дома блог страница 2801

Осум чешниња лук и литар вода – за 7 дена телото ќе ви биде повеќе од благодарно

Научно е докажано дека лукот ги убива бактериите, го намалува крвниот притисок и ги намалува липидите во крвта.

Некои истражувања покажуваат и дека лукот може да го подобри имунитетот, а ги успорува и растот натумор.

Оваа напивка се пие 7 дена, се употребува ако почнат знаци на настинка, ако телото треба да се прочисти од токксини или имате слаб имунитет.

Подготовка:

Исчистете го лукот и измијте го под млаз вода, а потоа ставете го во тегла. Налијте литар вода и затворете ја теглата и оставете ја во фрижидер неколку часа.

Конзумирајте секое утро, измешајте со 1/4 вода од лукот со една шоља обична вода.

Првиот ден пијте од течноста на секои час и половина во текот на денот.

Вториот ден пијте од растворената лукова вода на секои два часа во текот на денот или најмалку три пати дневно.

Третиот ден пијте од водата по неколку пати.

Четвртиот ден пијте неколку пати во денот и направете нова вода со лук и користете ја во наредните три дена.

Луковата вода секогаш чувајте ја во фрижидер.

На овој ден сите желби на жените се остваруваат: Еве што според народните верувања треба да направите

Денеска е Преподобна Ксенија Римјанка.

Ксенија потекнуваше од римско аристократско семејство. Во семејството го доби името Евсевија. Сакајќи да ја омажат, родителите подготвија свадба, но Евсевија тајно го напушти домот и, заедно со две свои поранешни слугинки, го започна монашкиот подвиг на островот Коа. Таму и се нарече Ксенија, што значи туѓинка.

Подоцна, сите три се преселија во карискиот град Милас. Таму останаа до крајот на своите земни животи. Грижливо чуваната тајна на преподобна Ксенија, поранешната Евсевија, ја откри една од нејзините сестри после нејзината смрт, заживувајќи го на тој начин ова чудесно сведоштво за Црквата Христова.

Со оглед на тоа дека големата светителка цел живот се борела за правото на жените сами да одлучуваат што да прават со својот живот, Ксенија и денеска се смета за заштитничка на припадничките на поубавиот пол.

Затоа денеска жените би требало да се воздржат од било каква работа, посебно онаа врзана за куќата. Наместо тоа во чест на светителката денот би требало да се помине во природа и одмор, како и да се сврати во црква, да се запали свеќа и да се помолите.

Се верува дека желбите кои ќе се замислат додека се молите на Светата Ксенија сигурно ќе бидат исполнети.

Укината забраната за сообраќај на Плетвар

Од 07:55 часот на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар задолжителна е употреба на зимска опрема за тешките товарни возила. За останатите видови на возила сообраќајот се одвива непречено во зимски услови.

Од Авто мото сојузот на Македонија пак информираат дека сообраќајот на планинскиот премин Плетвар во моментов е регулиран со полиција. Истиот бил забранет за тешки товарни возила, а автомобилите се пропуштаат, но со потешкотии.

Ноќеска и утринава сообраќајот на Платвар неколку часа во целосен прекин поради лошите временски услови.

Бумбароски: “Еве кој се се вработувал по 2-3 пати од функционерите на СДСМ?” (Видео)

Како што наближуваат изборите на 12-ти април, така се зголемува стравот и паниката кај челниците од СДСМ. Свесни за големиот изборен пораз кој ги чека, деновиве панично се растрчани и бараат прибежиште во јавните претпријатија и локалната самоуправа, со цел да продолжат да живеат на грбот на граѓаните – ова на прес конференција вчера го истакна Гоце Бумбароски, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост во продолжение:

Кристијан Пиличев кој најпрво директоруваше со Домот за стари лица, а потоа и со Фондот за здравствено осигурување во Прилеп, сега се вработил како Раководител на сектор за човечки ресури во ЈКП Комуналец.

Викторија Јовчески која претходно работеше во Министерството за транспорт и врски, сега е вработена во Општина Прилеп како заменик раководител за Сектор за урбанизам. Истата е сопруга на командирот на прилепска полиција Кире Јовчески. Плус, замислете, дипломиран економист, заменик раководител на урбанизам.

Нови работни места имаат и партиските кадри Магдалена Лазоска и Валентин Божиноски. Лазоска во Комуналец, а Божиноски во Завод и музеј. Инаку Магдалена до вчера беше вработена во УЈП Прилеп. Ама затоа што не можеле да и дадат решение на неопределено време во УЈП, сега ја вработуваат во ЈП Комуналец. И не застануваме тука.
Венета Јованоска, сопруга на поранешниот директор на ЈКП Комуналец, Ѕвонко Јованоски, е вработена во истото претпријатие. Нејзиниот сопруг пак сега работи на измислено работно место како координатор на јавните претпријатија во општина Прилеп.

Прашуваме: Дали Пиличев, Лазоска и Божиноски и Јованоска се вработени на неопределено време во ЈКП Комуналец и Завод и музеј со цел да си ја обезбедат иднината, а во меѓувреме одново ќе бидат ангажирани на старите работни места?

Сеуште немаме добиено одговор и за тоа дали директорката на ЈП за ПУП, Мери Цветаноска најде свое прибежиште и сега е вработена во ЈКП Водовод и канализација?

Ова се само неколку примери кои на виделина го покажуваат целото лицемерие на власта од СДСМ. Функционерите и нивните роднини можат до бескрај да се вработуваат и да променуваат работни места. За нив е важен само сопствениот џеб, а обичните граѓани и членови на партијата можат само да сонуваат за вакви придобивки.

Од друга страна пак, продолжува да цвета непотизмот, кој ја покажува незаситноста и аздисаноста на СДСМ.

Почитувани,

Вака работи СДСМ и вака изгледа нивното владеење кое ги отслика изминатите 3 години.

Вака изгледа злото на кое мора да му се стави крај! Затоа на 12-ти април ве повикуваме сите! Македонија мора да расчисти со оваа башибозук дружина на чело со Зоран Заев”.

Светски познатиот рапер ја почести публиката со 50.000 долари поради тоа што доцнел на настап (Видео)

Американците овој викенд го следеа финалниот натпревар на Националната фудбалска лига, најголемата професионална лига на светот, познат како Супербоул.

Додека некои со нетрпение го славеа спектаклот, раперот Пост Малоун реши да ја пренесе славеничката атмосфера на сосема ново ниво во еден клуб во Мајами.

Тој настапи во клубот 11Мајами, кој е отворен 24 часа дневно. Поради силниот дожд , тој малку задоцнил, па им се извини на присутните и им се заблагодари што дојдоа на неговата забава и покрај дождот и лошите песни, како што ги нарече. Раперот не дојде на шоуто со празни раце, туку со кутии полни со банкноти во износ од 50 000 долари. Тој почна да фрла и да им дава пари на сите присутни во клубот, тврдејќи дека тоа е негов обичај за време на настапот, пренесува „Унилад“.

Раперот ја искористи можноста да му изрази сочувство на семејството на неодамна загинатиот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џана. Снимката од фрлањето пари на Малоун беше објавена на профилот на Инстаграм на клубот 11Miami.

Истражување: Луѓето во овие хороскопски знаци најчесто стануваат богати

Повеќето луѓе сакаат да бидат богати и славни, веројатно без да бидат свесни за тоа дека и астрологијата игра улога во овие нивни желби, односно дека на одреден тип на луѓе им е предодредено да успеат во животот.

Преку анализа на листата на милијардери на „Форбс“, астролози забележале дека најголемиот број од нив се родени во хороскопскиот знак Вага, пренесува „Бизнис Инсајдер“.

Познати личности кои не се милионери, меѓутоа исто така изобилуваат со богатство и се доста славни, а се родени во знакот вага се и Мајкл Даглас Кетрин Зета Џоунс, Вил Смит, Гвен Стефани, Зак Ефрон, Еминем, Мет Дејмон, Серена Вилијамс и уште многу други.

Според оваа анализа на „Бизнис Инсајдер“, покрај лицата родени во хороскопскиот знак вага, останатите на кои им е преодредено да бидат богати и славни се родени во знак риба, рак, лав и бик.

Од друга страна пак, девиците, стрелците и јарците се хороскопски знаци кои не го носат ова одбележје.

Атиџе со нов фризура ќе патува на Оскарите (Фото)

Тимот на „Медена земја“ ги прави последните подготовски пред заминувањето во САД на доделувањето на Оскарите в недела.Главна хероина Атиџе доби и нова фризура и сега таа изледа навистина холивудски.

Денес нè израдува со својата посета во нашето студио за да ја блеснеме за на Оскарите. Мораме да признаеме дека таа е најпрво една прекрасна личност со голема душа и харизма и и’ ја посакуваме целата среќа на светот. Беше пресреќна од фарбањето и фенирањето и ни рече дека сега ќе може да им парира на Бред Пит и Леонардо ди Каприо. Убав помин на Оскарите, медена наша, ни беше чест што те запознавме, те чекаме со статуетка и еден куп импресии- напишаа од фризерското студио „Ив“ под објавените фотографии со Атиџе.

Хајредини до Мицкоски: Сигурно ќе победите на изборите

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, во вечерашната емисија Топ Тема на ТВ Телма, во дебата со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека на претстојните парламентарни избори во Македонија, ВМРО ДПМНЕ сигурно ќе биде победник.

– Ако победите, а сигурно ќе победите на изборите, дали ќе се придржувате до вашата програма, рече Хајредини.

(Видео) Непоканет гостин во позната пицерија!

На социјалните медиуми се појави видео од еден ресторан во Париз, кое на љубеителите на пица нема да му се допадне.

Јасно се гледа се гледаат свежо испечените пици, на кои има непоканет гостин.

Луѓето кои снимаат зборуваат на португалски, а и коментарите од видеото се на тој јазик, сепак еден од луѓето кои коментираат ја препозна познатата париска пицерија.

(Видео) “Градоначалникот распишува конкурси, а за хаосот низ градот нема време?”

Снегот кој за прв пат зимава паѓа денеска во Прилеп “ги изненади” надлежните. Планинскиот превој Плетвар е речиси непрооден, а сообраќајот се одвива по тешки временски околности.

Се чини дека властите се зафатени со распишување на нови огласи за вработување во институциите, наместо да се справат со снегот кој секоја година не’ изненадува.

Бидете внимателни доколку патувате во текот на ноќта.