дома блог страница 2848

Доделен и четвртиот автомобил од големата нагpaдна игpa на Mozzart: Ангеле Нинески од Скопје ќе вози преубав Jeep Compass (Фото)

Заврши последната, четврта етапа од големата наградна игра на Mozzart обложувалници, а на уплатното место Тафталиџе 2, вчера ја доделија наградата – автомобилот Jeep Compass.

Во наградната игра „Погоди најголемата квота“ играчите имаа четири шанси за четири автомобили, а траеше од 30-ти август 2019 до 05-ти јануари 2020 година.

Во првите три етапи доделија три автомобили Fiat 500, a вчера го доделија и четвртиот автомобил – прекрасниот Jeep Compass.

Среќниот добитник е Ангеле Ниненски од Скопје со добитен тикет и најголема квота од 5350,17!

Во првата етапа која траеше од 30 август до 30 септември 2019, победи Орце Груев од Неготино со добитен тикет и најголема квота од 18,270. Во втората етапа која траеше од 01 октомври до 31 октомври 2019, победи Игор Андевски од Скопје со добитен тикет и најголема квота од 11,501.

Во третата етапа која траеше од 1 ноември до 30 ноември 2019, победи Ристо Нелковски од Скопје со добитен тикет и најголема квота од 32,229.

Четвртата етапа траеше од 1 декември 2019 до 05 јануари 2020 година.

(Фото) Heвpeме го уништи најскапиот грчки остров

Невpeме направи xaoc на грчкиот остров Миконос.

Прекини на струја, откорнати дрвја, штета на патиштата и поплaBи има на островот.

Во последните три дена невреме нанесе голема штета во најскапиот грчки остров Миконос. Луѓето на социјалните мрежи коментираа дека сега ниту за без пари не би отишле на Миконос.

(Фото) ЕХФ објасни зошто Талески беше избран за играч на натпреварот

Помалку изненадувачки, на крајот од вчерашниот натпревар со Украина, за најдобар играч на натпреварот беше прогласен Филип Талески. Сите очекуваа дека изборот ќе биде меѓу Никола Митревски и Кире Лазаров.

ЕХФ објави фотографија со која ја објасни својата одлука со фактот дека Талески постигна 4 гола, ама и мина на терен 55 минути и 34 секунди.

(Видео) Македонското сонце се вееше и на највисоката точка во Виена

Се разгорува атмосферата по вчерашната победа на Македонската ракометна репрезентација на Европското првенство. “Фалангата” ја поцрвене Виена, а австриските спортски медиуми им посветија особено внимание на македонските навивачи.

Телеграма од Чулев: Наредбите од Спасовски не важат – сите прераспоредени да се вратат на старите работни места

Со телеграма од 10 јануари до сите организациони единици, министерот за полиција Наќе Чулев ги известува сите во министерството за внатрешни работи дека сите наредби на екс министерот Оливер Спасовски со кои полициските службеници неколку саати пред нова година 2020, од страна на Весна Доревска и Виолета Влаховиќ беа прераспоредени во други полициски станици и деградирани – престануваат да важат.

Сите работници треба да се вратат на местата од кои биле прераспределени, стои во телеграмата на Наќе Чулев до сите организациони единици на МВР.

Тешка сooбpaќајка вчера во Прилеп

На 10.01.2020 во 15.30 во Прилеп на крстосницата од ул. ,,Прилепски бранители“ и ул.,,Трајко Тарцан“ се случила сooбраќajна незгода во која товарно моторно возило ,,ДФМ,, со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.С(60) од Прилеп удрило во Д.И (67) од Прилеп.

По удapoт К.С. ја пренел Д.И. во ИМП-Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повpeди

(Видео) Новиот “Министер за одбрана”: Сите 15 интервенции на извонредниот Митревски

34 годишниот голман на Еурофарм Работник кој лани се врати во својот роден град, синоќа блескаше, а ЕХФ една од неговите одбрани ја прогласи за втора најдобра на денот на ЕП 2020.

Дами и господа, НИКОЛА МИТРЕСКИ! Погледнете ги сите 15 интервенции на вчерашната утакмица:

(Видео) Голот на “Кирил Велики” избран за најубав во вчерашниот ден на ЕП

Репрезентацијата на Македонија стигна до тешка, но заслужена победа на воведниот натпревар од континенталниот собир против селекцијата на Украина.

Нашата селекција победи со голот на Кире Лазаров кој беше постигнат во последната секунда од средбата.

Од ЕХФ го избраа токму овој погодок на Лазаров како најдобар во вчерашниот, втор ден од Европското првенство. Во конкуренцијата голот на Лазаров беше и пред мајсторијата на младиот шведски ракометар, Валтер Хринц.

Заев на Tвитер доби лавина негативни реакции

-Вечерва навиваме за македонската репрезентација на Европското ракометно првенство.
Им посакувам победа на првиот натпревар со Украина и многу успех со репрезентациите на Австрија и Чешка, со кои играат во недела и во вторник, напиша Зоран Заев на својот Твитер профил.

Избори се ближат па Зоран заборави на “Северна”.

-Рече Македонската?? Македонската???? Како бе???? Зоране Ти ли си?; Согласно Преспа ама само на твитер (и пред избори), инаку национална; Северна ја снема? Без грижа, ќе ја најдете после изборите, ова се само мал дел од лавината негативни коментари кои ги доби Заев на Твитер.

(Видео) Митревски со втора најдобра одбрана на вториот ден од Европското

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски доби уште едно признание за својата извонредна партија при победата синоќа над Украина со 26-25.

За една од своите 15 одбрани, голманот на Еурофарм доби признание и од Европската ракометна федерација (ЕХФ)

Се работи за одбраната од последните минути кога Украина оди во контра, но Митревски го спречува ударот на Остроушко. Оваа одбрана е прогласена за втора најдобра за вчерашниот ден.