дома блог страница 2813

За какво “Едно општество за сите” зборувате: Ние сме единствената нација во светот која што со закон има забрана за употреба на симболи со кои се идентификува

Во емисијата Анализа на телевизија 24 пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова истакна дека во Македонија конфликти помеѓу заедниците настануваат поради рамнодушноста за туѓите потреби за изразување на сопствениот идентитет. За жал вели Манаскова реалноста е дека во Македонија единствените кои што имаат проблем со изразување на сопствениот идентитет се Македонците.

-Конфликти кои што настануваат поради рамнодушноста кон туѓите потреби за изразување на сопствениот идентитет. Што имаме моментално како реалност во Република Македонија? Сметам дека единствените кои што имаат проблем со изразување на сопствениот идентитет во Република Македонија се Македонците. Зошто го говорам ова, затоа што во Република Македонија, на сила како Закон се два договори во кои што има членови каде што се решаваат прашања од историски карактер кои што директно го тангираат идентитетот на македонското население. Ние сме единствената нација во светот која што со закон има забрана за употреба на одредени симболи, употреба на одредени термни, со употреба на одредени термини со потреба да се осврне на одреден дел на една историја која што е светска и тоа е стриктно пропишано во закон. Еве за илустрација за да биде полесно за гледачите за што говорам, говорам за членот 7 од Преспанскиот договор кој што е ратификуван. Ова ми е основата зошто вие како Влада не сте легитимни да предлагате страгтегија за „Едно општество за сите“, вели таа.

Токму поради овие причини според неа Владата на СДСМ не е легитимна да предлага стратегија за интеркултурализам преточена во паролата „Едно општество за сите“. Манаскова потенцира дека единствено сериозен процес на итеркултурализам кој ќе води сметка за сите заедници во Македонија ќе доведе до постигнување на единство.

-Единствено сериозен процес на интеркултурализам што ќе води сметка за сите делови од патот кој што мора да го помине, може да го совлада тоа затворање и да отоври пат за постигнување на единствено кој што нели е крајната цел на оваа стратегија, меѓутоа единство кое што нема да ја умртви различноста. Површен пристап како што викаме дека носи оваа стратегија, површен пристап кон поместување на парадигмата бидејќи тука се заговара поместување на парадигмата од мултикултурно општество како што досега бевме дефинирани како држава во итерклултурно општество. Површен пристап кон вакво поместување на таа парадигма претставува опасност за губење на идентитетот или апсолутизација на посебното. И затоа секоја заедница, сега говорам заедница и ги изедначувам сите заедници кои што егзиситраат на територија на Република Македонија. Секоја заедница треба да се стреми кон плурализам, толеранција со цел да се спречат конфилктите, што би требало да е целта на оваа стратегија, посочи Манаскова.

Македонија доби дипломат шофер

Досегашен возач во косовското МНР ќе биде втор секретар во конзулатот што Косово неодамна го отвори во Струга, објави вчера весникот „Коха Диторе“.

Досегашниот возач Фарук Битиќи со одлука на министерот Беџет Пацоли, ќе го започне четиригодишниот мандат на 15-ти идниот месецн пренесе МИА.

„ Фарук Битиќи ќе започне со извршување на задачите и обврските како втор секретар во конзуларната мисија во Струга од 15. 02. 2020 година“, се вели во документот што го обезбеди приштинскиот весник.

Од косовското МНР велат дека чинот втор секретар, кој Битиќи го има добиено со одлука од 2108 година е соодветен на чинот конзул, така што „унапредувањето е извршено согласно процедурите и законите“.

Денеска е Св. Антониј Велики, заштитник од лyдилото и од ѓaвoлoт

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јануари.

Денеска е Св. Антониј Велики.

Прeп. Антoниј Вeлики. Мисирeц, рoдeн e oкoлу 250 гoдина вo нeкoe сeлo Кoма, вo близина на Хeраклeја. Пo смртта на свoитe благoрoдни и бoгати рoдитeли, тoј гo пoдeлил наслeдeниoт имoт сo свoјата малoлeтна сeстра, ја згрижил кај нeкoи свoи рoднини, свoјoт дeл oд имoтoт гo раздал на сирoмаситe, и вo свoјата 20-та гoдина сe пoсвeтил на пoдвижнички живoт, кoн кoјштo тeжнeeл уштe oд дeтствoтo. Најнапрeд сe пoдвизувал вo близината на свoeтo сeлo нo да би гo избeгнал oбeспoкoјувањeтo oд луѓeтo сe oддалeчил вo пустината, на брeгoвитe на Црвeнoтo Мoрe кадe штo какo затвoрeник пoминал 20 гoдини, нe дружeјќи сe сo никoј oсвeн сo Бoга, прeку нeпрeстајна мoлитва, размислувањe и сoсрeдoтoчувањe, пoднeсувајќи ги трпeливo нeпoднoсливитe ѓавoлски искушeнија.

Нeгoвата слава сe прoнeсла низ цeлиoт свeт и oкoлу нeгo сe сoбралe мнoгу учeници, кoи тoј ги пoучувал сo личeн примeр и сo збoрoви за патoт на спасeниeтo. Вo свoјoт 85гoдишeн пoдвижнички живoт самo двапати oтишoл вo Алeксандрија и тoа, првиoт пат барајќи мачeништвo вo врeмe на гoнeњeтo на црквата, а втoриoт пат на пoкана на св. Атанасиј за да oдгoвара на клeвeтитe oд ариeвцитe кoи гo oптужилe дeка e пoддржуватeл на Ариeвата eрeс. Пoчинал вo 105. гoдина oд свoјoт живoт, oставајќи зад сeбe цeла вoјска учeници и пoддржуватeли. Иакo Антoниј нe бил писмeн, бил сoвeтник и наставник на најучeнитe луѓe oд тoа врeмe, какo штo бил св. Атанасиј Вeлики.

Кoга нeкoи грчки филoзoфи гo искушувалe сo литeратурна мудрoст, Антoниј ги засрамил сo прашањeтo: “Штo e пoстарo: разумoт или книгата и штo (oд тиe двeтe) e причина за другoтo?” Пoсрамeнитe филoзoфи сe разoтишлe, бидeјќи видeлe дeка имаат самo литeратурнo пoмнeњe бeз разум, а Антoниј гo има разумoт. Eвe чoвeк кoј дoстигнал сoвршeнствo, каквo штo вooпштo чoвeкoт мoжe да дoстигнe на зeмјата. Eвe вoспитувач на вoспитувачитe и учитeлитe, кoј пoлни 85 гoдини сe пoправал сeбeси, та самo така мoжeл да пoправи и мнoгу други. Испoлнeт сo мнoгу гoдини и сo гoлeми дeла, Антoниј сe упoкoил вo Гoспoда вo 335 гoдина.

Секој хороскопски знак има по една супермоќ: Дознајте која е вашата

Овен – неограничена енергија

Припадниците на овој знак може да бидат јунаци чија енергија никогаш не пресушува. Брзи се, снаодливи, па дури и може да не јадат и не спијат сè додека не го добијат она што го сакаат.

Бик – супер сила

Не бадијала се вели „силен како бик“. Припадниците на овој знак знаат и физички и емоционално да им одолеат на предизвиците. Лесно се снаоѓаат во тешки ситуации и буквално ништо не може да ги скрши.

Близнаци – ментално снимање

Близнаците обично имаат способност да впијат огромна количина на информации за неверојатно кратко време. Без разлика дали читаат или само набљудуваат, имаат капацитет да научат многу нови информации.

Рак – моќ за сочувство

Да имаат супермоќ, Раковите дефинитивно ќе се пофалат со емпатија. Тие се способни да ги разберат сите луѓе и мотиви околу себе, па лесно се поврзуваат со сечија емотивна состојба. Сакаат да воспоставуваат посебна врска со секој човек, животно или билка на Земјата.

Лав – господар на огнот

Нивниот жежок темперамент може да создаде оган од ништо – доволно е само малку да се налутат. Но, со еднаква брзина можат да го изгасат ако забележат дека им штети на нивните блиски пријатели и сакани.

Девица – човечко торнадо

Заради брзината и интензитетот кој ги краси луѓето родени во овој знак, слободно може да се наречат како човечки торнада. Благодарение на способностите да размислуваат 5 чекори однапред, можат целосно да ја променат ситуацијата, баш како торнадо.

Вага – менување на облици

Припадниците на овој знак ги краси една практична способност – моќ на приспособување. Како супер јунаци, тие лесно ќе се приспособат на секој и насекаде. Таа нивна моќ им овозможува да го живеат животот во повеќе облици и од повеќе позиции.

Шкорпија – читач на душата

Припадниците на овој знак дефинитивно знаат како да ја читаат туѓата душа. Тие се единствениот знак во зодијакот со толку силна перцепција и моќно логичко заклучување. Штом Шкорпијата ќе ве погледне во очи, може да ги проценат вашите најскриени желби, страсти и цели.

Стрелец – детектор на лаги

Стрелците многу лесно може да ја извлечат вистината од било кој. Затоа се супер јунаци наречени човечки детектор на лаги. До вистината нема да дојдат преку мерење на пулсот и промените во дишењето, туку преку ситни манипулации со кои ќе го откријат соговорникот додека да трепне.

Јарец – управувач со мислите

Имаат неверојатно силна ментална енергија и упорност со која и другите ги убедуваат во нивното лично мислење и нивните одлуки. Јарците знаат буквално да ги контролираат туѓите мисли. Идеите им се секогаш генијални затоа што знаат издржано да ги одбранат.

Водолија – исчезнување

Водолиите лесно стануваат невидливи. Нивната моќ за исчезнување е неверојатна, и физички и ментално. Благодарение на оваа способност знаат да се дистанцираат кога треба, но и да го обиколат светот и да запознаат нови луѓе и нови ситуации.

Риби – творци на нови светови

Вечните сонувачи кои не се снаоѓаат најдобро во реалниот свет знаат како да создадат некои нови, паралелни светови. Нивната фантазија и креативност нема граници, па ако ги прашате со задоволство би живееле во некој футуристички филм како Матрикс

Извор: “Република.мк”

Биле сиpoмашни, но посвоиле дете и му дариле љубов: Кога момчето порасна им овозможи живот од соништата (ФОТО)

Кога Џејви Лазаро Бадиле бил дете, тој бил посвоен од страна на прилично сиромашен пар од Филипини. Немал богато детство, но бил благодарен што имал љубов бидејќи тие му дале прилика да живее среќен живот.

Кога пораснал, Лазаро постојано учел и напорно работел, по што станал успешен бизнисмен. Поради тоа одлучил на своите родители да им обезбеди сè што им е потребно.

Тој на своите родители неодамна им ја купил куќата од соништата, а својата животна приказна ја споделил на Фејсбук.

“Кога ме посвоија, животот не беше лесен. Мајка ми е продавачка, а татко ми е портир. Сега кога ми се пружи шанса да им се оддолжам, ќе се погрижам да го живеат својот сон подобро отколку што можат да замислат”.

“Спортмедија”: ВАРДАР УMИPA – Политичките игри го избркаа Самсоненко!

Готово е! Сергеј Самсоненко се повлекува од фудбалскиот клуб Вардар. Вечерва оваа одлука им се соопштена на фудбалерите во Анталија, кои со солзи во очите ја прифатија оваа вест. На играчите им било кажано дека може да си бараат нови клубови, и тоа веднаш!, пренесува порталот Спорт Медиа.

Играчите веднаш побарале враќање во Скопје, и решавање на потанатамошната нивна судбина.

Проблемите кои ги имаше спонзорот Самсоненко околу спорни случаи, политичките игри, и немањето поддршка од државата, го избркаа рускиот спонзор кој остави траен белег и во ракометниот и во фудбалскиот тим. Фудбалскиот тим играше историски во групата од Лигата на Европа, со ракометарите освои две европски шампионски титули.

Веста доаѓа по „ремито“ со Црвена Звезда денеска. Порталот дознава дека Самсоненко деновиве ќе го врати клубот на Град Скопје.

Засега не е позната судбината со ракометниот тим, но веројатно и него го чека истата судбина.

(Видео) Британците со песна и оро ја напуштија Европската унија: ЕП го потврди “Брегзит”

Членовите на Европскиот парламент со 621 глас и емотивна дебата го ратификуваа договорот за “Брегзит” и конечнната раздела со Велика Британија.

Неколку европратеници од Британија истакнаа дека државата еден ден ќе се врати назад, но евроскептиците, вклучувајќи ги и оние кои се дел од Брегзит партијата на Најџел Фараж имаа навистина емотивни последни обраќања.

Британците го напуштија Брисел со песна, а добија аплауз и од останатите пратеници вклучувајќи ја и Урсула фон дер Лејен.

После Лозано и екипата од “Медена земја”: Ние сме од Македонија (Видео)

Самир Љума и Фејми Даут снимателите на филмот номиниран за Оскар ,,Медена земја‘‘, ja добија престижната награда за најдобра кинематографија за документарен филм која ја доделува Асоцијацијата на кинематографери на Америка.

Самир Љума и Фејми Даут всушност се првите кои ја добиваат оваа награда која асоцијацијата ја воведе од оваа година, а доделувањето се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес.

При подигнувањето на наградата Љума изјави:

“Да се биде овде со најдобрите од најдобрите, каква чест! Ви благодариме! Ние сме од Македонија, земјата домаќин на најстариот фестивал за кинематографија “Браќа Манаки”. Оваа година ќе се одржи 42-то издание на фестивалот”.

Ромите на Баирот кај Битола повторно го запалиja патот Битола-Ресен (Фото)

Продолжуваат блокадите на патниот правец Битола-Ресен кај ромската населба Баир во Битола. И денеска жителите поставија блокади и ги запалиja, a причината неофицијално е исклучена струја.

Вакви блокади имаше и пред неколку дена, а сообраќајот се пренасочува низ Битола.

(Видео) Нajдебелото дете на cветот имаше 192 килогpaми – ocлабе цели 108 килограми и денеска изгледа вака

Арја Пермана (14) јадел само нездрава храна, се капел во мал базен во дворот, не одел дури ниту во училиште, бидејќи одењето било сериозен предизвик за него, а таквиот начин на живот го довел до тоа да има 192 килограми и “титула“ за најдебелото дете на светот.

„Тој за еден оброк јаде она што би го изеле две лица. Секогаш е уморен и се жали дека не може да дише нормално. Само јаде и спие или со часови се капе во базенот“, рекла мајка му во една прилика за странските медиуми.

Еден ден, лекарот му вовел сериозна диета која се базира на овошје и зеленчук, секојдневно морал да се движи, да тренира, да плива, а дури после четири месеци загубил 9 килограми.

Неговите родители биле сериозно загрижени за здравјето на нивниот син, па во разговор со лекарите одлучиле да направи операција која ќе му го спаси животот.

Момчето пред две години било оперирано, а за време на интервенцијата имало 186 килограми. Еден месец после операцијата тежело 169 килограми.

Неговата мајка вели дека Арја и понатаму е гладен, но неговиот желудник едноставно не може да прими толку храна колку што внесувал пред операцијата.

Досега Арја Пермана после операцијата успеал да ослабне 108 килограми, а го очекува и операција за затегнување на кожата, која виси од него како последица од слабеењето.