дома блог страница 2863

Денеска е Св. великомаченица Анастасија

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 декември.

Денеска е Св. великомаченица Анастасија.

Зборот маченик е превод на грчкиот мартис, што значи сведок. Значи, мачениците се сведоци, кои со својот чудесен живот сведочат за една божествена стварност што им е достапна на луѓето. А тие што со животот покажале посебно сведоштво за распнатиот и воскреснат Христос, Црквата ги нарекува великомаченици. Таква беше оваа света Анастасија, по потекло римјанка од виден род. Таа ги поднесе сите неприлики со својот маж, незнабожец, ја поднесе тежината на затво¬рот и во сето тоа не престана да ги помага затворениците и сите што се наоѓаа во некоја мака. Заради таа своја вина од римските управници свети Анастасија беше наградена со cmpт, а од Христа со живот во неговите вечни живеалишта. Свети Анастасија пocтpaда во 290 година.

Супер дедо: На своите внучиња им купи школски автобус за Божиќ и стана нивни шофер (Видео)

Даг Хејс од Орегон,САД оваа година на внуците им подари посебен подарок.

Изненадувањето го откриле додека се играле во дворот, а откако го видоа големиот жолт автобус, беа фасцинирани.

Пет негови внучиња одат во мало приватно училиште кое не може да им обезбеди превоз, па затоа секој ден родителите ги развозуваат децата.

-Децата го сакаат училиштето, но сакаат да имаат шанса да патуваат со шклоски автобус, рекол Хејст.

Наредната година во училиште ќе тргнат уште неколку деца, па вкупно ќе бидат 10 деца. Сите живеат на 20 минути возење од училиштето, а дедото живее на два километри.

– Ќе правам утринска тура, ќе ги соберам од дома и ќе ги одведам до училиште, а потоа ќе се вратам дома и ќе одам на работа“ рекол тој.

Вели дека е пресреќен што ќе има повеќе време да поминува со своите внучиња.

Важно соопштение од УЈП до граѓаните и правните лица

До 15 јанаури сите правни и физички лица кои минатата година имале промет под два милиони денари, а се регистрирани како ДДВ обврзници, ќе имаат можност да се дерегистрираат од Регистарот на ДДВ обврзници, а оние кои имале промет над два милиони денари, а не се регистрирани, ќе мора да се регистрираат. Ова го налага новиот праг за ДДВ обврзници што почна да важи од 1 јануари.

Прагот за ДДВ обврзник беше зголемен од еден на два милиони денари кон крајот на минатата година со цел да се намали административниот товар за граѓаните и фирмите.

– Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност, можат да достават и даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност, информираат од Министерството за финансии.

Пријавите за регистрација може да се дости по пошта или лично до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи според седиштето или живеалиштето на даночниот обврзник. Пријавите може да се достават и електронски на http://etax.ujp.gov.mk.

Направен е и прирачник преку кој граѓаните и фирмите ќе можат да се информираат за новиот праг и кој има или нема обврска како ДДВ обврзник. Прирачникот може да се најде на веб-страната на Министерството за финансии.

Прагот за ДДВ обврзник беше променет кон крајот на минатата година. Тогаш министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека анализата на Министерството за финансии покажала оти даночната администрација троши повеќе време за малите ДДВ обврзници кои придонесуваат со два проценти во вкупната наплата на ДДВ, отколку на оние кои придонесуваат со 73 проценти.

Со новите законски измени променет е и периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и истиот е скратен на три години од претходните пет години.

Ќе биде ремек дело: Еве како се снимаше видеото за најново возобновена божиќна песна „Христос се роди денес“ (ВИДЕО)

Здружение за возобновување на вистинските православни вредности и оваа година ја организираат возобновената Бадникова поворка. Здружението и оваа година, ги повикува граѓаните на 6-ти јануари – Бадник, да земат учество во манифестацијата настани, што се организираат во чест на Празникот на Христовото Раѓање – Божик.

Според овогодинешната програма, најпрво од 10:30 до 11 часот, Здружението “Бадникови поворки” ги повикува сите семејства со деца, да дојдат пред црквата Св.Димитриј во Скопје за да подигнат бесплатни ѕвездички за децата и да учествуваат во формирањето на најголемата бадникова поворка предводена од Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст тајм), Давид Темелков и Златните славејчиња.

Според објавениот распоред на настани, во 11:15 часот, поворката предводена од македонските музички ѕвезди, ќе се упати кон Соборниот храм каде што оваа година, ќе се случи и најавеното обединување на Старите скопски бадникари со Бадниковите поворки. По тој повод, како што најавува Здружението, во дворот на храмот ќе биде изложено најголемото бадниково колаче високо дури 3 метри и тешко над 100 килограми, ќе бидат доделени признанија и подароци на бадникарите со најдолг стаж, а во рамките на божикниот концерт што го подготвуваат гореспоменатите музички ѕвезди, ќе биде промовирана и најново возобновената божикна песна “Христос се роди денес” во интерпретација на Вера Милошевска – Љубојна и традицискиот оддел при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”.

Освен во Скопје, традиционално и оваа година, во речиси исто време, Бадникови поворки на радоста ќе се одржуваат во уште 39 градови и населени места во Македонија. “Вечниот Бог” ќе се пее, и радост ќе се сее, низ улиците на Битола, Охрид, Струга, Кичево, Прилеп, Дебар, Велес, Штип, Крушево, Куманово, Струмица, Богданци, Виница, Ростуше, Луково, Велгошти, Кривогаштани, Гевгелија, Валандово, Свети Николе, Тетово, Гостивар, Ресен, Могила, Демир Капија, Кавадарци, Пробиштип, Радовиш, Неготино, Кочани, Делчево, Македонска каменица, Дојран, Вратница, Брвеница, Старо село, Беловиште, Рогачево и Теарце, каде распеаните коледарчиња ќе бидат исто така дочекани и дарувани со најголема љубов, почит и пригодни пакетчиња.

Во продолжение слушнете како се снимаше видеото за најново возобновената божикна песна „Христос се роди денес“, во друштво на актерите Владо Јовановски, Владо Дојчиноски и Љупчо Бојковски.

Изненадување на манифестацијата оваа година ќе биде и 3-метарското колаче, кое ќе тежи 100 килограми и со кое ќе треба да се турне Гинисов рекорд.

Ова бебенце го освои светот со неговата фотосесија: Вакво лице немате видено досега (ФОТО)

Во последниве неколку години родителите најчесто ангажираат професионални фотографи со цел да ги сликаат нивните дечиња.

Иако очекуваме да видиме среќи и насмеани деца на сликите, едно бебе одлучило да му покаже на светот колку е лута и мрзоволна.

Запознајте ја Луна. Нејзината фотографка рекла дека иако малата Луна била мрзоволна за време на фотосесијата, таа истовремено била многу мирна.

Погледнете како изгледа најлутото бебе на светот, речиси е невозможно да не ја засакате веднаш:

Непочитување: Ниту градоначалникот, ниту претседателот на Совет, не ги удостоија војниците на патронатот на касарната

Со положување цвеќе пред бистата на Мирче Ацев и презентација на дел од опремата и вооружувањето, касарната „Мирче Ацев“ ја одбележа 77 годишнината од загинувањето на својот патрон.

Пред бистата на народниот херој, цвеќе положија делегации на гарнизонот „Мирче Ацев“, Првата пешадиска бригада, организацијата на Сојуз на борци од Прилеп, претставници на Општина Прилеп и општинскиот Совет, Гимназијата „Мирче Ацев“, но не и градоначалникот на општината, Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талески.

Во своето обраќање, командантот на касарната, потполковник Ѓорѓи Василески ја потенцираше вербата на Мирче Ацев дека партизанските единици на агресорот можат да му се спротивстават само со добро организирани единици и здружени
формации.

„Неговата верба и убедување дека само со добро организирани единици и здружени формации ќе успее да се спротивстави на агресорот, ние старешините и војниците и денес ја споделуваме. Оваа година, токму во една таква здружена организација влегуваме како 30 земја членка. НАТО сојузот, впрочем ја дели истата идеја на Мирче, дека само здружени и добро организирани ќе може да му се пркоси на секаков облик на закана, било да е конвенционална или неконвенционална. Делувајќи заеднички и споделувајќи различни искуства со многу други, во иднина не’ прави да сме посигурни и побезбедни. Довербата која армијата ја ужива кај својот народ секојдневно ја зголемуваме и потврдуваме со нашето присуство на границите во справување со мигрантите, но и во моментите при справување со елементарни непогоди“, истакна потполковник Василески.

За животниот пат и револуционерното дело на Мирче Ацев говореше историчарот Илија Велкоски, а одбележувањето на патрониот празник со пригодна програма го збогатија учениците на прилепската Гимназија „Мирче Ацев“.

Заев со очајнички “твит” се подготвува за опозиција: Стравувам дека Мицкоски навистина нема да го почитува договорот од Преспа

Стравувам дека Мицкоски навистина нема да го почитува договорот од Преспа, за разлика од Мицотакис. Очекувам граѓаните да ги препознаат штетните политики на опозицијата и да го дадат својот глас за продолжување на политиките кои водат кон иднината, напиша Зоран Заев на Твитер откако беше констатирана неговата оставка.

Кој е Дејан Кулушевски? Дознајте повеќе за новиот бисер на Јуве

Јувентус и официјално го привлече Македонецот Дејан Кулушевски. За неговите права Аталанта ќе добие 35 милиони евра, сумата може да се зголеми за уште 9 милиони евра со бонуси. 19-годишниот напаѓач ќе ја доигра сезоната во Парма каде забележа 4 гола и 7 асистенции на 17 натпревари во Серија „А“.

Се чини дека сè се случи неочекувано, дури и за самиот Кулушевски. На 28 декември шведската веб-страница „СВТ Спорт“ објави блиц интервју со него, во кое неговите одговори не личат на иден фудбалер на Јувентус.

Меси или Роналдо?

– Меси.

Тоти или Дел Пјеро?

– Тоти.

Гласините за интересот на Јуве за него се појавија во есента, но до неодамна Интер се сметаше за фаворит за неговиот потпис. Постојат две верзии зошто го одбра Торино. Првата е дека нема да се вклопи во шемата 3-5-2 на Антонио Конте, втората е дека „нероазурите“ не инсистираа доволно за неговиот потпис. И двете опции се сомнителни. Јуве ќе го плати трансферот на пет транши, а минатото лето Кулушевски се пресели во Парма, за да игра на десното крило, иако никогаш не играл на таа позиција.

Дебитираше пред една година … Зошто е толку скап?

Кулушевски го направи своето професионално деби минатиот јануари, кога се појави како резерва за Аталанта против Фросиноне. До крајот на сезоната, тој играше уште двапати, запишувајќи вкупно 105 минути. По неговата прва средба, тој доби пофалби од Џанпјеро Гасперини.

– Јас сум импресиониран. Тој има класа, физичка сила, издржливост. Но, Папо Гомез игра на оваа позиција, па мора да почека. Сигурен сум дека тој ќе игра многу наскоро, изјави Гасперини.

Аталанта го привлече во 2016 година за 165.000 евра „под носот“ на Арсенал. Во својата прва сезона во тимот под 17 години, тој постигна 17 гола и 15 асистенции. Тренерот на јуниорскиот состав, Масимо Брамбила изјави дека Кулушевски ги надминува своите врсници – физички и технички. Во текот на летото, Швеѓанецот сакаше да го напушти Бергамо за да игра повеќе. Кандидатите беа Каљари и Парма.

Тој го одбра „Енио Тардини“, а головите и асистенциите не задоцнија, а во декември беше избран за играч на месецот во Калчото.

– Јас тренирав многу добри фудбалери, но со оглед на неговата возраст, Дејан е најдобар, го пофали тренерот на „војводите“, Роберто Д Аверса.

Го споредуваат со Де Бруин и Салах. Тој се восхитува на Азар

Токму Даверса му најде нова позиција на теренот. Пред Парма, Кулушевски никогаш не играл на крило. Но, Роберто исто така му даде слобода.

– Тој е неверојатен меѓу линиите на противникот. Тој игра на крило, но се движи многу опасно кон центарот. Може да стане играч од средниот ред во иднина, изјави тренерот.

Кулушевски стана крило на „Енио Тардини“, но извидникот Винченцо Маркети го спореди со Кевин де Бруин.

– Дејан е одличен пример за модерен играч од средниот ред кој може да игра на која било позиција во нападот, рече тој.

Поранешниот тренер на Каљари и Болоња, Пјерпаоло Бизоли, прави поинаква аналогија.

– Ме потсетува на младиот Мохамед Салах. Со топката во ногата, тој е многу уверен, постојано се обидува да го надигра својот противник. Ова сега е реткост, вели тој.

Споредбите на Де Бруин не се случајни. Дејан признава дека му се допаѓа стилот на игра на Кевин, но Еден го инспирира уште повеќе.

– За мене тој е посилен од Меси и Роналдо. Ја гледам неговата игра. Јас ги проучувам неговите потези. Јас се обидувам да ги повторам. Меѓу најмладите, најкул на Килијан Мбапе. Физички, тој е чудовиште. Најмоќен во Калчото е Папо Гомез, вели Швеѓанецот со потекло од Македонија.

Сепак, Кулушевски нема идоли. И тоа не влијае на него. Тој се обидува да позајми помалку од сите ѕвезди. Неговата омилена „финта“ е да оди десно, а потоа одеднаш да ја смени насоката. Го научил ова од футсал, кој го играл многу како дете.

Тој ја сака кошарката

Меѓу играчите родени во или по 2000 година, само Виничиус Жуниор од Реал Мадрид вреди повеќе од Кулушевски – 45 милиони евра.

– Јас често играм на ФИФА со него, рече Швеѓанецот, жалејќи се дека по неговиот трансфер во Парма, тој бил без Интернет веќе три месеци. „Гледав филмови на ТВ. Мој омилен ми е „Слепата страна“ со Сандра Булок. Исто така, читав книги. Претежно биографии на спортисти како Леброн и Коби“.

Дејан ја сака кошарката. Тој изгради игралиште во близина на својата куќа во Македонија за да игра меѓу сезоните. Неговата мајка е со потекло од земјава, но семејството живее во Стокхолм. Неговиот татко е Швеѓанец, и покрај убедувањата на Горан Пандев, Кулушевски ја избра скандинавската земја. Тој го прави своето деби за Шведска во ноември, а веројатно ќе има малку време за кошарка во текот на летото затоа што ќе биде на ЕП 2020.

Кулушевски ќе ја заврши сезоната во Парма и за ова време Маурисио Сари треба да сфати на која позиција да го користи.

– Сари е фантастичен тренер. Го проучував неговиот стил. Сигурен сум дека ќе научам многу од него. Јас секогаш играм за победа, а не за голови и асистенции, рече 19-годишниот талент при претставувањето како фудбалер на Јуве.

Пред почетокот на сезоната, Кулушевски си постави цел да постигне 15 поени на системот за гол + пас. 11 беа доволни за трансфер во „Старата дама“. И на прашањето дали сега започнува најтешкиот дел за него, сите беа изненадени од одговорот: „Тешко? Сега почнува најинтересното!“.

(Видео) Димовски со вистината pacпука по техничката Влада

Господине Спасовски не ви ја честитам функцијата технички премиер затоа што тоа не е за честитање, но ви честитам тоа што откако ќе бидете поразени на изборите на 12 април, ќе ви се отвори патот за да станете лидер на СДСМ, рече во своето обраќање пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на попладневната седница за избор на техничка влада.

Тој рече дека по нарачка од Владата, се разрешени седум уредници на медиуми и му порача на Спасовски да внимава упатувајќи навреди кон „режимот“, затоа што, „половина од пратениците и третина од министрите кои сега се дел од вашиот тим, биле соработници на тој „режим“.

Илија Димовски рече постојат гласини дека дел од министрите на оваа влада веќе си бараат ангажман во странство, истакнувајќи дека министерката за правда Рената Дескоска веќе пројавила желба да се „едуцира во Венеција“.

-Како дојдовте, така ќе си одите. Дојдовте со техничка влада, со техничка влада и ќе си одите, рече Димовски.

Тој ги критикуваше и реформите со кои претходно се пофали Спасовски.

-ОТА ви е тотално нефункционална, а АНБ ја претворивте во партиско дувло, рече Димовски.
Тој продолжи со критиките за досегашната работа на Владата.

Широко распространета дрога, нерешени убиства, избегани убијци, нарачани судски постапки директно од министри во владата, уцени на политички неистомисленици, разрешени 7 главни уредници на значајни медиуми… За рекетирање на бизнисмени не ни сакам да зборувам, за тоа јавноста многу знае а и допрва ќе зборувам, рече Димовски.
Тој рече дека ќе им честита само на двајцата министри предложени од ВМРО-ДПМНЕ, кои според своите биографии можеле да се носат „барабар“со целата влада.

-Господине Спасовски, гледам љубите реплики од филмови, па ќе ве упатам да погледнете еден српски филм, лесно ќе може да го разберете, се вика „Сенки над Балканот“. Такво е вашето владеење – рече Димовски.

(Видео) “Ти ги изедов сите чоколади”: Го дочека синот со шok вести, а неговиот одговор ја изненади

Да му ги изедете чоколадите на детето е ризичен потег со несогледиви пocледици. Сепак, оваа мајка сакала да учествува во предизвикот од Џими Кимел и да види како ќе реагира нејзиниот син кога ќе му каже дека ги изела чоколадите додека тој спиел.

-Бев многу гладна и ги изедов сите чоколади, лажеше мајката, додека детето ја гледаше со неверување.

-Ти само се шегуваш… вели детето, но мајката продолжи да го убедува. Иако сите деца во тој момент би се pacплакале, ова дете тоа навистина добро го поднесе, појде до фрижидерот и и’ покажа на мајката што се има внатре.

-Требало да јадеш нешто од тука, ја посоветува синот. -Жал ми е, продолжи да лаже мајката, но тогаш следеше неверојатен одговор.

-Не треба воопшто да ти биде жал. Мамо, јас не ти се лутам. Во ред е, рече момчето и ја прегрна неговата мајка.