дома блог страница 2825

Зачин што ги брише подочниците, а e eвтин и може да се најде секаде

Куркумата најчесто се користи во исхраната, но може да биде одлична помош во борбата против подочниците кои се вистински кошмар и за мажите и за жените.

Иако куркумата главно се користи како зачин во исхраната, може да придонесе и за нашата убавина. Поточно, куркумата помага во борбата против подочниците кои се вистински кошмар и за мажите и за жените.

Имено, оваа тропска билка ја содржи активната состојка куркумин, со силно противвоспалително дејство, што влијае на намалување на подуеноста. Сè што треба да направите е густа смеса од куркума со малку сок од ананас и да ја нанесете на темните кругови околу очите. Но, водете сметка смесата да не ја нанесете премногу блиску до очите.

По десетина минути, остатоците од маската отстранете ги од лицето со топла крпа и ќе го забележите ефектот.

Лашкоска: “Сугарески е yценето, пpeплашено жpтвено jaгне, од гpaдежни моќници?” (Видео)

На денешната седница на Собранието како една од 125 точки се најде и Предлог законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, кој се планира да се донесе по скратена постапка.

Предлагач на Законот е Владата и Министерството за транспорт и врски, каде прв човек е Горан Сугарески.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска, жестоко ги нападна законските решенија кои ги предлага овој предлог закон.

Дискусијата која предизвика нервоза кај пратениците од СДСМ и министерот погледнете ја во продолжение:

Големината на Македонија: За неполни 48 часа собрани над 7.500 долари за семејството Јованови од Велес – донирајте!

Откако пред неколку дена Телевизија 24 ја објави сторијата за ужасните услови во кои живее семејството Јованови од Велес, помош почна да пристигнува од сите страни.

Граѓани, граѓански организации, Министерството за труд и социјална политика, естрадни уметници…. Јордан и неговата мајка Анѓа деновиве имааат голем број посетители кои им носат помош.

Доказ дека нашиот народ е великодушен е и иницијативата за собирање средства на Фејсбук, која ја започна велешанецот кој живее во Австралија, Ордан Наумов.

Иако првичната цел била да се соберат 500 долари за неколку кубици огревно дрво и храна, за неполни 48 часа собрани се над 7.500 долари.

Со средствата се планира да се купи покуќнина за Јордан и Анѓа и да им се овозможи да имаат еден нормален живот каков што заслужува секој човек.

Доколку сте во можност да донирате тоа можете да го сторите на следниот ЛИНК

ЕХФ го објави конечниот пласман на Европското првенство: Македонија рамо до рамо со Франција

Вчера заврши главната рунда на Европското ракометно првенство по која познати се четирите репрезентации кои ќе играат во полуфиналето, како и двете селекции кои ќе се борат за 5.место на турнирот.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска и официјално го објави пласманот на репрезентациите од 7-то до 24-то место на континенталниот собир на најдобрите. Потврден е конечниот ранкинг на Македонија на 15.место, откако освоивме само два бода или една победа, а имавме и гол-разлика од -2. Нашата селекција се најде зад Франција, која исто така оствари само една победа на турнирот, но е подобро пласирана поради подобрата гол-разлика од +3.

Историски гледано ова е најлошиот ранкинг на Македонија на едно Европско првенство. Иако на првото учество на ЕП во 1998 година бевме последни, тогаш учествуваа само 12 репрезентации.

(Фото) Херои на денот! Полицајци и помагаат на бабичка да премине улица во Битола

Не сите суперхерои носат наметки, а доказ за тоа се овие двајца полицajци кои и’ помогнале на една бабичка да ја премине улицата кај хотелот Епинал во Битола.

Секоја чест, заслужуваат дебел бонус на платата!

Извор: “babambitola.mk”

Смеса која прави чуда во opганизмот: Потребни ви се само 4 состојки кои ги имате во домот

Кога ќе се помеша со сок од лимон, магдоносот не само што ја стимулира циркулацијата туку и ја намалува количината на холестерол во организмот.

Оваа мешавина им помага на многу луѓе да закрепнат на брзина што докторите биле изненадени.

Состојки:
– 1.5 литар вода;
– три китки магдонос со средна големина;
– 1 кг. лимон;
– многу малку сода бикарбона.

Подготовка:

Содата бикарбона измешајте ја со лимонот. Оставете го лимонот во ладна вода еден час. Загрејте ја водата додека не зоврие, а потоа оставете ја да се излади. Кога ќе се излади, исечкајте го лимонот и магдоносот и ставете ги во водата.

Покријте го садот и оставете го во фрижидер еден ден. По 24 часа изблендирајте ги сотојките.

Упатство:

Користете 10 милилитри од оваа смеса дневно и чувајте ја во фрижидер.

ДАЈАНЧО ЕФТИМОВ ЗА “AЛФА”: Со Законот за ЈО СДСМ сака да се извлече исто како со приватизацијата

Во денешниот гостување на утринската емисија на телевизија Алфа, членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов изрази надеж дека Законот за ЈО ќе се донесе наскоро но пречките ги гледа во ставот на власта да го озакони незанонското, односно и сега да се извлече како порано со приватизацијата.

Правдата во Македонија ја нема и за граѓаните е скапа – рече Ефтимов кој зборуваше за состојбите во правосудниот систем, за правната помош за сограѓаните и одржани трибини на тема за функционирање на институциите.

За речиси два месеци ВМРО-ДПМНЕ ќе ја започне обновата на системот со остварлива и одговорно концепирана програма насочена кон граѓаните.

(Видео) Грчки навивачи избркани од “Австралија Опен” поради pacиcтички скандирања насочени кон Македонија

Фото/falanga.com.au

Околу петнаесетина грчки навивачи кои редовно се појавуваат на натпреварите на неколку грчки тенисери на “Австралија Опен”, вчера беа избркани од тениската арена за непримерно однесување и навреда кон другите тенисери.

Овие навивачи редовно се појавуваат со знамиња со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш, со слики на Александар Македонски, а во текот на натпреварите скандираат националистички пароли како Македонија е грчка, ред други пароли.

Откако тениската арена од спортски натпревар се претвори во примитивна политичка и националистичка платформа, менаџментот на “Австралија Опен” реши ги отстрани од арената.

На ова реагираа навивачите која го обвини менаџментот за расизам и се закани со тужби против “Австралија Опен”, пишуваат австралиските медиуми.

Навивачите беа непристојни и кон опонентите на тенисерот Циципас и тенисерката Скарафа. Циципас се огради, а тенисерката рече дека не и сметаат и дека Грците се чувствителни околу македонското прашање, пишува Хералд Сан.

Силен земjoтpec ja погоди Турција: Жителите бегaa од домовите (Видео)

Силен земjoтpec со jaчина од 5,6 степени го погоди синоќа источен дел на Турција, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земjoтpecот бил на длабочина од 8,6 километри, на околу 15 километри источно од градот Киркагац, јави Ројтерс.

Жителите од градот Маниса во паниka бегале од домовите. Според локалните медиуми, нема жpтви, а била причинета материјална штета на дел од објектите.

(Видео) Макрон направи cкaндал во Ерусалим: Францускиот претседател ги набрка израелските пoлицajци надвор од црквата Св.Ана!

Францускиот претседател Емануел Макрон ги исфрлил денеска припадниците на израелската полиција од црквата Света Ана во стариот дел на Ерусалим, која според меѓународните правила е француска територија.

Снимките од инцидентот го прикажуваат лутиот Макрон кој повикува на почитување на правилата.

-Сите совршено добро ги знаеме правила. Не ми се допаѓа она што го направивте пред мене. Излезете надвор – рекол Макрон, но останало нејасно што ја предизвикало неговата реакција.

На снимката се гледа како Макрон се обраќа на припаднците на израелската полиција со зборови дека одлично ја завршиле работата во градот и ги моли да ги почитуваат правилата кои постојат со векови, па француските медиуми претпоставуваат дека самиот влез на полицијаците била причината за неговото негодување.