дома блог страница 2866

(ФОТО) Тамара ќе пее во најстарото геј збиралиште во Лондон: Настанот е насловен како “Еурофест”

Македонската пeјaчка Тамара Тодевска на 10 јануари ќе пее на Еурофест во Лондон.

Настанот се одржува во локалот Royal Vauxhall Tavern , познат геј-клуб во Лондон. Royal Vauxhall Tavern се смета за најстарото геј збиралиште во Јужен Лондон.

Билетите ќе чинат седум британски фунти.

Многу славни ѕвезди настапувале во Royal Vauxhall Tavern, каде се одржуваат тематски забави, кабаре-програми и разни контроверзни уметнички шоу-претстави.

Mурињо е жива легенда: Oтиде да шпионира на клупата кај противникот, па заработи жолт картон (Видео)

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо не го објасни своето однесување за време на натпреварот од 21. коло од шампионатот на Англија против Саутемптон (0:1).

За време на натпреварот, Португалецот се приближи до клупата на Саутемптон и почна да ѕирка во тетратката на еден од противничките тренери. За ова, судијата му покажа жолт картон.

– Бев груб со еден човек на клупата. Мислам дека тој го заслужи. Имаше причина за ова. Јас нема да кажам, но има причина. Арбитарот ми покажа картон, јас ја прифаќам неговата одлука, рече Мурињо на прес-конференцијата по натпреварот.

ВМРО-ДПМНЕ достави нов предлог за министер за внатрешни работи: Се работи професионалец од Агенција за разузнавање

ВМРО-ДПМНЕ го предлага Наќе Чулев, професионалец од Агенција за разузнавање како нов предлог за прв човек во МВР.

Наќе Чулев е со богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи.

Чулев е професионалец кој работи во Агенцијата за разузнавање, а по вокација е дипломиран криминалист со постипломски студии по мир и развој, на Институт за одбранбени и мировни студии, при Филозофски Факултет на Универзитетот Св Кирил и Методиј Скопје.

Има завршено обуки и доусовршувања во Велика Британија, Германија, Бугарија и други европски држави.
Во неговата богата биографија стои дека поминал низ програмата за тероризам и безбедносни студии Џорџ Маршал, Европски центар за безбедносни студии од Германија и Лондон Велика Британија. Завршил обука и на Трансатланската академија (ТАСА) на Универзитетот Бон во Германија.

Се усовршувал за трансформација на конфликти со мировни средства на Софискиот Универзитет во Бугарија. Бил дел и од школата за балканската мрежа за човекови права во Дубровник Хрватска. Учествувал и на безбедносниот форум за стратегиска комуникација и евроатланска интеграција што беше дел од НАТО колеџ за одбрана.

Тој е ново лице во политиката, но не и во секторот на безбедносни прашања. Тој работи во Директоратот за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал во Агенцијата за разузнавање. Чулев е редовен предавач на Дипломатската академија на МНР.

Претходно во периодот од 2013-та до 2017-та година бил директор на Агенцијата за разузнавање. Од 2017-та до 2019-та генерален помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање. Воедно во 2017-та година бил и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители.

Работел и како советник во Агенцијата, а бил и прв секретар во амбасадата на Република Македонија во Анкара, Турција од 2003-та до 2007-ма година. Наќе Чулев е 47 години, роден е во Кавадарци.

Проф. д-р Каракамишева ја испрати иницијативата за оценка на уставноста на Законот за двојазичност до 15 амбасади

Проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска ја извести јавноста дека ја испратила англиската верзија на иницијативата за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците до 15 амбасади во Македонија и до Венецијанската комисија, односно до нејзините колеги кои го напишаа мислењето за законот.

„Нека читаат сите и нека ја видат целата неуставна ујдурма што ни ја стокми оваа ненародна и нелегална власт“ – напиша Каракамишева-Јовановска на Фејсбук.

На цели 11 страници, професорката ја стокми и испрати до странските претставништва обемната англиска верзија на иницијативата за оценка на уставноста на овој контроверзен закон.

(ВИДЕО) Дино Мерлин објави прекрасно видео и го промовираше “Скопје 2014”

Дино Мерлин објави видео од новогодишната прослава на плоштадот “Македонија” во Скопје, кое за помалку од 24 часа има над 120.000 прегледи и огромен број коментари и лајкови.

Видеото изобилува со прекрасни кадри од огнометот, публиката, но и новите градби од проектот “Скопје 2014”, кои се одличен репрезент на центарот на главниот град.

“Ви благодарам на прекрасната ноќ, а посебно благодарам на оние кои пристигнаа од далеку за да бидат со нас. Нека ова магично патување остави длабока трага и долго нека живее во нашите срца. Од овој посебен град посакуваме среќна нова година на милиони ширум земјината топка. Нека новата 2020 година биде мирна и среќна за сите добри луѓе во светот. Благодарам Скопје!”, напиша Дино Мерлин на својата Фејсбук фан страна.

Дино Мерлин и Здравко Чолиќ по 100.000 евра, а еве по колку заработија другите познати музички имиња

Балканската естрада добро се опари од новогодишната ноќ. Најголемите ѕвезди пееја од Вардар до Триглав за вртоглави суми.

Рекордот го срушија Дино Мерлин во Скопје и Здравко Чолиќ во Будва кои добија по 100.000 евра.

На третото место е Цеца која за настап во хотел во Белград добила „само“ 80.000 евра.

Висок хонорар добил и Жељко Јоксимовиќ од 75.000 евра за неговиот настап на Новата година во Сараево.

По 40.000 евра добија Лепа Брена и нејзината снаа Александра Пријовиќ.

Добра пара, 50.000 евра добил и Аца Лукас на Златибор, како и Наташа Беквалац во Виена.

(Видео) Градоначалникот ви ја честита 2020 година, таа била Господова година

„До сите граѓани од нашата општина сакам да испратам една порака: да имаме меѓусебно разбирање и почитување, меѓусебна доверба и толеранција. Само така, Новата 2020 година ќе биде поубава, побериќетна и посреќна за сите нас. Посакувам во секое семејство да има мир, спокојство и благосостојба. Вашите срца да бидат исполнети со љубов, тоа е правиот пат кој што треба заедно да го одиме. На сите вас ви посакувам добро здравје, среќа, радост, љубов, бериќет и се’ најубаво во новата 2020 година. 2020 година е Господова година, Среќна Нова 2020 година, да сте здрави и живи“, им посака градоначалникот Јованоски на граѓаните на општина Прилеп за време на неговото обраќање на прославата во центарот на градот.

Дејан Кулушевски пристигна на медицински прегледи во Јувентус: Неверојатна сума за трансфер на 19-годишниот фудбалер (Видео)

Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски пристигна во Медицинскиот центар Јувентус, каде треба да изврши лекарски преглед.

Деветнаесет годишниот Кулушевски е фудбалер на Аталанта, а игра за Парма како позајмен фудбалер.

Kулушевски за Јувентус ќе потпише договор до 2024 година кој ќе изнесува 4,5 милиони евра по сезона. Вредноста на трансферот според италијанските медиуми ќе изнесува 35 милиони евра плус потенцијални 10 милиони во бонуси.

Оваа сезона тој настапи 19 натпревари за Парма и постигна четири гола со седум асистенции.

Тоа што ќе го правите денеска ќе го правите цела година, ова се народните обичаи и верувања за Св. Игнат

(Именден празнуваат: Игнат, Иго, Игнатка…)

Светата православна црква на овој ден го празнува споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Свети Игнатиј бил ученик на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов од кого бил поставен, за епископ на црквата во Антиохија со која раководел 40 години.

Според верувањата на овој ден кој ќе ви влезе прв дома, ќе ви донесе среќа или несреќа.

Ако тоа бил млад и убав човек (момче или девојка) се сметало дека носат среќа, а ако прв влезел некој старец или баба верувале дека не ќе оди најдобро…

Празникот Св. мч. Игнатиј Богоносец во народот познат како Св. Игнет, Игњат, Игнатов ден, итн. се нарекува и „Прв Божик“ зашто тогаш започнуваат подготовките за празникот Рождество Христово ‒ БОЖИК.

Игнатиј бил ученик на Св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој бил епископ во Антиохија, каде многу се прочуло по својот свет живот, така што многумина го напуштаа збрканиот незнабожечки поглед на свет и се утврдуваа во верата во Христа.

На едно свое пропатување, цар Трајан дошол во Антиохија. Пред него го извеле овој славен епископ, а Трајан го осудил на смрт и го пратил во Рим. Патувајќи за Рим, Игнатиј ги охрабрувал христијаните од градовите низ кои проаѓал. Многу од тие негови зборови се зачувани до денес во вид на посланија. Во Рим бил фрлен на ѕверовите и со kpвта на своето сведоштво го запечатил светиот живот.

Обичаите и верувањата што се изведуваат на празникот Игнат најповеќе се поврзани со почетокот на годината или со споменот на раѓањето на Исус Христос.

ВРВЕН НАПАЃАЧ: Несторовски е најдобар голгетер на Палермо во изминатава деценија

Palermo's Macedonian forward Ilija Nestorovski celebrates after scoring a goal during the Italian Serie A soccer match Uc Sampdoria vs Us Citta di Palermo at Luigi Ferraris Stadium in Genoa, Italy, 2 October 2016. ANSA/SIMONE ARVEDA

Македонскиот репрезентативен центарфор Илија Несторовски е најдобриот голгетер кој го имал Палермо во последната деценија, „победувајќи“ големи имиња како Фабрицио Миколи, Пауло Дибала, Јосип Иличич во овој исбор.

Palermo’s Macedonian forward Ilija Nestorovski celebrates after scoring a goal during the Italian Serie A soccer match Uc Sampdoria vs Us Citta di Palermo at Luigi Ferraris Stadium in Genoa, Italy, 2 October 2016.
ANSA/SIMONE ARVEDA

Италијанските медиуми анализирајќи ја декатада на сицилијанската гордост, која заврши трагично за Палермо со банкрот и преселба во најниската Серија Д, ги посочија фудбалерите со најголем ефект од 2010 година до денеска.

Несторовски со 39 гола е најдобриот голгетер, кој си замина од Палермо откако клубот банкротираше. Зад него е Миколи, најдобриот стрелец во историјата на ковој клуб, кој во изминативе десет години даде 37 гола, додека трет е Абел Хернандез со 29 гола. Во најдобрите стрелци се и Словенецот Јосип Иличич со 25, Аргентинецот Пауло Дибала со 22, Франко Васкез со 21 и Александар Трајковски со 20 гола, воедно и стрелец на последниот гол за Палермо на „Ренцо Барбера“ против Читадела, пред да се случи банкротот.

Најмногу мечеви пак во оваа деценија одигра Босанецот Мато Јајало, соиграчот на Несторовски и во Удинезе, кој запиша 147 меча за Палермо. Втор е Езекил Муњоз со 142, а трет е Андреа Рисполи со 137 гола.