дома блог страница 2864

(Видео) “Ти ги изедов сите чоколади”: Го дочека синот со шok вести, а неговиот одговор ја изненади

Да му ги изедете чоколадите на детето е ризичен потег со несогледиви пocледици. Сепак, оваа мајка сакала да учествува во предизвикот од Џими Кимел и да види како ќе реагира нејзиниот син кога ќе му каже дека ги изела чоколадите додека тој спиел.

-Бев многу гладна и ги изедов сите чоколади, лажеше мајката, додека детето ја гледаше со неверување.

-Ти само се шегуваш… вели детето, но мајката продолжи да го убедува. Иако сите деца во тој момент би се pacплакале, ова дете тоа навистина добро го поднесе, појде до фрижидерот и и’ покажа на мајката што се има внатре.

-Требало да јадеш нешто од тука, ја посоветува синот. -Жал ми е, продолжи да лаже мајката, но тогаш следеше неверојатен одговор.

-Не треба воопшто да ти биде жал. Мамо, јас не ти се лутам. Во ред е, рече момчето и ја прегрна неговата мајка.

Уште една македонска песна доби своја преработка: Песната за убавата Теодора која стана комита (ВИДЕО)

Песната “Крушево абер пристигна”, маестралното дело на нашата легенда, доајенот на македонската народна музика – Васка Илиева, доби своја преработка од пејачката Стојне Николова.

Аранжманот за преработката на песната е дело на Дамир Имери, а сценариото, режијата, директор на фотографија, специјалните видео ефекти ги изработи Даниел Јовески.

Продуцент Бобан Мојсовски / Мојсо Продукција

“Почитувани пријатели и фанови, чест ми е да Ви го претставам моето видео првенче за 2020. Крушево абер пристигна, маестралното дело на нашата легенда, доајенот на македонската народна музика – Васка Илиева. Песната буди силни емоции што значи маж во тело на жена бранејќи ја својата татковина. Се надевам дека ќе допре до сите Вас, како што допре до мене и целиот мој тим кој работеше на овој проект”, напиша на Фејсбук Стојне Николова.

Пет минути овации за македонската дива Ана Дурловски од германската публика во Минхен

Со 5 минутни овации 1500-тната публика ја поздрави македонската оперска дива Ана Дурловски која беше главна ѕвезда на новогодишниот концерт на минхенскиот радиски оркестар. Во престижната концертна сала “Herkulessaal”, таа изведе познати оперски арии под диригентската палка на Иван Репушиќ – oбјави “ТВ АЛФА”.

Ана Дурловски, од страна на германското BR радио беше најавена како “македонската дива и еден од најзначајните солисти на штутгардската опера”. Концертот беше пренесуван во живо на веб страницата на германското радио.

Македонската оперска ѕвезда со импресивна меѓународна кариера, во своите интервјуа секогаш нагласува дека нејзина и мисија на нејзиниот сопруг е на светските сцени каде настапуваaт да покажат дека и во Македонија има гласови достојни за светските сцени, дека има македонски квалитет кој треба да му биде покажан на светот. Како дел од работата на промовирање на македонската култура, Ана Дурловски, на Новoгодишниот концерт носеше преубави креации на нашата креаторка Тања Кокев.

(Фото) “Наместо да трчам, ќе пуцам од 40 метри”: Ибра официјално промовиран во Милан

Златан Ибрахимовиќ и официјално повторно е дел од „росонерите“. Поранешниот репрезентативец на Шведска потпиша договор со Милан до крајот на сезоната, вреден 3.500.000 евра.

Ибра денес со официјалните лица од клубот ја одржа првата прес-конференција, а не ја пропушти можноста да ги поздрави и навивачите пред кои ја претстави и новата бројка на дресот, 21.

-Ја гледав екипата. Поседува квалитет, но мора да размислуваме од натпревар во натпревар. Резултатите не се баш за воодушевување, но сезоната е маратонска трка, не спринт на 100 метри. Не ја изгубив страста за фудбалот. Милан е секогаш Милан, историјата на овој клуб не може да се смени, вели Ибра.

Фудбалерот открива и дека на 38 година има повеќе понуди од клубови отколку што имал пред 10 години

-Верувам во себе, и соиграчите и знам каков сум. Напорно работам. По повредите во Манчестер Јунајтед многумина зборуваа дека нема да бидам оној стариот, дека нема да се вратам, но јас работев на себе и се додека е така ќе играм. Невозможно е да бидам истиот фудбалер како пред десет години. Наместо да трчам ќе шутирам од 40 метри. Разбирлив ми е притисокот од навивачите, знам што значи да се носи дресот на Милан, свесен сум дека сите очекуваат подобри резултати, но мора многу да се направи. Сакам кога луѓето ме исмеваат, тогаш влијаат на раст на адреналинот во мене. Тогаш сум вистинскиот, изјави Ибрахимовиќ кој повратничкото дерби би требало да го има во понеделник против Сампдорија на „Сан Сиро“.

Звонимир Бобан од Милан истакна дека клубот е среќен што може да дочека единствен играч како Ибра.

По 11-ти пат црквата Св. Благовештение од Прилеп ќе подели хуманитарни пакети за 110 социјални семејства во Прилеп

Црквата Свето Благовештение во Прилеп по 11-ти пат ја организираше хуманитарната акција за Божик со која на 110 социјално загрозени семејства од градот ќе им бидат поделени пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена – oбјави порталот “Инфо Компас”.

Акцијата ја организираат вработените во црквата кои еве над една деценија функциониираат како неофицијална хуманитарна организација која го носи името на светителот „Свети Никодим Прилепски и Тисмански“,чија икона во 2015 година започна да мироточи токму во црквата Свето Благовештение.

Средствата за оваа акција се собираа од хумани граѓани и верници кои донираа пари во специјалните кутии кои во текот на месец декември беа поставени во сите православни храмови во Прилеп. Во акцијата се вклучи и самата црква.

Вакви акции црквата Свето Благовештение организира два пати во текот на годината, за Божик и Велигден.

Откако беа собрани пакетите кои ќе бидат поделени утре, во знак на благодарност акцијата заврши со пеење на тропарот на Свети Никодим Прилепски и Тисмански пред мироточивата икона.

Видео прилогот погледнете го ТУКА

Богојески: Бугарскиот јазик во Македонија треба да биде службен јазик

Бугарскиот јазик во Македонија треба да биде службен јазик, за да може македонските Бугари да се обратат на мајчин јазик и на тој јазик да добијат одговор, вели Петар Богојески од политичка платформа „Македонски концепт“ во интервју за бугарски “Фактор”

Според него, македонскиот и бугарскиот биле два клона на едно исто стебло, наследници на еден ист св. Климентов јазик.

Тој вели дека се залага официјални јазици да бидат сите јазици кои граѓаните ги препознаваат како мајчин јазик, плус англиски.

Доколку македонските Бугари декларираат дека е неопходно, тогаш во Македонија може да се воведе како службен јазик и бугарскиот. Ние сметаме дека ако еден граѓанин се обрати на државата на бугарски, редно е да добие и одговор на бугарски, плус македонски, заради понатамошна административна употреба на одговорот. Тоа се однесува на сите јазици. Нема да има спор за официјалниот јазик од територијата на Македонија или во целата држава, вели Богојески.

(Видео) Мелем за очи: Запознајте ја Фернанда Коломбо, таа е фудбалски судија и често разменува бакнежи на терен

Во фудбалскиот свет се смета дека Фернанда Коломбо е најубавата судијка.

Меѓу другото таа дубивала и многу неморални понуди, а една таква ја сподели и на Инстаграм. Исто така, таа сподели видео на кое разменува бакнежи со друг судија на теренот.

“Љубовта е во игра”, напиша Фернанда на нејзиниот профил.

На Божиќ 500 дечиња од цела Македонија по 14-ти пат ќе празнуваат во Прилеп

Под мотото „Едно небо за сите деца“ околу 500 деца од повеќе градови од земјава ќе се дружат и заедно ќе го прослават Божик на традиционалниот, заеднички, Божикен ручек на 7 јануари.

Во продолжение ви ја пренесуваме денешната прес конференција од организаторот на настанот:

“Дозволете ми најпрво од името на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, како и од мое лично име, да упатам честитка до сите вас присутните и македонската јавност по повод Новогодишните и Божиќните празници, со желби за љубов, мир, здравје и благосостојба.

Оваа година по 14-ти пат, традиционално, во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп, со почеток во 12:00 часот, 500 деца ќе се дружат на свечен Божиќен Ручек и ќе го слават Христовото раѓање. По 14-ти пат на оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ. Оваа година ова меѓународно признание му го доделуваме на Акционерско друштво за производство на лекови, медицинска опрема и материјал, промет и услуги, д-р Пановски од Скопје.

Започнуваќи од 2006 година, Божиќниот Ручек се одржува веќе 14 години како централна манифестација што го одбележува почетокот на секоја наредна година. И оваа година гости ќе бидат традиционално петстотини деца од целата територија на нашата држава на заедничка трпеза ќе го прослават Божиќ, денот на Христовото раѓање и на таа заедничка трпеза ќе седнат деца од различни целни групи, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Децата се од Прилеп, од Скопје, Битола, Тетово, Крушево, Демир Капија, Струмица и од другите градови и општини ширум државава.

Заклучно со овој 14ти Божиќен ручек вкупно ќе бидат опфатени 7000 деца.

Како и секоја година нашата порака е во рамките на нашето мото „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помуѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата, и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество. Бидејќи децата се нашата иднина.

Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децта. Тоа пак води до нашиот постулат на програмските задачи на Детската Амбасада дека сите деца се исти и еднакви во остварувањето на нивните права, односно дека ништо не е поѕначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божиќна трпеза имаме покането и деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат.

Божиќниот Ручек ќе го благослови Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар,а на сите деца ќе им се доделат пакетчина за слатки сеќавања на Божиќниот Ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Илија Јованоски. Како и минатата година, така и оваа за збогатување на свеченоста ќе се погрижат од танц студио „Зодијак“ од Прилеп. На оваа свечена манифестација за прв пат забавниот дел ќе го збогатат и малите ангелчиња Илина и Јована Николовски од Скопје, a како и секој Божиќ, за уште повесела забава на овој Божиќен Ручек, ќе настапи македонскиот идол Христијан Тодороски.

И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, ќе има и доделување на ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за Сите Деца во Светот одлучи да ги додели на: Кромберт и Шуберт од Битола, Градоначалникот на Општина Прилеп, г-дин Илија Јованоски, нашето трето Дете Амбасадор, сега г-дин, Трајче Камчески.

Организацијата на овој 14-ти по ред Божиќен Ручек за 500 деца успешно се реализира благодарение на пријателите на децата и Детската Амбасада, ЕЛС на Општина Прилеп, Алкалоид А.Д. од Скопје, Кромберт и Шуберт од Битола, А.Д. Реплек од Скопје, Адора инженеринг од Скопје, Прилепска Пивара од Прилеп, Млекара А.Д. Битола од Битола, Винчини од Виница и Фан продукција Зоран од Прилеп. Медиумски покровители на овој настан се: Канал 5 Телевизија, Македонската Радио Телевизија, Наша ТВ Телевизија, Тера Телевизија, Сити медиа, Радио 5 чоки и Радио Пела, веб порталите Плус Инфо, Бриф, Слободен печат, Шеталиште, Маркукуле и Инфокомпас”.

Дурловски го прокоментира заминувањето на Заев? “Ќе ме наречете мегаломан, ама мене ми фали огномет”

Оперскиот пејач Игор Дурловски во свој стил го коментира заминувањето на Зоран Заев од премиерската функција, иако не го спомнува.

„Ќе ме наречете мегаломан, ама мене ми фали огномет“, напиша на Фејсбук еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Исчистете го организмот од тешката празнична храна: Вкусен напиток од моќни продукти!

Имавте доволно време да го “исчистите” фрижидерот од колачи, месо и останати продукти.

Сега е вистински момент да му помогнете на организмот да се ослободи од тokcини кои во него се насобрале за време на последниве неколку дена.

Тоа најлесно ќе го направите со еден вкусен напиток. Сите потребни продукти ги имате при рака, а за подготовка се потребни само неколку минути.

Потребни состојки: едно цвекло, еден морков, една лажица изрендан ѓумбир, еден лимон, едно јаболко и една шолја зелен зеленчук.