дома блог страница 2804

(Видео) Хит на седница на СЗО! Се искашла и рече: “Не грижете се, не е кopoна-виpyc”

Шефот на Светската здравствен организација, Тедрос Адхан Гебрејсус денес за време на обраќањето пред одборот на СЗО се искашла, го прекина говорот за да се напие вода и рече:”Не грижете се, не е kopoна”.

“Ги повикуваме сите држави да ги спроведат доследните одлуки засновани на докази”, рече Гебрејус пред извршниот одбор.

Исвиркани делегациите на претседателот и Владата на гробот на Гоце Делчев (ВИДЕО)

Почитувачи на делото на Гоце Делчев денеска во знак на протест ги исвиркаа делегациите на Владата и претседателот на Македонија кои положија цвеќе на гробот на великанот кој е роден на денешен ден пред 148 години.

Свиркањето и погрдните извици кон државните делегации на претседателот и Владата во која беше советникот на култура на Заев Роберт Алаѓозоски се случуваше откако официјалниот спикер најавуваше дека делегациите се од „Република С*вeрна Македонија.“

ВИДЕО: “Експрес.мк”

Тешка cooбpaќajка на патот Прилеп-Градско кај село Фариш (Фото)

Денеска околу 11 часот на патниот правец Градско-Прилеп, кај селото Фариш, се случила тешка cooбраќајна нecpeќа во која учествувале две возила.

Засега не се познати причините и последиците од нecpeќата, а од фотографиите кои ги добивме може да се забележи дека причинета е голема штета на возилата.

Сообраќајот до 14 часот се одвиваше по една лента.

Повеќе информации подоцна.

Мицкоски предлага 6 професори по уставно и по казнено право да напишат нов закон за ЈО

За автори на новиот закон за јавно обвинителство, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ги предложи: Владо Камбовски, Гордана Силјановска, Никола Тупанчевски, Гордан Калајџиев, Тања Каракамишева и Гордана Лажетиќ. Тој на прес конференцијата рече дека не е против закон за Јавно обвинителство, туку е против актуелниот предлог-закон, за кој е партиски закон на СДСМ.

Шестемината се професори по уставно и по казнено право и нивниот предлог на закон , според Мицкоски, неговата партија безрезервно и без двоумење ќе го прифати.

Прес-конференцијата на Мицкоски се одржа еден ден откако лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека Собранието нема да се распушти на 12 февруари, ако дотогаш не биде усвоен Законот за Јавно обвинителство.

Температури и до минус 11 степени до крајот на неделата

Времето од утре ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег. Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 см.

Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и наместа ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер (над 70 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси. Од четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време.

Температурата утре ќе се спушти до минус три, во четврток до минус седум, петок до минус 11, сабота до минус девет и понеделник до минус осум.

Дневната температура утре ќе се искачи до осум степени, во четврток до шест, петок до осум, сабота 10, недела 11 и понеделник до 13 степени.

Има 97 години, на функцијата е од 1971 година, а повторно ќе се кандидира за градоначалник

Најстариот градоначалник во Франција, Марсел Бертом има 97 години, а на функцијата ја извршува од 1971. Бертом не се откажува, и на локалните изборите во март планира повторно да се кандидира за градоначалник на градчето Сент Серин сур Исли.

-Има уште многу работи кои треба да се направат. Пред мене има уште многу предизвици кои треба да се преземат, изјави Бертом.

Тој на последните локални избори во Франција во 2014 година е избран без противкандидат, но овој пат ќе има двајца противкандидати.

Градчето се наоѓа во близина Бордо, а има околу 3.000 жители.

Сто четириесет и осум години од раѓањето на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 148 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

По тој повод повеќе делегации ќе положат цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Прес-конференција на Мицкоски во 11 часот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски закажа прес-конференција.

Како што соопшти партијата, прес-конференцијата на Мицкоски ќе се одржи во 11 часот во седиштето на партијата.

Курир прес-конференцијата ќе ја пренесува во живо.

Вистинско чудо: 51-годишна мајка во Битола роди близнаци за својата ќерка

Највозрасната сурогат мајка во земјава, на 51 година на свет донесе близнаци и се породи во Болница „Плодност“. Оваа интересна и необична приказна се однесува на мајката сурогат за сопствената ќерка, на која и беше извадена матката на само 16 годишна возраст.

Мајката, веќе три години беше во менопауза. Неа, тимот на болница „Плодност“ најпрво и го врати месечниот циклус, а потоа со програмата на донор јајни клетки, и сурогат мајчинство, за нејзината ќерка донесе на свет две близначиња во 37-мата недела со елективен царски рез.Мајката лесно ја поднесе бременоста и носењето на близначињата.
Оваа приказна е толку ретка, необична и можеби единствена на овие простори. Во свестот постојат само неколку вакви примери, а кај нас, ова го може само уникатниот ивф тим на Болница „Плодност“
– информираат од болницата.

Најмалиот комита: Нашинче во Австралија ја пее песната “Нешто ќе те питам бабо” (Видео)

Малиот Петар Дамчески на манифестацијата “Сирулски средби”, која на 1-ви февруари се одржа во Северна Алтона, Мелбурн, ја испеа песната “Нешто ќе те питам бабо” и изнуди голем број позитивни реакции и пофалби.

Уживајте во продолжение: