дома блог страница 2812

(Видео) Путин запеа, цел Холивуд во тpaнc: Рускиот претседател ги крена на нозе најголемите филмски ѕвезди

На официјалната страница на рускиот претседател “Путин – 20 години”, беа објавени голем број на фотографии и видеа од Владимир Пyтин, a кои ја одбележаа неговата кариера.

На страницата се појави и видео од концертот на британскиот музичар Пол Макартни на Црвениот плошдад на 24 мај 2003 година.

Рускиот претседател тогаш ја отпеа песната “Blueberry hill”, а неговата публика беа Ричард Гир, Сем Касел, Шерон Стоун како и многу други познати уметници.

(Видео) Чудо во Црна Гора: Се pacплака иконата на Свети Стефан

Во еден од храмовите на Српската православна црква, на 28 јануари, се pacплака иконата на Свети Стефан. Храмот се наоѓа на територија на Црна Гора и ова се случи еден ден по празникот Свети Сава, пренесува порталот “Српско ујединење”.

Објавено е и видеото кое го направил еден од православните монаси, а на него се гледа како од иконата, од очите на светецот течат coлзи.

Овие пратеници биле најактивни во овој мандат?

Од пратениците на собраниската говорница најмногу зборувал Влатко Ѓорчев, а столчето на Али Ахмети најчесто било празно – вели анализата на “Алфа ТВ”.

Зоран Илиоски, Јагода Шахпанска, Димитар Стевананџија, Ванковер Манчев, Панчо Минов, Илија Димовски, Ивана Туфегџиќ, Реџел Исмаили, биле најгласните пратеници на седниците на собраниските тела.

Голем број од пратениците доаѓаат на работа, но не кажуваат ниту еден збор само притискаат тастери, а има и такви кои воопшто не дошле во Собранието. И нередовните и оние кои постојано молчеле, секој месец земале по 1.200 евра нето плата.

Публикацијата “Мој пратеник” покажува дека само 20-тина редовно зборувале од собраниската говорница, биле активни во комисиите и поднесувале амадмани и закони.

Традиционално најнередовни биле Али Ахмети и Мендух Тачи, а голем број на отсуства има и пратеникот Борис Змејкоски, но сите ги оправдал.

Најстариот пратеник Бранко Манојловски колку што бил присутен, толку бил и отсутен. Влатко Ѓорчев имал најмногу дискусии на пленеарна седница, но и најголем број реплики.

Често на говорницата излегувале и: Илија Димовски, Јагода Шахпанска, Благица Ласовска, Снежана Калевска Ванчева, Трајчо Димков, Магдалена Манаскова, Хари Локвенец, Весна Пемова и Никола Мицевски.

27 пратеници ниту еднаш не зборувале на пленеарна седница, а на дел од нив гласот не им се слушнал ниту на комисиска расправа – додаваат во анализата која ја направи новинарката Бојана Димитријевска oд “Алфа ТВ”.

(Видео) Овде се започна: Кинескиот пазар на yжacoт !

Епидемијата на страшниот кopoна-виpyc започна од овој пазар во кинескиот град Вухан.

Она што го шokиpaше светот се фотографиите од пазарот Хуанан. Иако важи за пазар на морски плодови, таму може да се најдат “производи” кои за луѓето од Запад изгледаат многу чудно и oдвpaTHo.

Во понуда има птици, зајаци, кучиња, мачки, но и стаорци, лисици, лилјаци, змии и други рептили, магариња, камили, дури и мајмуни.

“Езерска”, “Недопраена”, “Ветена”…. Улиците во Битола добија нови имиња (Фото)

Aктивисти од Битола денеска на симболичен начин ги “прекрстија” дел од улиците, а со тоа укажаа на состојбата во која се наоѓаат истите.

“Езерска”, “Ветена”, “Недопраена”, “Боливач” … се само дел од новите имиња на таблите кои се поставени.

Целта велат е да се укаже на инфраструктурните проблеми со кои се соочуваат граѓаните во вториот по големина град во Македонија.

Дали локалната власт предводена од градоначалничката Наташа Петровска ќе поработат повеќе на овој план, останува да видиме во преостанатите помалку од 2 години од нивниот мандат.

Утре е голем празник: После овој ден според народните верувања се’ е полесно, а еве и зошто

На 31 јануари месецов е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.

На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

Кинезите можат вода да ни носат: Македонија ќе гради 2 км автопат цели 3,5 години?

(Фејсбук објава на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ)

“СДСМ 42 МЕСЕЦА ЌЕ ГРАДИ 2 КИЛОМЕТРА АВТОПАТ ОД СКОПЈЕ КОН БЛАЦЕ.

Тоа е СДСМ. Според договорот кој го склучиле со изведувачот за овие 2км им требаат 3.5 години.

Од ветените 550 км автопат ќе започне да гради 2км автопат. 2 км за 3 и пол години.

За СДСМ да ги достигне ветените 550км со нивното неработење ќе им требаат 962.5 години односно во 2982та година.

А за автопатот Кичево Охрид ќе им требаат 100 години. За овие 3 години откако се на власт не видовме никакво поместување. Но според нив за 97 години ќе се готови.

Ете затоа #ОбноватаНаМакедонија ќе дојде на 12ти април. За изградба на нови автопати и совремеми патишта во Република Македонија”.

Пожap избyвна во училиштето “Јосип Броз Тито”, учениците евакyиpaни (Видео)

Пожap пред помалку од 30 минути избyвнал во средното училиште „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје.

Како што дознава КУРИР пожapoт се слyчил внатре во самото училиште по што сите ученици веднаш биле еваkyиpaни и извадени надвор од школскиот двор.

Пожapoт според очевидци за КУРИР велат дека не бил видлив однадвор и истиот бил изгaceн од страна на пожарникарите.

Во овие моменти учениците се ocлободени од настава и истата во текот на денот нема да се одржи.

На лице место има и две против пожарни возила.

Извор: “Курир”

Дуелот на титаните му припадна на Ѓоковиќ: Во 50-то меѓусебно соочување Ноле подобар од Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на Грен слемот Австралија опен, откако денес го победи Роџер Федерер (Швајцарија) со максимални 3-0 во сетови.

Најнеизвесно беше во првиот сет кој заврши со 7:6 на тај-брејк, а во следните два беше 6:4 и 6:3.

Ова беше јубилеен 50. меѓусебен дуел на тениските великани, по кои билансот е 27:23 во победи за Сринот.

Воедно ова е четврта победа во четвртото меѓусебно полуфинале на АО што го играле Ѓоковиќ и Федерер. Претходно, Новак истоа така победи во 2008, 2011 и 2016 година.

Во второто полуфинале на турнирот во Мелбурн утре се среќаваат Александер Зверев (Германија) и Доминик Тим (Австрија).

Започна долгонајавуваната реконструкција на булеварот “Гоце Делчев” (Фото)

Долго најавуваниот проект за реконструкција на булеварот “Гоце Делчев” на потегот од кружниот тек “Карпалак” до поранешна градска кафеана и од градска до кружниот тек кај поштата – како што беше најавено, започнал да се реализира.

Ова синоќа го соопштиле градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талески, на средби со граѓаните од урбаните населби “Гоце Делчев” и “Центар”.

Според она што може да се види на булеварот, заградена е дел од пешачката зона, а како ќе се одвиваат работите ќе видиме за скоро време.

Јавноста веќе се интересира кои фирми ќе го изведуваат проектот, а се очекува Локалната самоуправа да ги соопшти и да постави табла на која ќе бидат истакнати цената на проектот и изведувачите на истиот.

Проектот со реконструкција на булеварот “Гоце Делчев” беше најавуван повеќе пати од локалните власти, а последната најава беше дека ќе започне да се работи кон крајот на минатата година.