дома блог страница 2865

Дурловски го прокоментира заминувањето на Заев? “Ќе ме наречете мегаломан, ама мене ми фали огномет”

Оперскиот пејач Игор Дурловски во свој стил го коментира заминувањето на Зоран Заев од премиерската функција, иако не го спомнува.

„Ќе ме наречете мегаломан, ама мене ми фали огномет“, напиша на Фејсбук еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Исчистете го организмот од тешката празнична храна: Вкусен напиток од моќни продукти!

Имавте доволно време да го “исчистите” фрижидерот од колачи, месо и останати продукти.

Сега е вистински момент да му помогнете на организмот да се ослободи од тokcини кои во него се насобрале за време на последниве неколку дена.

Тоа најлесно ќе го направите со еден вкусен напиток. Сите потребни продукти ги имате при рака, а за подготовка се потребни само неколку минути.

Потребни состојки: едно цвекло, еден морков, една лажица изрендан ѓумбир, еден лимон, едно јаболко и една шолја зелен зеленчук.

Денеска е Св. маченица Јулијана: Честито име Јуле, Јулија, Јулијана…

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 декември. Денеска е Св. маченица Јулијана.

Света Јулијана живеела и пострадала за Христа во градот Витинија, Мала Азија, во третиот век. Потекнувала од богата и угледна фамилија.

Уште додека била малечка, била ветена за жена на некојси Елевсиј, кој исто така потекнувал од висок род. Додека растела, Јулијана се запознала со Христовото учење и поверувала во единствениот Бог.

Кога и дошло време за мажење, таа не сакала да влезе во брак со Елевсиј, зашто овој бил незнабожец. Родителите не успеале да ја разубедат и најпосле ја предале како христијанка на Елевсиј, кој во тоа време бил управник. Елевсиј ја измачувал два дена, а потоа ја пог*бил. Оваа блажена девојка пострада во 290 година.

Живот и на -70 степени, а каде ако не во Русија: Ова е најстуденото место на светот (ФОТО)

Руското село Ојмајкон кое се наоѓа во областа Јакутија на Сибир е едно од најстудените места во светот.

Ова село е доста невообичаено место. Тоа е најстудената населба на Земјата, но во него сонцето секогаш сјае и среќните стогодишни лица на минус 70 степени ги напасуваат елените.

Источносибирското село Ојмајкон (Република Јакутија) е најстуденото населено место во светот и е едно од најстудените места на планетата. Тоа е воедно и најстудената точка на северната земјина полутопка и најстуденото постојано населено место на Земјата. Во зим температурата овде паѓа на минус 70 степени Целзиусови. Тешко е да се замисли дека може да се живее во толку тешки климатски услови, но таа област всушност е позната по долговечните жители, пишува „Руска реч“.

Во Ојмакон дури и водата се однесува чудно, па не замрзнува и на температура од минус 60 степени. Длабочината на замрзнување во овој регион е најголема до светот, до 1.500 метри во длабочина. Смрзнатата земја се шири и ги потиснува подземните води на површината. Всушност и самото име на населбата „Ојмајкон“ на јазикот на Тунгусите што живеат таму значи „река што не смрзнува“.

Во ова село нема ветер, времето секогаш е сончево, а во долината помеѓу планините се простира мешавина од тундра и степа, каде мирно лутаат коњите космати што не се поголеми од циркуско пони и воопшто не наликуваат на нивните роднини од потоплите краишта: нивното густо крзно во зима може да биде долго и до 10 сантиметри, а гривата не им го покрива само вратот, туку и дел од грбот. Оддалеку неможе лесно да се одреди дали станува збор за коњ или за мечка. Овие единствени јакутски коњи се од времето на мамутите. За Тунгусите, тие се верни соборци во преживувањето на студениот пол.

На мразот под минус 60 степени за неколку секунди може да замрзне лицето, ако не го заштитите со ништо, доволно е само малку да дувне ветер. Живата во термометарот се смрзнува, а ако налеете врела вода во филџан и ја фрлите во воздух, таа се претвора во снежен облак. Мошне е тешко на оваа температура да го запалите автомобилот.

Странските автомобили овде воопшто неможат ниту да запалат, а руските Урал или УАЗ може да се загреат само со помош на отворен пламен од лет лампа. Сепак, кога ќе се загрее автомобилот, првите неколку километри мора д аоди само право, затоа што за време на свртувањето може да отпадне тркалото.

Сепак, во такви, нечовечки услови жителите на ова село успеале да најдат компромис со природата и дури станале славни по големиот број долговечни жители. На должината на животот најверојатно влијаат голем број познати фактори: совршено чистиот воздух, совршено чистата вода, активниот начин на живот и здравата исхрана. Луѓето овде јадат воглавно риба, коњско месо и млечни производи. Недостатокот на овошје се компензира со диви плодови.

Кошapкар на Мајами го доби нajyбавиот новогодишен подapoк: Ја немал видeнo свojaта мajка три години, па од НБА го изненадиja (Видео)

Кошаркарот на Мајами, Крис Силва доби вистинско изненадување од НБА лигата и комесарот Адам Силвер кои за Божиќ се одлучија да му го „сервираат“ најубавиот подарок.

Габонецот Силва се преселил во САД за да започне школување, и од тогаш само еднаш ја видел својата мајка. Единствениот пат во 2016 година во вкупно седум години. Знаејќи го тоа од НБА организирале доаѓање на неговата мајка во САД.

Па по завршување на еден тренинг на Мајами, Крис Силва кога ја здогледал мајка му не можел да верува… Повеќе од емотивното видео на Силва веќе е вистински хит по интернет-светот…

Фото: “Еве ја оставката од бившиот Премиер”

Зоран Заев претпладнево ја достави својата оставка до Собранието. Како што информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието, оставката ќе биде доставена до претседателот на државата Стево Пендаровски, кој потоа ќе треба да го извести претседателот на Парламентот, Талат Џафери за новиот мандатар.

Потоа, претседателот на Собранието ќе закаже седница на која треба да биде констатирана оставката на премиерот и на други членови на Владата и да биде избран новиот состав на техничката влада. Дополнително ќе биде соопштен терминот за одржување на седницата.

Како што е веќе познато, според договорот на политичките партии, мандатар на новата техничка влада ќе биде актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика ќе бидат Наќе Чулев и Рашела Мизрахи.

Составот на техничката влада треба да биде изгласан до вечерва на полноќ во Собранието, а таа се формира 100 дена пред предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април.

ЗАЕВ ЈА ПОТПИШАЛ ОСТАВКАТА: Се очекува претседателот на Собранието да свика пленарна седница на која ќе биде кнстатирана оcтавката

Зоран Заев утрово изјави дека ја потпишал оставката, по што се очекувало претседателот на Собранието да свика пленарна седница на која ќе биде констатирана оставката.

Верувам дека многу набрзо ќе стигне во Собранието за во текот на денот да може да почне процедурата и да се завршат работите за избор на преодната влада, рече Заев во емисијата „Утрински брифинг“.

Тој очекувал целата постапка да помине без проблеми, потсетувајќи дека праксата за формирање преодна влада е воспоставена уште во 2016 година на барање на СДСМ кои тогаш беа опозиција.

По констатирањето на оставката, претседателот на Собранието го известува претседателот на државата Стево Пендаровски, кој треба да му даде мандат на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој од највисоките партиски тела на СДСМ беше предлогот за технички премиер, а за кого има согласност и од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Спасовски потоа треба да ја предложи новата влада, а Парламентот да ја изгласа и тој владин состав ќе управува со земјава во периoдот до изборите и формирањето на новата влада.

Ибрахимовиќ во свој стил: Не го избрав бројот 11 затоа што ќе го избркав Борини од клубот (ВИДЕО)

Ибрахимовиќ слета на Линате ародромот каде беше пречекан од Звонимир Бобан и десетици навивачи на „Росонерите“.

Мега-засилувањето на Милан денеска во 11.30 часот слета на Линате ародромот каде десетици возбудени навивачи му приредија дочек. Од управата на клубот пратен да го пречека беше Звонимир Бобан.

„Многу сум среќен што се враќам. Ова е многу емотивно за мене бидејќи секогаш сум велел дека Милано е мојот дом и конечно еве ме назад. Бев во други клубови, но конечно повторно сум тука“, беа првите зборови на Ибра по слетувањето.

Италијанските медиуми објавија дека Ибрахимовиќ ги поминал лекарските прегледи.

Многумина ги интересираше зошто Ибрахимовиќ го одбра дресот со број 21, а тој реши да се пошегува во свој стил.

Бројот 21? Сосема ми е во ред. Каков однос имам со Борини? Немам никакви проблеми со него, ако јас ја сакав „11-ката“ ќе ми ја дадеа без размсилување. Ќе го избркав Борини од клубот и тоа е тоа. Но, ајде, годината да ја започнеме на добар начин, без проблеми, изјави Ибрахимовиќ со насмевка на лицето. Шведскиот ас во Милано пристигна како слободен агент, а ланската сезона ја мина во редовите на американски Лос Анџелес Галакси.

УХМР со времeнска прогноза за наредната недела: Северен ветер и конечно снег

Во текот на утрешниот ден и во сабота ќе се задржи претежно сончево време со услови за утринска магла по одделни котлини. Под влијание на студена воздушна маса во недела ќе има на облачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег.

Како што иформираат од УХМР, во почетокот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и студено, а во понеделник со засилен северен ветер.

Времето денеска во земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер и температура до 6 степени.

(ФОТО) Тамара ќе пее во најстарото геј збиралиште во Лондон: Настанот е насловен како “Еурофест”

Македонската пeјaчка Тамара Тодевска на 10 јануари ќе пее на Еурофест во Лондон.

Настанот се одржува во локалот Royal Vauxhall Tavern , познат геј-клуб во Лондон. Royal Vauxhall Tavern се смета за најстарото геј збиралиште во Јужен Лондон.

Билетите ќе чинат седум британски фунти.

Многу славни ѕвезди настапувале во Royal Vauxhall Tavern, каде се одржуваат тематски забави, кабаре-програми и разни контроверзни уметнички шоу-претстави.