дома блог страница 2847

Гужва на Пелистер: Снегот и кристално чистиот воздух мамец за голем број гости (Фото)

Снежната прекривка на Пелистер од утрово измами голем број посетители. Ски стазите и угостителските објекти се исполнети, а Пелистер секогаш нуди одлична забава, чист воздух и уживање за секого.

Една прекрасна зимска идила која морате да ја посетите…

Најјаката споредба на Никола Митревски: Беше нерешлива дилема за Украина, го очекуваме во исто издание против Чешка

Никола Митревски блесна на првиот дуел против Украина и имаше 15 одбрани на голот на нашата ракометна репрезентација.

Токму Митревски беше најголемиот “виновник” што Македонија успеа да стигне до цел “плен” на дуелот со Украинците.

Цела Македонија посакува Митревски да ја задржи врвната форма и на наредните мечеви во групата Б, но и во продолжението на првенството.

Ова веројатно е најдобрата споредба на Митревски на дуелот против Украина:

Пратеникот Антонио Милошоски ќе стане татко по петти пат: Дариа, Михаела, Илина и Давид ќе добијат братче

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски кој пред две години го доби четвртото дете, пролетва ќе стане татко на уште едно.

Милошоски и неговата сопруга Симона ќе станат побогати за уште едно детенце, потврди пратеникот за порталот “Фактор”

Убавата вест пратеникот веќе ја споделил со своите блиски пријатели и колеги а покрај трите ќерки и единствениот син, Милошоски очекуваат машко бебе.

Пратеникот не ја крие возбудата, а од бракот со Симона досега ги имаат ќерките Дариа (4), Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12) – додаваат од “Фактор.мк”.

Фото/ Фејсбук профил на пратеникот Антонио Милошоски

Денеска ракометарите играат против Чешка: Се зголемува бројот на навивачи во „Штадхале“ (Видео)

На првиот меч на македонската ракомента репрезентација против Украина, Македонија имаше подршка од неколку илјади навивачи, а по таа победа, најавено е дека денеска таа бројка ќе биде уште поголема.

Се очекува поголем број навивачи поради тоа што натпреварот се игра за викенд во попладневни часови, што значи дека покрај фановите од Македонија, на натпреварот ќе присуствуваат и Македонци кои работат во Австрија и околните земји.

Maкедонија вториот натпревар од групата Б против Чешка го игра со почеток од 16:30 часот.

Во продолжение погледнете каква беше атмосферата пред дуелот со Украина во македонската фан зона во Виена:

Цели 10 години coздава yникатни кpeaции: Каролина од Прилеп на кaмчињaтa им дава живoт (Фото галерија)

Каролина Ѓорѓиоска создава рачни изработки од природни материјали

Дарба за уметност, скромност и хуманизам ја карактеризира Каролина Ѓорѓиоска. Изработува интересни и несекојдневни рачни изработки. Од дрво, камчиња, гранчиња. Материјали од природата. Многу одамна изработувала само за себе, за домот. И како дете многу сакала да црта. Но, поинтензивно последните 10 години создава уникатни слики, креации во кои вложува многу труд и љубов. Никогаш не ни помислувала дека ова нејзино хоби еден ден ќе прерасне во активност за која ќе има мошне заинтересирани вљубеници во нејзините креативни идеи. Никогаш не мислела дека и ќе се продаваат – вели Каролина во интервју за неделниот весник “ЗЕНИТ”.

Користи исклучиво природни материјали. Дрво, камен, гранчиња…

– Искрено прво видов и си реков, ајде да пробам. Ни на крај на паметот не ми паѓаше дека од камен може да се оформи човечко тело или движење, и тоа ми беше најголем предизвик. Тоа го видов и реков, да пробам. Почнав и не престанав – започнува да ја окрива идејата Ѓорѓиоска.

За читателите на Зенит вели дека доволно ќе ја претстават рачните изработки. Не сака да има нејзина фотографија.

– Каменот ми е најголем предизвик. Едноставно душа му даваш. Формата, бојата и големината на камчињата кои ги користам зависи од сликата што сакам да ја создадам. Најчесто ги собирам од околината на Вештачкото езеро, во близината на куќарката во која вообичаено работам. Директно материјалите кои ги користам се од природата. Дрвца, камен, кора од дрво, песок… Имам креации изработени само од песок. Одам многу на Црна Река. Речните камења ми се предизвик, се губам кога сум во потрага по нив. Сé собирам. Во моментот само гледам дали камчето има интересна форма, а потоа го вклопувам во сликата. Среќавам интересни форми. Во природата има материјал за работа во изобилство – вели таа.

Сака да ја задржи природната убавина на материјалите. На нејзината идеја и претстава која ја создава, додава некогаш и бои.

– Убави се камчињата кога се натурални без ништо. Ги обојувам кога изработувам детски цртежи, детски ликови како Пинокио, Малиот Принц, Снешко… – објаснува таа.

На децата од Дневниот центар Ѕуница пред новогодишните празници им подарила цртежи. За сите деца и три за просториите. Сака да подарува. Да ги прави среќни луѓето.

– Имам подарувано многу слики на блиски. Многу ми е убаво чувството кога подарувам, особено на непознати. И многу сум среќна кога ќе изненадам некого, кога ќе ја видам насмевката на ликот на некој што не очекувал подарок, особено кај помалку познати личности. Тоа е убаво чувство – искрено споделува за емоциите.

Димензиите на сликите што ги изработува се различни. Откако луѓето пројавиле интерес и почнале да порачуваат дела, работи секакви формати и димензии и 100 на 50 цм. Купува рамки, платно… А другото го има во изобилство во природата. Создава уметност на мигот.

– Работам на лице место. Покрај реката најдувам камчиња и во моментот се случува да направам нешто. Гранчиња, сé што може да се најде, шумски плодови, исушени и потоа ги составувам во композиција. Творам и во песок. Имам интересни креации, ги собирам и ги составувам потоа – вели таа.

Според неа камчињата не трпат стакло. Само длабоки рамки, релјефни претстави, тродимензионални. Ги фиксира со лак и со специјално лепило.

Уметничките творби имаат различни тематики. За секој празник, подготвува творби. За Божик, за Пивофест, ги одбележува моментите… Мозаиците í се предизвик, бидејќи се работи со мали камчиња. Вели дека се интересни, се заигрува како дете. Се губи просторот и оди во некој друг свет. Ги одбележува сите празници.

Бројни се нејзините дела. Има фотографии на профилот на ФБ, Рачна изработки Лина. Економскиот момент не í значи.

– Тоа е мое задоволство. Сликите не се скапи. Некаде би се продавале многу повеќе. Во нив има многу време, труд. Имам и цртани слики. Но, за овие со материјали треба осмислување, на пример за жена во движење, да се најдат соодветни камчиња, да се создаде движење. Знам дека финансиски не може овде многу цена да се постигне, но навистина ми е убаво чувството кога ќе земе некој слика. Дека му се допаднала и се чувствувам среќно – вели Каролина.

Планира изложба во иднина која ќе биде поинаква, не класична. Нема уметнички корен, освен тетка, која аматерски се занимава со рачни изработки. Сака да престојува во природа. Нејзиното око забележува уметност онаму каде другите тоа не можат да го видат. Остаток од снег кој му пркоси на сончевите зраци, а има форма на срце. Скриен трепет на ливчиња, на растение…

Сака да твори, да создава креации, да ги развеселува другите околу неа. Ја прави среќна кога други усреќува.

Извор: “Неделник Зенит”

Внимателно зад воланот, на овие патишта во Македонија моментално паѓа снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има во Крушево, Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Стража, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2019 на сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Ова ретко кој го знае: Зошто се меси лепче со паричка на Василица?

Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики станал Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој бил многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да доаѓа со својата вojcка и да го огpaбyBa градот.

Кога на свети Василиј му јавиле дека епархот повторно доаѓа, тој побарал од богатите луѓе во Кеасрија да го донесат сиот свој накит и златници.

Кога епархот пристигнал, свети Василиј го пречекал и му го понудил богатството. Епархот се изненадил и по некое чудо се засрамил, така што одбил било што да земе, ниту пак го огpaби градот.

Тој никогаш повеќе не се ни вратил, ниту пак им досадувал на верните од градот. Свети Василиј останал со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, тој ги замоли готвачите да направат мали лебови за секој верник.

Во секој од лебовите тој ставил нешто накит и златници. На денот на Новата година кога сите луѓе дошле во црква, тој на секого му дал по едно лепче. Тоа што секој го имал најдено во лепчето било токму тоа што претходно го имал дадено.

За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Новата година (по стар календар) да се меси лепче со паричка во него.

Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Годпод Исус Христос второто за Пресвете Богородица, а третото за свети Василиј Велики. Понатаму лепчето се разделува на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за претстојната година.

За сите кои пропуштија! “Лазаров Велики” капитен македонски! (Видео)

Македонскиот капитен, легендарниот 39 годишен Кире Лазаров уште еднаш беше човекот на одлука на натпревар на Македонија.

Лазаров го реши натпреварот против Украина (26:25), со гол во последната секунда од натпреварот.

За сите кои го пропуштивте, еве го уште еднаш победничкиот погодок за први бодови на Македонија во групата Б на Европското првенство:

Maкедонската снаа, Бразилката Едуарда Аморим: „Дојдов во Виена само за да ја поддржам Македонија“ (Видео)

Македонската снаа, Бразилката Едуарда Аморим Талеска, синоќа беше во арената во Виена за да ја бодри Македонија.

Таа е прогласена за играч на годината во женскиот ракомет, а во интервју за ЕХФ синоќа изјави:

„Дојдов во Виена само за да ја поддржам Македонија“, изјави таа во интервју за ЕХФ, кое може да го видите на следниот линк.

Снежна бајка во Крушево: Избегајте од загадениот воздух и упатете се кон снежниот убавец (Фото/Видео)

Снегот вечерва го покри Крушево.

Снежната бајка го претвори македонскиот убавец во прекрасна честитка, а тоа со сигурност ќе биде дополнителен мамец за голем број гости во текот на наредните денови.

Избегајте од градската бучава и загадениот воздух и утре сите во Крушево!