дома блог страница 2836

Секоја чест! 110 учесници за Водици во Прилеп, од нив 6 девојчиња ќе скокнат по светиот крст

По повод празникот Богојавление – Водици, во недела 19 јануари во 11.00 часот, 110 души од кои 6 девојки ќе скокнат во базенот од аквапаркот кај хотелот „Салида“ во Прилеп, со желба први да стигнат до крстот.

Од Прилепското архиерејско намесништво информираат дека Богојавленскиот водосвет, односно чинот на фрлање на крстот ќе биде извршен во 11 населени места на територијата на општина Прилеп.

Сточарите во Нов Зеланд користат технологија за чување овци: Наместо кучиња, се користат дронови (Видео)

Сточарите на Нов Зеланд користат висока технологија за чување овци.

„За мене, како овчар, тоа е многу корисно“, вели Кори Ламбет од Нов Зеланд за своето беспилотно летало.

Тој прво го користел дронот за снимање, а потоа сфатил како да го искористи на карпестите и cтpмни терени за чување овци. Тој не е единствениот. Овчарот од Марлборо, Џејсон Рентул, се согласува дека беспилотните летала се многу корисни и заштедуваат време. Заштедите се значајни: она што порано било работа за четири лицa, секој со по најмалку две кучиња, сега го прават две лицa со помош на беспилотни летала.

Рентул го купил својот прв дрон откако видел видео на ЈуТјуб на еден сточар, кој користејќи дрон го чувал својот добиток. Му требало време на неговото куче да се навикне на дронот и да соработува со машината. „Сега тие работат заедно, кучето и дронот. Беше неверојатно колку кучето брзо сфати за што станува збор “, вели Рентул. Беспилотното летало му олеснува на кучето да го пронајде стадото, благодарение на звукот на беспилотното летало.

Британскиот земјоделец Војтек Банке користи друга тактика и обучува овци за да го следат дронот. Во соработка со универзитетот Харпер Адамс, тој прво изолирал пет овци, притоа навикнувајќи ги на дронот за да се движи стадото заедно. Кога дронот ќе се приближел, тој фpлaл ореви кон овците. Кога овците научиле дека дронот е одговорен за наградата, ги вратил во стадото. „За неколку недели, сите сто овци беа набљудувани од дрон“, вели Банке. Во меѓувреме, тој ги обучил сите 300 овци.

“Молк во СДСМ Прилеп, се очекува иcтpaгата од обвинителcтво, a стасаа и првите реакции?”

На неколку дена пред почетокот на второто полугодие, нови анегдоти поврзани со образованието се случуваат во нашите прилепските училишта, кои се раководени од директори назначени од градоначалникот Илија Јованоски – oва на вчерашната прес конференција го истакна Цветанка Јочкоска, претседател на комисијата за образование при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

“Пред околу еден месец сеуште се сеќаваме како без никакво оправдување беа поништени конкурсите за избор на наставници по физичко воспитување, со некаква наводна техничка грешка, речиси во сите основни училишта во Прилеп.

Штетата за ваквите постапки е направена и истата ќе ја сносат со својата морална и кривична одговорност директорите на училиштата.

После ова, повторно се распишаа конкурси за пополнување на слободните места во училиштата на определено време, иако задоцнето, бидејќи според законот за основно образование интервентното ангажирање може да трае само 3 месеци.

Пријавените кандидати на овие конкурси се обврзани да полагаат познавање на Македонски јазик и кирилско писмо, и замислете сите полагања беа закажани во ист термин.

Прашуваме: Дали е точно дека тестот по Македонски јазик им е претходно даден на членовите на СДСМ, а кандидати за наставници, во просториите на СДСМ Прилеп?

Дали тестот бил така направен што за некои прашања и советниците по македонски јазик би се подзамислиле?

Парадоксот да биде поголем во дел од училиштата од страна на Училишните одбори се донесени и правилници за вработување, кои се законски неиздржани и според кои финалниот збор во одлучувањето го има директорот преку интервју со кандидатите?

Дали е ова образованието што ни го ветуваа Илија Јованоски и Миле Талески

Бараме кривична одговорност и оставки од сите инволвирани.
Редно време е да се разбуди обвинителството и да ги испита сите активности на директорите назначени од Илија Јованоски и локалната власт на СДСМ.

На крајот ве потсетуваме дека по 12 април, ќе одговарате сите што си поигрувате со интелектот на кандидатите за наставници,но и на граѓаните кои свесно и противзаконски ги манипулирате”, истакна Јочкоска.

Денеска на социјалните мрежи се појавија и првите реакции од кандидати кои аплицирале на огласите во прилепските училишта.

Титулата сигурно ќе биде во Прилеп, а Младост 96 атакува тоа да биде во нивната витрина: Потпишани нови засилувања на полусезона

Сениорската екипа на Младост96, за пролетниот дел од Супер лигата во пинг понг, спoред тоа што Управата на клубот го доведе во зимскиот преоден рок, несомнено ќе бидат најсериозни конкурент за шампионската титула, која би била прва во нивната историја.

Имено досегашниот играчки кадар кој на полусезона го зазема третото место со два порази зад есенскиот шампион и градски ривал Младост, се засили со српскиот репрезентативец Стефан Костадиновиќ, со осумкратниот македонски шампион кој последнава полусезона настапуваше во Германија, Кристијан Станојковски, како и со Раиф Рустемовски нашинец кој живее и игра во Шведска.

Заедно со досегашиот играчки кадар кој е најмлад во лигата: Александар Рикалоски, Петар Костовски, Андреј Лашкоски, Бранислав Миленковиќ, под раководство на тренерот Гоце Тошески, ќе бидат со најголеми изгледи за освојување на титулата.

Во разговор со Златко Рикалоски кој е Потпретседател на ППФМ, како и еден од водечките луѓе на клубот, ни посочи дека управата на клубот беше доста активна во доведување на играчи, кои ќе ги пополнат сите алки во тимот.

“Ова е тим на репрезентативци. Целиот тим е репрезентацијата на Македонија и еден репрезентативец на Србија. Направвме тим кој ќе може не само да ја донеси титулата во Прилеп, туку и со доста успех да се натпреварува и во Европските купови, каде ППК Младост 96 несомнено ќе учествува оваа есен. Очигледно е дека финансиската состојба на клубот е стабилна, благодарение на спонзорите на клубот, како и доделениот ваучер од страна на АМС. Тимот ќе се припрема и работи во пингпонгарската сала Партизан од 15 јануари, а од 20 февруари обезбедени се и припреми на екипата во соседна Србија во Ниш, за што подобро клубот да се спреми за почетокот на првенството и атакување кон целта на клубот, а тоа е шампионска титула. Припремите ќе се обавуваат заедно со суперлигашот од Србија, Железничар од Ниш. Оваа година имаме јасна цел доведување на шампионски пехар во нашите витрини. Градскиот ривал Младост како есенски шампион мора да го почитуваме и цениме, бидеќи имаат доста добар тим во Јочкоски и нивниот странски играч Дејан Оцокољиќ. Едно е јасно дека титулата ќе биде во Прилеп, а според она што го направивме во преодниот рок се надеваме дека ќе биде кај нас. Исто така сакам да напоменам дека прилепските екипи се тие кои го подигнаа нивото на квалитет на пингпонгот во Македонија”, вели Рикалоски.

Првенството во Супер лигата започнува на први март каде екипата на Младост96 е слободна, а од 8 март на вториот турнус, кој се игра во Скопје, Младост96 ќе игра со ППК Радовиш и ППК Телеком Нец.

Исто така клубот работи и со пионерската и младинската екипа, каде од февруари ќе започнат вторите бодовни турнири на Македонија, како и поединечните државни првенства.

Еве што се крие позади измените во Кремљ: Путин направи маневар и со тоа две работи ги направи кристално јасни

Руската ДУма го поддржа предлогот на претседателот Владимир Путин, Михаил Мишустин да биде новиот премиер, а целиот свет зборува за позадината на овие промени.

“Ги имаме сите потребни средства да ги исполниме целите кои го постави претседателот. Ветувам дека ќе се фокусирам на социјалните прашања и подобрување на животниот стандард на граѓаните”, рече новиот шеф на руската влада.

Зачувување на власта

Оваа изјава, тврдат аналитичарите, покажува дека по турбулентната година, во која Путин за прв пат се соочи со пад на рејтингот поради реформите во пензискиот систем и лошиот стандард предизвикан од долгогодишните санкции, шефот на Кремљ реши најголемите овластувања да му ги даде на познатиот економист.

“Мишутин е извонреден менаџер и ќе ја води владата со голема енергија и многу знаење. Тој е еден од најбараните булдожери во нашата бирократска класа”, вели Владимир Сунгоркин, главниот и одговорен уредник на весникот Комсомолска правда.

Мишутин (53) е бирократ од кариера кој веќе 10 години е на чело на Федералната даночна служба. Никогаш не покажувал никакви политички амбиции и секогаш се држел далеку од сите политички партии. И покрај тоа, а според наредбата на Путин, ја доби поддршката на “Единствена Русија”, на чие чело е и понатаму поранешниот премиер Дмитриј Медведев.

Го ценат на сите континенти, а дома во Македонија премрзнува на сцената: Брука на концертот на Симон Трпчески во Штип (Видео)

Светски познатиот пијанист маестро Симон Трпчески по подолга пауза настапи во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, каде го прекина настапот на концертот на средното музичко училиште, поради недостиг на греење а имало и проблем со струјата.

-Овој концерт ме потсетува на еден концерт кој го одржав пред три недели во главниот град на Узбекистан, Ташкент, каде што газеле нашите беломорски Македонци кои биле приморани да ја напуштат Егејска Македонија и топло ги прифатиле таму, па се вратиле итн. Мене ми беше мило да одам и да отсвирам таму и таму во говорот пред публиката се потсетив на трет концерт којшто се одржа пред 11-12 години во Прилеп, каде што јас настапив на сцена со греалка покрај моите нозе. И ќе ви парафразирам што ѝ кажав на публиката. Практично разбрав дека почнувајќи од утре, официјалните институции на Штип ќе работат без греење за да можат да разберат тие луѓе таму што значи овие луѓе на сцена да работат на вакви темепратури, рече иронично маестро Трпчески.

Тој ги нарече херои музичарите кои го придружуваат на сцената и им се извини што ги задржува дополнително на десетина минути со говорот.

-Во меѓувреме јас те се греам, те се ладам зад сцена, но тие се овде и верувам дека ќе ми простат за овие плус пет минути што ви ги кажувам. Многу ми е мило што ја делам сцената вечерва после повторно веројатно 11-12 години во Штип. Кога дојдов денеска, од една страна слушам вакво нешто: „Тошеее, рефлекторо не работе!“. Од друга страна слушам „Па тоалето нема хартија! Одам, струја нема: „Изгорела е сијалицата“. Радијаторите отишле. Немојте да ме сфатите како некој стенд-ап комедијант овде, но ова е дел од мојата потреба да ви го кажам ова. Некои ќе ме сфатат, некои не, но од друга страна слушам колку е прекрасно чувството на народот, на штипскиот народ да знае за вакви прекрасни настани како овој вечерва што се случува практично секоја година, „Новогодишниот концерт на Средното музичко училиште“. Колку е убаво да се биде на концертот на КУД „Ристо Донев“, на други аматерски групи, на други концерти и колку е убаво вие како публика да сте желни да добиете еден убав културен настан. Ме интересира колку професори се вечерва овде од музичкото училиште или од академијата, ме интересира дали градоначалникот на Штип е вечерва овде, директори на институции итн.

Трпчески нагласи дека токму затоа нашите политичари и квазиполитичари, оние што мислат дека се политичари вистински или оние кои се влијателни луѓе и коишто покажуваат дека искрено ја сакаат културата и уметноста треба да сфатат еднаш засекогаш дека на културата и на образованието не смее да се штеди.

-Пред да излезам на сцена додека се обидував да се загреам го прочитав следново, а има врска со фактот што ние Македонците без разлика колку имаме код на самоуништување, на крајот велиме дека сме како пиреј и секогаш одново растеме. И еве уште еден пример. Последната песна на Блаже Конески, која се вика „Зимско утро“ аналогно на нашава атмосфера. „Молчи зимското утро / Се стуткало во соба како куче. Уште не му се излегува надвор / Студи. Под мојот прозорец/ И денес цвркоти и си рипка шалава сипка/ Сип, сип, сип. И тоа како порив за живот / Во мене пак да буди!“ Тоа сме Македонците, заврши Трпчески.

Стевананџија до Смилеска: “Прилепските пензионери ги оштетивте за минимум 5.000 денари со вашите лаги” (Видео)

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на денешната седница на Собранието и реплицираше на колешката сограѓанка од Прилеп, Кети Смилеска.

Стевананџија истакна дека со зголемените сметки за вода за 60% во Прилеп, на пензионерите кои плаќале по 500 денари сметки за вода, им се намалува домашниот буџет за 4.800 денари на годишно ниво.

Наместо да им биде намалена сметката за вода за 20% онака како што ветуваше градоначалникот од СДСМ во Прилеп, сега сметките за вода се покачени за 60%.

Тито ја заглавил Србија во долгови! Еве во која година конечно ќе се оддолжат

Патиштата кои се градени во Србија се повеќе пати поправани, а индустриските капацитети не ја преживеаа транзицијата, исто како и во Македонија. Кредитите кои ги подигнала Федеративна Република Југославија, со кои ги финансирала проектите, треба конечно да се вратат. Само оваа година Србија за главнината и каматата треба да исплати 241.64 милиони евра. Ратите од овие кредити ќе ги исплаќаат до 20141 година, пренесува српски Курир.

По основ на кредити одобрени во периодот на поранешната СФРЈ, Србија должи вкупно 1.9 милијарди евра. Обврските кон Светска банка, Парискиот клуб, Словачка и Кувајт. Станува збор за заем кој СФРЈ го земала во седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите. Заклучно со 1983 година кога се прв пат репрограмирани. По отпишувањето на делот од Парискиот и Лондонскиот клуб, Србија требало да отпалти вкупно 6.4 милијарди долари.

Легендарниот Диви се врати во Македонија: Еве каде ја продолжува кариерата

Тинекс Пролет со задоволство може да потврди дека го комплетираше трансферот на долгогодишниот македонски репрезентативец, Петар Ангелов.

Искусниот чувар на мрежата се враќа назад на македонската ракометна сцена, доаѓајќи од германскиот Ратинген. Oд неколкуте понуди на негова адреса ја избра токму онаа на нашиот клуб. Ангелов потпиша договор со Тинекс Пролет на една и пол сезона.

Ангажманот на овој ракометар на најдобар можен начин ги отсликува амбициите со кои тимот ќе влезе во вториот дел од сезоната. Тинекс Пролет е отворен за ангажман на допополнителни засилувања во наредниот период. Големо освежување ќе биде и враќањето на Александар Василевски по тешката повреда на коленото, со што ќе биде засилена бековската линија во ростерот.

Петар Ангелов ја почна професионалната кариера во 1997 година во Тиквеш. Потоа тој настапуваше и за Пелистер, Вардар и Металург на домашната сцена, а има настапувано и неколку земји ширум Европа, за Трембле во Франција, Анталија во Турција, Кремс во Австрија и Ратинген во Германија.

Љутков: СДСМ го навредува македонскиот јазик и противуставно го третира како втор јазик во Република Македонија

СДСМ го навредува македонскиот јазик и противуставно го третира како втор јазик, односно како странски јазик во Република Македонија, обвинува Зоран Љутков.

-СДСМ сака повторно да импровизира со носење на законско решение на брз и дилетантски начин, со кое се нанесува директна штета на македонскиот јазик и неговата употреба. „Јазикот е нашата единствена комплетна татковина“, рекол Коневски. Таа татковина е повторно под директен напад на импровизациите од нестручноста на СДСМ. Законот за употреба на Македонскиот јазик има извонредно значење за најшироката јавност и прво и основно, тој не смее да се носи набрзина, невнимателно и со импровизации, туку во редовна постапка и низ три читања. Интересно, но предлагач на овој закон е министерството за култура, а не министерството за правда како во случајот со Законот за употреба на јазиците, оспорен од Венецијанската комисија. Одредбите на овој закон се многу, многу далеку од третирање на македонскиот јазик како непроценливо културно богатство и наследство од духовен карактер. Наместо овој закон детално да ја регулира употребата на македонскиот јазик во сите органи, области и дејности, на целата територија и во меѓународните односи, тој тоа го прави во само пет члена, за разлика од законот за употреба на јазиците, оспорен и од венецијанската комисија, во кој употребата на јазикот опфатен со тој закон е регулирана дури во 17 члена. Со ова избрзано законско решение на СДСМ нема ниту збор за операционализација на уставната одредба дека „Кога наставата се одвива на јазик различен од Македонскиот, задолжително се изучува Македонскиот јазик од прво одделение“, истакна тој.

Љутков оценува дека одредбата од законот за основно образование за изучување на македонскиот јазик од четврто одделение не е спорна само од уставен, туку и од аспект на интеграцијата.

-Доаѓаме и до најскандалозните законски решенија кои се резултат на импровизациите на СДСМ. Во член 4, алинеа 11 буквално се навредува Македонскиот јазик со формулацијата: „Поддршка на учење на македонскиот јазик како странски / втор јазик во и надвор од Република Македонија“. Македонскиот јазик никогаш не може да биде ниту странски ниту втор во Македонија, туку секогаш е прв и секогаш само покрај него може да стои друг јазик. Членот 7 не е само неуставен, туку и навредлив и гласи: „На јавните настани што се организираат во Република Македонија, а се финансирани од буџетот, задолжително се употребува И Македонскиот јазик“. Согласно Уставот, друг јазик секогаш се употребува покрај Македонскиот на сите јавни настани. Според СДСМ, Македонскиот јазик е втор јазик во Република Македонија. Покрај овие најсериозни небулози, навреди и омаловажување на македонскиот јазик, во предложеното законско решение има и многу други пропусти, од кои ќе наведеме само дел:

-Некои членови, како член 4 и член 5 имаат декларативен, а не императивен карактер.

-Се предвидува лектори да бира Владата, а не Универзитетот што е директно мешање во автономијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

-За спроведувањето и заштитата на Македонскиот јазик како единствен официјален јазик на целата територија и во меѓународните односи, односно државен јазик, нема предвидено формирање на орган од типот на Агенција за примена на Македонскиот јазик, каква што е предвидена во други случаи.

-Казните од овој закон се усогласени со оние од новиот закон за прекршоци и во споредба со казните од оспорениот закон за употреба на јазиците, изгледаат како опомена, а не како санкција.

-Директорката на Институт за македонски јазик најави формирање на тело за Стандардизација на Македонскиот јазик што е сосема нелогично, имајќи предвид дека веќе постои Институт за македонски јазик, чија основна дејност е истражување, унапредување и грижа за Македонскиот јазик.

-Овој закон нема предвидено формирање Комисија за стандардизација на географските имиња.

-Не е предвидена ниту регулација на употребата на топонимите и санкции во случај на кршење на членовите од овој закон.

Ова се само мал дел од многубројните забелешки, кои очигледно не беа предмет на интерес на предлагачот на овој закон, како што ниту заштитата на Македонскиот јазик не е основата поради која се предлага овој закон, вели тој.

-Иако техничките влади по дефиниција треба да овозможат рамноправен амбиент за фер и демократски избори, СДСМ во „пет до 12“ ја продолжува засилената законска активност злоупотребувајќи ја техничката влада за популистички цели и додворување кон коалиционите партнери. СДСМ мора да престане да се однесува како Македонскиот јазик да е втор или странски јазик во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави со сите законски и демократски средства на ваквиот односна предлагачите на овој закон. Обновата доаѓа, промените доаѓаат, а со нив и одговорноста за сите кои го прекршиле законот и нанеле штета на националните интереси, истакнува Љутков.