500 дечиња од целата држава присуствуваа на 14-от по ред Божиќен ручек во Прилеп: Настанот и оваа година предизвика љубов, насмевки и топлина (Фото)

По четиринаесетти пат во Прилеп се организираше манифестацијата “Божиќен ручек”, a организатор е “Детската Амбасада за сите деца во светот”.

Овој настан повторно на едно место собера 500 дечиња од целата држава, од различна вероисповед, деца со посебни потреби, деца без родители, деца на загинати бранители, како и истакнати деца- членови на Детската Амбасада.

Христовото раѓање и оваа година беше одбележано со богата програма и со искрени, топли, детски насмевки.

Со песната “Вечниот Бог” и со одлична кореографија, децата одново предизвикаа воздишки кај сите присутни и на најубав начин го доловија раѓањето на спасителот и неговото пристигнување на земјата.

Традиционално, Детската Амбасада го додели најпрестижното признание за општествена одговорност „Орден за носител на мирот“, кој оваа година му припадна на Акционерско друштво за производство на лекови, медицинска опрема и материјали „Д-р Пановски“ од Скопје.

Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на невладината Детска амбасада за сите деца во светот нагласува дека манифестацијата се одржува под мотото „Едно небо за сите деца“

-На овој Божиќен ручек што го организираме по 14-ти пат се околу 500 деца од повеќе градови од земјава: Од Скопје, Тетово, Битола, Струмица, од Крушево, Прилеп. Децата се од повеќе целни групи и поканети се и од сите верзски заедници под мотото „Едно небо за сите деца“. Пораката е да нема недоразбирње, насилство меѓу децата, да има толеранција, љубов и разбирање. Оваа година носител на Орденот на мирот што го доделува детската амбасада е фирмата „Доктор Пановски“, а плакета за пријател на децата му е доделена на прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, изјави Северкоска Стојаноски.Владиката Петар, кој го благослови Божикниот ручек вели дека ако ги профатиме толернцијата, љубовта и разбирањето што ни ги даваат децата, ќе може да ги спасиме општеството и татковината.

-Децата се нашата иднина, нашата радост. И токму денеска чувствуваме дека, ако се угледаме на децата, на нивниот пример како образец на љубовта, на трпението, толеранцијата, на дружењето, може да се спаси човечкиот род, зашто никој од нас не може да се обединеме како што тоа го можат децата. Затоа да се угледаме на нив. децата ни ја праќаат пораката за обединување, да се чувствуваме како едно без разлика на возраста, на верската определба, на личните определби за до спасиме нашето општество, Татковината, па би рекол, и нашата света црква, порача владиката Петар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.