дома блог страница 2808

Не е само Германија: Уште една европска земја очајно бара работници

Не е само Германија, и Австрија бара работници. Земјата има потреба од десет илјадници работници во ИТ-секторот.

Нивната економија трпи штети, односно директната и индиректната загуба од неисполнети работни места се проценува на околу 160 илјади евра годишно.

Австријците имаат потреба од работна сила за анализа на податоци, автоматизација, вештачка интелигенција и интернет.

Голем е бројот на слободни работни места во ИТ секторот. И додека Австрија бара работници, странските инвеститори во нашата земја мака мачат за да ангажираат квалификувана работна сила.

УХМР најавува драстична промена на времето – временска прогноза за наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од девет до 17 степени.

До вторник ќе се задржи стабилно време со релативно високи температури за овој период од годината. Поголема промена на времето ќе има од вторник кон крајот на денот, која ќе биде проследена со зголемување на облачноста, засилен ветер и значително опаѓање на температурата. Во текот на ноќта кон среда и во среда во пониските места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините и повисоките места од снег.

Распад: “Градоначалник од СДСМ најави оставка?”

Градоначалникот на општина Крушево, ТОме Христоски на Фејсбук пишува дека ќе поднесел оставка доколку на предвремените парламентарни избори во Крушево победело ВМРО-ДПМНЕ.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во целост:

“Како Градоначалник на Крушево, како крушевчанец, но и како граѓанин на нашата држава Македонија ќе се вложам на престојните парламентарни избори да победи мнозинството предводено од СДСМ особено во мојата општина Крушево.

За оваа основана причина во секој поглед ги повикувам моите сограѓани, секако мнозинството затоа што посебно во Крушево има голема разлика од тоа каде беше општината пред 2,5 години, а каде е сега, да ја поддржат мојата јасна, видлива одлучност и визија за иднината на нашето Крушево.

Вистински патриот се вложува и дава се од себе за изградба на поубаво, а не за разнебитување на Крушево со лаги манипулации и опструкции.
Вистински патриот се препознава во тоа што прави, направил и оставил зад себе, а не со пишување мало граѓанштини, омаловажувања, ширење незадоволство, лажен патриотизам и национализам.

Општина Крушево е претворено во огромно градилиште за што допрва доаѓаат главните големи и значајни за развој инфраструктурни проекти кои биле поим да се замислат, а не да се имплементираат.

Јас сум предводник на иднината градењето, иновативноста и просперитетот на мојата општина и моите сограѓани, тој е победничкиот концепт за кој сите треба да се стремиме, бориме и работиме.

Доколку во Крушево победи ДПМНЕ со својот национализам, виденото лошо минато, безидејноста и разграбувањето, нереформираните криминални кадри, НЕМАМ право да продолжам да ја водам општината, затоа што очигледно не сме работеле во интерес на граѓаните, НЕМАМ ниту причина да го продолжам градоначалничкиот мандат.

Тоа не е мој концепт, а сум сигурен и сум тврдо убеден не е ниту концепт на граѓаните и сите оние кои ме избрале и поддржале.

Општина Крушево е на прав пат да стане Европска општина и станува посакувана престолнина за туризам, со раст и развој во секое поле”.

(Фото) Што ли се подготвува? Црногорците копаат 3 метри длабоки ровови на српска граница- работниците ги чуваат спeциjaлци

Во околината на село Адровичи ископан е канал долг 100 метри кој и физички ги раздвојува двете држави. Работата ја извршува локална фирма, а работниците ги чуваат спeциjaлци.

Драгомир Брашанац жител на селото кое се наоѓа на самата граница меѓу Црна Гора и Србија, заплака пред новинарите на српски Курир. Го запрашале дали памти некој од неговите предци, дедо, прадедо или некој друг, да копаат ровови на границата.

– Какви ровови, ровови измеѓу браќа… само тоа успеал да го изговори пред да му излезат солзи на очите.

На границата, недалеку од селското училиште, има ископано еден тунел долг 20 метри и широк два до три метри. Во истиот правец, во близина на првиот има ископано уште еден тунел кој е подолг и поширок. Тој е долг околу 60 метри, длабок најмалце три, а широк три до четири метри. Вистински непоминлив бедем.

Kaракачанов провоцираше од центарот на Битола: Гоце Делчев се школувал во Бугарија затоа што е Бугарин

Красимир Каракачанов, денеска во Битола изјави дека спорот меѓу Бугарија и Македонија е политички, а не историски, а Гоце Делчев е Бугарин.

Тој денеска промовираше неговата книга за Тодор Александров, на покана на битолското здружение „Иван Михајлов“.

„Историјата е јасна по тој однос, кој чита ќе разбере. Ги гледаш документите, ги читаш и треба да се замислиш. Ама да кажеш дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин само затоа што имал бугарски пасош, поголема глупост нема. Во тоа време на никој не му требал пасош на Бугарија за да дојде да учи на училиште или универзитет. Гоце Делчев доаѓа од Кукуш во бугарското воено училиште. Не оди во Атина, Белград или Санктпетербург, оди во Софија. Со тоа напишал што е, нема за што да спориме”, вели Каракачанов.

“Дали прилепчанецот Дане Талески имал блиски контакти со други служби?” (Видео)

СДСМ ја срами Република Македонија пред нејзините најважни партнери – НАТО Алијансата. Македонија и македонската дипломатија не може да бидат респектибилен меѓународен партнер се додека се водени од луѓе како Зоран Заев и Никола Димитров, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Катастрофалната персонална политика во МНР резултира со нови гафови. Заев и Димитров си поигруваат со државата, кога нивните предлози за амбасадори си поигруваат со процедурите. Несериозно и срамно е однесувањето на Дане Талевски, советникот за меѓународна политика на Заев кој не се појави на закажаната одбрана на тези пред неговото упатување во Брисел. Скандал кој ретко или никогаш не се случува во кариерата на професионалните дипломати. На овој настан, Талески требаше да ги брани дипломатските тези во врска со неговото именување за амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Ако Талевски немал тези или не стигнале да му ги напишат, би било почесно да си признае. Со ваквото скандалозно непојавување се покажува дека заложбите на Владата на СДСМ за зачленување на Македонија во НАТО се декларативни и паушални. Кога треба тоа да се одработи во пракса, СДСМ има капацитет само за афери кои земјава ја прават несериозен партнер на најмоќната светска воена организација. Прашуваме, зошто се случува ова откажување, кога СДСМ вели дека треба да се забрза пополнувањето на амбасадорското место во НАТО непосредно пред очекуваниот ден за прием на Македонија во Алијансата? Дали е тоа затоа што Талески нема добиено безбедносен сертификат, односно владата и МНР премногу доцна ја почнале процедурата за негово испраќање во седиштето на НАТО?, прашува Андоновски.

Тој исто така прашува дали при проверките може да се утврди дека Талески имал блиски контакти со претставници на други служби, па постои можност за уште поголем срам, односно тој да не добие „зелено светло” од државите членки? Дали можеби се работи на внатрепартиско-владин судир на линија Заев, Спасовски, Димитров, Пендаровски кој го вклучува Талески? Или пак се работи за прекршувањата на процедурите од неспособност за што алармираат македонските дипломатските синдикати? Го прашуваме министерот Димитров дали запирањето на постапките се случува затоа што го исплаши тоа што медиумите открија дека и други именувања на амбасадори се прават со прекршување на законски уредените процедури, во врска со двојни државјанства и други недостатоци, за кои тој треба да одговара затоа што ставил потпис?

-СДСМ треба да преземе одговорност за срамот што и го намесува на Република Македонија во најстратешките институции со кои соработуваме и сме партнери. За среќа, по 12 април и Обновата на Македонија, нашите партнери ќе го имаат вниманието и почитта кои ги заслужуваат. За доброто на Македонија, Зоран Заев и СДСМ, никогаш повеќе, вели Андоновски.

Пријавувањето започнa: Бидeте дел од осмата по ред „Авицена женската трка“ (Фото)

Битката за втемелување на здравите навики во секојдневието не е завршена! Токму затоа и оваа година жените ќе трчаат со цел да ја поткренат свеста за здравјето.

Авицена Женската Трка стана симбол на Скопје, случување кое со задоволство го прегрнуваат жените од сите возрасти, во име на здравјето, но и во име на добрата дружба.

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2020, на 5 април ќе се одржи новото, 8 по ред, издание на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.
Пријавувањето започнува од 29 јануари преку веб страната www.zenskatrka.mk. Во првите 3 дена од пријавувањето ќе можете да си го изберете вашиот омилен стартен број.

Имајте на ум дека на денот на трката не е можно пријавување (пријавувањето се затвара на 30 март), затоа пријавете се на време. При самото пријавување ќе имате можност да си набавите и dry-fit маичка па да го средите и аутфитот, а воедно да сторите добро дело. Имено, 100 денари од секоја продадена маичка ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
И оваа година, дамите ќе трчаат стартувајќи од бул. Илинденска пред Фонтана Лотус и ќе се трча еден круг од 3 км на бул. Илинденска. Патеката ќе биде обезбедена и обележена и ќе има поставено волонтери, а на 1,5 км ќе има и контролна точка за чиповите.

Единствен предуслов за да се вклучите во трката е да сте жени, но со себе понесете и многу спортски дух. Во случај да не можете да се потпрете на својата физичка спремност, тогаш Ве очекуваме во публика.

Не изненадува фактот што секоја година бројот на учеснички на Авицена женска група рекордно расте, оваа година се очекува на настанот да учествуваат повеќе од 2.500 натпреварувачки, инспирирани и мотивирани симболично да докажат дека се грижат за здравјето.

Тимот што победува не се менува, така што и во 2020-та организаторите ја продолжуваат соработката со Авицена Лабораторија како насловен спонзор 4-та година по ред.

Чудо: “Положила македонски пред месец, а сега го заборавила за да не биде примена на работа?”

Прилепчанка која барала работа во повеќе прилепски училишта, иако го положила тестот во едно средно училиште, непотребно, но за да биде исклучена од конкуренција повторно била принудена да полага само по еден месец во друго училиште.

Потврдата стекната еднаш е релевантен документ за сите конкурси, но тоа не важи кога се вработуваат партиски кадри.

Прилепчанката веќе поднела кривични пријави за двете директорки.

Пролет во февруари! Експертите објаснуваат зошто крајот на зимата на Балканот ќе биде невообичаено топол

Првиот ден од февруари најави екстремно топло време за вториот месец во годината, но зошто е тоа така?

Многу луѓе подготвени го дочекаа временскиот пресврт и заладувањето, последниот “yдap” на топлата зима во Европа, пишува SevereWeather.eu.

Во февруари не очекуваат екстремно високи температури, особено на јужниот дел од континентот- температурата ќе биде 15 степени над нормалата, па се очекува на некои места да порасне и до 25 степени.

Од среда не очекува големо заладување, но од другата недела температурата драстично ќе порасне и ќе биде над нормалата.

(Рецепт) Интернетот полуде по колачот кој се прави од три состојки

Јапонската јутуберка Очикерон направи суфле чизкејк од само три состојки, а нејзините фанови кои го искористиле рецептот викаат дека станува збор за мек и супервкусен колач.

Потребни состојки: 3 јајца, 120 грама бело чоколадо, 120 грама свежо сирење.

Подоготовка: Издвојте ги белките од жолчките. Белките ставете ги во сад па во фрижидер. Загрејте ја рерната на 170 степени. Белото чоколадо растопете го во сад кој претходно сте го ставиле во врела вода.
Истурете ги белките од јајцето во шеќер во прав. Свежото сирење додајте го во чоколадото и промешајте. Исто така додајте ги и трите жолчки и добро промешајте.

Потоа мешајте наизменично по 1/3 од шлагот од белките. Обложете го калапот за печење со хартија за печење, а краевите на калапот намачкајте ги со масло.
Ставете го тестото во калап. Со калапот удрете неколку пати на работната маса за да се изгубат меурчињата од тестото. Ставете го калапот во висок лимен сад кој ќе го наполните со врела вода.

Тестото печете го во три фази: 15 минути на 170 степени, 15 минути на 160 степени и уште 15 минути на исклучена рерна. Извадете го калапот од рерна и оставете да се излади. Како додаток може да се искористи шеќер во прав.