(Рецепт) Интернетот полуде по колачот кој се прави од три состојки

Јапонската јутуберка Очикерон направи суфле чизкејк од само три состојки, а нејзините фанови кои го искористиле рецептот викаат дека станува збор за мек и супервкусен колач.

Потребни состојки: 3 јајца, 120 грама бело чоколадо, 120 грама свежо сирење.

Подоготовка: Издвојте ги белките од жолчките. Белките ставете ги во сад па во фрижидер. Загрејте ја рерната на 170 степени. Белото чоколадо растопете го во сад кој претходно сте го ставиле во врела вода.
Истурете ги белките од јајцето во шеќер во прав. Свежото сирење додајте го во чоколадото и промешајте. Исто така додајте ги и трите жолчки и добро промешајте.

Потоа мешајте наизменично по 1/3 од шлагот од белките. Обложете го калапот за печење со хартија за печење, а краевите на калапот намачкајте ги со масло.
Ставете го тестото во калап. Со калапот удрете неколку пати на работната маса за да се изгубат меурчињата од тестото. Ставете го калапот во висок лимен сад кој ќе го наполните со врела вода.

Тестото печете го во три фази: 15 минути на 170 степени, 15 минути на 160 степени и уште 15 минути на исклучена рерна. Извадете го калапот од рерна и оставете да се излади. Како додаток може да се искористи шеќер во прав.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.