Започна судењето за Доналд Tpaмп: Сенатот одлучува!

Во американскиот Сенат денес започна судењето за отповикување на претседателот Доналд Tpaмп, што е трет случај во историјата на Америка претседателот на државата да се соочува со можно разрешување.

Сто сенатори се најдоа во седиштето на Конгресот во Вашингтон под претседателство на шефот на Врховниот суд, Џон Робертс. Но пред започнувањето на расправата за обвинувањата за злoyпотpeба на власта и опструкција на работата на Конгресот, тие расправаа за “правилата на игра”. Првата обврска на Сенатот, кој го предводат републиканците, е изјаснување за временската рамка на целиот процес, која ја предложи Мич Меконел, лидерот на републиканците во Сенатот.

По резолуцијата која ја предложи Меконел- претставниците на демократите, кои во процесот на отповикување ја извршуваат функцијата на “обвинител” и правниот тим на претседателот Доналд Tpaмп, имаат по 24 часа во наредните два дена да ги претстават своите докази за случајот, пренесува Гласот на Америка.

Меконел покасно ги ублажи и временските ограничувања, на што реагираа покрај демократите и некои републикански сенатори. Тој не крие дека сака брзо да го ослободи Tpaмп од обвинувањата, наведува Франс прес.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.