дома блог страница 2844

Хари Локвенец: “На прав пат сме!” (Видео)

Прес конференција на пратеникот од редовите на СДСМ, Хари Локвенец

“СДСМ преку конкретни мерки и политики испорачува резултати што носат придобивки за сите граѓани, додека ВМРО-ДПМНЕ преку злоупотреби на техничките функции и ширење лажни вести го бранат криминалот на режимот.

Прочитани се намерите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Со злоупотреби на техничките функции и однесување надвор од мандатите што им се законски пропишани, ВМРО-ДПМНЕ сака да ги оневозможи граѓаните да ги остваруваат своите уставно загарантирани права за време на техничката влада, чија основна функција е организирање на слободни, фер и демократски избори.

На тој начин Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ подготвуваат терен за непризнавање на изборниот резултат, соочени со релноста дека ќе ги загубат изборите. Прочитани се и затоа се во голема паника.

Нивното сценарио им е провидно, предлагаат осомничени и кадри со обвиненија, шират лажни вести и измислуваат непостоечки случаи. Не нудат ништо освен обнова на режимот, одбрана на крминалот.

Но ние како СДСМ, заедно со граѓаните тоа нема да го дозволиме.

Денес, институциите се во сигурни раце, фер и демократски избори ќе има, слободната волјата на граѓаните нема да дозволиме да ја загрози режимската ВМРО-ДПМНЕ.

А иднината на државата и граѓаните е обезбедена во големите светски сојузи НАТО и ЕУ.

Груевистичкото ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски е изолирано и спречено да прави криминал од страна на професионалните институции. Во нашата разумна и нормална земја, членка на НАТО, груевстичкото ВМРО-ДПМНЕ нема да има никакви шанси на изборите во април.

На 12 април, на слободни и фер избори, граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат. Ќе порачаат дека државата е во сигурни раце и нема дозволат враќање на режимот”.

Борко Ристовски им возврати на критичарите: “Глувците излегуваат на површина во случај на поплави и земјотреси!”

Еден од оние што трпи критики за поразот на Македонија од Чешка е голманот Борко Ристовски. Но, голманот кој е познат по својот „јазик без влакна“ секогаш прифаќа критики, но истовремено и одговара на сите оние што се правата поголеми репрезентативци од оние што играат.

„Велат дека глувците излегуваат на површина во случај на поплави и земјотреси. Така и сега. Ова се нивните 5 минути. Нека ги искористат добро затоа што многу брзо ќе завршат. Ние (репрезентацијата) имаме незавршена работа во Виена. Не чека натпревар кој е премногу важем за да ги разочараме вистинските македонски навивачи и оние поддржувачи кои одвоиле од својата уста за да дојдат тука и да не бодрат, и сите оние што испратија неколку илјади пораки изминатата ноќ. Ете затоа се игра за Македонија. Заради својата гордост, својата чест. Честа на своето семејство и народ. А сите оние на кои им смета македонското знаме, македонската химна, македонскиот народ се во огромно малцинство, за наша среќа”, вели Борко Ристовски за порталот 24 ракомет

Целата изјава на голманот на македонската репрезентација погледнете ја ТУКА

Не дозволувај твоите шерпи и садови да сјаат повеќе од тебе: Поучна приказна која вреди да се прочита!

Поучна приказна која се шири на социјалните мрежи

Не дозволувај твоите шерпи да сјаат повеќе од тебе. Немој чистењето на домот да го земаш за толку сериозна работа. Јас чистев по цели денови, за се’ да биде на место доколку некој дојде. А потоа сфатив дека сите останати се зафатени и уживаат во животот.

Што ако некој се појави одеднаш?

Не морам јас никому да му ја обајаснувам ситуацијата во мојата куќа. Море не им е ниту грижа каква ти е куќата.

Животот е краток….уживај!!! Чисти…кога е потребно! Дај си себе време за шетање, цртање, готви го тоа што го сакаш…прави што сакаш!

Чисти…кога е потребно! Дај си себе си време за пиво, за пливање, за музика, за читање книга…уживај во животот.

Чисти…кога е потребно. Овој ден нема никогаш да се повтори. Не заборавај дека старееш и дека многу работи кои можеш сега да ги правиш, нема да можеш подоцна.

И кога ќе заминеш, еден ден сите, па и ти ќе станеш прашина! Тогаш никој нема да се сеќава на твојата куќа, туку на пријателствата со тебе, на твојот живот…

На крај краева, не си ти единствена одговорна за твојот дом!!!

Малиот борец ја победи бoлecта и сега ќе има нормално детство: Во училиштето го пречекаа со аплаузи и овации (Видео)

6-годишниот Џон Оливер бил пречекан со аплаузи во своето улилиште во Охајо, САД, откако ја примил последната xeмотepaпиja.

На малото момче на 1 ноември во 2016 година, му била диjaгнocтициpaна akyтна лимфобластична лeyкемиja, a oттогаш бил постојано под тepaпии.

Но, Џон се покажал како голем борец и ја победил бoлecта.

Од видеата во продолжение веруваме дека нема да останете рамнодушни, погледнете:

Стоилковски: Во кое својство Спасовски го однесе Заев на средба со Вартоломеј?

„Страховладата“ на СДСМ целосно се потчинува на Зоран Заев и се однесува како воопшто да нема техничка влада и технички премиер за спроведување на фер и демократски изборен процес, порачува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата и лично Оливер Спасовски мора да одговорат, во кое својство Оливер Спасовски го однесе партискиот лидер Зоран Заев на средба со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, во седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул? Поканата од Вселенскиот патријарх се однесува на премиерот како политичка функција, а не лично до Зоран Заев. Оттука Оливер Спасовски мора да одговори кој раководи со владата, тој или Зоран Заев? Владата пак мора да одговори, зошто во владините соопштенија се наведува Зоран Заев, односно во која функција Заев е дел од владина делегација, истакна тој.

Стоилковски порача дека притоа Владата мора да одговори кој ги сноси трошоците за посетата на Заев во Истанбул?

-Заев и Спасовски истовремено мора да одговорат, дали за време на посетата Зоран Заев ја повторил својата понуда за мито за Вселенскиот патријарх, која што ја дискутираше со лажниот Порошенко по телефон. За потсетување, Заев на лажниот Порошенко во телефонски разговор е снимен како вели дека е подготвен да му плaти на патријархот Вартоломеј 100.000 евра во кeш! Прашањето на коешто сега Заев и Спасовки мора да одговорат е дали му кажале на Вартоломеј за овој разговор, и кој е ставот на Вселенскиот патријарх за намерата на Заев да даде мито од 100 до 150 илјади евра за да Вартоломеј го покрене процесот за афтокефалност на МПЦ, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

(Фото галерија) Преполна сала поддржувачи го пречека Мицкоски во градот од каде што потекнува

“Традиционално најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ на Василица организира средба со своите членови. Денеска кичевчани беа почестени со присуство на идниот премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски” – информираат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево.

Позитивната енергија, убеденоста дека на 12 април ќе се освојат минимум 61 пратеник, намерите за економски бум и одговорност на сите што се огрешиле пред законот, на неколку пати предизвикаа оваации кај присутните.

(Фото галерија) Вевчанци најоригинални: Карневалот рекордно посетен, главни фаци Катица и Боки со случајот “Peкет”

После вчерашната спектакуларна ноќ во Вевчани која што ја приредија Влатко Лозаноски, Eye Cue, Brass Brothers и Dj Todoroff, денеска преку стотина маски и илјадници гости од Македонија и од странство дојдоа на традиционалниот Вевчански карневал.

Гостите се огласија на прашањето „Кеојш“ и дојдоа во Вевчани да се направат Василичари.

Вевчанци велат дека ова е обичај под маска, каде што тие и оваа година имаа прилика да се изразат преку многуте костуми. Традиционално, оваа година главни се невестата, младоженецот и глупавиот Август кој што има симболична задача да ја чува невестата од злото за време на карневалот. Препознатливите извици и тапаните ечеа низ вевчанските улици.

Дефилето започна на сретсело каде што можеа да се видат маски кои што ја исмеваа политичката сцена, општествените случувања и маски кои што го претставуваа секојдневниот живот. Највпечатливи беа маските за случајот „Рекет“, специјалната обвинителка Катица Јанева, Боки 13-ка, Фатиме Фетаи, а вевчанската иновативност беше прикажана дури и во маска која што прикажуваше лабораторија за експерименти за нови видови на дрога.

Општината Вевчани како организатор, под покровителство на Министерството за култура, ги пречека илјадниците гости со полн капацитет на угостителските објекти и пансиони. Од таму рекоа дека тие како добри домаќини ќе го угостат секој гостин во Вевчани.

По дефилето, маските и гостите продолжуваат со вршење на обичаите, одат по домовите на Вевчанци каде што се дарувани со пари. Вечерта е резервирана за забава на плоштадот со македонски народни песни. На полноќ на 14-ти јануари, со традиционален огномет и трубачи ќе биде дочекана Православна Нова година, ќе се прослави обрезанието Христово и Свети Василиј Велики.

Вевчанци велат „Сурва Нова година“ со благослови за родна година. Нека е за многу години.

Николоски за „Фокус“: Очекувам ВМРО-ДПМНЕ самостојно да освои над 61 пратеник на изборите!

Од 2020 на политички план очекувам големи промени и ние да формираме Владата по изборите, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во изјава објавена во најновиот број на неделникот Фокус.

Според него, новата владата ќе донесе голема промена и на економски и на политички план.

-Во делот на економијата, ќе донесеме значајно повеке инвестиции, нови работни места и повисоки плати. Во делот наполитичките теми, пак, забрзување на реформите со целпочеток на преговори со ЕУ. Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да однесе убедлива победа со огромна разлика во однос на СДСМ, затоашто постои сериозно разочарување од политиките на СДСМ, како и енормна корупција и криминал. Со нашата програма, ќе дадеме одговори на овие предизвици кои се надевам ке бидатпрепознаени од граѓаните, вели Николоски.

Тој додава дека очекува ВМРО-ДПМНЕ самостојно да освои 61 пратеник, а после изборите, како што објаснува, ќе градат партнерство врз принципот на слични програми.

Целата сторија прочитајте ја во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Божја убавина над Прилеп: Не жалете се на загадениот воздух, спремете чизмите и право на Селечка (Фото галерија)

Прилепчани имаат вистинско богатство кое не сите го користат.

Планината Селечка над Прилеп изобилува со прекрасна природа и нуди кристално чист воздух во овии зимски загадени денови.

Ако имате слободно време не двоумете се каде да го поминете. Тргнете кон селечка и уживајте во прекрасната зимска идила.

Фото/ Љупче Петрески

Благословена мајка: Во иста година родила две двојки близнаци (Видео)

Жена од Вест Палм Бич, САД, минатата година родила две двојки близнаци, јави телевизискиот канал ВПТВ.

Имено, во март минатата година Александрија Волистон родила две момчиња – Марк и Малакај. Три месеци подоцна таа направила тест и прегледот установил дека не само што повторно е бремена, туку и повторно носи близнаци.

Така, на 27-ми декември се родиле и другите две синчиња – Кејлон и Кејлеб. Волистон ја има и тригодишната ќерка Армани. Таа добро ја подготвила за многудетно семејство, „бидејќи била палава колку за две деца“, како што вели гордата мајка.

-Близнаците се мојот џек-пот, вели таа.

Жената неодамна дознала дека и двете нејзини баби барем еднаш загубиле близнаци при породување.