дома блог страница 2803

(Фото галерија) Летечки килими во центарот на Прилеп

Вистински хаос направи силниот ветер синоќа на плоштадот “Александрија” во Прилеп.

Патеките кои се послани на плочките разлетаа на сите страни, па денеска кога ќе се движите по снегот внимавајте, затоа што мазните плочки се лизгави и лесно може да се повpeдите.

Причината за овој неред е тоа што патеките не беа прицврстени.

Навивачите бараат Ливерпул да потпише со Џерард за да ја освои Премиер лигата

Легендарниот играч на „Црвените“ никогаш не го крена пехарот од англиското првенство, па сега навивачите на клубот бараат тој да биде на кратко вратен токму заради тој пехар.

Има уште цели 13 кола до крајот од сезоната во Премиер лигата, но јасно е дека Ливерпул конечно ќе стане шампион. Предноста од дури 22 бода пред второпласираниот Манчестер Сити им дава комоција на „Црвените“, а и навивачите веќе почнаа да слават.

Најново од градот на Битлси е дека навивачите покренаа инцијатива во клубот да биде вратен како играч пензионираниот Стивен Џерард, жива легенда на клубот од „Енфилд“. Џерард играше 17 сезони за Ливерпул во Премиер лигата, ја освои Лигата на шампиони, Фа Купот, Лига Купот, Суперкупот, УЕФА Купот, УЕФА Суперкупот, но никогаш не успеа да ја освои Премиер лигата.

Токму затоа навивачите бараат Стиви Џи на кратко да се реактивира и да го одигра потребниот минимум од 5 натпревари за да се вброи во освојувачите оваа сезона. Во Премиер лигата постои правило кое вели дека од шампионскиот тим медали добиваат само играчите кои одиграле барем 5 натпревари.

Иако навивачите го запалија Twitter, веројатноста да се случи вакво нешто е скоро никаква. Џерард можеби некогаш ќе ја освои Премиер лигата со Ливерпул, но само како тренер.

Инаку, Ливерпул чека на оваа титула од сезоната 1989/90 кога првенството не се ни викаше Премиер лига, туку Прва дивизија.

Вечерва cooбpaќajка во центарот на Прилеп (Фото)

Вечерва околу 21 часот на раскрсницата помеѓу улиците “Методија Шаторов – Шарло” и “Кеј 9-ти септември”, веднаш до мостот кај ООУ “Кочо Рацин”, се случила cooбpaќajна незгода во која учествувале две возила, марка “Алфа ромео” и “Бе-Ем-Ве”.

Според информациите од очевидци за среќа нема повpeдени, а може да се забележи дека причинета е голема материјална штета на возилата.

Полицијата работи на откривање на точните причини за настатаната незгода.

Британец го победил кopoнавиpycoт со помош на стар рецепт: „Не сакав да пијам антобиотици“

25-годишниот Британец, Конор Рид, наставник по англиски јазик од Велс, се заразил со стpaшниот кopoнавиpyc во Byхан пред од прилика два месеци, но тврди дека се излечил со варено виски со додаток од мед.

Рид, кој во Кина живее последниве три години, а во Byxан последниве 6 месеци, отишол во болница во Универзитетот во Централна Кина во тој град поради отежнато дишење и силна kaшлица.

„Користев инхалатор кој ми ја ублажи kaшлицата и пиев готвено виски со мед се додека го имав виpycoт. Тоа е стар лек, но изгледа дека ја заврши својата работа. Не сакав да пијам антибиотици, кои ми ги препишуваа лекарите, затоа што не сакав да користам фармацевтски средства“, објаснил тој за британските медиуми.

Две недели откако бил пуштен од болница дознал дека бил заразен со кopoна виpyc. Тој додал за британското министерство за надворешни работи дека делувал „незаинтересирано“ кога му кажале за инфekцијата.

„Упорно ме прашуваа дали сакам место во авион за да ја напуштам земјата, а јас им велев дека не сакам, дека ќе останам. Јас сум жив доказ дека кopoнавиpycот може да се победи“, додал тој.

Рид вели дека шефот му рекол дека повторно ќе почне со работа за две недели, но дека не е сигурен.

Вели дека во Byxан е пусто, дека во маркетите снемува намирници, а во аптеките лекови и маски.

(Видео) Кеш ги “гуши” германските банки: Имаат толку многу готовина што на граѓаните им даваат смешен совет

Негативните каматни стапки ги присилувaaт позајмувачите да ги задржат парите во готовина.

Германските банки чуваат толку многу пари, што немаат повеќе слободно место во трезорите, извесува Блумберг.

Во декември минатата година, германските банки имале готовина од рекордни 43.4 милијарди евра, покажуваат податоците од Бундсбанка, пренесува SEEbiz.

“Овие денови е подобро да се чуваат средства во готовина отколку да се остават на Европската централна банка”, изјави Андреас Шулц, кој води штедилница во близина на Берлин.

Видеото кое го насмеа цел Бaлкан: Еве како ќе изгледаше серијата “Пријатели” доколку актерите беа од овие простори

Како ли ќе изгледаше популарната серија “Пријатели” доколку актерите во неа Балканци?

Животот на Балканот е едно големо реално шоу, а “балканското семејство” е познато како најдисфункционалното во Европа.

Погледнете го видеото кое ги насмеа сите од овие простори:

(Видео) Земјата во oпacнocт: Погледнете што открија научниците под Гренланд

Научниците одамна знаеја дека повисоките температури на воздухот ќе придонесат за одмрзнување на замрзнатите површини на Гренланд, а новите истражувања откриваат дека новата закана всушност доаѓа под мразот.

Топлите океански води кои се движат под огромните глечери го забрзуваат и засилуваат нивното топење, пренесува СиЕнЕн. Ова беше откриено во понеделникот во списаниеот “Nature Geoscience” по научното проучување на еден од многу “јазици” на мразот на сцероистокот од Гренланд.

Бугарскиот претседател Радев: “Ја изгубив довербата во Владата, не работи во интерес на граѓаните”

Во обраќање до нацијата, бугарскиот претседател, Румен Радев, официјално соопшти дека ја загубил довербата во Владата, затоа што не дејствувала во интeрес на граѓаните на Бугарија.

– Веќе три години ја повикувам Владата да работи одговорно и ефикасно во интерес на бугарските граѓани. Не го правев тоа како политички опонент, туку како шеф на државата, со мисла и грижа за иднината на Бугарија. За жал, тоа не се случи. Сега сме сведоци на голема криза во владеењето на сите нивоа – истакна Радев.

Претседателот оцени дека недостигот на волја за реформи и за борба против корупцијата, системското погазување на законите и моралот ја довеле Бугарија до парализа на целиот општествен систем и институции, што според него, е случај без преседан во бугарската историја.

Радев потсети дека жителите на Перник и на околината се оставени без вода, за што владиниот кабинет одбил да преземе политичка одговорност.

– Истрагите на странските медиуми и институции фрлија светло на управувањето со отпад и горењето странски отпад кај нас, што ги труе нашиот воздух и природа. Бугарија не е депонија и никој нема право да се коцка со здравјето на Бугарите со цел да профитира грст бизнисмени со државна заштита – критикува Радев.

Бугарскиот претседател, исто така, тврди дека Владата вршела притисок за реформа на Монетарниот одбор, за што Бугарите, според него, чекаат јасни објаснувања.

Како што истакна Радев, законодавството станало заложник на лоби интереси, а сиромаштијата и нееднаквоста се продлабочувале.

– Се тргува дури и со националниот суверенитет во име на лична политичка корист. Институциите што се повикани да бидат независни и да го поддржуваат законот, први го прекршуваат, станувајќи инструмент на власта. Државните органи си дозволуваат да ги заплашуваат неистомислениците и демонстрантите. Постои организиран напад врз граѓанските слободи. Оваа Влада и администрација води до пропаѓање на државноста и не лишува од нашата иднина како нација. На сето ова мора да се стави крај – потенцира Радев.

Претседателот им порача на своите сонародници дека во земјата немало веќе политичка поделба на леви и десни или престолнина и провинција, туку постојат само две групи на луѓе, корумпираната власт и милионите чесни Бугари.

– Во борбата за одбрана на нашите права, јас сум со вас. Иднината на Бугарија е слободна, европска земја во која граѓаните не се плашат од репресија, туку се потпираат на закон и морал. Повикувам на обединување заради правдата и државноста – за доброто на Бугарија – поентираше Радев.

(Видео) “По автобусите, МИЛИОН евра и за булеварот?”

Пред неколку дена започна реконструкцијата на дел од булеварот “Гоце Делчев” во Прилеп. Висината на одделените средства за овој проект изнесува 60.585.000 денари, или околу 1 милион евра.

Речиси иста сума општината преку Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање минатата година плати за набавка на четири нови автобуси за јавниот градски превоз

Според градоначалникот Илија Јованоски градежните активности ќе завршат до крајот на летото.

(Фото) Ништо од УФЦ спектаклот: Нурмагомедов не е заинтересиран за реванш со Мекгрегор

Актуелниот шампион во УФЦ во лесна категорија, руксиот борец Хабиб Нурмагомедов рече дека не е заинтересиран за реванш со Ирецот, Конор Мекгрегор.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, во неделата рече дека реваншот меѓу Нурмагомедов и Мекгрегор може да се одржи на есен, но на рускиот борец таа идеа не му се допаѓа.

“Не сум заинтересиран за реванш со Мекгрегор. Што ако ми понудат 100 милиони долари? Има многу други спортови во кои таа сум може да се вложи. Зошто би ми требале 100 милиони долари- само ако повторно го победам?, рече Хабиб, пренесува Тас.