дома блог страница 2816

Мицкоски од Прилеп: Се сретнав со вработените од „Еурокомпозит“, по три години лаги од Заев нема решение, ќе работиме да се помогне!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес беше во посета на Прилеп.

-Пред една недела од прилика најавивме на прес-конференција дека ВМРО-ДПМНЕ започнува теренски активности во периодот кој што следува „Обновата пред вашиот дом“, но и претседателот на партијата заедно со граѓаните во определени центри. Разговараме со граѓаните во тие центри за реалниот живот, за она што се случува. Да видиме што можеме ние како политика која што ќе биде дел од нашата предизборна програма да промовираме, да понудиме. Да видиме што можеме дополнително да додадеме во рамките на нашата програма. И мислам дека заеднички тука учиме со граѓаните, со бизнис заедницата, со други целни групи, со земјоделците. Еве бевме денес во „Еурокомпозит“ заедно со вработените во „Еурокомпозит“ разговаравме за сите оние лаги и неисполнети ветувања од страна на Владата на СДСМ. Тука можеме да научиме и да извлечеме поука од сето тоа и во иднина сето тоа да не го повториме, истакна тој.

Мицкоски порача дека имаат знаење, план и визија.

-Знаеме како најголемиот дел од тие проблеми да ги решиме. Нема да ветуваме чуда, нема да ветуваме нешто што не сме во можност да го испорачаме. Ние не сме ниту СДСМ, ниту Зоран Заев. Ние сме луѓе кои што пред се сакаат честито да настапат пред граѓаните со кои што комуницираат. Имаме конзервативен пристап, односно пристап – вети она кое што, можеш да го испорачаш, а не ветувај популистички само да останеш на фотелјата, а потоа сето тоа да го заборавиш. Така што мислам дека ќе биде или да не бидам претенциозен сигурен сум дека ќе биде препознаена од граѓаните, и дека после 12-ти април ќе можеме сето тоа што сега го зборуваме и за кое се обврзуваме со договор пред граѓаните да го испорачаме, истакна Мицкоски.

Лила Филиповска утре ќе сведочи за „Peкeт“

TВ водителката и блиска пријателка на Боки 13, Лила Филиповска е повикана да сведочи на утрешното рочиште за случајот „Peкет“.

По денешното сведочење на обвинителот Бурим Рустеми, судијката Васка Николовска-Масевска извести дека за утре е планирано во судот да бидат испрашани четворица сведоци.

Филиповска која беше со Боки 13 на пат кон Грција, шефицата на кабинет на Катица Јанева, Сања Димовска, Весна Костовска и Агапи Дика.

(Фото) Герила акција во Собрание

Виситнска драма пред малку се случи на Комисиската раcправа за Zаконот за Јавно обвинителство откако на говорницата настапи Републичкиот јавнен обвинител Љубомир Јовевски. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со транспарент протестираше на неговиот говор, кој се однесуваше на писмото кое го испрати Катица Јанева до Јовевски со кое даде незаконска наредба за предавање на предметите од СЈО.

-Г-н Јовевски до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба (чл.60, закон за ЈО), пишуваше на транспарентот.

Претседателот на комисијата Александар Кирацоски бараше обезбедувањето да реагира и да ги отстрани пратениците.

На јавната расправа присуствуваат пратеници од сите пратенички групи, министерката за правда Рената Дескоска, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, обвинители и професори од Правниот факултет и меѓународни претставници.

Дуел на титаните во полуфиналето на “Австралија Опен”: Педесето соочување на Федерер и Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на Грен слемот Австралија опен, откако денеска го совлада Милош Раониќ од Канада во второто четвртфинале.

Бранителот на трофејот победи со максимални 3-0, по сетови 6:4, 6:3 и 7:6 за нешто помалку од три часа игра.

Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со швајцарскиот тенисер Роџер Федерер кој претпладне го совлада Тенис Сандгрен со 3-2.

Новак Ѓоковиќ кој е втор носител, на турнирот во Мелбурн досега има седум полуфиналиња и во сите нив извојувал победа.

Воедно, ова ќе биде 50. пресметка меѓу Ѓоковиќ и Федерер. Досегашниот биланс е 26:23 за Србинот.

Мицкоски во Прилеп на средба со бизнисмени во Стопанската комора: Ниски даноци, кратење на давачките и цел сет економски мерки (Фото)

При денешната посета на Прилеп, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со претставници на регионалната Стопанска комора.

-Остварив средба со претставници на стопанската комора во Прилеп. Разговаравме за актуелните состојби кои во економијата се разочарувачки, но воедно ја искористив приликата да им ги презентирам нашите основни заложби во поглед на економското работење. Прво нешто што мора да се направи е да се нанесе сериозен удар на криминалот и корупцијата, второ мора да се стимулира приватниот сектор и да има реална поддршка од државата. Она на што ќе биде фокусирана идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде обезбедување на услови за развој и обнова на економијата. Ќе обезбедиме ниски даноци, кратење на непотребни давачки и цел сет на економски мерки на кои работиме во моментот. Драгоцени се нивните мислења и предлози и секако дека ќе бидат земени во предвид во нашите програмски определби. Доаѓа крај на политиката купи ден помини, ќе се избориме за обновата која ќе дојде и ќе донесе промени, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Мицкоски на средба со вработените во прилепскиот загубар: Еурокомпозит е голем срам на владата во заминување (Фото)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со вработените од Еурокомпозит.

-Имав средба со вработените од Еурокомпозит. Ќе потсетам дека едно од првите ветувања на Зоран Заев и неговиот економски цунами тим пред три години беше дека ќе најде решение за овие луѓе кои не земаат плата. Три години потоа овие луѓе сведочат за лажните ветувања на Заев и ова е случај каде единствено блескаат лажните ветувања. Реалноста говори дека не се платени придонеси од околу 2 милиони евра, и плати од 1 милион евра. Вкупниот долг по разни основи на Еурокомпозит е 5 милиони евра. Над 150 луѓе отидоа како технолошки вишок, а над 60 се преостанати кои не земаат плата. Ова е болната и грдата реалност на Зоран Заев и власта во заминување. Јас нема да ветувам чуда, нема да ветувам магични решенија со кои преку ноќ ќе им ги решам проблемите. Туку на овие луѓе можам да им ветам напорна работа на идната Влада и дека една од првите работи со која ќе се зафатам ќе биде како да им помогнеме на луѓето на кои им е потребна помош. Еурокомпозит е голем срам на владата во заминување, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Почнaa ocкapoвските дpyжења: Македонската екипа во дpyштво на Бред Пит, Леонардо ди Каприо, Роберт де Ниро… (Фото)

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и науки во пресрет на доделувањето на „оскарите“ што ќе се одржи на 9 февруари.

Екипата на „Медена земја“ деновиве го живее сонот. На социјалните мрежи се појавија фотографии од Љубо, Тамара, Атанас, Фејми и Самир во друштво на Квентин Тарентино, Бред Пит, Роберт де Ниро, Леонардо Дикаприо, Ал Пачино…

Ова е целата сторија зад фотографијата на Коби Бpajaнт со македонското знаме: Екипата “Алфа 1” од Прилеп била чудо на турнирот

Фотографија која датира од далечната 1998 година од Светското првенство во Streetball во Париз, вчера се појави на социјалните мрежи.

На фотографијата покрај легендарниот Коби Брајант, од десната страна стои Трејси Мекгрејди, легендарниот НБА играч на Хјустон Рокетс, а заедно со нив фотографирани се и тројцата прилепчани: Менде Папазоски, Дарко Спироски, Алмир Мифтароски.

Истражувавме малку и ја дознавме целата сторија која се крие зад оваа фотографија.

Се работи за македонската екипа во стритбол “Алфа 1” од Прилеп, која завршила на шестото место на четвртото по ред Светско првенство.

Резултатот на нашата екипа бил постигнат помеѓу 31 екипа, поделени во 8 групи по 4 екипи, со исклучок на групата во која се наоѓала македонската репрезентација, а во групата се натпреварувале против Франција и Сингапур.

На фотографијата покрај тројцата прилепчани Менде Папазоски, Дарко Спироски, Алмир Мифтароски, е уште и штипјанецот Марјан Ѓуров.

Нашите репрезентативци го освоиле првото место во групата, совладувајќи ги Сингапур и домаќинот Франција. Во осминафиналниот дуел ја победиле Унгарија, а во четвртфиналето Македонија била совладана од репрезентацијата на Сојузна Република Југославија, кои подоцна станале и светски прваци.

Во понатамошното разигрување за до осмо место на турнирот, Македонија ја совладала Полска, а загубила од Хрватска, па така нашите момци завршиле на крајното шесто место.

Според прилогот од спортските архиви, доколку Македонија ја избегнала Југославија во четвртфиналето, сме имале реални шанси да бидеме вицешампиони.

Исто така се додава дека за популаризација на турнирот придонело присуството на НБА ѕвездите, Коби Брајант и Трејси Мекгрејди.

Teжнеат кон правда и рамноправност, но луѓето родени во Вага имаат и негативни страни

Како сите други хороскопски знаци, така и Вагата има негативни карактеристики.

Ако ја замолите да донесе одлука во врска со вас или вашата врска, знајте дека сте осудени да дочекате неизвесен исход.

Ако сакате веднаш да ја онерасположите, треба само да ја прашате што сака во животот или да побарате се изјасни за некој проблем.

Таа би сакала да остане неутрална, некаде на средина, затоа што добро знае дека ако избере една опција, ќе се кае за другата.

Нејзиниот „глад“ за потврда од другите оди дотаму што таа е подготвена да се откаже од себе, да се преправа за на околината да ѝ остави подобар впечаток.

(Видео) “Дали директор од Прилеп одлучил да си зема 110.000 плата, повисока и од премиерот?”

Викендов тука пред дивоградбата, за која самиот градоначалник призна дека припаѓа на негови роднини, Генералниот секретар на СДСМ повторно се обиде да манипулира и да ги лаже прилепчани. Неговите сопартијци и функционери го наместија Николовски токму од тука, од местото каде најдобро се гледа како функционира власта на СДСМ, да зборува за некаков нов “план за живот”, за кој патем никој повеќе не им верува – oва на вчерашната прес конференција го истакна Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Кога веќе беше тука, добро би било да го праша градоначалникот Јованоски, на кои се’ локации гради фирмата на неговите роднини, за која тој наводно дозна од нас од oпозицијата.

Добро би било да го праша министерот Сугарески за хаосот кој постои во прилепската чаршија, која е окупирана од објекти во сопственост на луѓе од СДСМ.

Николовски треба да ги праша Миле Талеки, Илија Јованоски и Горан Сугарески, како тоа се легализираат објекти на крајно сомнителен начин во Прилеп?

Кога веќе се фали дека тутунарите од Прилеп и прилепско биле задоволни од откупот и цената на тутунот, тогаш нека го праша и генералниот директор на Тутунскиот Комбинат, Кире Станкоски, зошто и дали дел од откупните пунктови се затворени пред законскиот рок?

Дали директорот си ја покачил платата од 80 на 110.000 денари и дали вакви покачувања има и кај останатите негови блиски соработници, околу 20тина на број од вкупно 230 вработени во Тутунскиот Комбинат?

Кога се капиталните проекти се во прашање, на Николовски како мачка да му го изела јазикот, па заборави да каже кој капителен проект го направи СДСМ за Прилеп во изминативе 3 години. Таков нема!

Како бара гласови од Прилеп кога Владата на СДСМ и министерот Сугарески целосно ја стопираа изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско?

Како очекува прилепчани да гласаат за СДСМ, кога локалната власт и градоначалникот Илија Јованоски ги зголемија сметките за вода за 60%, а ветуваа дека ќе ги намалат за 20%?

Како граѓаните да гласаат за СДСМ кога нема ниту една нова фабрика, нема ниту едно ново отворено работно место, а вработувањата во институциите им припаѓаат исклучиво на роднините и пријателите на функционери од власта?

Почитувани сограѓани,

За крај укажуваме дека до ВМРО-ДПМНЕ секојдневно пристигнуваат документи и докази за незаконското работење на ова злосторничко здружение на СДСМ во Прилеп.

Сите овие укажувања и сомнежи за сторен криминал ќе бидат детално разгледани, а после 12-ти април следува одговорност за секој кој се ставил над законите”.