дома блог страница 2846

Ќе го укинуваа Е-дневникот: Наставниците ноќе го полнат – дење системот паѓа и податоците се губат

Учениците се на зимски распуст, но наставниците овие денови, или поточно ноќи, ги користат за си ги исполнат административните обврски со пополнување податоци во електронскиот дневник. Технички проблеми повторно има, па за да избегнат застои во системот, тие навечер внесуваат податоци на учениците. Ова пополнување е нивна законска обврска, а ако не ја исполнуваат на време, се соочуваат со казни од просветните инспekтopи, објавува Мета.

Зорица Милкова, наставничка во „Тошо Велков – Пепето“ во Кавадарци вели дека водењето педагошката евиденција во е-дневникот продолжува со тоа што се внесуваат описите оцени на учениците кои потоа ќе им бидат доделени во евидентните листи на родителски состанок.

– Во текот на оваа учебна година има и измени во оценувањето кај учениците од 4-то, 5-то и 6-то одделение, тие повеќе не добиваат бројчани оцени за полугодие, туку описни. Технички проблеми при внесувањето на податоците во е-дневник ги имало, а претпоставувам дека и понатаму ќе ги има. Затоа сѐ повеќе наставници го практикуваат ноќното внесување на податоци. Тогаш системот е послободен и поретко паѓа. Се случува дел од податоците при паѓање на мрежата и да се изгубат, но и да се дуплираат. Затоа треба и да направиме проверка откако повторно ќе се најавиме – вели Милкова.

Дополнителен проблем е и тоа што оделенските наставници кои предваат во 4-то, 5-то и 6-то одделение, во електронскиот дневник немаат опција да ги внесат описните оценки, туку таму постои само графа за бројчани оцени.

„Мета.мк“ неодамна објави дека Министерството за образование и наука (МОН), укажа дека наставниците не треба да внесат ретроактивно сѐ што е пропуштено, туку само оценките, изостаноците и полугодишните оценки. Претходно, околу една година системот воопшто не функционираше бидејќи надлежните не можеа да најдат фирма што ќе го одржува системот.

– Имајќи предвид дека постоеше застој во функционирањето на платформата, Министерството за образование и наука пред извесен период до училиштата достави допис со кој беше побарано наставниците да ги ажурираат само основните податоци за учениците, полугодишните оценки и изостаноците – рекоа оттаму.

Во меѓувреме, во МОН ветија дека од почетокот на второто полугодие, родителите повторно ќе почнат да добиваат смс-пораки со поведението, изостаноците и успехот на нивните деца.

Во државата има 17.887 вработени наставници во основно образование и 7.400 во средно образование. Сите имаат обврска да пополнуваат електронски дневник. Системот не функционираше затоа што МОН од април лани, кога истече договорот со старата фирма, не распиша тендер за избор на нова компанија која ќе го ажурира системот. Од пред неколку месеци, избрана е фирмата „Сорсикс”.

(Видео) “На мојот брат не можам ниту рака да му подадам”: Принцот Вилијам говори за афepaта “Мегзит”

Oткако се прошири веста дека принцот Хари (35) и војвотката Меган Маркл (38) се повлекуваат од кралската должност, целото семејство е разочарано. Принцот Вилијам призна дека е очајнички тажен, бидејќи блиската врска меѓу него и Хари сега веќе не постои.

Вилијам изјави дека сега не е во можност ниту рака да му подаде на својот брат.

“Целиот живот го прегрнував мојот брат, сега повеќе тоа не сакам да го правам. Сега сме две посебни целини”, додаде Војводата од Кембриџ, видно вознемирен што неговиот брат сака да биде финансиски независен. Меѓутоа, сепак се надева дека Хари и Меган уште еднаш “ќе пеат од иста страница”.

Со вакви навивачи поразот е победа! Главата горе Македонци! (ВИДЕО)

Maкедонија загуби во вториот натпревар од групната фаза на Европското првенство против Чешка (27:25).

Најголема причина беше разбранетиот голман на Чесите кој изгледаше како Никола Митревски во првиот дуел против Украина.

Иако загубија нашите момци одново покажаа карактер и жестока борба. Се вратија при разлика од 4 гола на 10-тина минути до крајот на натпреварот. Капитенот Лазаров на 40-годишна возраст постигна 11 погодоци, Георгиевски се бореше како да му е последен натпревар во кариерата. Манасков иако направи неколку престапи, постигна маестрални погодоци, одличен и младиот Танковски….

Пред нас е третиот натпревар во вторник против домаќинот Австрија. Мора да веруваме и мора да се надеваме на позитивен исход. Австрија не е противник кој е истакнат фаворит, сме ги добиле и можеме пак да ги добиеме.

Главата горе Македонци, со ваква публика и поразот е победа!

(Видео) Исплива шok снимка од Аца Лукас во делиpиyм

Аца Лукас е можеби најконтpoвepзниот пејач на Балканот, но на социјалните мрежи се појави видео кое е “премногу” дури и за него.

Пејачот во делириум пие и пуши за време на неговиот настап, а на крајот цигарата ја фрла во публиката.

За овој потег Лукас доби лавина негативни коментари.

И херојско Крушево од вчера стана двојазично? Дали со оваа табла ќе се живее подобро таму? (Фото)

Општинската зграда во Крушево од вчера има двојазична табла. Република Северна Македонија е напишано на Македонски и албански јазик.

Со реакција на социјалните мрежи се јави претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево, Никола Зисов.

“Во градот на Питу, Карев и на други знајни и незнајни јунаци кои загинале за МАКЕДОНИЈА и се колнеле во знамето на Крушевската Република и Слободна Македонија уште таблава фалеше во Крушево и да биде се како што треба. Сите се среќни, вработени, канализациони мрежи се поставени на сите населени места, киното и театарот работат секоја недела, младите се на врвот на интетересите на Општината, се отвараат нови фабрики и еден мал милион други проекти од интерес на граѓаните. П.С: Чувајте ги “старите” табли, бидејќи ќе дојде ден кога повторно ќе бидат вратени!” – напиша на Фејсбук претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Македонија победнички на полувремето против Чешка: Момците лавовски се бopaт на целиот терен (Фото)

Maкедонија победнички на полувремето против Чешка во вториот дуел од групната фаза на Европското првенство.

Нашите момци водат со резултат 9:11 на полувремето и имаат одлична игра и ротација во досегашниот дел.

Капитенот Лазаров повторно најдобар во досегашниот тек со 4 погодоци, а одлично расположен е и “министерот за одбрана”, Борко Ристовски кој има 4 одбрани.

Одлично играат и Кузмановски, Талевски, Георгиевски…

Одиме на втора победа!

Ексклузивно видео: Улиците во Виена поцрвенеа: Македонската фаланга приреди спектакл

Македонската Фаланга ги обои во црвено улиците во Виена.

Ако на дуелот со Украина имаше над 3.000 присутни во арената, денеска со Чешка се очекува уште побројна македонска публика која ќе ги бодри нашите момци.

Маркукуле ви пренесува ексклузивно видео од македонското кортео низ австриската престолнина:

Cвeдoштвa од мapкeтитe во Прилеп: Се kpaдe се’ и сешто, па дури и презepвативи

Во големите маркети постојано се kpaдат apтикли. Лепливи прсти кај професори, доктори, пенионери…

Мастики за џвакање, чоколади, кондоми, тегли со ајвар, кашкавал, сиренце, козметика, жестоки пијалаци и многу други продукти може да се најдат во џебовите, под пазувите, во торбите и пантолоните на муштериите на кои им “фаќа” раката по маркетите. Kpaжбата на потрошувачите не се тренд, туку појава особено присутна во големите маркети со големи полни рафтови.

Кои се прилепчаните што сакаат да ја заобиколат касата, противправно да прибават материјална корист и задоволат своја потреба? Од која социјална категорија се арамиите и кои се најчестите производи кои им запнуваат за око на муштериите на кои им се лепат прстите? Од маркетите на Тинекс, Кам, Тобако, Пано трејд, Шопе комерц и Футура дознавме секакви приказни за сограѓаните на кои им “фаќа раката”.

При нечесната операција некои се опремуваат и со специјални торби со двојни дна или облечени со дебели и широки винтјакни, со џебови како на попските мантии. Се крадат и кондоми и тегли со ајвар, парфеми, женски жилети за бричење, паштети… Момче било фатено со украдени кондоми, а баба со прашак за печиво од два денари.

– Муштерии ги ставаат производите во џебови на специјални елеци сошијани во јакните. Обично, наркомани земаат сé и сешто, скапи кремови, жестоки пијалоци, кои ги продаваат да дојдат до пари. Старите лица во торби ставаат сувомеснати производи, пилиња… Кражбите најчесто се околу 14-15 ч, кога се менуваат касиерките и не може да се следи движењето на муштериите, зашто менаџерите имаат други обврски. Најмногу земаат стари лица од 50 до 70 години. И тоа редовните муштерии кои доаѓаат два-трипати во денот, се умилкуваат, се поврзуваат со вработените и човек тешко се сомнева – велат од Тинекс.

shoplifter in the electronic store supermarket stealing new gadget

Касиерите почесто сакаат да ги заобиколат припадничките од понежниот пол, отколку мажите кои се почесни. Украдените производи ги криеле дури и во долниот веш.

– Муштеривка имаше скриено сапунче за тоалетна школка в прслук. Друг шишето со алкохолот го сокрил во внатрешен џеб на пантолоните. Старите пикаат во пазувите под палтата. Да се чуди човек каде што не ставаат – велат од Пано трејд.

Летно време, зимската гардероба ја заменувале со торби со двојно дно. Се става украден кашкавал, сирење и друго, а згора леб и само тоа ќе го наплатат, демек “празна” им е торбата.

– Познат арамија кога “оперираше”, го бркав и го фатив. Гол го соблеков и го оставив пред црква. Стоеа алиштата и телефонот три дена, потоа дојде и плати за десетина шишиња најскапи пијалоци. Беше на возраст од околу 40 години. Да крадеше ракија, ќе мислев дека е пијаница, наркоман, се лечи, а тој најскапите работи – објаснуваат од еден од маркетите.

Дете може да украде чоколадо, гладен да земе леб, но најчудно е што материјално обезбедени и образовани граѓани се крадци. Кашкавал краделе дури и професори и доктори.

– Сувомесни и млечни производи кријат добро ситуирани лица, и тоа постари. Тоа се професори, доктори. Ставаат во чантата по некое парче скап кашкавал. Кога ќе се усрамат пред сите, повеќето не се враќаат да пазарат – велат од маркет.

Претежно крадците биле женски. За нечесните постапки знаеле брачните другари кои го покривале резилот од болеста на сопругите. – Имаше случај на добро ситуирана возрасна жена која пазареше. Боледуваше од клептоманија, земаше постојано по нешто. Мажот í, ни рече да ја оставиме. Тој доаѓаше и плаќаше – велат од Тобако.

Некои краделе дури и прашок за пециво кој чини дури 2 денари.

При откривањето, крадците се обидуваат да побегнат. Ги туркаат продавачките, дури и ги повредуваат. Не се плашат ниту од полицијата. И законот ништо не им може. За нешто ситно, му го вадат од торбата и му го наплаќаат. Смешни измислици смислуваат, сцени, се тресат, треперат, плачат… Се вадата дека го купиле артиклот од друго место, а фискална немаат.

– Полиција прави записник. Тоа не е обештетување. Само над 10 илјади денари може да се поведе постапка по службена должност. Секој може да украде 500 – 1000 денари, а за тоа да не одговара. Проблемот е законот. Не можеш да направиш ништо. Повеќе пари ќе дадеш по судови со приватна тужба. Порано ,,раце се сечеле,, на тие што крадат, биле обележани пред средината – велат од Тинекс.

И камерите не се многу ефикасни, оти кратците се вешти, се сокриваат. Но, делуваат психолошки, влеваат страв и внимаваат.

Од маркетите објаснуваат дека не ретко потрошувачите се гоштеваат додека пазаруваат. Имало и отворање на производи, ставање на празните кутии на различни места. Мезење и каснување при шетањето меѓу рафтовите.

Продавачите го сносата трошокот на украденото, ако минува над утврдениот кусок.

ТЕПАЧКИ СО АРАМИИТЕ

Нервозната реакција е најчестата одбрана кога ќе се фатат на дело. Арамиите се обидуваат и да се пресметаат со касиерките при обидот за бегство.

– Бегаат низ врата со пленот в раце. Некогаш ги туркаат и касиерките. Може да се случи и да ги повредат, ги штипат – велат од маркетите.

Извор: “Неделник Зенит”

Врие во македонската фан зона во Виена: Maкедонската фаланга пее на цел глас (ВИДЕО)

Македонската фан зона во Виена и денеска исполнета до последно место.

Во пресрет на вториот дуел од групата Б помеѓу Македонија и Чешка, се пеат македонски народни и навивачки песни, а македонската фаланга е “вoopyжана” со многу знамиња, транспаренти, дресови и капчиња.

Погледнете дел од атмосферата таму која ни ја пренесува нашиот дописник Наце Митев директно од Виена:

(Видео) Комунална инспектopка нокayтирана откако се обиде да и ја одземе робата на улична продавачка

Улична продавачка на Видиковачки пазар нокаутиpaше комунална инспекторка, пренесува српски Курир.

На социјалните мрежи се појави снимка од инцидентот во кој се гледа моментот како жената ги влечи куферите по скалите, се врти и ја удиpa инпекторката, а таа веднаш паѓа на земја.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.