени бебиња – близначиња на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Женското бебе е родено во 00:01, а второто е машко и е родено во 00:03 часот.

-На родителите им посакуваме добро здравје, успешна и среќна година. Мајката Снежана ја има целосната потребна здравствена заштита и нега. Упатуваме честитки за професионалноста до целиот медицински персонал во сите јавно-здравствени установи. Нека ни е среќна новата 2020 година, информираат од ГАК.

Првото бебе во Новата година во Прилеп е машко: За мајката ова е трето дете (ФОТО)

На неполни три часа од почетокот на Новата 2020 година, во одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп, се роди машко бебе.

За мајката Весна Стојкоска ова е трето дете, сите три машки.

„Ова ми е трето дете, машко. И другите две се машки. Многу сум задоволна од персоналот, од целата екипа. Бебето е добро, породувањето помина во најдобар ред“, истакна Стојкоска.

Честитајќи им ги на своите сограѓани Новогодишните и Божикните празници, д-р Изабела Чочева-Талеска рече дека само десетина минути после раѓањето на првото бебе, во прилепската болница се роди уште едно бебе, исто така машко.

„Ова утро ние сме побогати за две бебиња, живи машки деца спонтано породени. Двете се со иста телесна тежиина, 3.630 грама. И мајките и бебињата се во одлична кондиција. Новата година посакувам да биде успешна, со уште повеќе бебиња“, изјави д-р Чочева-Талеска.

Градоначалникот Илија Јованоски утринава ја посети болницата „Борка Талески“. Во име на Општина Прилеп, Јованоски на првороденото бебе и неговата мајка им врачи подароци и парични средства. На останатите родилки во одделението за гинекологија и акушерство, како и на вработените во прилепската болница им ја честиташе Новата 2020 година, посакувајќи им во неа многу здравје, среќа, радост и успех.

Се родија првите бебиња во 2020 година, близначиња – гордите родители добија ќерка и син

Точно во една минута по полноќ на Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се роди првото бебе оваа година, девојче. Само две минути подоцна на свет дојде и нејзиното братче.

-Утрово, на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, се родија првите бебиња, две близначиња во 2020 година. Првото е женско, родено во 00:01, а второто е машко и е родено во 00:03 часот. Да се живи и здрави! На родителите им посакуваме убава, среќна и бериќетна година, информира Министерството за здравство.

Над 60.000 граѓани ја дочекаа новата година на плоштад „Македонија“ со Дино Мерлин

Во организација на Град Скопје, над 60 000 граѓани од земјава и од странство ја дочекаа Новата 2020 година во главниот град на плоштадот „Македонија“ со неверојатно шоу и вонвременските хитови на големата музичка ѕвезда, Дино Мерлин.

Веселата атмосфера со пеењето на неговите хитови на новогодишната ноќ дополнително ја кренаа сценските ласери и повеќеминутниот огномет со кои се означи почетокот на новата година. Граѓаните во весело расположение си посакаа многу среќа, добро здравје и успеси во Новата 2020 година.

Новогодишната забава во срцето на Скопје вчеравечер почна уште во 20:30 часот со настапот на музичките групи „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“ кои ја загрејаа атмосферата во студената новогодишна ноќ и го најавија новогодишното шоу на Дино Мерлин.

Плоштадот „Македонија“ изминатиов месец беше центар на новогодишните и Божикните празнувања во Скопје, а граѓаните имаа можност да ја почувствуваат празничната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма.

Најголем интерес кај посетителите побуди дигиталната новогодишна елка, како и новогодишните куќички на населбата „Винтерленд“ кои беа сместени на плочникот меѓу ГТЦ и плоштадот. Во близина на куќичките имаше и мала сцена на која секојдневно се организираа настани и концерти наменети за различни возрасти.

Фото: “Еве колку народ има во 23:30 часот на прилепскиот плоштад?”

На половина час од одбројувањето за Новата 2020 година, прилепскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто” зјае речиси празен.

Навистина штета, особено што пред прилепчани вечерва меѓу останатите настапува Мила Москов, девојчето кое пред еден месец и го донесе шетото место на Македонијана детскиот Евросонг.

Покрај Мила Москов, во центарот на Прилеп настапуваат и младата изведувачка Теодора Зероска, како и прилепскиот бенд “Прилепски еснаф”.

Идниот технички премиер ја промовираше новата единица на полицијата без ознаки од која држава доаѓаат (ФОТО)

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во полицискиот центар „Ѓорче Петров“ присуствуваше на официјализирање на формирањето на новата организациона единица при СВР Скопје – Единицата за интервентна полиција.

Станува збор за единица која што настанува со спојување на досегашните единици – за јавен ред и мир, за асистенции и спровод и на „алфите“.

На ознаките на новата единица нема име на државата од која доаѓаат.

Извор: “Pressingtv.mk”

Спектакл! Дочекот на Новата година во Австралија, Кина и Јапонија (ВИДЕО)

Жителите на Австралија ја дочекаа Новата година со традиционален, спектакуларен огномет што се одржува на Сиднејското пристаниште, и покрај смртоносните пожари кои принудија илјадници да бараат засолниште на плажите и каде многу градови да ги откажат прославите.

Повеќе од милион луѓе се собраа на пристаништето во Сиднеј и во околните места за да уживаат во исклучителниот спектакл што ја осветли и познатата зграда на сиднејската опера.

Планираниот огномет доцнеше 15 минути поради силниот ветер.

Нов Зеланд беше меѓу првите каде пристигна 2020, а во Оукленд беше подготвен спектакуларен огномет од Скај тауер.

Властите во Хонг Конг го откажаа популарниот огномет во пристаништето Викторија, поради најавените протести.

Новата година прво пристигна на јужнопацифичкиот остров Самоа, Божиќните Острови во Тихиот Океан, Kина, Јапонија…

Македонка го развиори врвот на седумте највисоки врвови во светот: Секоја чест за нашата Илина! (ФОТО)

Македонката Илина Арсова направи подгвиг, стана првата Македонка која успеа да ги искачи седумте највисоки врва на сите континенти.

Последниот нејзин предизвик беше врвот Вилсон кој е на висина од 4892 метри на Антарктикот, каде го развиори македонското знаме. Инаку овој подвиг им успеал само на шеесетина жени во светот.

-Мисијата 7 врвови е завршена! Македонското знаме на врвот Винсон 4892м на Антарктикот со ладни раце, но топло срце. Незаборавно искуство и прекрасно чувство, беа првите импресии на Арсова која им се заблагодари своите подржувачи за овој храбар чекор.