дома блог страница 2815

Дожд и снег, па сонце: Погледнете какво ќе биде времето до крајот на месецов

Денеска ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, во западните делови повремено ќе засилува.

Во ноќните часови пак и во четврток претпладне се уште ќе има повремени врнежи кои и на некои повисоки места ќе преминат во снег.

Потоа следува период на стабилно и потопло време.

Милошоски: Оваа фотографија е мојот среќен 44-ти роденден – напиша пратеникот и објави ултразвук од најновиот член

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска го слави својот 44 роденден. Неодамна јавноста дозна дека неговото семејство ќе се збогати со уште еден нов член, а на својот роденден Милошоски објави ултразвук и напиша:

“Оваа фотографија е мојот среќен 44ти роденден! Ви благодарам на сите убави желби, и ви пожелувам многу здравје и добри вести”.

Среќен роденден!

Чулев: Отпочната постапката за признавање на македонските возачки во Австралија

Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, објави дека деновиве е отпочната постапка за признавање на македонските возачки дозволи со Комонвелтот на Австралија

„Министерството за внатрешни работи поднесе апликација до Агенцијата задолжена за издавање возачки дозволи во Комонвелтот на Австралија односно агенцијата “Austroads”, која е потврдена од австралиска страна“, напиша Чулев на Фејсбук.

Тој очекува позитивен одговор од надлежните органи во Австралија во најкус рок, со што на македонската дијаспора во Австралија ќе и се олесни процедурата за замена на возачките дозволи.

Како што пишува министерот, тоа дополнително ќе ги намали трошоците кои произлегуваат од полагањето на испит за стекнување со австралиска возачка дозвола.

АМЕРИКАНСКА КОМПАНИЈА ГРАДИ ХОТЕЛИ ЗА ГЕЈМЕРИ: Освен видеоигри, посетителите ќе можат да уживаат во базени, теретани, ресторани, па дури и кино-сали

Годинава би требало да започне изградбата на првиот хотел на компанијата Atari наменет за љубителите на видеоигри во Феникс, Аризона, а потоа се планира изградба на слични хотели во Лас Вегас, Денвер, Чикаго и во други американски градови.

Вкупно е планирано да се изградат осум хотели, а објавените фотографии откриваат препознатлив изглед со доминантното лого на Atari на предната страна од хотелот, кој изгледа прилично атрактивно. Сепак, на посетителите најважно им е што се наоѓа внатре.

Од Atari велат дека ова ќе биде нов возбудлив концепт на досега невидена гејемрска дестинација, која го поврзува уникатното искуство со легендарниот бренд. Во хотелите посебен акцент се става на последната технологија за проширена реалност. Исто така, при дизајнот ќе се размислува и за е-спортовите, па во нив ќе може да се одржуваат и турнири.

Засега не е познато какво поволности ќе нуди за љубителите на видеоигри, но веројатно во секоја соба ќе има гејмерски компјутери или играчки конзоли. Освен видеоигри, посетителите ќе можат да уживаат во базени, теретани, ресторани, па дури и кино-сали.

Пoжap во куќа на улица “Дебарца” во Прилеп

На 27.01.2020 околу 23.40 часот во Полициcката cтаница Прилеп било приjaвено дека на ул.„Дебарца“ во Прилеп нacтанал пожap во куќата сопственост на Т.А..

Пожapoт бил изгacнaт од екипа на Територијалната пpoтивпожapна единица Прилеп, а повpeдени лица нема – информираат во дневниот билтен на МВР.

Познатиот македонски стенд-ап комичар има преслатко синче (Фото)

Актерот и стенд-ап комичар Бојан Велевски, пред две години доби син. Тој и неговата сопруга Каролина многу ретко споделуваат слики од нивниот син, но овој пат имаше посебен повод.

Малиот Војдан славеше втор роденден, па Бојан на својот фан пејџ сподели со своите фанови фотографија од синчето и напиша:

“На фраерот денес му е роденден! Жив и здрав сине”

Преслаткиот Војдан за само неколку минути ги освои симпатиите и собра близу илјада лајкови, срценца и коментари со желби за безгрижно детство.

Прекрасно! Птиците се најубавиот украс на плоштадот во Прилеп (ФОТО)

Птиците се најубавиот украс на плоштадот “Медодија Андонов – Ченто” во Прилеп, како и на Старата прилепска чаршија.

Вљубеници во нив секојдневно им фрлаат пченица и пченка, а тие возвраќаат со магично прелетување од едната на другата на страна на плоштадот и го прават центарот на градот да наликува на светските метрополи.

Погледнете ги овие прекрасни фотографии кои се дело на Марјан Стојаноски:

Мицкоски во посета на прилепскиот гигант број еден (Фото)

При денешната посета на Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше во посета и на прилепскиот гигант Витаминка, каде оствари средба со раководството на компанијата.

-Ја посетив фабриката Витаминка од Прилеп. Одличен бренд кој трае над 60 години и вработува над 700 луѓе. Развојот на нашата економија треба да се темели врз успешните примери кои треба да растат дополнително, да се прошируваат и зајакнуваат. Економијата ќе го има нашиот најголем фокус зошто преку нејзе се гради иднината на една земја и може да се обезбеди добриот живот. Мора да се ослободи економијата од стегите на хибридниот режим кој го донесоа, од корумпираноста со која сме први во Европа, да изградиме квалитетен систем каде човечкиот труд ќе се вреднува, а знаењето и професионализмот ќе доаѓа до израз. Имаме концепт и план. Обновата доаѓа, а Прилеп ќе чекори вистински напред, праведно, развојно, со концепт и идеја.Македонија може повеќе и подобро – напиша Мицкоски на Фејсбук.

(Видео) Овој Кинез го воодушеви целиот свет: Влезе во полициската станица и направи нешто неверојатно

УжacHиот виpyc кој ја зафати Кина ги натера луѓето да не излегуваат без маски, но и да го лимитираат времето кое го поминуваат на јавни места.

Атмосферата е напната, но на социјалните мрежи се појави едно симпатично видео. Маж влезе во полициска станица и на полицајците им поклони 500 маски за лице.

Само ги поздрави и излезе надвор поради потенцијалната зapaза.

Професорот Калајџиев до обвинителот Јовески: До кога ќе го криете писмото на Катица?

Професорот Гордан Калајџиев пред почетокот на денешната јавна расправа за новиот закон за јавно обвинителство порача „Господ на помош“.

Потоа се огласи повторно на социјалните мрежи со прашањето: „До кога ќе го криете писмото на Катица, господине Јовески“?!

На транспарентот истакнат во собраниската сала пишува:

„Господине Јовески, до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба?“