дома блог страница 2817

Дали некогаш или денеска повеќе ви се допаѓа овој дел од Прилеп? (Фото)

Порталот “ОLDPRILEP” e секогаш тука да не потсети како изгледал градот во минатото.

Една таква фотографија е оваа во продолжение на која е прикажана главната раскрсница кај некогашната “Градска кафеана” во центарот на градот.

Некогаш зеленилото и поплочените пешачки патеки биле одлика на овој дел од центарот на градот, а денеска зеленилото го има помалку, а една од улиците е дел од плоштадот “Методија Андонов – Ченто”.

Прашање до повозрасните генерации: Дали повеќе ви се допаѓа тогаш или денеска? Вашите одговори дадете ги во коментари.

Итно повикан состанок на државниот врв во Србија: Ситуацијата е алapмантна!

Еден час по полноќ заврши двостраниот состанок на државниот врв на Србија, кој претседателот на државата Александар Вучиќ итно го повика поради влошената ситуација во регионот.

На состанокот со претседателот Вучиќ присуствуваа и министрите за надворешни работи, внатрешни работи, министерот за одбрана и директорот на БИА.

Како што дознава српски Курир од извори блиски до државниот врв, двостраниот состанок бил тежок, но одржан бил поради најновите настани во Црна Гора и планираното загpoзување на Србите во оваа држава.

Највисоките државни органи на Црна Гора, со тамошната полиција, планираат ескалациja на состојбата и линч на Србите во Подгорица.

“Мајко” на Влатко Лозаноски избрана за најдобра поп нумера на Балканот, а тој порача: “Не доаѓам од северна, тоа е само Македонија” (Видео)

Влатко Лозановски добри награда за најдобар поп-фолк изведувач на второто издание на МАС регионалните награди, манифестација која синоќа се одржува во Белград.

– Голема благодарност до моите во Македонија, морам да го поправам Сале, тоа е Македонија, не е со тој додаток што го кажа пред малку, порача Влатко Лозановски при подигнувањето на наградата, поправајќи го водителот кој рече дека Влатко доаѓа од Северна Македонија.

„Мајко“ на Влатко Лозановски е избрана за најдобра поп-фолк нумера на MAC музичките награди.

Меѓу номинираните за оваа категорија беа уште и Тропико бенд, Наташа Беквалац, Антонија Шола, Илма Карахмет и Лексингтон бенд.

Орце Камчев под дрво и под камен го бара Локвенец, да се увери дека греши во изјавата?

По денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова, пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, рече дека во случајот „Рекет“ всушност станувало збор за поткуп. Тој истакна дека денешните случувања биле најдобар доказ дека се работи за индиции за кривично дело поткуп, како и дека предметот „Империја“ свесно се урнисувал преку давање поткуп на обвинители.

На оваа негова изјава реагираше бизнисменот Орце Камчев, кој го повика пратеникот Локвенец да дојде кај него и да слушне дел од доказите за монтираниот случај „Империја“, со цел лично да се увери дали станува збор за рекет или за поткуп.

“Го повикувам господинот Локвенец да дојде, да ги погледне и да слушне само дел од доказите кои ги поседувам околу монтираниот случај „Империја“ од кој произлезе случајот „Рекет“. Така ќе се увери лично дали станува збор за рекет или поткуп, но и кој сè е замешан во случајот. Тоа би му било мудра одлука за него како пратеник од владејачката партија пред да држи вакви предизборни пресови со кои истовремено ме оцрнува и мене како бизнисмен и ѝ нанесува штета на сопствената партија. Може секој ден да ме побара во просториите на Орка Холдинг од 9 часот до 17 часот, или преку кабинетот на телефон 02-3099-600 – изјави Камчев за „Плусинфо“.

Tутунарите од прилепско го палат својот труд: “Ни кинат класи, откупот е ограничен, a пунктовите затвораат пред време” (Видео)

После тутунарите од долненско, денеска и тутунарите од општина Кривогаштани го изразија својот револт заради затворањето на откупните пунктови и ограничениот откуп.

Тутунарите од Кривогаштани денеска запалија дел од својот труд, бидејќи како што велат околу 40% од ланската реколта тутун сеуште не им бил откупен.

Покрај тоа тутунарите од овој регион се жалат и на кинењето во класите при проценката на тутунот, што според нив ќе биде причина за голем број тутунопроизводители да се откажуваат од производството на тутун.

Прилогот во продолжение е на Каролина Дурло за “ТВ АЛФА”.

Петиција: Фановите се потпишуваат ова да биде новото лого на НБА лигата

Фановите на легендарниот Коби Бpajaнт ширум светот, кој вчера во хеликоптерска нecpeќа го загyби животот, се потпишуваат на петиција за логото на НБА лигата да добие нов изглед со неговиот лик.

За неполни 24 часа петицијата ја имаат потпишано над 383.000 луѓе ширум светот, а поставениот таргет е 500.000.

Петицијата можете да ја потпишете ТУКА

Нова оригинална анкета меѓу скопјани: “Што е тоа Млечен пат?” (Видео)

Од популарното “Мајк шоу” направија нова анкета помеѓу скопјани.

Овој пат прашањето за случајните минувачи гласеше: “Што е тоа Млечен пат?”

Погледнете какви се одговори дадоа скопјани на прашањето:

(Фото) Прилеп во 21 век: Булеварите и улиците наликуваат на “селски патишта”

Улиците и главните сообраќајнци во Прилеп деновиве се покриени со кал и тиња, па наликуваат на селски патишта.

Граѓаните со право реагираат и делат пцовки до надлежните, бидејќи не постои начин да се движиш, а облеката и чевлите да ти останат чисти.

Од калта не се познаваат ниту пешачките премини, ниту вертикалната сообраќајна сигнализација.

(Видео) Јапонски бенд пее на македонски и српски- „Македонско девојче“ и „Нишка бања“ само дел од нивниот репертоар

Несекојдневниот бенд од Јапонија често свири песни од Балканот, а овојпат ја изведе и песната „Нишка Бања“ и речиси целата песна ја испеа на српски јазик.

Од бендот велат дека оваа песна ја слушнале минатата година, им се допаднала па сакале да ја преработат.

Бендот е од Токио и свири балканска музика, а на списокот на изведени песни се најде и нашата „Македонско девојче“. Тие во својата биографија наведуваат дека досега имале три успешни турнеи низ нашите краеви.

(Фото) Били Ајлиш доминираше: Освои пет Греми награди !

Во “Стејплс центарот” во Лос Анџелес синоќа се доделуваа Греми наградите, а младата музичка ѕвезда, 18 годишната поп пејаќка Били Ајлиш триумфираше освојувајќи пет награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобар нов пејач и песна на годината “Bad guy”.

Со овие награди таа ја надмина Тејлор Свифт како најмладата пејачка која некогаш добила Греми награда.

Нејзиниот постар брат, Финиас О’Конел исто така доби награда за продуцент на годината за работата на нејзиниот албум, кој е снимен во семејната куќа.

Подигнувајќи ја наградата за најдобар албум, таа изјави дека оваа награда ја заслужила Аријана Гранде.

Греми наградата за видео на годината ја освои Лил Нес за песната “Old town Road”, како и златен грамофон за поп дуо или групен настап, заедно со Били Реј Сајрус.