дома блог страница 2867

АКО СТЕ ПРЕТЕРАЛЕ СО МРСНАТА ХРАНА: Со овие намирници прочистите го телото

Празничниот период значи и дека на трпезата често ќе се најдат мрсни видови храна, како разновидни пити, руска салата, кифли, печено месо, а сето тоа често е проследено со по некоја чаша вино или нешто жестоко.

Сосема е очекувано дека при ваков избор на храна може да претерате со внесената количина, но добра вест е што веќе од наредниот ден можете да воведете поздрави навики и за кратко време да го прочистите телото.

Овие намирници ќе ви помогнат во тоа:

Чиа семе

Само две лажички потопени во јогурт или во вода ќе ви помогнат да му обезбедите на телото доволно растителни влакна кои ќе влијаат врз варењето, а антиоксидансите ќе помогнат да се ослободите од отровите.

Супа од коска

Било да сте готвеле пилешко или телешко, од водата во која се варело можете да подготвите супа која е богата со електролити, но и со други нутритивни состојки кои веднаш ќе ја подобрат ситуацијата во вашиот организам.

Сок од алое вера

Сокот од алое е одличен за чистење на цревата, а и го подобрува варењето. Можете да го купите во аптека, го има од повеќе производители.

Чај од корен од глуварче

Овој чај ја намалува подуеноста во дигестивниот систем, а со редовно пиење го забрзува метаболизмот, а со тоа и слабеењето.

Јатки

Јатките ќе ви помогнат да се ослободите од подуеноста, а и решаваат повеќе проблеми со чувствителниот дигестивен систем.

Вака славеа прилепчани Нова година низ годините (Фото/Видео)

Новогодишната магија која во изминатите години беше одлика за Прилеп и за централното градско подрачје во градот, оваа година помина народски кажано “колку да се помини”.

Ако пред само неколку години се’ беше во духот на украсните бои, со богата програма и празничен амбиент, многу народ на плоштадот, оваа година во Прилеп новогодишната вечер помина скромно со стотина присутни граѓани.

На половина час од одбројувањето за Новата година, прилепскиот плоштад “Методија Андонов-Ченто” зјаеше речиси празен.

Навистина штета, особено што пред прилепчани вечерва меѓу останатите настапува Мила Москов, девојчето кое пред еден месец и го донесе шетото место на Македонијана детскиот Евросонг.

Покрај Мила Москов, во центарот на Прилеп настапуваат и младата изведувачка Теодора Зероска, како и прилепскиот бенд “Прилепски еснаф”.

Како изгледаа плоштадите “Методија Андонов – Ченто” и “Александрија” во изминатите години, најдобро може да се види на фотографиите и видеата во продолжение:

“ТВ Стар” и оваа година ги има најсмешните ТВ гафови: Смеење до солзи на првиот ден од Новата година (Видео)

Штипската тeлевизија “ТВ Стар” традиционално на крајот од секоја година ги објавува најсмешните ТВ гафови во изминатите 365 дена.

И оваа година “ТВ Стар” ги има најсмешните гафови кои ќе ве насмеат до солзи во овој прв ден од Новата година.

Сите гафови погледнете ги на нивниот јутјуб канал на следниов ЛИНК

Официјално! Македонското чудо од дете е веќе играч на Јувентус, трансферот изнесува неверојатни 35 милиони евра (ВИДЕО)

Македонецот по потекло кој е роден во Шведска, 19-годишниот Дејан Кулушевски, е пред преминување во Јувентус, откако италијанскиот шампион постигна договор за трансфер со Аталанта.

Трансферот ќе изнесува 35 милиони евра плус потенцијални 10 милиони во бонуси.

Кулушевски настапува како позајмен играч во редовите на Парма, а досега има постигнато 4 погодоци на 16 настапи.

Јувентус му понуди договор на Кулуштевски во траење до 2024 година и 4 милиони евра по сезона, па сега од “старата дама” се пред одлука дали ќе ја прекинат позајмицата со Парма веднаш, или ќе го остават играчот да настапува за овој клуб до лето.

Кулушевски дојде во Аталанта во 2016 година од шведскиот тим Бромапојкарна и настапи само три пати во сезоната 2018-2019. Шведскиот тим исто така ќе заработи од трансферот на несудениот македонски репрезентативец.

Мајката на Дејан е Македонка, а тој досега има натапувано за репрезентацијата до 17 години, но потоа го имаше своето деби за Шведска во ноември 2019 година.

Според информациите на италијанскиот весник „Тутоспорт“, Дејан Кушевски е во Торино и ќе потпише со Јувентус, медицинските прегледи се закажани за утре.

Kaко најдуваат толку пари? Кина во 2020 година ќе потроши 114 милијарди долари за изградба на железници

Кина во 2020 година планира да вложи околу 800 милијарди јуани или 114,36 милијарди долари во изградба на железници, соопшти министерството за транспорт.

Вложувањата во улици и патишта изнесуваат речиси 1.800 милијарди јуани, додека за цивилно воздухопловство се издвоени 90 милијарди јуани.

Во 2019 година се очекува конечните вложувања во кинескиот транспортен сектор да изнесуваат 3.200 милијарди јуани, пренесува новинската агенција “Ксинхуа”.

Kинеската национална комисија за развој и реформи одобри три железнички проекти и еден проект за аеродром. Официјален Пекинг ги забрза проектите во инфраструктурата за да го зајакне економскиот раст и стандардот на населението, а со тоа и нивната куповна моќ.

Оваа одлука е логична, затоа што ако дојде до пореметување на било кој пазар, власта сеуште може да смета на 1,5 милијарди Кинези, кои со растечката куповна моќ можат да ги пополнат настанатите празнини.

Комисијата одобрила проект за изградба на брза железница вредна 72,29 милијарди јуани или 10,34 милијарди долари во северно-источната покраина Лиаонинг и Јилин.

Ваков новогодишен бонус нема никаде: “Икеа” им исплати по 4.000 евра за празниците на своите вработени

Шведскиот гигант за мебел “Икеа” на своите вработени во Норвешка им исплати неверојатен бонус од по 40.000 норвешки круни (4.000 евра).

“Сите вработени кои работат најмалку 6 месеци без прекин во изминатата година ќе добијат бонус во висина од 113% оваа година. Тоа значи дека нашите вработени ќе добијат екстра плата во декември”, вели Сив Е. Егер Вестин, менаџер за комуникации во “Икеа”.

Компанијата ќе исплати 120 милиони норвешки круни на своите 3.000 вработени. Просекот изнесува 40.000 круни, вклучувајќи платен одмор – стои во сооштението од компанијата.

Гигантот на своите вработени им дава бонуси секоја година, но оваа година сумата е најголема. Во 2016 и 2017 бонусот изнесувал 12.500 круни.

За минатата фискална година која се смета од септември 2018 до август 2019 година, компанијата забележала добивка од 8.31 билиони норвешки круни.

“Кога ќе испорачаме добри резултати, тоа е благодарение на нашите вработени кои работат напорно секој ден. Поради тоа сакаме да им возвратиме, а бонусот е најдобар начин да се направи тоа”, вели Вестин.

Трик за чистење на веце школката, ќе мириса со денови – потребни ви се само неколку работи

Одржувањето хигиена во домот е неизмерно важно за вашето и здравјето на вашето семејство.

Исклучително е тешко да се исчистат наслагите под оквирот. Совет е да земете хартија, да ја натопите со оцет и потоа да ја ставите во рамката од тоалетната школка. Оставете неколку часа и после тоа дамките со малку триење ќе се извадат како на шега.

На фотографијата погледнете како тоа изгледа:

А, за таа да мириса посвежо порбајте го и овој начин:

Потребно ви е:

2 лажици сок од лимон

7/8 шолја сода бикарбона

1/2 лажица оцет

1 лажица 3% хидроген пероксид

15-20 капки етерично масло

Сода бикарбона и лимонов сок измешајте во еден сад. Во друг сад измешајте хидроген пероксид и оцет. Потоа ставете се заедно, измешајте и додадете етерично масло на крај. Направете топчиња во стаклена тегла и чувајте ги во близина на веце школката.

Кога ќе сметате дека на школката ѝ трреба освежување ставете едно топче во школката и измијте. Не може да биде поедноставно!

Новогодишната ноќ низ Европа: Спектакл во Лондон и Париз (ВИДЕО)

Eве како изгледаше новогодишната прослава на плоштадите низ неколку европски метрополи:

1. Лондон

2. Париз

3. Берлин

4. Белград

5. Загреб

Утре е голем празник: Се верува дека тој што прв ќе ви влезе во домот може да ви донесе среќа или нecpeќа

Утре православната црка го празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец.

Според верувањата на овој ден кој ќе ви влезе прв дома, ќе ви донесе среќа или несреќа.

Ако тоа бил млад и убав човек (момче или девојка) се сметало дека носат среќа, а ако прв влезел некој старец или баба верувале дека не ќе оди најдобро…

Игнатиј бил ученик на Св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој бил епископ во Антиохија, каде многу се прочуло по својот свет живот, така што многумина го напуштаа збрканиот незнабожечки поглед на свет и се утврдуваа во верата во Христа.

На едно свое пропатување, цар Трајан дошол во Антиохија. Пред него го извеле овој славен епископ, а Трајан го осудил на смрт и го пратил во Рим. Патувајќи за Рим, Игнатиј ги охрабрувал христијаните од градовите низ кои проаѓал. Многу од тие негови зборови се зачувани до денес во вид на посланија. Во Рим бил фрлен на ѕверовите и со kpвта на своето сведоштво го запечатил светиот живот.

Обичаите и верувањата што се изведуваат на празникот Игнат најповеќе се поврзани со почетокот на годината или со споменот на раѓањето на Исус Христос.

Првото бебе во Битола се poди 5 минути по полноќ: Евгенија е пpва paдocт на нejзините poдители (ФОТО)

Пет минути по полноќ, во Клиничата болница во Битола на гинеколошко-акушерското одделение се роди првото бебе во новата 2020 година, девојче, кое на свет дојде по нормален пат.

Евгенија е прва радост на нејзините родители.