Денеска во хотел “Парк” во Скoпje се одржа избор на најдобрите борачи во машка и женска конкуренција, најдобри клубови и судии во борењето во организација на Федерацијара за борење на Република Македонија.
Меѓународниот судија од Прилеп, Илчо Марковски доби признание за посебен придонес во борење како судија, додека Барбара Стојкоска од БК “7-ми Мај” од Прилеп е прогласена за најдобра во женска конкуренција за 2019 година.
Вечерва во Штип Владата на Република Македонија одржа седница во зградата на општината додека пред зградата беа пречекани од насобрани граѓани како и членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека траеше вечерашната седница на Владата во Штип пред зградата на општината Штип владините министри беа дочекани со транспаренти преку кои многу граѓани им порачаа „Никогаш Северна, само Македонија“, „Каде се ветените инвестиции“, „Чекајќи да се вратат младите остаревме“.
Граѓаните се жалат и дека градот денеска буквално е блокиран поради седницата на владата во нивниот град.
Oгромниот Соборен храм ќе може да прими околу 37.000 луѓе и ќе биде изграден на територијата на Средноуралскиот женски манастир, соопштија од невладината организација “Руски народен фронт”.
“Тоа ќе биде најголемиот православен храм во светот”, изјавила Рјабацева Жана од невладината организација, нагласувајќи дека храмот ќе биде висок 77 метри, додека во него ќе има 12 престоли. Така новиот храм ќе биде за 22 метри повисок од Аја Софија во Истанбул, која е висока 55 метри.
“Инвеститори на храмот ќе има од целиот свет”, додала Рјабацева.
Од организацијата велат дека Средноуралскиот женски манастир не може да ги прими сите верници, чиј број се зголемува, поради што пред 2,5 години настанала идејата да се направи Соборниот храм Премудрост Божја. Веќе е направен проектот и решено е земјишното прашање.
Таа додава дека оваа година ќе биде поставен камен темелникот за овој најголем во светот Соборен храм.
Во Охридското Езеро се врати црниот лебед Лилит, кој е еден од двата црни лебеди што пред три години беа поклон за охриѓани и езерото, од Зоолошката градина во Белград и Лајонс клубот “Лихнидос”.
Лилил и Адам кратко потоа иcчeзнaa, но два дена после Водици тој се појави во водите на Охридското Езеро.
За ова на својот Фејсбук профил информираше Зоран Тунтев кој беше еден од иницијаторите за донесувањето на двата лебеди во Охрид.
ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против законот за легализација на дивоградби кој е во собраниска процедура, но не се согласува со тоа што тој се носи по скратена постапка, без можност да се организира јавна расправа и да се слушне стручната јавност и локалните самоуправи. Претседателката на собраниската Комисија за транспорт Лилјана Затуроска, која е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција во Собранието ги оцени како паушални и несериозни обвинувањата од министерот Сугарески дека ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокира донесувањето на законот со поднесувањето на повеќе од 1000 амандмани.
– Да носите еден сериозен закон по скратена постапка и да не дозволите широка јавна расправа сметам дека се недолични изјавите на министерот кој вината ја префрла на ВМРО-ДПМНЕ. За законот за урбанистичко планирање беа поднесени 235 амандамни благодарение на широката јавна расправа во Собранието и сите забелешки на стручните чинители беа преформулирани, рече Затуроска.
Главната забелешка на опозицијата, како што посочи Затуроска, е тоа што во законот паушално е даден датумот заклучно со 01.11. 2019 година и што не се нудат механизами како да се спречи во иднина да не продолжува процесот на легализација.
Според опозицијата, предложениот закон е паушален, несериозен и строго наменет за, како што рече Затуроска, некои локални моќници
Балканските свадби се вистински рудник на комични ситуации.
Од моментот кога зетот ќе претера со пиење до веселите тетки, а секако важни моменти се и музичките желби на гостите.
Музичари во Србија добиле необична порака која се појави и на социјалните мрежи. Пораката била од сестрата на невестата, а на неа биле закачени и 1.000 динари. За тие пари таа барала да и исполнат 4 музички желби.
Поради човечката невнимателност најчесто исчезнуваат цели прашуми и шуми кои. Некои држави овие појави се обидуваат да ги спречат со високи казни за сечење на шумите, но на глобално ниво резултатите сеуште изостануваат, па планетата се повеќе се соголува. Сепак има надеж! На Тајланд пронашле одличен начин да ги обноват своите шуми, со проектот “семени бомби”.
Tajланд со години неуспешно се борел со “дефореизацијата”, но властите во оваа држава дошле до фантастична идеја, преку распрскување со посебни семиња со помош на авиони за да ги пополнат соголемите површини.
Идејата за семени “бомби” е стара речиси цело столетие, а прв ја предложил еден пилог од РАФ, додека пак добро ја проучиле научниците од компаниајта “Lockheed Martin Aerospace”. Научниците од оваа компанија сметале дека во една минута можат да се засадат повеќе од 3.000 дрвца, додека во цел ден би можеле да се засадат и до 900.000.
За да може да се овозможи успешен развој на секое дрво со “семените бомби”, потребно е семето претходно добро да се припреми. Всушност, семето се обвива во комбинација со земја и ѓубриво, а потоа со раце се обликува во топчиња. Се внимава во смесата да не се додава многу вода за да не се формира кора околу семето која потоа тешко се пробива.
Подготвените топчиња мораат што побрзо да бидат расеани на крајната дестинација.
Тајландското кралско воздухопловство веќе со години учествува во овој проект, и тоа со голем успех, а поради својот успех се сметаат за национални херои. Научниците утврдиле дека со “семените бомби” се спасени преку 100 видови дрвја и над 1000 видови животни.
Специфични Водици во Пробиштип. Верниците оваа година ќе ја паметат по изгуен крст во базен. Имено денеска крстот во Пробиштип се фрлал во во базен во Аква паркот.
Но, откако попот го фрлил крстот над 40 минути момчињата пријавени за пливање не го нашле и покрај нивната упорност во барањето.
По долгата потрага попот бил приморан да фрли друг крст по кој скокнале двајца.