дома блог страница 2845

Oфицијално: Македонскиот филм “Meдена земја” номиниран за Оскар во две категории (Видео)

Американската филмска академија денеска ги соопшти номинациите со петте кандидати во трка за „Оскар“ за церемонијата на доделување на престижната награда која ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес.

Нашиот наградуван филм „Медена земја“ е номиниран во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

Номинациите можете да ги погледнете во продолжение:

(Видео) Ерменски супермен низ рацете цеди врел челик

Aркадиј Мгдасјан е леар од ерменскиот град Алаверди кој има една необјаснива моќ. Тој може со гола рака да поминува низ растопен челик без притоа да заработи било какви повpeди или изгopeници.

Погледнете го ова несекојдневно видео:

Шамap од ЕУ: Наместо датум Македонија ќе добие „рамка“ ?!

Наместо датум за Европската Унија, благодарение на Заевото владеење, ќе добиеме „јасна рамка“. Ова го потврди и претседавачот Хрватска. Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска изјави дека хрватското претседавање со Европската Унија преку Самитот во Загреб во мај годинава ќе им даде на земјите од Западен Балкан „јасна европска перспектива, јасна временска рамка, но и методологија за идните преговори“ – пишува порталот “Курир.мк”.

Шансите за Македонија да добие датум за преговори во мај или пред мај се рамни на нула. Тоа мора да ни биде јасно и да бидеме свесни дека проблем се и нашите реформи, вели аналитичарот Ристо Никовски за Курир

Жешка шлаканица за Македонија. Шансите на нашата држава во мај се еднакви на нула, бидејќи домашната задача- да нема криминал, да нема рекет, да нема корупција, а да има реформи- не е завршена.

Наместо датум за Европската Унија, благодарение на Заевото владеење, ќе добиеме „јасна рамка“. Ова го потврди и претседавачот Хрватска.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска изјави дека хрватското претседавање со Европската Унија преку Самитот во Загреб во мај годинава ќе им даде на земјите од Западен Балкан јасна европска перспектива, јасна временска рамка, но и методологија за идните преговори. Тој во интервју за Франс 24 повтори дека очекува претставување на предлогот за одредени модификации на методологијата на преговарачкиот процес и дополнителен извештај за напредокот на Северна Македонија и на Албанија. Наведе дека тоа ќе доведе до постигнување на политичко решение и ќе ја врати довербата на двете земји пред Самитот на ЕУ во Загреб.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Регулаторна одлучи: Ова се цените на горивата за оваа недела

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.01.2020 година, одлучи Регулаторната комисија за Енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,877 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.01.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 40,424 ден/кг.

Oхридските нуркачи оригинални: Со оган под вода ја честитаат Стара Нова година – Василица (Фото)

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид под вода го запалија традиционалниот оган и на уникатен начин им ја честитаа Старата Нова година и Василица на православните христијани.

(Фото) Австралиските власти од хеликоптери фрлaaт тони храна за да ги нахранат пpeживeaните животни

Голем број хеликоптери се користат во операцијата која има за цел да ги нахрани животните кои ги преживеале големите пожари кои три месеци ја пеплосуваат Австралија.

Владата на Нов Јужен Велс пред една недела ја започна операцијата „Rock Wallaby“, а до сега од авионите се фрлени 2.200 килограми моркови и сладок компир.

Министерот за заштита на животна средина Мет Кин истакна дека многу животни успеале да се спасат и да избегаат од пожарите, но сега се надвор од своите живеалишта во непознати предели каде немаат пристап до храна.

-Освен што фрламе храна од хеликоптерите, поставуваме и камери и ги проверуваме подрачјата каде храната паѓа за да видиме колку животни јадат и колку има преживеани, наведува Кин.

Организаторите на акцијата нагласуваат дека меѓу животните има голем број загрозени видови.

Bозилo излeтa на патот Прилеп-Битола кај Лагово

На 12.01.2020 во 17.40 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, кај крстосницата Лагово, патничко возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(51) од Струга, излeтa ло од патот.

Во нeзгoдaтa, сопатникот од возилото А.Ш.(55) од с.Велешта се здобил со тешки телecни повpeди и бил пренeceн во Општата болница Прилеп за укажување на лекapcка помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Прилеп – информираат во дневниот билтен на МВР.

Апликација што ја отстранува шминката од фотографија

Паметните телефони и технологијата денес нудат бројни можности луѓето на своите фотографии да изгледаат поубаво и речиси совршено.

Меѓутоа, се појавија и апликации кои „ја отстрануваат“ шминката од фотографијата. Така, со смарт-програмата „Мејк-Ап“ (MakeApp) може да видиме како лицето на која било фотографија или видео изгледа без шминка.

Следат неколку примери со познати ѕвезди.

Емилија Кларк:

Одри Хепберн:

Кејт Мидлтон:

Бритни Спирс:

Моќно видео: Македонската химна од 4000 грла во Виена

Македонија загуби на вториот дуел против Чешка на Европското првенство, но она што не смее да се заборави е дека нашите момци ги дадоја срцата на терен и играа до последната секунда на натпреварот.

Ракометарите одново имаа огромна поддршка од трибините, каде според некои пресметки имаше околу 4.000 Македонци.

Погледнете како звучеше химната отпеана од нашата фаланга во пресрет на дуелот:

Весела математика пред последниот дуел со Австрија: Што и одговара најмногу на Македонија, дури и со победа нема да биде лесно

Aнализа на порталот “Дриблинг.мк”

Како и многу пати досега, Македонија го одбра потешкиот пат за успех. Место денеска да ја совладаме Чешка и да го прославиме пласманот во главната рунда, пласманот ќе мораме да го избориме во дуелот со домаќинот, што не е најсреќна комбинација.

Во третото коло Чешка ќе игра со Украина. И двете репрезентации имаат своја математика. Ако слави Украина со два гола разлика, а Македонија загуби од Австрија, тогаш Македонија, Чешка и Украина ќе имаат по два бода, но понатаму ќе оди Украина, заедно со Австрија.

Но, ако Украина ја совлада Чешка, нам ќе ни биде доволен и бод од средбата со Австрија. Ако Украина и Чешка играат нерешено, тогаш нам ни треба било каква победа против Австрија.

Целосната анализа за сите можни сценарија погледнете ја ТУКА