дома блог страница 2802

(Видео) Шилегов го нарече државниот инспектор “полуписмен”, а тој му рече “дека можеби мислел на себе си”

Во јавноста веќе втор ден најактулна е темата со горењето на медицински отпад на „Дризла“, откако вчера СДСМ на чело со Петре Шилегов продолжи со практиката на газење по човечки тела, објавувајќи вознемирувачки слики и снимки од деопонијата каде се согорува и медицински отпад, пишува порталот infomax.mk

По пресконференцијата, јавноста беше исклучително заинтересирана за обвинувањата на Шилегов, па така 40-тина камери денес снимаа што се случува во депонијата. На терен излезе Шилегов, но и главниот државен инспектор за животна средина.

Градоначалникот на Град Скопје ги направи инспекторите „неписмени“ и продолжи со политичките обвинувања, посочувајќи дека причина за несоодветното третирање на отпадот е владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, иако тој веќе 2 години е градоначалник на Скопје, а СДСМ трета година по ред ја има централната власт во свои раце.

Инспекторот за животна, Хусни Тачи средина истакна дека детално го има прочитано правилникот за справување со медицински отпад за разлика од Шилегов кој истиот го нема прочитано. Во однос на сликите и снимките кои вчера градоначалникот ги објави, инспекторот истакна дека истите не може да ги коментира бидејќи не се веродостојни.

-Тие слики  што се прикажани јас нема да ги коментирам бидејќи не сум компетентен да ги коментирам нивните слики бидејќи може истите да не се веродостојни. Ние сме извршиле таму надзор и тие слики што се прикажуваат на тие видеа, значи се работи за сецкалка која се користи за сечење на текстилниот отпад. Значи фирмата „Еко клуб“ исто така собира и текстилен отпад кој го сецка и го предава на понатамошна обработка, вели тој

На новинарско прашање дали е неписмен, инспекторот го демантираше градоначалникот објаснувајќи дека тој е главен инспектор, дека е писмен и дека градоначалникот веројатно мислел на самио себе.

-Можеби мислел на себе си дека е неписмен. Инаку јас сум државен инспектор за животна средина со искуство и всушност главен државен инспектор, не само инспектор обичен, додаде тој.

Извор: infomax.mk

“Македонија пат, чат-пат”: Снегот ги изненади надлежните (Видео)

Кога снегот е во прашање како ништо никогаш да не се променило…

Како е можно во месец февруари, среде зима и во 21 век, снежни врнежи да ги изненадат надлежните?

Ваква беше состојбата рано утрово на регионалниот пат Прилеп-Битола:

(Фото) Внимавајте во Прилеп и сообраќајните знаци “имаат нозе”

Фотографии од центарот на Прилеп…

Бумбароски: “Функционери на СДСМ Прилеп и нивни роднини се вработуваат по 3 пати, свесни за катастрофата која ги чека бараат прибежиште во ЈП” (Видео)

Како што наближуваат изборите на 12-ти април, така се зголемува стравот и паниката кај челниците од СДСМ. Свесни за големиот изборен пораз кој ги чека, деновиве панично се растрчани и бараат прибежиште во јавните претпријатија и локалната самоуправа, со цел да продолжат да живеат на грбот на граѓаните – ова на денешната прес конференција го истакна Гоце Бумбароски, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост во продолжение:

Кристијан Пиличев кој најпрво директоруваше со Домот за стари лица, а потоа и со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Прилеп, сега се вработил како Раководител на сектор за човечки ресури во ЈКП Комуналец.

Викторија Јовчески која претходно работеше во Министерството за транспорт и врски, сега е вработена во Општина Прилеп како заменик раководител за Сектор за урбанизам. Истата е сопруга на командирот на прилепска полиција Кире Јовчески. Плус, замислете, дипломиран економист, заменик раководител на урбанизам.

Нови работни места имаат и партиските кадри Магдалена Лазоска и Валентин Божиноски. Лазоска во Комуналец, а Божиноски во Завод и музеј. Инаку Магдалена до вчера беше вработена во УЈП Прилеп. Ама затоа што не можеле да и дадат решение на неопределено време во УЈП, сега ја вработуваат во ЈП Комуналец. И не застануваме тука.
Венета Јованоска, сопруга на поранешниот директор на ЈКП Комуналец, Ѕвонко Јованоски, е вработена во истото претпријатие. Нејзиниот сопруг пак сега работи на измислено работно место како координатор на јавните претпријатија во општина Прилеп.

Прашуваме: Дали Пиличев, Лазоска и Божиноски и Јованоска се вработени на неопределено време во ЈКП Комуналец и Завод и музеј со цел да си ја обезбедат иднината, а во меѓувреме одново ќе бидат ангажирани на старите работни места?

Сеуште немаме добиено одговор и за тоа дали директорката на ЈП за ПУП, Мери Цветаноска најде свое прибежиште и сега е вработена во ЈКП Водовод и канализација?

Ова се само неколку примери кои на виделина го покажуваат целото лицемерие на власта од СДСМ. Функционерите и нивните роднини можат до бескрај да се вработуваат и да променуваат работни места. За нив е важен само сопствениот џеб, а обичните граѓани и членови на партијата можат само да сонуваат за вакви придобивки.

Од друга страна пак, продолжува да цвета непотизмот, кој ја покажува незаситноста и аздисаноста на СДСМ.

Почитувани,

Вака работи СДСМ и вака изгледа нивното владеење кое ги отслика изминатите 3 години.

Вака изгледа злото на кое мора да му се стави крај! Затоа на 12-ти април ве повикуваме сите! Македонија мора да расчисти со оваа башибозук дружина на чело со Зоран Заев”.

(Видео) Драма во САД: Tpaмп одби да се ракува со неа, па додека тој имаше обраќање, Пелоси драматично го искина говорот

Обраќањето на американскиот претседател Доналд Tpaмп пред Претставничкиот дом на САД, на кое рече дека состојбата на нацијата е подобра од кога било досега, го засени инцидентот со спикерот на Домот, Ненси Пелоси.

Имено, ноќта пред Сенатот требаше да гласа за да го ослободи како дел од процесот на отповикување, Трамп поминал време со оние кои го отповикаа – Претставничкиот дом на Конгрес, од каде им се обрати на членовите на двата дома и на американскиот народ.

Пред својот говор, Пелоси откри дека не разговарала со Tpaмп уште од октомври, но кога и пристапи, таа му подаде рака да се поздрави а Tpaмп и подаде копија од говорот, пренесува Си-Ен-Ен.

Трамп или не го видел тоа, или не сакаше да прифати да се ракува со неа.

Изложбата ,,Terra Incognita,, на уметникот Златко Крстевски од вечерва во Прилеп

Вечерва од 18.00 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на Златко Крстевски ,,Terra Incognita,, На изложбата ќе бидат претставени 22 dela sliki maslo na platno, raboteni od 1990-2020 godina.

Делата се со сilna vizuelna sugestija kade se isprepletuvaat sonot i imaginarnoto. apstraktnoto i figurativnoto pome|u ~istiot izraz i prikaznata za ,,Terra Incognita. Samiot avtor inspiriran od srednovekovnoto вizantisko slikarstvo, koristej}i go plavetniloto i okerot kako mediteranski znak za izrazuvawe ги создал овие дела.

“Каква политика, таква шаховска табла”: Заев играше шах на обратно поставена табла (Фото)

Каква политика, таква шаховска игра – се мајтапат корисниците на социјалните мрежи, откако вчера играше шах со пензионерите од Здружението на пензионери од Тетово.

„Со чесни политики покажавме дека пензиите можат значително да растат, а истовремено ја намалуваме и дупката во пензискиот фонд, денес пензионерите имаат помирен живот и повисоки пензии“, рече Заев.

Ако неговите политики се чесни како шаховските игри, а најверојатно се, тешко народот… – коментираат оние кои знат барем да ги наместат фигурите на шаховската табла.

Како првак во шах ме печат очите, бидејќи син ми што има 3 години знае дека фигурите се местат покрај буквите, а не вака. Каква игра во политиката, таква и на шаховската табла…основни, фатални грешки од самиот почеток – стои во коменетар.

Детали за cooбpaќajната незгода на патот Прилеп-Градско кај село Фариш (Фото)

На 04.02.2020 во 09.30 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, во близина на тунелот кај с.Фариш, се случила cooбpaќajна незгода помеѓу товарно возило „фолксваген крафтер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(28) од Скопје, патничко возило „цитроен берлинго“, со битолски регистарски ознаки, управувано од З.П.(56) од Битола и патничко возило „мазда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(44) од Скопје.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобил Р.К.(39) од Скопје, сопатник во патничко моторно возило „мазда“, кој бил пренeceн во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за ykaжyвање на лекapcка помош.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Велес – информираат во дневниот билтен на МВР.

“Сугарески ги бара клучките, а железничарите штрајкуваат”

Патниот и товарниот железнички сообраќај и денеска е во прекин поради штрајк на машинскиот персонал во Железници Транспорт.

Тие бараат зголемување од 30 до 40 проценти на надоместот на плата, што според нив, им следува согласно Колективниот договор за дополнителна работа и работење со намален број на извршен персонал.

За раководството на претпријатието, прекинот на железничкиот сообраќај е незаконски. Во соопштението што вчера беше испратено до јавноста беше наведено дека во изминатиот период се одржани повеќе состаноци со синдикатот на кои било укажано дека побарувањата од машинскиот и извршен персонал за зголемување од 30 на 40 проценти на надоместот на плата за квалитет, се надвор од финансиските можности на Друштвото.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вчера апелираше машиновозачите да продолжат со работа притоа нагласувајќи дека е подготвен повторно да преговара со нив, но, не по цена на уцени и нарушување и штета на работењето.

Во Благоевград претставници на ОМО Илинден ја одбележаа 148 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Делегација на Македонци и претставници на организацијата ОМО-ИЛИНДЕН Пирин, кои што живеат и работат во Бугарија денеска положија букети со свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград.

Официјална организација на бугарската држава за одбележување на овој значаен датум на раѓањето на Гоце Делчев немаше.

Извор: “Брегалнички.мк”