дома блог страница 2827

Започна судењето за Доналд Tpaмп: Сенатот одлучува!

Во американскиот Сенат денес започна судењето за отповикување на претседателот Доналд Tpaмп, што е трет случај во историјата на Америка претседателот на државата да се соочува со можно разрешување.

Сто сенатори се најдоа во седиштето на Конгресот во Вашингтон под претседателство на шефот на Врховниот суд, Џон Робертс. Но пред започнувањето на расправата за обвинувањата за злoyпотpeба на власта и опструкција на работата на Конгресот, тие расправаа за “правилата на игра”. Првата обврска на Сенатот, кој го предводат републиканците, е изјаснување за временската рамка на целиот процес, која ја предложи Мич Меконел, лидерот на републиканците во Сенатот.

По резолуцијата која ја предложи Меконел- претставниците на демократите, кои во процесот на отповикување ја извршуваат функцијата на “обвинител” и правниот тим на претседателот Доналд Tpaмп, имаат по 24 часа во наредните два дена да ги претстават своите докази за случајот, пренесува Гласот на Америка.

Меконел покасно ги ублажи и временските ограничувања, на што реагираа покрај демократите и некои републикански сенатори. Тој не крие дека сака брзо да го ослободи Tpaмп од обвинувањата, наведува Франс прес.

По Заев и Локвенец ги „плаши“ граѓаните со враќање на уставното име Република Македонија?!

И Хари Локвенец, пратеник на СДСМ, се вклучи во новата шема на партијата во која граѓаните на Македонија се „плашат“ со враќање на уставното име Република Македонија и поништување на Преспанскиот договор. Најпрвин со партиски утрински соопштенија, па со специјален прес на лидерот Заев, СДСМ откри што ќе биде основата на нивната кампања на претстојните предвремени парламентарни избори. Пи-ар статезите се согласуваат дека двете нишки на кои ќе се базира кампањата на владејачката партија ќе бидат враќањето на „режимот“ и „плашење“ со враќање на уставното име преку поништување на Преспанскиот договор.

Денеска Локвенец изјави: „ВМРО-ДПМНЕ на македонските граѓани не им нуди ништо ново, освен познатите погубни политики со кои сака да ја врати државата со децении назад. Најавите дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа директно го загрозува нашето понатамошно и полноправно членство во НАТО, како и нашата интеграција во ЕУ.“

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Мицкоски: “Кој во СДСМ го мести вака СДСМ?”

Пред 25 години СДСМ беше на власт и цветаше корупцијата, Радмила беше главна во младината на партијата, шверцот на цигари, првите рекетирања кои денес се усовршени, атентатот на Глигоров, протести, загубари, фабрики кои се затвораат, инфлација, сиромаштија, вели во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во целост ви го пренесуваме статусот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:

Кој во СДСМ го мести вака СДСМ?

СДСМ има спот во кој се вели “пазете да не се врати ВМРО-ДПМНЕ пред 25 години!!!”

Да бидам прецизен, пред 25 години СДСМ беше на власт, тоа е времето на Радмила Шекеринска, залетот на кланот Заеви во Струмица, првиот криминален занает на многумина кои сега се во врвот на партијата.

Пред 25 години СДСМ беше на власт и цветаше корупцијата, Радмила беше главна во младината на партијата, шверцот на цигари, првите рекетирања кои денес се усовршени, атентатот на Глигоров, протести, загубари, фабрики кои се затвораат, инфлација, сиромаштија. Тоа е времето на пропаста на Славија, Центро, Железара, на грабежот и пропаста на ТАТ. Семејството Заеви од просечно земјоделско семејство го започна картелот кој денес вреди милиони.Тоа беше нивното време пред 25 години.

Но, и сега не е поинаку. Истите криминални ликови се провлекуваат и денес. И затоа на овие избори мора да се поразат последните остатоци на транзицијата во македонската политика. 12 април е денот кога ова може да се порази, заклучува Мицкоски.

Ја одвел швалерката наместо жената на натпревар, па камерата го улови: Погледнете ја оваа кисела фаца кога сфати дека е фатен (Видео)

Најголемиот малер на светот или оправдано сурво казнет?!

Додека бил на фудбалски меч, еден маж од Еквадор бил откриен дека ја изневерува својата сопруга.

На пријателскиот дуел меѓу Барселона од Еквадор и екипата на Делфин, Казановата решил да ја однесе својата љубовница на фудбалски меч. Тоа што не знае е дека токму таму ќе биде откриен дека ја изневерува сопругата.

На спортските настани сега често се појавува „Камера за бакнеж“ на која се бараат парови кои ќе се бакнат пред сите на камера и тоа оди во живо на телевизија. Мажот заборавајќи дека постои таква камера, ја бакна девојката, но веднаш потоа се сетил дека треба да биде повнимателен, па веднаш ја тргна раката од девојката која ја гушкаше и бакнуваше.

Сепак било доцна. Неговата сопруга го следела мечот и во живо видела дека мажот ја изневерува.

Урнебесно видео: Кpaдци на накит не можат да излезат од oгpaбената продавница

На Интернет кружи видео снимка од тројца кpaдци кои минатата година огpaбиле продавница за накит во Лондон.

Снимката повторно станала актуелна бидејќи еден од крадците, 32 годишниот Ендру Елиот е осуден на седум години затвор бидејќи украл накит вреден 21.000 фунти.

На снимката се гледа дека еден од крадците се обидува да избега од продавницата, но продавачката претходно го притиснала копчето за заклучување на вратата, по што се заклучува во тоалетот и повикала полиција.

Во тој момент во продавницата влегуваат други двајца огpaбувачи, но бидејќи активирано е заклучувањето и тие не можат да излезат надвор.

Еден сепак се сети каде е копчето и истото го притисна, по што излезе надвор. Што се случува во продолжение погледнете во видеото.

“Нема пари за Еурокомпозит, но има 14 милиони ЕВРА за коцкарски апарати?”

Неверојатни 13,97 милиони евра, а не 6,5 милиони потрошила Државната Лотарија (порано Државна лотарија на Македoнија) за коцкарски слот-машини. Пратеникот Илија Димовски на својот фејсбук профил откри дека Државната лотарија направила два тендери за набавка на коцкарски апаративо рок на 20 месеци.

„Во 20 месеци Државната видеолотарија направила не еден, туку ДВА тендери за набавка на коцкарски апарати.

Првиот пат на 16.04.2018 за
7.422.200 €.

Вториот пат на 02.01.2020 за
6.548.500 €.

Вкупно оваа државна фирма потрошила
13.970.700 € за коцкарски апарати“
пишува Димовски на фејсбук.

(Фото) Ваков сопатник ретко се гледа: Како го собра мајсторе?

Што се нема по македонските патишта…

Фотографијата ја добивме од наши читатели, а е направена на наплатната рампа Градско.

Среќа за родителите, но жално за Источна Македонија: Првото бебе во Виница во новата година се роди дури вчера

Tри недели по прославата на Нова Година, пристигна првороденото бебе во општина Виница за 2020 година. Се работи за девојче кое веќе го доби името Калина, а на свет ја донесе мајката Симона Соколова, која се породила во болницата во Штип.

Новата рожба, која е втора ќерка за семејството Соколови, ја честиташе градоначалникот на Виница, Ивица Димитров при што врачи пригодни подароци со желби за здравје и среќа на бебето.

-Се надеваме дека првороденото женско бебе годинава во нашата општина ќе донесе плодност и бериќет. Тоа е повеќе од неопходно со оглед на постојаното опаѓање на наталитетот. Од име на Општината подаривме пакет бебешки производи и ваучер од осум илјади денари, истакна градоначалникот Димитров.

Главна причина за падот на наталитетот во Виничко во изминатите две децении е иселувањето на населението во странство, главно млади пред да стапат во брак, но и млади брачни парови.

Трендот на опаѓање на бројот на новороденчиња во Виница го потврдија и од православниот храм „Св. Архангел Михаил“, каде во 2019 година биле крстени 103 бебиња, што е за петнаесетина помалку во споредба со претходната година. Освен тоа, забележан е и пад на бројот на венчавки, па лани биле склучени 52 брака, за десетина помалку во споредба со 2018 година.

Македонскиот кошapкapcки кaпитен во новиот клyб: “Јас сум од Македонија која беше чeтвpта во Евpoпа”

„Северна“ не ја есапи ни капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, кој во видео од 45 секунди им се претстави на навивачите на својот нов клуб Гравелин-Данкерк од Франција дека доаѓа од Македонија, нагласувајќи дека со неа беше полуфиналист на Европското првенство 2011 во Литванија.

„Добар ден. Се викам Војдан Стојановски. Од Македонија сум и играм за репрезентацијата речиси над десет години. Имам четири европски првенства, од кои најдобриот пласман го остваривме во 2011 година, кога го освоивме четвртото место во Литванија. Секако, голем резултат за нас и за цела Македонија“, вели тој во снимката, додавајќи дека се сеќава по малку и на настапот со Алба Берлин токму против својот сегашен клуб во Еврокупот во 2013 година.

Извор: “Експрес.мк”

На зимата веќе и доаѓа крајот: Ова е деталната прогноза за Европа која ја најавува пролетта во февруари

Според месечната прогноза што денеска ја објави Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ЕЦМВФ), зимата во Европа е завршена.

Имено, позитивно температурно отстапување се очекува во сите седмици до 1 март и почетокот на климатолошка пролет. Очекувано температурно отстапување е најзабележително и најизразено во Русија од каде доаѓаат пристигнуваат зимски пејзажи.

Тоа не значи дека нема да има краткотрајни фронтови или можеби и циклони кои можат да донесат снег, но од големите зимски сценарија, се чини дека ништо нема да се случи. Во прилог на ова оди и фактот што се предвидуваат помалку врнежи од просечните, што значи продолжување на доминацијата на топлите антициклони, пишува Истрамет.

И сервисот „Севир Ведр Јуроп“ (Severe Weather Europe) кој следи невремиња во Европа, вчера објави што се очекува во февруари, а најави и каква би можела да биде пролетта.

Со оглед на тоа што над поголемиот дел од Европа и Азија ќе се задржи висок притисок на воздухот, и во февруари на тоа подрачје се очекуваат температури над просекот за тој период од годината. Тоа значи дека дополнително се продолжува веројатноста дека над континентална Европа нема да има вистинско зимско време.

„Севир Ведр Јуроп“ истакнува дека секогаш постои можност за преоден ладен образец бидејќи студениот фронт може да премине низ Европа, но според сегашните анализи веројатноста за тоа е многу мала. Како се доближува февруари, така и поларниот вител полека ја губи силата и секаква поголема промена во динамиката, во смисла на доаѓање на ладен воздух, би била премногу доцна за да се создаде одржлив образец на студено време.