Мицкоски во посета на прилепскиот гигант број еден (Фото)

При денешната посета на Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше во посета и на прилепскиот гигант Витаминка, каде оствари средба со раководството на компанијата.

-Ја посетив фабриката Витаминка од Прилеп. Одличен бренд кој трае над 60 години и вработува над 700 луѓе. Развојот на нашата економија треба да се темели врз успешните примери кои треба да растат дополнително, да се прошируваат и зајакнуваат. Економијата ќе го има нашиот најголем фокус зошто преку нејзе се гради иднината на една земја и може да се обезбеди добриот живот. Мора да се ослободи економијата од стегите на хибридниот режим кој го донесоа, од корумпираноста со која сме први во Европа, да изградиме квалитетен систем каде човечкиот труд ќе се вреднува, а знаењето и професионализмот ќе доаѓа до израз. Имаме концепт и план. Обновата доаѓа, а Прилеп ќе чекори вистински напред, праведно, развојно, со концепт и идеја.Македонија може повеќе и подобро – напиша Мицкоски на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.